Поубаво би било, ама за жал не е бајка светов и секој се снаоѓа како што знае. Ако одиме според логикава, секој фриленсер сам си ја одредува цената, иако не е така. И нивната цена е одредена од побарувачката на пазарот. Нема поента аргументов. Не реков дека е благородно и wow туку дека е технички на исто ниво со други физички работи кои беа спомнати, како чистење на пример. И оваа поента ти е во најмала рака лабилна.
Океј, до утре ќе се објаснуваме на темава.Ако толку мислиш дека е убаво тоа, батали факултет батали книгите и прај си ,,лесни пари". Јас си стојам до тоа дека не ги поддржувам и искрено не сакам утреден ако имам ќерка да спие со мажи за пари.Колку и да сум open minded во глобала, вакво нешто не можам да оправдам, да не се повторувам зашто. Најлесно е да имаш односи по цел ден и да трпаш пари во џеб.Нека фатат метла на +40 надвор да ги видам.
1. Се е производ на патријархалното уредување, освен проституцијата, така ќе испадне на крај. Факт е дека не може да се израмни со било која друга професија, без разлика од кој агол и да гледаш.Ако така ги редуцираме работите на едно задничко нешто како ти што им правиш, се ќе изгуби поента. 2. Постојано?Еднаш ги спомнав.Инаку, ти ја сфаќам поентата дека колку толку би постоела поголема контрола ако се легализира, ама ни тоа не е ветувачко.Повеќе е - еве, ќе ви ја легализираме работа, сега среќни успешни ќе си работите - а тоа што многу се несреќни во тоа и немаат можност и поддршка да излезат не е битно.Да, би настојувала да им се пружи помош место само ваква утеха. Let's agree to disagree, не гледам друго.
Ништо срамно ниту страшно. Чесно заработени пари, одколку некој да дојде усмрден не избањат со стомачиште старчуга да те легне. Пошто обично такви бараат вакви услуги, тоест најголем дел од нив. А види чудо па уште и цена им одредуваат. Ем легализација ем цена да им одредат.
Во капиталистичко општество сѐ се води според понуда и побарувачка. Да нема побарувачка - не би ни било понуда за проституција, т.е. побарувачката е онаа што ја води проституцијата. Дефинитивно не гледаш жени да одат по улица и да молат некого "дај бе ќе ти дадам да ме ебеш за 100 евра".
И јас сум за тоа, ама морам да спомнам дека ми е интересен фактот како @Feminka22 се согласува со тебе, а таа има став дека проститутките се мрзливи прчли, додека ти мислиш дека е систем за омаловажување на жената.
Не реков дека се мрзливи, али ти ги претстави како да се маченички, а уствари ништо тешко не прават.Плус мене ми е самоомаловажување тоа.Така го доживувам тоа. Зашто да коштам една пијачка или 100/200 евра?
Уф уште тоа треба, да се легализира, да се охрабрат многу девојки дека тоа е „нормална работа“ како и секоја друга, да се појават многу проститутки и потоа да падне и цената на „услугите“ и за 500 денари некој да им се изживува на тие сиротињи А во Македонија не гледаме нешто такво, бидејќи не е легална. Во Амстердам на пример, на ред лајт дистрикт токму тоа се случува. Има 200 проститутки наредени на излози само на една улица. И мажи туристи поминуваат и прво ја гледа една, оваа му игра на излогот, му се смешка, му тверка само за да ја избере неа.. а овој продужува на друг излог, па таа втората му отвара врата му вика ајде влези, влези кај мене... а он нееее, чекај да видам што има понатаму на понуда, му е страв да не пропушти некоја „боље риба“.. и таков се врти два круга, не знае која да ја одбере, а сите тие кутрите им се нудат... гадно, гадно... секој треба да прошета барем еднаш по таа улица или слична на неа, за да го види вистинското лице на проституцијата п.с. Само се надоврзав на твојот коментар, а не е дека ти реплицирам тебе, туку општо зборам на темава.
Не се ни надоврзувај, не сакам да бидам поврзана со мислење како твоето. За некој кој толку многу се грижи за жените и се гади од проституцијата, активно придонесуваш до нејзино опстојување со посета на такви "туристички" области како Ред Лајт Дистрикт. Ако побарувачката ја води понудата, а ти сам си избрал да бидеш дел од таа побарувачка, апсолутно немаш право да зборуваш за "кутрите жени" кога ти си дел од оние кои придонесуваат до нивната опресија. А, и Холандија има добро аболиционистичко движење во развој, па и таа ред лајт дистрик веќе не е истата од твоите посети пред неколку години.
Фактот дека робовладетелството и проституцијата датираат од првобитните човекови заедници не ја променува нивната различна позадина. Класичниот концепт за робовладетелство не е присутен кај останатите суштества, освен ако некои не го сметаат однесувањето на Polyergus Lucidus, како повлекување на идентична паралела со робовладетелството кај луѓето, што е непрецизно бидејќи робството е наметнато како одбивање на тешка физичка работа врз основа на општествен статус, а не врз основа на облигаторен паразитизам. Робовладетелството, генерално зборувано, е многу полесно да биде искоренето како општествен концепт за разлика од проституцијата како природно-општествен концепт. Дополнително, постојат нееднаквости меѓу поимите "forced/voluntary slavery" и "forced/voluntary prostitution". Додека кај робовладетелството поимот за "voluntary slavery" претставува само теорија и истиот е искористуван како еуфемизам за да се прикријат услови на робство кои воопшто не се доброволни, поимот за "forced slavery" всушност ја претставува класичната дефиниција за робовладетелството како систем кои ги крши основните човекови слободи и права, за кој целиот свет го подржува неговото искоренување бидејќи буквално никој своеволно не би се ставил во деградирачката положба на роб. Од друга страна, кај проституцијата се прави јасна дистинкција меѓу поимите "forced prostitution" и "voluntary prostitution", со тоа што принудната проституција се смета за кривично дело во склоп на манифестирањето на организираниот криминал и трговијата со луѓе и поради тоа истата е нелегална во сите држави на интернационално ниво. Меѓутоа, доброволната проституција е различно третирана во однос на тоа дека е различно регулирана во зависност од државата (некои ја признаваат како легална окупација, додека други ја сметаат за нелегална и истовремено ја санкционираат), како и различно перцепирана од страна на човековото општество: Abolitionism, каде проститутката се смета за жртва Regulation, каде проститутката се смета за работничка Prohibitionism, каде проститутката се смета за злосторничка. Така, и покрај тоа што "forced prostitution" и "voluntary prostitution" не претставуваат цеосно еднакви поими, неопходно е за жените кои припаѓаат во двете типови на проституција да бидат соодветно заштитени по законски пат и да им се пружи помош, но на различен начин. Во првиот случај, жените кои се принудени на проституција несомнено претставуваат класични жртви во очите на законот, додека за жените кои не се директно принудени на проституција е дискутабилно дали навистина претставуваат жртви или не, бидејќи од правен аспект е потешко да се утврди штетата и виктимизацијата од таа активност, бидејќи сепак постојат одреден процент на жени кои едноставно сакаат да бидат дел од секс индустријата, односно имаат слобода на избор и тие ни најмалку не се чувствуваат како жртви, ниту пак сметаат дека повредуваат некого со нивниот избор на кариера. Проституцијата не е лоша се додека жената не е принудена да работи против нејзината волја, но дури и ова размислување содржи одреден пропуст, а тоа е т.н. "индиректна принуда" кон проституција поради сиромаштија, недоволна едукација и други лични проблеми, каде жената смета дека нема друг избор како да заработува за нејзината егзистенција. Сепак, ова не треба да се поистоветува со волјата на оние жени кои свесно сакаат да го работаат тоа (што не е премногу чест случај). Поради ова, простутуцијата, како и секое друго инволвирање во секс индустријата, можеби претставува слобода на избор, меѓутоа тоа не значи дека истото секогаш претставува и добар избор за било која припадничка на женскиот пол, со оглед на развиеноста и софистицираноста на модерното човеково општество.
What did you just said? Ја не користев „услуги“ од проститутките. Амстердам има и други работи, не е само проституција. А таму бев бидејќи има христијанско здружение кое работи со нив и гледа да им помогне. Жени се тоа, вистински феминистки кои сакаат да им помогнат на тие сироти жени, да им најдат работа, да им го вратат загубеното достоинство. Некои од нив се и поранешни проститутки кои излегле од тоа зло и сега сакаат да помогнат на други. Има и мажи во здружението, тие работат со „клиентите“ т.е. со сиротите мажи кои кружат по Ред Лајт Дистрикт и се мислат кое тело да го одберат. Здружението има евтин хостел баш на Ред Лајт Дистрикт и затоа овие „клиенти“ баш таму букираат и таму им прават предавања за што значи вистинска интимност, секс во контекст, секс во рамки на љубов, брак, понатаму за сексуално преносливи болести итн. И јас спиев таму и го поддржав нивниот „бизнис“, а не бизнисот на белото робје.
Ако ситничариме и бараме паралели на робовладетелство и проституција кај животинските видови, можеме слободно и уредувањето на пчелите да го гледаме како робовладетелство на кралицата над останатите пчели, ама не го правиме тоа затоа што не бараме начини да докажеме дека робовладетелството е природно. А да, тоа дека е природно, доброволно и посакувано им било главен адут. Позиции кои потекнуваат од превласт на моќ главно зависат од дехуманизација на личностите над кои се покажуваа таа моќ. Како што робовладетелите сметале дека робовите се под нив и не заслужуваат нормален живот, дека таму им е местото, истото се случува и со корисниците на сесуалните услуги. За да искористиш некое човечко суштество потребно е прво да го сметаш за подолно од тебе, за безвредно, гнасно, мрзливо, неспособно. Како и да е. Она подолу се само дефиниции, па нема што ни да дискутираме веќе, Буквално си разменивме дефиниции. Не те научиле дека решението не е „што се проституирате тука, одете просете, немате достоинство“? Феминистки сигурно не се, Христијанско здружение - тоа да. Не скаа ни една фмеинистка Евангелос во здружението - верувај
Робовладетелство постои кај одредени инсекти кои исто така војуваат против својот вид како човекот што прави. Мравиките. Кај нив постои баш класичен концепт на робовладетелство. Можеш да истражиш. Проституцијата воглавно постоела од секогаш само во пагански општества, што воопшто не е чудно. Во држава која е теолошки уредена нема таква појава како проституција и слично. И чудно ми е како никој не ги спомена оние кои користат вакви услуги. Дали знаете поради проституција колку семејства се растурени? Колку животи се уништени? Колку болести се раширени? Незнам како со здрав разум барате легализација на ваква работа.
Поентата на следниве реплики не е да оправдаат нешто туку да се согледаат работите од повеќе точки за да можат нештата подобро да се разберат. Зошто мислите дека не работат и друга работа, на пр. чистење вециња? Секој месец од тие пари да речеме успеваат да платат сметки само. Додека за храна, лекови, издржување на децата и болните родители си ги плаќаат од сексуалните услуги. Ви текнува песната Rockabye? Има и такви кои имаат пари од мама и тато за да преживеат пристојно но немаат доволно за луксузирање (скап провод по „елитни„ дискотеки, скапи парфеми, шминки, облеки) па посегаат по тоа. Во Бугарија за 1970 за време на социјализмот дел од чистачките (мислам од градскиот превоз или комуналец) токму така заработувале додатно. Да речеме дека клиентот личи физички на татко ти, брат ти - би те палело тоа? Или те потсеќа на бившиот кој го мразиш од дно душа и сл. Или е ментален пациент или не може да сврши па си ги бара парите назад, се заканува, удира, носи агресивни пријатели со себе кои ти бараат одредена услуга од која се гадиш, со убаво им велиш тој тип на секс нема кај тебе но физички се посилни и побројни... што ќе правиш после тоа? Како ќе ги пријавиш во полиција кога самата работа ти е нелегална - „извинете јас се бавам со нелегална работа би сакала да пријавам едни клиенти ако може„?! А колку пари и кога ќе им бидат платени за тој друг начин? Можеби сексуално ќе се опуштат и нема да бидат толку агресивни кон својата околина. Некои луѓе се толку сексуално исфрустрирани што се способни да убијат други луѓе од завист. Имаше неколку случаеви во САД и Србија пред некоја година. Едниот (од САД) што газел луѓе со кола околу себе рекол дека му била целта да испогази што повеќе луѓе кои му изгледале дека имаат секс во приватниот живот, бидејќи тој немал. Очигледно бил умноболен, но што не имал секс ако тоа било толку лесно како што тука пишувате?! Внимавај, таквиот предизвик важи и во обратна насока! Некој може да рече „лесно е да се облечеш по кратки на 40 степени со капче на глава и да метеш и оп на крај на месец пари на сметка, ај да те видам легни со некој/некоја што не ти се допаѓа, сака да ти сврши некаде каде што ти не сакаш, не ти гарантира пари, безбедност„... Многумина се проституираат токму за да можат да си купат книги, лаптоп за пишување семинарски и да си ја платат школарината на факултет. Од рибање вецеа тоа не може да се постигне, барем не во зададениот временски рок. Прочитај ја исповедта на Лаура Д. од Франција која сакала да студира шпански јазик и книжевност... Или кастинзите на Вудман кој редовно ги прашува девојките за нивното образование и поради кои причини се впуштаат во порно бизнисот (не е исто но мошне слично) - има многу различни одговори.
Проституцијата како професија можеби е деградирачка, опасна и не претставува најдобар избор за жените, но истата не може секогаш да се поистоветува и да биде дефинирана како робство. Во едно истражување било потврдено дека 89% од проститутките интервјуирани во вкупно девет држави изјавиле дека "сакаат да ја напуштат проституцијата". Додека овој одговор е очекуван, истиот не содржи дека како услов за ја напуштат проституцијата, истите мора "да бидат ослободени од луѓето кои ги поробиле", туку да најдат соодветна работа и дом, што не звучи како фактор за кој треба да бидат загрижени доброволните простититки, туку жртвите на сексуална трговија со луѓе кои дури и да сакаат, немаат опција да избегаат од ситуацијата во која се наоѓаат против нивна волја и согласност. Да се изедначува доброволната проституција од која жената скоро секогаш има избор да ја напушти кога и да посака, со жртвите на human sex trafficking (принудна проституција) што претставува робство во вистинска смисла на зборот, не само што претставува голема заблуда, туку и ги обезвреднува сите светски напори за да се стави крај на вистинскиот принуден труд и (сексуалната) трговија со луѓе.
Точно, близу 90% од жените во проституција радо би ја напуштиле. Проблемот е што не е толку едноставно да најдат работа кога се обележани како криминалци, или кога ја носат проституцијата како минато зад себе. Затоа е потребен нордискиот модел кој нуди заштита, рехабилитација и излез за жените КОИ САКААТ да ја напуштат проституцијата. Од друга страна, со зголемување на побарувачката, дури и во земји кај што проституцијата е легализирана и декриминализирана, неминовно се зголемува и трговијата со луѓе, така да не сум сигурна дека можеме целосно да ги раздвоиме едното од другото. Врз однос на поделбата на проституцијата на легална и принудна се донесени многу закони за легализирање и декриминализирање на проституцијата, па праксата покажала дека не е баш така. Германија и Холандија се само едни од примерите. Без разлика што е проституцијата легализирана, трговијата со луѓе е зголемена наместо намалена. Холандија има помеѓу 5000-7500 случаи на трговија со луѓе годишно, од кои 20% се малолетни девојчиња на возраст 12-17 години кои се жртви на sex trafficking. Да биле деливи и да било регализација решение на проблемот со нелегалната проституција, тогаш не би требало да постојат овие бројки, нели?
Според мене да имаш почит кон секс работнички т.е. проститутки и да си против индустријата, не мора да се различни мислења. Вашите омалажувачки мислења за достоинството, за „лесна работа“ се за нигде, затоа што секоја секс работничка од прва до последна прво е жртва на патријахално општество. Се нервирам кога ќе видам гламоризирање на проституцијата и секс индустријата како нешто што ги empower жените, затоа што колку и да е реалистична таа илузија на доброволно вклучување кон оваа работа, не може да биде доброволно кога е наметната од патријахатот, мизогинија. Не може и никогаш нема да биде empowerment се додека има малолетни девојчиња кои се принудени, силувани, киднапирани и тргувани. Не знам како можеме да бидеме про-проституција, а истовремено да заштитиме мали девојчиња, ама и возрасни девојки кои се малтретирани. Не можат ни жените да ја „превземат“ индустријата во нивни раце кога столбовите и се доминација на мажите. Затоа не ми е јасно како прва ваша реакција кога ќе зборите за проститутки е да плукате по нив, а не да ги разберете како жртви - да, жртвите изгледаат најразлично, и онаа девојка која не знае во што точно навлегла е жртва, а и онаа која мислела дека се лесни пари. Мислам дека имам пишано мислење во темава, ама сигурна сум дека било малку поразлично, па правам апдејт.
Не зборувам за присилна проституција и трговија со луѓе, зборувам за проституција како заработка. Како и да е, глупаво е да ги осудувате жените. Во првиот случај затоа што се присилени на нешто, а во вториот затоа што тоа е нивен живот и вашиот не го загрозуваат.