Форумџика на годината

Прославување туѓи празници

Discussion in 'Општи дискусии' started by Snow-Queen, Nov 4, 2012.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    14,464
    Gender:
    Female
    Не сум против славењето,но не во олку претерана мера.Вчера имав можност да ги видам најкичестите слики за Халовин. Сметам дека е претеран начинот на кој овие празници се имплементираат кај нас.Погоре прочитав дека не било убаво младите да бидат толку врзани за традицијата и религијата,јас не гледам ништо лошо во некој кој си ја негува традицијата.Како и да е,си имаме ние и наши празници кои се еквивалентни на странските,а и те како се занемарени.Така на пример СВ. Валентин и СВ.Трифун,се знае кој е наш празник.Ден на љубовта кај нас е Вера,Надеж, Љубов.Маскенбал имаме за Василица,1 април,во мојот град за Прочка е спектакл.И уште низа други празници кои се проследени со прекрасни обичаи.Значи јас не велам дека треба да се слават само нашите празници,но зошто нашите се потискаат? Глобализацијата си наметнува некои трендови,ама тоа е друга тема,да не бидам офф топик.Сигурно дека таму некаде во Америка,не би му продалетолку многу значење на наш празник, колку ние на нивниот.Ако некој се чувствува среќен дека слави Халовин,слободно.Само не мора да се претерува до таа мера на апсурд.
     
    carangigia likes this.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,198
    Gender:
    Female
    Аргументот „тие не ги слават нашите празници, зошто пак ние нивните“ е навистина игнорантен.
    Низ годините се исфилтрирале деловите од традициите кои им се забавни на луѓето и тие најчесто се практикуваат.
    Ако одење на црква беше забавно и интересно за светот како маскирањето, одењето по Халоуин забави, или пак купувањето Christmas presents тогаш цел свет тоа ќе го правеше. Ако за Вера, Надеж, Љубов луѓето си купуваа подароци и срценца и балончиња и што ти знам, тогаш на 30 септември ќе го правеа тоа.

    На вакви денови, не се слават празниците, туку само владее општа еуфорија. Верувајте, никој не се замара со религиските делови од глобалните празници. Како што кажав, извлечени се само оние делови кои им се забавни на луѓето, исто како што од паганските обичаи се извлечени само карневалските маски, а останатите духовни делови, како обожавањето на Сонцето и природата се оставени по пат.

    Никој не рече дека овој начин на чествување традиција е добар (ако се прашувам јас, самото практикување традиционални обичаи треба целосно да се искорени), ама како што кажав, традицијата и духовните работи се во последен план.

    И доста со она ваше, наше. Халоуин, Валентајн, Божиќ се глобални празници, што значи, како што се на Американците, така се и наши. Св. Трифун и компанија не се глобални, не знам зошто воопшто се поставува прашањето дали некој Американец би ги славел.
     
    shz, Someonespecial, Joi and 2 others like this.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,208
    Gender:
    Female
    Кога ќе се сетам дека до пред 5-10 години, истите овие новопечени тиквички им се смееја на Ромите, демек сите празници ги прославувале :D Можеби до ден денес им се смеат :^) Живот полн со иронии.
    Халовин ми е исклучително глуп празник за овие простори, као гледаме на ТВ дека се слави у Америка и да пробаме да бидеме кул. А сето тоа излегува толку извештачено.
     
    Last edited: Nov 3, 2017
    carangigia likes this.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Joined:
    Aug 9, 2017
    Messages:
    5,943
    Likes Received:
    19,802
    Gender:
    Female
    Халовин мене ми е интересен , св Валентин исто така , да појаснам дека ги сакам сите празници што внесуваат позитивна енергија во лугето и дечињата , иако не сум некој верник но ги обожавам :)

    Ова зошто прославувааме туги празници ми делова како да е произлезено од некој поп што е љубоморен а и нервозен бидејки на овие празници не им се полни буџетот во нивниот џеб !
     
  5. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    И на поголем дел од американците им е антипатичен празникот.
     
    sjdgo likes this.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,719
    Gender:
    Female
    Не сум за славење на halloween, вештачки е наметнато, луѓето ниту го разбираат значењето, а збеснуваат да слават и што е најважно, не е во согласност со нашата вера.
    Понатаму, за Св. Валентајн, треба да си го слават припадниците на католичката црква, ние Православните, имаме наш празник на истиот ден, Св. Трифун, кој треба да се чествува и слави.