Прво. До утре зборете и верглајте колку сакате.Се кладам дека никоја од вас не би го работела тоа или не би рекла на сопствено дете да го праи тоа. Епа баш пошто е нелегално нема што да се меша таму.Ако некад ( се надевам никад) ја легализираат нека си работат тогаш под ,,строго контролирани услови”. Кај нас од судство до последен све распашана команда,не се знае кој пие кој плаќа, па уште се тешите дека ако се легализира дека ќе им цути ,,бизнисот”. Сами си се ставаат на ризик да.Али пишав и претходно погоре, нели се спремни да кажат 100€/200€... значи многу им е гајле за себеси. Они мислат дека толку коштаат они и нивното тело.Како да почитувам таква особа?? Било кај и да работиш може да се погоди клиент кој ќе се иживљава со тебе и ќе те тормози. К**виве, овај проституткиве ги направивте како бела мечка да се.
Зошто да не почитуваш таква особа? Јас лично одлуката за непочит кон некого ја донесувам според тоа што лошо прави таа на другите, на пример некој што ме лаже се до некој што тепа луѓе. Со кој потег една проститутка ти лично смета тебе за да не ја почитуваш? Тоа чувство може да ти дојде само од сопствена стигма за секс. Исто така ти беше спомнала дека една проститутка "е задоволена сексуално" кога работи. Ако мислиш дека тие се барем малку уживаат додека работа, грешиш. Дали стварно мислиш дека човек што плаќа проститутка е таму да и пружи задоволство на истата? Плус, тие се навикнати и многу автоматски го прават тоа, а освен тоа постои и некој си левел на "професионалност" или така да речам каде што воопшто не се вклучени во сексот како вистински партнер, едноставно пружаат услуга за пари. Многу ти се без осет сите коментари што ги имаш. Посебно што викаш курви. Дно дна.
Ја сум искрена и ми е гајле како изгледа. Никад ама никад нема да имам почит према такви девојки/жени. И прво тргнувам од себе, ја лично никад не би имала односи за пари. Па проститутка е по културен збор, дали ќе кажеш к**ва дали проститутка тоа ти е едно исто. Жена што дава сексуални услуги за пари. Добро, ако не уживаат дур го праат тоа нека не го прават. Се што праиме треба да го праиме дур нѐ исполнува. Сами на себе си штетат како и да ја вртиме приказната
Како така толку површно и осудувачки гледате кон жените во проституцијата, а е толку комплексна тема? Најголем дел од нив се жртви на трговија со луѓе уште од деца, кои немаат избор и се заглавени. Прво, не ни заработуваат баш така колку што вие си мислите. Најчесто имаат макроа кои го собираат профитот. Второ, многу често се силувани, тепани, уценувани. Трето, нема каде да се обратат, пошто нели проституцијата е нелегална. Радо би напуштиле, ама како? Од една страна, осудени и гледани со презир од општеството. Од друга, тотално опресирани и злоупотребени.
Ја лично ги осудувам тие кои своеволно се занимаваат со проституција и ич не ми е жал за нив. Фала Богу дека нема да судам девојки/жени кои не се по своја воља во тој ,,бизнис”. Тоа не е ни проституција више туку трговија со бело робље. Не сум идиотка да судам некој кој е ,,заглавен” принудно во тој свет.Не мешајте одма баби и жаби и не се праите светици. Се кладам дека 70% од сите што ги браните проститутките дека не ви би било сеедно у иднина да дознаете дека ќерка ви така се снаоѓа за живот.
A ти судија си па "судиш"? Тебе баш ќе те прашаат... Колку предрасуди на еден куп, па уште и зајадливи и бизарни и некултурни. Ко да ве тера некој да им плаќате на проститутките или кирија да ви борџат.
А зошто воопшто ги осудуваш и тие? Што конкретно ти направиле за да ги осудиш? Како точно тебе те повредуваат?
Па го осудувам нивниот начин на живот пошто за мене е неприфатлив и не можам да го сварам тој момент. Ја нема да им пресудам.Има Господ он нека им суди. Ај сеа до задутре цитирајте ме како сум полна со предрасуди и како сум безобразна, па може и ќе почнам да ги почитувам.Ако сакате и орден ќе им доделувам на секоја посебно, или честитка за животно дело @Bezimenka90 мене лично фала Богу ништо не ми напраиле пошто не знам ниедна таква личност.Го осудувам тоа што се продаваат себеси.Непоштовање према себе.Како очекуваат да бидат почитувани од другите? Ме нуделе и пијачки и се и свашта и по кафичи и по дискотеки пошто ме гледале со детска фаца и мислеле дека ќе легнам со нив пошо се коњи, па еве цели 19 години не можам да си одредам ,,колку коштам” Каква црна пијачка какви црни пари бре. Ако имам односи со некој ќе имам ради свое лично задоволство и потреба, а не за мочани 100€. Парите ќе дојдат и ќе си отидат.Моралот нема да се врати.Плус еднаш ако влезеш во тој круг тешко ќе искочиш Ај олабавете ме сеа пошто нема ни 11 саат
Онаа што сакаше дечко и да ја вози и да ја носи на шетање лом ја направивте од осуди за толку глупа работа, ама сега не дај боже некоја осуда тука да има. Чил, темава е за дискусија, не за собир на истомисленици.
Јас чилувам нон -стоп, посебно вака посабајлечки, од под туш освежена Генерално на изјави што се бул шит можам да дадам коментар, инаку ниту осудувам, ниту ми е гајле за перса и трајанка дали осудувале. Нелогичноста ми боде очи. Во двете теми заедничка е надобудноста на коментаторите кои исфрлаат стрелички кон особа која нит ја знаат нит ја познаваат, елем дечкото кој нема или не сака кола и некоја хипотетичка проститутка која нит' им се меша во манџа нит' пак ги вика ортачки да работат. Чил и кај вас
Пак ќе кажам, не постои доброволно, своеволно занимавање со проституција затоа што проституцијата во секоја нејзина форма е наметната од патријахатот. Своеволноста за секс работа е илузија. Сите се жртви. Прочитај ми мислењето каде што не те цитирам. Океј. Ти осудуваш тоа што... тие се продаваат... себеси. Нема логика тука. Вистината е дека имаш потреба да се чувствуваш дека си на повисоко морално ниво и затоа тераш вака. Размисли дали проституцијата започнала со тоа што жените едвај чекале да си го продадат телото или започнала како резултат на објективизирање на жените од страна на мажите и нивниот очај за пари. Да ги викаме курви - патем уште еден преубав збор користен за деградација на жените - не постигнува ништо.
Ха ха ха. Не е точно, има луѓе кои своеволно имаат секс за пари. Инаку онака кој што сака нека си прави, не ми пречат.
Тоа е ..се си иде заедно..висока религиозност, holier than thou attitude, малку nosy nosy, извртена логика и а литл пинч оф малициозност. Тоа е основа. Иначе што имам читано интервјуа со проститутки, овде е легално, плус некои се со име и презиме, некои се кријат под алијаси, ниту се сите натерани, ниту па нешто псобено патат. Некои чак и добро заработуваат. Зашто генерално има пазар за тоа, има клиенти кои дел се впрочем нечии мажи или дечковци, и сега јас да плукам на проститутки а клиентите рает си тераат, ми нема логика. Ниту па изгледаат такви како што веројатно ги замислува грото од народ, похабано . Ма јок, има и стари и млади и дебели и слаби и убави и не толку убави, и источно европејки и азијатки и холанѓанки. Никој не се замара да ги осудува овде, оти си тераме свој живот ваљда...
Наметнато а?Па нели на некои тоа им било ,,последна сламка" за спас?Свесна сум дека постои и наметната проституција што јас лично повеќе би ја нарекла трговија со бело робље, али не можеш да ми кажеш дека е наметната од патријахатот. За мене не се жртви оние кои своеволно така заработуваат за живот. Сакаш искрено да ти кажам која е ,,вистината"?Вистината е дека баш ме заболе за нив. Првото мислење во темава ми беше дека не ги ценам и почитувам.Уште од сам старт си се изјаснив дека не ми е океј проституцијата нити па ми се океј персоните што се занимаваат со проституција. Не сум комплексашка и не ми треба да навредам/омаловажам некој за да се осеќам боље. Јас како и да е се чувствувам дека сум на повисоко морално ниво од нив, пошто јас се ценам себеси, и ги нема тие пари на светов за кој ќе легнам со машко.Јасен ли ти е тој дел? И без да пишувам 300 реферати уште од сабајле овде и да се објаснувам јас се чувствувам на ниво погоре од нив. Ако е нормално да има проституција, ќе била уште одамна легализирана и ќе биле заштитени
Што читаме? Значи ја одобрувате проституцијата ,абе како ? Ајде тие што се присилени ,мада никој не може на ништо да те присили.Но да кажува јавно и да бара права дека она со тоа одгледувала деца мислам wtf ....оди скриј се некаде бре жено да те гледа детето и да јаде таков леб.Немало друга работа ,дојди бери грозје и праски има колку да сакаш ...ама неее ..не ти се работи на сонцето и да газиш груткитуку полесно ти е волкај нокти ,уста на црвена ,миничот ,излегување кркање и земај пари продавајќи го достоинството Толку ми е грдо и ниско ....како спијат мирно
Се согласувам со тебе и би рекла дека општествената стигма игра голема улога во психологијата на (поранешните) проститутки. Луѓето се социјални суштества и поради тоа за нив претставува релевантна потреба да бидат добро прифатени од општеството. Жените кои сеуште се занимаваат или претходно се занимавале со проституција се носители на т.н. "Prostitution Stigma" и се соочуваат со голем број на предрасуди од околината и истите се најчесто генерализирани и имаат значително влијание врз нивниот идентитет дури и откако ќе ја напуштат секс индустријата. Со други зборови, се смета дека (поранешните) проститутки имаат "дамки" на карактерот и моралните вредности и токму тие придонесуваат за тие да бидат идентично третирани како поранешните злосторници, со што се ограничуваат нивните легитимни можности, вклучувајќи можности за пристојно работно место и аспекти од личниот живот како започнување врска, стапување во брак, негативни претпоставки за нивното здравје и потенцијални зависности и пороци. Неодамна успеав да прочитам еден интересен научен труд на оваа тема објавен во The Journal of Sex Research, каде се претпоставува дека постојат повеќе извори на т.н. "Prostitution Stigma" и истите се поделени на macro, meso & micro levels; Доколку некој е заинтересиран, можете целосниот труд да го прочитате на овој линк: https://www.researchgate.net/public...ions_Personal_Lives_and_Health_of_Sex_Workers
Буквално е наметнато? Не знам како поубаво да објаснам и на тебе и на овие погоре освен дека да не беше патријахално општество немаше да постои проституција? Немаше да биде опција? Мажите да не ги гледаа жените како објекти кои можат да се купат, жените немаше да се продаваат. Па не е нормално. Застани на нозе и збори како постоењето на проституција не е од никаков бенефит на жените. Не плукај по проститутките. Едит: И ако читаше и други мислења, ќе видеше дека токму размислувањата како твоите им го отежнуваат излезот на проститутките од индустријата. Ем плукаме по нив додека го работат тоа, ем плукаме откако ќе прават нешто друго. Нема ништо продуктивно во муабетот.
Не знам за општествената стигма, пре би рекла дека многу поголем проблем е PTSD што прозилегува од потребата да се оддели телото што се продава од она што си ти. Буквално, the split self. Патем, еве една книга на тематикава, кога веќе делиме материјал за читање, нели http://93.174.95.29/main/FE555CB198940275F9D88D54CFFC9F0B