Што мислите за случувањава во новото време, како што се славењето на 14.02. како ден на заљубените-што стана традиција. Еве упорно некако се пробива и ноќта на вештерките....што е следно Lucky Day? Кои се вашите ставови и размислувања? За или против? п.с. би било убаво да се стави и една анкета во темава.
Искрено јас сум против,гледајки во изминативе години наназад на 14.02 има голема еуфорија за денот на заљубените иако во истиот датум е и Свети Трифун нашиот верски празник на кој младината подзаборава или им е во втор план.Еве гледам и за ноќ на вештерките постарото дете ми вели да ми купиш маска за нашколо,ке правиме маскембал по англиски.Па тоа се празнува тамо,а не кај нас,ајде да се напомене добро ама сега па и маскембал.Како кинисало понавака ке ги прифатиме и како свои што не е убаво.
... .......веќе три години работам за странска фирма,така да сакала неќела за нивните празници сум присутна и на еден начин учествувам во прославата на истите....искрено интересно ми е.....но внатрешно не ги доживувам како мои,онака да сум среќна длабоко од душата,туку се однесувам професионално.. .. . ...а оние странски празници,самите почнавме со практикување...ноќ на вештерки,ден на вљубени и сл..не е лошо онака мал маскенбал и некое срце или мече како поклон,ама мислам дека и ние имаме наши празници како 1 април/денот на шегата кај нас.значи прилика за маскенбал, а на пр. датумот од врската може да биде повод за размена на љубовни дарови.... . ...има во последно време и појава на свадба со деверици и девери облечени во иста облека/обичај од странство,па невестата клава подвезица,исто увезен обичај,свашта почнува да се копи пејст... .. ...полека со прифаќањето на празниците и некои обичаи од надвор си ја газиме нашата традиција и празнување,ние сме ние,македонци,православци и ако празнуваме туѓи празници нема да го промениме потеклото или ќе бидиме културно надградени,ќе си останиме исти само посиромашни за многу.. ....
Ау јас обожавам празници Ја сакам еуфоријата на радоста, па затоа можам и за 14.02 да се појавам облечена на црвено, или да се забавувам за ноќта на Вештерките.... Еве сега на работа славев со колегите Православни (јас сум Муслиманка) и ми падна паричка, па здравје да ми послужи наредната година јас ќе ја организирам...а чувството, па цел ден се фалев дека еве кај мене е паричката па 2013 година ќе ми биде среќна , но тоа не значи дека на моите празници дека ќе ги запоставувам моите верски празници, па јас и тогаш сум среќна...по се изгледа сум зависна од чувството на среќна и весела и само барам повод да сум насмеана, а празниците ми седобар повод...
Јас не подржувам славење на туѓи празници,имаме толку многу наши а жално е што прифаќаме туѓи кои не се својствени воопшто за нас и општо и тоа е со цел да ни се наметне "она другото" за да си го заборавиме нашето, али тоа е веќе муабет за во друга тема
Дефинитивно сум против.Имаме толку многу наши убави празници,а сепак бараме нешто туѓо. Не рекле за џабе туѓото е послатко. За мене пример денот на вештерките,што знам ми е жива глупост.За маскембал си го имаме 1ви април,што ќе ни е ноќта на вештерките. За Св.Валентајн на истиот датум си имаме толку убав празник,Св.Трифун денот на виното.Незнам зошто е едноставно овај денов на вљубените,ако сакам јас несакам само еден ден во годината,туку сакам сите 365 дена. Без врска работи.
Туѓи или наши, зборуваме за празници кои се слават и на наше поднебје и незбежна е еуфоријата кај дел од нас. Моја филозофија е „колку повеќе поводи за прославување-толку поубаво.“ Зошто да не си го разубавиме денот? Затоа што е туѓ празник? Не е заштитен со авторски права, ниту е забрането да го славам. Ако ми е мерак, ако така се чувствувам, ќе си го славам. Нема народот и верата да си ги предадам со тоа. Едноставно ќе се забавувам. Оно да, треба да се веселиме на секој ден како да е празник, тоа да, ама некои денови тешко ни' паѓа на памет да размислуваме за тоа. Празниците се убав повод за да се потсетиме дека животот е еден и краток за да не си поминеме убаво додека сме тука...сега дали се наши или не, мање-више важно. Ај сеа ќе се намќориме затоа што е туѓ празник и нема да се забавуваме...чисто онака за инает (а всушност си се инаетиме на самите себеси). Зошто да не се маскираме и за Василица и за 1 Април и за Ноќта на вештерките ако ни' се допаѓаат забави под маски? Зошто да не ги славиме и св.Трифун и св.Валентин и Вера, Надеж, Љубов?
Мене ми е глупо Ај Валентин не толку ама Ноќ на вештерките пфф Или Патрик од Ирска и што има врска тоа со нас
Јас ги славам некои .Бидејки си се веселам и радувам и не ме интересира дали е христијански-праославен,католички,муслимански.Мене ми е важно да сум си среќна.Тие празници што ми се допагаат ги славам.Јас сум среќна кога има празници.Моите не дозволуваат,ама јас не одам во католичка црква или џамија туку дома си ги славам и не гледам ништо лошо.
2012 со другарки славевме ноќ на вештерките и сиседевме во школски интересно беше а и плус коа пеевме ни дава ситнурии(чоколатца,бомбони..)
Jaс сум против. Си имаме ние наши празнувања и прославувања, зошто да го практикуваме она што не е наше? Ај да прибираме сега обичаи ако не.
Пoрaнo бев мнoгу прoтив слaвење нa прaзници кaкo Нoќтa нa Вештерките и Денoт нa Вљубените. Нo oвие прaзници се нaјпoпулaрни кaј децaтa, интереснo им е дa се препрaвaaт и целaтa тaa aтмoсферa штo иде сo нoќтa нa вештерките, пa зaтoa не гледaм причинa дa мрчaм зa нештo штo се рaдувaaт децa. Пoсекaкo не се верски прaзници, a и тие штo се нaши и верски децaтa ги сaкaaт oти дoбивaaт пoдaрoци, вaпцaaт јaјцa, oдaт пo куќите зa слaтки, се сoбирaaт сo семејствoтo и кршaт лепче сo пaричкa, a не бидејќи Исус вoскреснaл, се рoдил или гo крштевaле.
„Туѓи празници“. А кај да видам кој празници се мои а кои се туѓи? Ќе славам се што ме прави да се чувствувам убаво. Не конкретно за Халовин, ама атмосферата која ја носат некои празници мене ме исполнува и радува, така што не ме интересира дали е мој или не е мој. Додека се замараме со вакви работи, и дека Халовин бил празникот на Сатаната, ќе стоиме во место. Спојлер: спанџ боб
Немам ништо против прославување на интернационални празници. Секоја easy-going и современа личност (и да, ова е комплимент) која умее да ужива во животот, знае дека луѓето низ цел свет (од сите религии и атеистите) ги слават овие празници од аспект на забава, креативност, дружба и веселење, а не од верски аспект. И тука не може да има ништо лошо, земајќи во предвид посебно дека најмногу децата се радуваат на таа дружба и креативност. Имам против мрчењето на оној тип луѓе од кои воопшто не би била изненадена дури и за Нова година утре да речат дека е глупава западњачка мода оти не е чисто македонска и православна, и дека би требало само на 14ти да идеме во црква за Стара Нова година instead. Страшно е во 21 век колку сѐ уште има стегнати и опседнати млади луѓе со верата и традицијата, при што сѐ и сешто гледаат како закана за истите, не знаат да уживаат во животот и плукаат, мрчат и го гледаат како зло туѓото уживање во кое нема ништо погрешно.
Немам ништо против прославување на интернационални празници. Ми се допаѓа атмосферата која ја носат празниците,се чустувам некако посебно, поинаку. Еве за Св.Валентајн иако не е наш празник го славам и можам да кажам дека скоро цел свет го слави, празникот ме потсеќа на романтични работи, љубов. Халовин не го славам бидејќи не се маскирам, ама не значи дека не го сакам. Гледам не само од Америка и од други држави го прославуваат празникот.