Не сум измешала хард секс и силување, вие живеете во розов свет каде што 99% од луѓе се грозат на силување, кога повеќетo од времето и мнозинството се поддржувачи на т.н. rape culture, а и на силување, особено мажите of course. Не сакам да ви ја кршам убавата слика за светот, ама имаме култура што се врти околу сексуализација на деца и нормализација на силување и има проблем се додека луѓето не го приметуваат тоа. Малку е оф топик ова, ама се надевам нема да биде избришано.
Ти си само провокатор. Од нормална дискусија веднаш знаеш кој гледа порно кому која страна е омилена и слично. Не ти беше потребно ова, воопшто.
сега ќе се почуствувам ко заостант..ова што си го напишала за мене е згрозувачки незнам што да кажам, можеби недоволно сум информиран околу ова...инаку искрено денес кога менталитетот на човекот е со проширени гледни точки, кога сите на некој начин сме лабави и слично јас мислам дека не е нешто тешко да најдеш соодветен партнер со кого ќе си ги исполните сексуалните фантазии без потреба од некакво силување...аа воопшто не сметам дека живеам во розов свет хаха
Ме интересира плус што ги тера жениве на ваков пат? Ваљда ако немаш завршено високо образование можеш да работиш толку други работи, како на пример во маркет, чистачка, во фабрика. Со проституција според мене и здравјето си го ставаш под ризик, од кај би знаела дали другата особа е болна од нешто нели? Дали е дека на бекој начин полесно им е да се проститутки отколку продавачки?
Дел од нив се внесени против своја воља. Особено девојките од сиромашни и рурални средини. Често не се ни полнолетни. Дел од нив се зависнички, често од тешки наркотици, пр. хероин, па и не гледаат на кој начин доаѓаат до пари, само да дојдат.
Комплексна тема, па тешко е да се наведе само една или неколку причини. Но, најчесто се принудени да тргнат по тој пат, или немаат друг избор. :/
Zarem postoi nekoj so moze da te natera na vakvo nesto? Gluposti. Ne poddrzhuvam vakvo nesto u nieden slucaj. Spored mene ne e profesija i nikogas nema da bide
Што има врска немање завршено високо образование со темава? Па колку жени и покрај високото образование работат нешто сосем трето. Што поради неможноста да се најде соодветна работа, што поради селење во друга држава итн...
Најстариот бизнис во светот. Во денешно време има голем број на термини кои носат корени од горенаведениот. Спонзоруши, старлети, ескорти, порно ѕвезди, итн. Некои жени едноставно се насочуваат да го продаваат својот орган за одредена сума. И немам ништо против, ако они немаат против себе. Од друга страна трговија со луѓе е еден од најмонструзните чинови што може да му бидат нанесени на едно човечко битие. Имаше еден постар филм, базиран на вистинита приказна. Екстремно тежок за гледање. Особено што силно допре до мене е што беа киднапирани мали деца и принудувани на разни сексуални дејствија. Е за тие монструмите, јавна бесилка за јајца и отсекување на главата.
Професорка од Институт за социологија Татјана мислам дека има пишувано статии за ова ама не можам да ги најдам. Ако те интересира да прочиташ на темава повеќе побарај ги. Мене ме интересираше темава онака општо, не само за МК. Девојки се продавани од браќа, родители, дечко и запаѓаат во ланец на трговија со луѓе. Тоа секаде го има. Ги навлекуваат и на наркотици за да можат да имаат повеќе "клиенти". Тука не спаѓаат старлетиве по риалити и сл.
Често размислувам на темата, се прашувам како им е и многу ми е жал. Слабички, испиени во лицата, безживотни, без насмевка. Некогаш со сопствен дечко/сопруг или девојка/сопруга немаш желба да спиеш, а не пак со непознати. Не сум многу запознаена со темата, овие се некои мои заклучоци. Станува збор за поголем социјален и психолошки проблем. Знам дека е ригорозно, но за да имаш дете јас би вовела иста постапка како таа кога посвојуваш. Нездрава животна средина и немање финансии не носат ништо добро, само уништени генерации (чест на исклучоци). Причина 1 - Кога би имале сите еднакви можности за образование, кај нас во Македонија мислам дека барем бројот би се намалил. Немаат едукација што допринесува немање пари и можност за работа, како и немање свест што е добро, а што не. Конкретно зборувам за Ромското население, бидејќи поголем број жени се Ромки. Имав можност да волонтирам во организација за едукација на деца Роми. Прекрасни се, само да има некој да им подаде рака. Уште сум во контакт со повозрасните и се луѓе за пример. Причина 2 - Трговија со луѓе. После филмот Taken и тортурата низ која поминуваат девојките, во животот имам еден страв, да не ме киднапира некој на улица. Тука веќе немаш друг избор, не си ни свесен што ти се случува. Причина 3 - Дрога. Не знам дали сте ја гледале Drugs на National Geographic Channel, има неколку епизоди во кои е прикажана поврзаноста меѓу дрогата и проституцијата. - Сите средства од проституција ги користат за да набават дрога. Тука изборот е само нивни, не наштетуваат на никој друг освен на самите себе, за жал. - Порно индустријата - страшно е што им се случува, искористувани се и измачувани, земаат по три дози тешки дроги само за да им се намали болката, физичка и психичка. Што се нема по светот, која е потребата да одиш и да даваш на девојка 500 денари. Толку не можи да се издржи, што нагон ќе беше? Па оди бе научи нешто, инвестирај во себе и најди си девојка. Три во едно, паметен ќе си, ќе имаш и љубов и секс. Или да ја оставаш жената дома да чува деца, а ти парите наместо за чоколадо, за секс да ги даваш. Спојлер И како беше она: Кој прв започна (не љубов да води) да менува производи за пари. Пари, ем ги немаш ем проблем се. Причината за сите зла. Правиш дете - немаш пари - нема образование - детето нема работа - детето нема пари - проститутка (не сите де, ама поентата е таа). Знам дека нема да доживеам, ама се надевам дека некоја генерација ќе има среќа да види еднаквост во секое поле.
Од тоа што сум го видела со мои очи ќе зборам. Поминав еднаш вечерно време покрај МРТ, навистина страшна глетка. Сум слушала многу вицови како помала и мислев дека е само тоа, виц. Не мислев дека сето тоа е толку јавно и слободно. Сите девојчиња што ги видов беа ромки, ниедна не верувам дека имаше повеќе од моите 17 години тогаш. Помина едно поло, застана пред мене и буквално ја фрли на улица со сета сила. Иако беше август, сепак беше свежо надвор, а она немаше ништо на себе освен едно блузиче и гаќи. Подоле, на макпетрол наредени 10 коли. И тоа доста добри и нови коли, аудиња и пасати. Во тие коли дали имаше само еден сам, сите беа по двајца тројца мажи по колите. Не е работата што ги натерало на тоа, туку кој ги натерал на тоа. За нив тоа е безизлезна ситуација. Не можеш да кажеш да си отиде или да бара помош, кога нема кај да иде и никој не бере гајле за неа чим е тоа толку јавно експонирано а нема полиција. Никој не избрал да е проститутка или просјак во државата.
Лесно е да се осудат жените што се занимаваат со тоа, тешко е да се разберат. Ретки се тие што сакаат да се занимаваат со тоа. Има многу фактори што влијаат на тоа. Сиромаштијата, воспитувањето, трговијата со луѓе, дрога итн. Лесно е да се соли памет, тешко е да се гледа подалеку од носот.