Проституцијата е насилтво врз жените. Дури и самиот наслов го покажува тоа. Коалиција Маргини на 17 Декември, меѓународен ден против насилтво врз жените во проституцијата организира настан кој промовира насилство врз жените. Ботови ненормални. https://faktor.mk/zeshki-devojki-ta...da-mozam-da-go-skrsham-stakloto-da-ja-dopram-
Жените треба да се борат за машките професии кои владеат со светот доктори, архитекти, претседатели а не да бидат купувани како од пазар од машкиот пол кај кои служат само да ги задоволат нив, ми е жал за девојките кој се подводувани од големи риби и тешко ке излезат од тој темен круг. Прочитав на една страна незнам дали е точно дека се подводувани во казина во училишта, ужас.
Мене ми е најдеградирачки да си го продаваш телото, жените немаат самопочит а за тие мажи и жени големи риби што се и што ги тераат да имаат секс и фрлат и некој денар дно дна
Аха да баш е некој денар. Добро тука кај нас сигурно, ама во државите каде што е легална проституцијата заработуваат доста добро, некој и премногу за да живеат луксузен живот. Добар бизнис и работа е, со добра заработувачка, зборувам за тие што сами одлучиле да го работат тоа, а не тие што се принудени на некој начин.
Јас не би се согласила дека ова се типично машки професии, неважно, која е причината поради која сметаш дека жените треба и мора да се стремат да работат машки професии? Дали не е подобро да имаат избор за машка професија, но да ја имаат слободата да учат и работат тоа што го сакаат? Зошто би ставале притисок на сите жени да се лимитираат во неколку професии, кога има има толку многу професии од кои може да се бира? За почит? Дали почитта "заслужуваме" да ја добиеме само ако се однесуваме како мажи, работиме како мажи, мислиме како мажи итн? Да не сум целосно офтопик коментирајќи само првиот дел од мислењето, ќе го прокоментирам и вториот дел. Иако проституцијата сметам дека не е поволна ради низа причини, ни една од тие причини не е дека е деградирачки, дека е продавање на тело, или било какво друго морализирање. Радо би рекла дека е опасно за млади, експлоатира жени и девојчиња, злосторува жени и девојчиња, малтретира, тепа, искористува, не цени, принудува ( и низа други) жени и девојчиња. За да речам дека е нешто неградирачки, неморално, невкусно, прво ќе видам условите. Дали таа жена го одбира ова. Дали таа жена била убедена како дете тука. Дали постои груминг кој е инволвиран. Како можам да осудам ако нема избор или не знај за подобро? Или како можам да речам дека мора и треба да е во машка професија за да е почитувана? Зошто би била во машка професија за да заслужи почит?
Да не се правеме на удрени да машки професии се оти пред 10 години 1 жена на 100 мажи била инжинер сеа е секако подруго. Треба да се нормализира жената да е и астронаут и менаџер на голема фирма а не тоа да се продава и откупува како стока што било пред 1000 години..Има и присилна проституција во тој случат макроата треба да добијат смртна казна, ама да се ссогласиш сам да си го продаваш телото не. Јас зборам за самопочит не почит, многу ме е гајле кој ме почитува ако самата си го продаваш телото да те има секој. Секс би имала со некој од страст либерална девојка сум сакам и авантури ама за пари со некој што ми се гади никогаш.
То ти. Ама најважното покренато прашање и поентата на постот не ми одговори. Шо и да ти вратам се сведва на то, па ете го цитирано.
Јас донекаде ги разбирам спонзорушите и проститутките бидејќи знам како е дома да не ти купват за јадење то шо сакаш и да не ти дават сто денари за на кафе.Тоа се девојчиња што го прават тоа за инает на родителите.А има и такви кој не се во тешка материјална состојба.Сега ќе речете зошто не најдат работа ако немаат пари.Во средно сум барала работа по сите кафичи и продавници и не сакаа да ме примат бидејќи бев малолетна,па бев нурната во тие води.Ни на душман не му посакувам да осети како е да те принудуват на секс,да повраќаш од deep throat и да имаш модрици по цело тело од удирања со каиш.Можи малку избегав од темата но тој што не доживеал вакво нешто нема да ме сфати.
И значи од дома ако не ви/ни` даваат по стотка за кафе, телото да си го продаваме? Многу лошо звучеше ова.Може не ти е тоа поентата на муабетот ама звучи као ,,епа не ти даваат од дома иди еби се за пари" Кој црн инает?Кој има толкав инает што ќе го натера да си стаи цена на себеси, е тоа ме интересира? Јас сум најголемиот инает што го знам, ми се случувало да неам скршен денар, да не сум барала/добивала пари од моите, сум позајмувала сум враќала ама ни на крај памет не ми текнало тоа да го напраам.Ма не го ни ставам како опција, камоли да го размислам. А изгледа и не сфаќате дека некои родители едноставно НЕ МОЖАТ СЕ ДА СИ ДОЗВОЛАТ. Викаш ,,родителите не им даваат да јадат шо сакаат".Епа замисли некој сака да јаде лигњи, во продавница се околу 200/300 денари, родителот тоа не може да си го дозволи.Мислиш дека нема да купат од што неќат нивното дете да јаде такво нешто, или од што не можат да си дозволат? Не ти е реален муабетов, затоа стварите се делат на: ОСНОВНИ/Нужни добра и на луксуз. Лебот млекото путерот зејтинот, се основни добра. Кафичи, дискотеки, брендирана облека се луксуз.Разбираш? И има кафичи кај што може да работат малолетници, многу луѓе знам уште од 16/17 години што работат по кафичи.
Безразлика колку да си во тешка состојба тоа треба да те мотивира поише за да се подобриш како човек и личност да се развиеш и да се надоградуваш на начин на кој утре ден ќе бидеш горда, а не да мислиш на опција од која ти се гади само за да стигнеш до некои луксузи во животот преку тортура и да те измачува некој да правиш нешто што не сакаш. Си немала пари за кафе па нема да одиш ќе издржиш од инат ќе издржиш за утре ден сама да се избориш за да си платиш сама кафе па макар издржала и до полнолетство. Знам луѓе што немале услови па никогаш не забегале од инат да си го продаваат телото и душата туку издржале од инат кој не довел до тој начин на заработка. Што ќе ти е после кафе да пиеш кога ќе знаеш што ти поминало телото и душата да стигнеш до него ? Ќе го пиеш на мир без никакви последици? Ќе го сликаш на инста ќе го објавиш ама што ќе се крие позади тоа ??? Огорченост , гадење, инат ?? Само ти ќе си знаеш. Има сиромаштија јас разбирам имало и секогаш ќе има. Некој има повеќе некој помалце. Но, треба да си благодарен и на тоа малку што го имаш. Не сакам да држам предавања секој постапува од своја гледна точка и перцепција ама сметам дека стварно не е опција од инат што немале родителите 100ка да ти дадат за кафе да одиш да те јава некоја стока за да можеш да си го дозволиш тоа. И мене немале да ми дадат и сум била револтирана ама никогаш не сум помислила да си го продавам телото па макар чистела и клозети. Кој што сака нека си прави, но јас не ја подржувам таа лесна варијанта (уствари најтешка) за заработка на пари и минимални луксузи.
Другари, не знам дали членката трола или не, ама внимавајте малку на зборовите. Зборуваме за девојка која била сексуално злоуставувана! Можеби конфликтите дома ескалирале до таа мера да биде приморана на вакво нешто. Не секој е способен да заврши факултет и вложува во себе и своето образование. Не се сите исти. Особено кога си млад, немаш домашна поддршка, љубов и финансии е многу тешко. Не верувам дека некој би се проституирал за 100 денари и кафе...и дека од таа причина би дозволил да се иживуваат врз неговото тело. За крај и проституцијата е работа. Ако сте проститутки тоа не значи дека некој има право да ве малтретира.
Децана у Африка вода за пиење немаат алоо вие овде за кафиња плачете.Нормални сте? Нема оправдание за проституција.Јас бар не наоѓам, не конфликти, не сиромаштија, НИШТО. Знаеш зашто е малтретирањето?Еве јас као глеам на тоа, ако сум жена. Си ставаш етикета на себеси?Да.Викаш кошташ 50 евра од саат да кажеме, со тоа ти си ставаш цена, а чим си ставаш цена значи толку и се почитуваш себеси.Ако мислиш дека вредиш толку, толку и ќе бидеш вреднуван/а, 50 евра, или флаша вино, или мочано кафе.Пошо као ќе се поставиш према луѓето, така ќе те гледаат и третираат.Као очекуваш да гледаат некого кој мисли дека вреди толку?Као Меркел?Као Елизабета II? Ај не си праите филмови, не живееме у Амстердам и нема Red street овде, поготово у Македонија нашле да се продаваат Господе Боже, кај нас машкиве и безпари да си им ќе се понашаат како ѓубре со тебе ако сакаат не па за пари. Башка може на нив мајндсетот им е ,,ја те плаќам јас што сакам ќе ти праам". А злоставување и насилство може да има на секое работно место, може и хигиеничарка да си па кофата со вода некој од глава да ти ја преполови, може и секретарка на Пендаровски да си па од биро да те исчукаат. Не се прајте светици
Малку контраверзен став имаш за личност која има бурно сексуално минато и историја. Изгледа заборави каков став имаше пред неколку години за однос со постари мажи и јавна соба. Во врска со твоето мислење, задржи го за себе. Бидејќи секоја од oвие жени има своја животна приказна и причина зошто го направила тоа што го направила. Ниту ти ниту било кој од вас не е доволно кадарен да суди и наметнува сопствен морален кодекс.
да не си ме смешала? Јас никогаш не сум зборела овде за мојот сексуален живот.А за Јавна Соба цел живот се расправам бидејќи не треба да постои. Ја судам?Не ја судам.Ми е гајле шо праи со нејзинотот тело.Само не го поддржувам тоа.И не и` го поддржувам ставот и муабетот ,,епа родителите неќеле да им купат тоа шо сакаат да јадат или не им даваат 100ка за кафе" Деца читаат овде свесни сте? Јас на 13-14 години го направив овде профилот, сигурно уште илјадници членови се малолетни, мислиш дека нејзиното остава добра порака? Може сакала нешто друго да каже, ама треба да се бираат зборови. Пошо да прочита некое малолетно девојче на кое му работат бубачките во главата, а да кажеме има некој финансиски проблем дома, ќе мисли дека е океј да има секс за пари, јер је ,,једино решење" Не ја брани.
Тоа беше поентата. Жртвите на јавна соба ги браниш, додека жените жртви на лоша егзистенција осудуваш. Зарем не мислиш дека е тоа малку лицемерно?
Незрело размислуваш.Твоето животно искуство и карактер не е исто со сечие друго на планетава.Од тоа да тргнеме прво.
Никој ништо не може да те принуди АКО ТИ НЕ САКАШ! Тоа што ТИ БИЛЕ ВАЖНИ 100 денари за мочано кафе и склопување во друшството повеќе од твоето достоинство и тело е пропуст на родителите во воспитувањето. Има деца бре ни 10 денари за школо не им давале па не се бунтувале,од џепарлак шпарале пари. Еве ја џепарлак немав,по кафиња после школо не одев,мојот татко ме зимаше од школо а кога не можеше некад идев пешки,некад со бус. Стварно не ве разбирам, мислите дека животот е филм и се што имаат другите не мора ни вие да имате. Немаш пари за кафе,големо чудо.