Во Германија, Полска, Србија и Црна Гора колку што видов убаво се забавуваа, ама ние сите имаме дома по еден холограм па затоа мрчиме. Кој ни е крив што сме толку напредни. Собирот беше убав, а ние ретко можеме да се пофалиме со вакви настани. Иако, за мене подобро изненадување ќе беше ако престанат да ми накачуваат секој месец по 300 и кусур денари за сметка, ама добро.
Сакам вакви манифестации изненадувачки и несекојдневни, браво за Тмобајл, бев на плоштад не успеав се убаво да видам од гужвата, но колку толку ја почувствував атмосверата го видов џиновскиот поклон и холограм, супер беше, само смрзнав и на крај сѐ ми дојде на нос кога се сопнав и испружив ко кокошка пред една група машки , ретко мене тоа ми се случува, ама овој пат виновни се даските , нензам за што им служат дали и им служат за нешто, ама опасни се... можев нога да скршам.
Пошто не можев да ја најдам темата за мобилни оператори и сл., ај да си пишам тука. Гледам дека на повеќето познати им пројурила порака на мобилен од Т-ограби ме: „ Имаш среќа! 07* ***-***, дали е твој број? Тогаш, може да освоиш 100.00 ден. денес од Т-ограби ме! Прати го твоето име на 1400 за извлекувањњто! (најбитното следи ->) 45 ден./ SMS “. И тука се радуваш демек само тебе ти пратиле, и онака случајно ти го погодиле бројот Ха ха ха ха НЕ, ова само уште еден маркетиншки трик на Т-ограби ме. И добро, до кога?