Во мојата фантазија несакам да има проститутки несакам жените да се гледаат само за секс и да се купуваат како кукли, порано продавале робови и им ги избршувале работите, во демократско време нетреба да има жени за продавање на изопачени мажи со гадни фетиши и им прават што сакат, несакам ниски страсти, имам секс кој ме привлекува физички и духовно.
Добро не знам со сила се правите глупи или стварно сте ама еве ајде ќе објаснам пак , не реков дека сите од такви семејства завршуваат така ама реков дека најголемиот дел проститутки се од дисфункционални семејства и тоа не значи дека сите од дисфункционални семејства ќе завршат така ама поентата ми беше , НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПРОСТИТУТКИТЕ ДОАЃААТ ОД ТАКВИ СЕМЕЈСТВА . Еве ти објаснив најпросто што можев ама ако не разбереш пак кажи пак ќе ти објаснам.
Нема врска со предрасуди, луѓе кои се зависници, крадци, или во контекст на темава проститутки, најчесто доаѓаат од семејства каде што или немале соодветна грижа за нив, или биле сведоци на насилства, или биле многу сиромашни...значи повторно производ на околности, ама негативни околности.И не го кажувам ова за да ги осудувам, само го изнесувам ова како факт, дека за сите однесувања има причина - а во овие случаи посериозни причини, дека на никоја од чиста мира не и текнува да иде да биде проститука, пример. Не е дека секој што ќе биде во такво семејство или ќе доживее трауматичен настан ќе пропадне, значи не мора буквално да се сфаќаат работите, само збориме генерално како е. Никој не вика да се дружиш со нив, ама еве ако имам некоја поблиска личност која е проститука, попрво би и понудила помош отколку да бегам како ѓавол од крст.
1. Не. 2. Не. Би направила се за да ја извадам од таа индустрија, да ја спасам. 3. Зависи. Мојот прв став е дека треба да се искорени проституцијата скроз, ама искрено тоа звучи како неостварлив сон. Да имаше добри податоци дека легализацијата ги намалува бројките на нелегална проституција, можеби би била за, ама нема такви податоци. На оваа тема приоритет ми е да бидат заштитени малолетнички и нормално сите жени. Немам доволно читано да знам со какви политички? одлуки би можело да се превземат поголеми мерки за трговија со луѓе и слично, ама са започнеме со градење на добар пат за излез на проститутките кои сакаат да ја напуштат работата. Тоа значи искоренување на стигмата во врска со проституција (дека се дно дна, нечисти), да имаат добри шанси да се извлечат, а тоа никогаш нема да се случи ако не се прифатени назад од општеството. Затоа јас велам дека е контрадикторно ем да ги мразиме и отфрламе, ем да сакааме да не постојат. Затоа повторно ќе кажам, не плукајте по секс работнички, плукајте по индустријата.
Кај нас ова е табу тема и тоа и ќе остане. Џабе се трудите да се објаснувате едни со други Никој нема да победи. И има МНОГУ ГОЛЕМА РАЗЛИКА од секс работничка пред МТВ до оние другине Додека вие дискутирате во светот постојат девојки кои зимаат над 2000евра од вечер Јас немам ништо против, кој како си ја наредил. И башка ова не се глупи особи кои само нудат секс, туку едуцирани девојки, начитани, прошетани, кои зборуваат повеќе јазици и сл. Не е баш дека секој може да биде luxury escort Малку ме нервираат овие "светициве" кај нас кои глумат јако морални особи, а Македонија е мала држава се се знае
Ме интересира што мислите за порничот? Дали и тоа го сметате за проституција? Зашо нели и тоа значи имање односи за пари.
Јас велам , треба да им се даде шанса на проститутките , исто како и на затворениците што скоро го завршиле своето одлежување на казната и се пуштени од затвор . Секој човек заслужува втора шанса во животот , па и тие . Колку девојки биле принудени да влезат во таа индустрија , не дека сакале , приморани биле . Па пред некое време бевме сведоци на грозен чин на продавање на девојче од страна на мајка ѝ и брат ѝ . Мислите таа сакаше да биде продадена како некој шкаф ? Мене ми е жал за овие луѓе . И затоа велам дека заслужуваат втора шанса . Или макар да се заштитени со закон а не да работат за било који згора на тоа да се малтретирани секојдневно како од клиентите така и од макроата . Патем , овие вториве би ги тестирала психички прво , дали се здрави и способни за да бидат во таа индустрија без да вршат насилство врз жените .
1. Немам такви амбиции. Одбрав друга професија за себе. 2. Никако! Сакам да биде астронаут, друго у обзир не доаѓа. Таман работа сама да одлучува за својот живот, а јас сум ја создала... 3. Да, треба да се легализира - затоа што и онака постои насекаде во светот, но вака барем ќе имаат права и ќе бидат заштитени, оние кои ова го работат. Уште некое прашање?
Има разлика секако во порнич неможе да ти дое некој клошар и да има секс со тебе, али и за порничите имам слушнато дека ги тераат со сила и имало малтретирања, има и порно глумци кои се задоволни, порничите кои се нормални и има најнормална страст ми се океј а оние со силување, плукање, и омаложување на жените никако тоа треба со закон да се забрани такви да се снимаат или со сила.
1. Па моментално работам на надградба на мојата струка, две професии не би стигнала 2. На шта би било кад би било прашања не би знаела да дадам одговор бидејќи не размислувам на толку далечен период 3. Треба да се легализира бидејќи сакале вие или не, тоа го има и ќе го има, барем да бидат заштитени. Фала за интервјуто
1. Не. 2. Ова прашање е поврзано со одговорот на 3. Ама, ако е легализирана, да. 3. Сакам да се легализира од проста причина што заслужуваат почеста здравствена контрола. Дали ќе е легализирано или не, проституцијата од секогаш постоела. Ако некој се пронаоѓа во ваква професија океј. Мене лично не ми смета. Јас, реално мислам за себе дека можам да понудам повеќе во други бранши отколку во проституцијата. Треба да се легализира и да имаат повеќе права и да се подобро заштитетни со закон. И не мислам дека е чесност или нечесност во прашање. Повеќе е лајфстајл. И не мислам дека секоја што е проститутка е натерана со сила тоа да е. Некои по своја желба се. Од друга страна, аналогно на тоа, мислам дека ќе има и мажи кои ќе нудат вакви услуги пошто нели родова еднаквост. Иако, мажи во оваа сфера е доста дискутабилно
Воопшто не е во ред. Кога зборувам за проституција зборувам за севкупната секс индустрија. Прочитајте т.е. погледајте го видеото тука за pornhub и нивните злодела, за случајот со 15 годишното девојче кое исчезна и беше најдена во видеа и постери на порнхаб, за трговијата со луѓе и нерегулираноста на видеа и траумата од силување на кои се изложени жртвите затоа што нивното силување е постирано на порнхаб и никој не превзема ништо да се тргне. Воедно и потпишете ја петицијата да се укине порнхаб. Еве нешто што можете да направите. https://traffickinghub.com/
Пред се, здравствени привилегии заслужуваат болните деца кои ги лекуваме со смс пораки а не проститутки. И ве молам не заборавајте дека проституцијата постоела од секогаш, тоа е точно, но само во пагански општества, не во нормални. Со тоа што порнхаб ќе се укине неможе да се постигне ништо. 90% од интернетот е порнографија. Случајот со девојчето е педофилија и силување, тука зборуваме за проституција.
Гледам дека ќе ти е тешко што твојата омилена порно страна ќе се затвори ама ете ќе си најдеш нешто друго. Прво, силувањата што се објавени не се тагувани како силувања. Со оглед на тоа што има многу хардкор работи кои се "глума", не се распознава кое е вистинско кое не. Второ, да буквално многу многу, да не речам и мнозинство од мажите се палат БУКВАЛНО на силување. И како што е кажано во видеото, на страната има објавено силувања кои добилие милиони и милиони прегледи и никогаш не се тргнати. Тоа е реалноста на порнографската индустрија секој ден.
Јас мислам дека ги измешавте поимите силување и хард секс односно секс со улога каде еве нарочито еден особа од парот сака да е покорна на другата и да биде на некој начин силувана.. Реалното силување воопшто не е за палење, тоа е нешто нај грозно што би можело да се случи, дали и колку го има искрено незнам, јас сум сведок и на нетокму луѓе односно луѓе кои под некои околности имале секс а потоа и текнало на дотичната дама дека несакала паа ајде ја силувал...чувај боже од силување, личноста која е подлежна на тоа веројатно животот и е уништен и пеколен така да воопшто не е за палење ии кои би можел да се пали на такво нешто богами незнам
Јас незнам дали се некои персони глупи ама клип со силување со обичен телефон замрчкан со некои како од исис силувачи или некои војници и постиран нема шанси да се глумци и глумици со професионални камери
Еве ти ја страната на оние кои стојат зад петицијата https://exoduscry.com/ Има на страната еден куп и блогови, и видеа, и документарци и сведоштва на луѓе кои биле заглавени во проституцијата и порноиндустријата.