Здраво девојки..нова сум на форумов.. ме интересира што мислите за девојките што го користат своето тело за да заработат.. дали ги осудувате и дали некогаш би се осмелиле да направите такво нешто за голема сума на пари.. јас живеам во странство и тоа овде е многу актуелно меѓу студентките.. се повеќе и повеќе ги има што водат двоен живот.. позз
Секој си е сам-свој-господар на сопственото тело и може да му прави што му душа сака. Може да го продава, ако сака и на пазар3 нека се стави. Сепак е тоа прашање на личен избор. Јас на вакво нешто никогаш не би се нафатила. Абе каква сака нека е сумата на пари. Факт е дека оние кои се нафаќаат на вакво нешто огромно значење придаваат на парите и за нив би исполниле секаков услов. Сите сакаме пари, нели? Но има попаметни начини да се заработат. Можеби сумата е примамлива, но сепак оваа работа е опасна. Не можеш да знаеш како човек ќе начекаш. Се‘ на се‘, не би го „работела“ ова никогаш. Можам и мозокот да го употребам.
Јас никогаш не би го правела ова. По никоја цена, ни леб да немам да јадам. Ќе одам по контејнери ќе копам што се вика, ама ова не. Познавам вакви, нажалост. Да, заработуваат големи пари, ама по која цена? Не сакала да работи негде за 10 000, па ова било најлесно. Што ќе дремела она негде 8 саати, вака за 15 мин оп парички во џепчето. Ееее со вакво размислување само ваква работа може да се работи.
И јас бев некогаш студентка од страна, па ова никогаш не ми паднало на памет. Што па мора да имам многу пари, колку ми се нозете толку си ја пуштив чергата.Наместо да мислат на проституција и лесно заработување пари, не е лошо да се зафатат со учење, па да земат некоја стипендија и еве им пари за џепарлак.
Секој има право да прави што сака,проституцијата постои уште од антички времиња,ако некои се определиле да им биде професија немам ама баш ништо против.Подобро е да е легализирана,така се спречува развојот на сексуално-преносливи болести. Мене повеќе ми пречат ку*ви од двата пола,кои се‘ нешто подмукло прават и го загорчуваат постоењето на сите околу нив. На првите им посакувам успешна работа ,на вториве зивотот нив да ги силува секој ден,па да немаат сила да се занимаваат со други. Јас не си се наоѓам себеси во оваа професија,тоа е се‘што имам да казам.
Подобро чистачка, со плата 8илјади ни толку не мора, отколку такво нешто да правам,телото ти е дар од природата или Бог (кој како верува,научно или религиозно) не треба да го искористуваш и фрлаш кај стигнеш греота е луѓе умираат приморано од триста болести ти здрава права да го продаваш телото нон сенс! А уште па да не е здрава...тоа е проблем во општеството!
Не ги осудувам доколку станува збор за сопствен избор. Сосем друго нешто е присила. На крај краишта, нивен живот, нивни проблем. Но гледајќи за себе, сто проценти сум сигурна дека никогаш нема да се нафатам на вакво нешто, па и последна работа на светот да е.
Не дека ги осудувам, но има и друга работа која што можат да ја работат. Јас лично никогаш не би го продала моето тело...за каква било сума пари...
Ако тоа што ми се згорозува од самата помисла на девојки кои се проституираат, ако тоа што ми се гади од нивниот начин за егзистенција, ако тоа што ми се одвратни таквите работи е осуда тогаш ги осудувам! Ги осудувам заради неморалот, заради преносливите болести, заради лошиот пример што го даваат на нашите деца, заради тоа што не сакаат да заработат на ,,потежок начин,,! Сум преостра кон таквите луѓе, најмногу поради примерот на моја познаничка која си се занимава со проституција за да купи скапа облека, добар парфем, нов мобилен, за викенд на Халкидики, шопинг во Солун! Е од тоа ми се гади и осуда е најмалку што можам да почувствувам кон нив! Некаде имам слушнато дека проституцијата е најстариот занает на сите времиња и најлесен начин за да се заработи пари! Јас пак си велам ако човек сака ќе најде и некој друг начин на егзистенција, не е само проституцијата ,,професија,, за да се обезбеди опстанок во овој тежок живот!
Имам изгледано десетици потресни документарци за проститутки, и да ви кажам сосема ми го сменија погледот за овој најстар занает. Девојкиве ми беа за жалење, ама искрено. Проституција, не е тоа само некоја неморална краветина која решила дека ќе си заработи пари на најлесниот можен начин. И секако има разлика од проститутка до проститутка (тука мислам на оние ексклузивните). Оние првите, кои се на улица, кои повеќето ако не и сите до една се робови на своите макроа, верувајте многу малку добиваат од тие пари. Заробени во вечно перпетуум мобиле, никако да излезат од турбината. И многу тешко се излегува, им трае дури да се соземат, да одпочнат нов живот. Не би да ги осудувам, ама воопшто. Човече па барем ние што сме од Балканот знаеме многу добро колку девојки се киднапирани, прелажани, измамени, однесени илјадници километри далеку од нивните родители, пред се девојки од сиромашни земји и од сиромашни семејства, со желба да заработат некое евро вишок и да им го испратат на нивните родители и на крај - наспроти она што им било ветено, завршуваат на улица, продавајќи го своето тело под присила на макрото. Епа јас не би да плукам по овие девојки. Баталете морал и слични глупости, гледајте на тоа малку со поинакви очи и ќе видите дека тие девојки не се за осудување, туку пред се на нив навистина им треба помош А ова другово, сеедно дали стои на улица, или се дава на тип свесно за по некоја скапа вечера, скап подарок или вожња со неговото ново БМВ. Не по врат по шија, само што не се нарекува проститутка. И такви познавам односно имам видено.
Од дома ме воспитувале дека не секој ја има работата од соништата,и дека НИКОГАШ не смеам да судам на прв поглед. Животот ја натерал да заработува на начин на којшто ни самата не е горда. Дали ја знам причината зошто таа го прави тоа? Не. Како што кажа Пирамидка,можеби потекнува од сиромажна земја или семејство,па ова е единствен начин да го издржува семејството. Ги жалам таквите девојки и жени.
не го оправдувам тоа ! има и други начини за да заработи пари,немора најбизерниот и најлесниот начин да го одбере !!!
Jaс не ја одобрувам проституцијата, има луѓе кои се сиромашни ама на секој човек и да остане со една скршена пара му останува гордоста,чесноста,а со ова без разлика дали им ги дава парите на своето сиромашно семејство или ги троши на себе ја губи чесноста,а и гордоста и достоинството ако воопшто ги имала. Жално е што на овој „начин“ на работа се привлекуваат младите, ви текнува за девојките од Велес? На телевизија даваа,мислам дека беа осмо одделение(не фаќајте ме за збор не сум сигурна ама таа возраст некаде беа) и кога ги обвинаа и притворија бизнисмените овие викаа дека не ги натерала туку сами сакале... Значи тие не се опаметиле се привикнале на ова и не се обиделе да кажат не. Тоа е жално... Јас лично не познавам некои вакви,но и да познавам еве ќе бидам искрена и ДА би ги осудувала бидејќи е нешто неморално, без разлика колку сиромашни се. Јас никогаш ова не би го направила без разлика на условите никогаш. И плус сексот треба да биде нешто свето, поврзување со личност која ја сакаш, која ти се допаѓа,а не да биде начин за заработка.
за ниедни пари на светот не би си ја продала совеста а ни телото ........искрено и ги осудувам не ми се допага тој начин на егзистенција
Темава малку ме потсети на книгата крив правец од Дитас која ја прочитав во прва година средно. Проституцијата од секогаш постоела и се смета за најстар занает, порано ги викале куртизанки кои биле доста учени жени и морале да знаат да танцуваат да свират на пијано да знаат како да го заведат мажот и доста читале во тоа време што писменоста била на многу ниско ниво тоа се случувало во богатите дворци и кралевства. Не ги осудувам жените кои пошле по тој пат може немале излез, но јас никогаш не би го направила тоа за ниту една цена. Има доста млади девојки кои своето тело го продаваат за парче скапа облека, за парче накит, за лаптоп итн... , а дома се им угодуваат не се гладни ни жедни ама ете сакаат престиж тие најмногу ги осудувам и презирам, тие за мене се безвредни и ништожни немаат никаков дигнитет ниту свое јас.
Мислиш дека во ова наше посрано општество е лесно да најдеш работа? Можеби и не е нејзина желба. Мислам дека не постои човечко суштевство кое би било гордо со тоа што си го продава телото,но сепак би направиле се за нивни опстанок и егзистенција. СЕКОЈ има право да го избере својот животен правец,а за тоа може да му суди само Бога.
Леле луѓе, јас се згрозив Откриено дувло на проституција во Карпош Откриен нов случај на проституција во Скопје. Триесет и седумгодишна гостиварка е откриена во изнајмен стан во скопската населба Карпош, каде што подведувала две девојки на проституција. Целиот ќар од „бизнисот“ најпрво одел во џебот на макрото од Гостивар. Потоа дел од добиените пари таа им ги давала на двете девојки од Кичево и од Штип, кои работеле за неа. Според сознанијата на полицијата, низ станот во Карпош поминале од 100 до 150 клиенти во изминатиот период. За сексуалните задоволства со девојките тие плаќале од 1.500 до 3.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава до Обвинителството против гостиварката Е.Е. поради посредување при вршење проституција, а истражен судија и' одреди притвор од 15 дена. Според сознанијата од полициската истрага, станот што го изнајмила гостиварката на улицата „Бранислав Нушиќ“ повеќе од една година бил дувло на проституција, во кој постојано навраќале најразлични клиенти. Се' започнало уште во април минатата година кога жената-макро почнала да организира средби и во станот да носи луѓе што ги познавала. Двете девојки М.И. (31) од Кичево и Ј.С. (34) од Штип биле задолжени да ги задоволат страстите на посетителите, со кои спиеле за пари. Како што раскажале двете девојки во полиција, тие во изминатиот период спиеле со околу 150 клиенти, кои навраќале често и плаќале различна сума за сексуалните услуги. „Парите ги земала гостиварката, а двете девојки добивале половина од договорената цена“, велат во МВР. Сексот го нуделе во една од собите во станот, а понекогаш сето тоа се одвивало пред очите на макрото од Гостивар. (Д.Т.) Извор, Утрински весник.
Никако не ги оправдувам, но не можам да кажам дека ги осудувам. Секој самиот си одлучува за своето тело, па кои сме ние за да осудуваме, сепак се работи за егзистенција. Не ми се допаѓа ваквиот начин на заработување и јас лично никогаш не би го правела ова.
Баш пред некое време разговарав со луѓе, поборници на идејата за легализација на проституцијата. Разговорот беше во контекст на статусот што проститутките го уживаат во Холандија и колку е тоа позитивно за нашето општество, со оглед на тоа што е побезбедно, бидејќи девојките од бизнисот ќе се познати, ќе одат на редовни проверки и нема да има потреба од нелегална трговија со тела бла-бла. И се тоа е во ред, во однос на сигурниот секс и тип-топ здравствената состојба на девојките што ќе дилаат со своето тело. Но, јас се си мислам дека никој и никогаш нема да може да гарантира дека девојка која поради икс причини влегла во дувлото на проституцијата, била просто во бесконечно долна и безизлезна ситуација да нема како поинаку дека за истата таа девојка, во истиот момент во кој ќе посака да го напушти дувлото што ја хранело до тогаш, вратата ќе биде слободно отворена да замине. Тешко можам да верувам во поштеноста на луѓето кои ги водат ваквите бизниси, во нивната сочувствителност и разбирање дека девојката повеќе не сака да се занимава со трупање богатство за нив, а пак со легализацијата на нивните бизниси, се ми се чини дека од непоштењачини и обични макроа ќе направиме бизнисмени на нивоУ, до толку што дури и полицијата ќе биде оневозможена да им омета во бизнисот, бидејќи тие ќе си се законски тргувачи со нечии тела и нечија несреќна судбина. А, секој кој разговарал со луѓе дури и од една Холандија, со малку здрав разум во главата, ќе ви го каже истото, дека дури и тие самите не се многу убедени дека апсолутно сите девојки кои работат на улицата на црвените светулки се таму по своја воља.
Пред некое време имасе случај од кој сто зивотот ми се згрози гледајки и слусајки сто се се случува на оваа планета.Млади девојки туристки од европа а и америка се зртви на макроа кои чекаат плен на аеродромите,ги заведуваат залазуваат го делат таксито и изчезнуваат.ги носат во логори и ги дрогираат,ги наведуваат на проституција всусност ги продаваат.Девојките немаат веке излез нивниот зивот тука веке други го контролираат,страсно.Друг случај најчесто во западна Европа,агенции кои нудат работа ги лазат зените најчесто од Романија,Бугарија и незнам така кои други ама ги има многу,дека ке ги вработат на црно во некои фирми за голема плата.Им ги земаат пасосите и тие како нелегални во дрзавата немаат избор ниту право на залба,принудени се да си го продаваат телото. Не ја оправдувам проституцијата! Ми се поврака од такви сто во тоа гледаат најлесна егзистенција,сто стојат по улиците безморално,има толку многу работи па ако треба ке одам да чистам по јавните тоалети ке се спустам само на тоа ниво во целата хиерархија,ама гордост секогас ке имам,а како сто спомна пирамитка опкрузени сме од ногу полоси и префригани девојки кои го прават истото но под друг епитет,од такви верувајте полосо ми станува има разлика од проституција до проституција