Лицемерно?Со што? Во Јавна Соба се ширеа слики праќани ОД ДОВЕРБА.Не е важно што имаа девојките таму од 16-17 години па до 24-25.Не моеш да споредуваш едно со друго. Ако Стојна му прати слика на Петко, nudes, му ја праќа во доверба, и Петко нема што да праи скриншати и да го злоупотребува тоа. Нудењето услуги за пари е сосема различно од ова претходново.Моеш да се буниш доколку ги снима некој проституткиве па им ги шера видеата по Порнхаб и ваму таму.Е тогаш ќе ги бранам. А да бранам некој и да поддржувам што мисли дека вреди Х денари или евра, никогаш. Сметам дека ние сме бесценети, и дека ниеден човек не треба да биде купен. Тоа на пазар да си праите купопродажби, дали за пипер, патлиџан или за говеда. Сите некогаш имаме тежок ден. Ама тежок ден или период не значи лош живот. Знам деца а и постари што мноогу работи ги заслужуваат,а не можат да си ги дозволат, и рмбаат од утро до вечер и не се лажат и не забегуваат лево десно, него ствараат и ќутат. @Angie1432 исто како што и нејзиното решение и ситуација не е како нечиво друго.Да тргнеме од моментот, што некој друг за разлика од нејзе, финансискиот проблем би го решил на друг начин, или пак тие што се веќе во тие води другачије, т.е подобро поминуваат. На крај искача онаа ,,кој како си ја наредил"
Тоа е тоа модерно живеење. Идоли ни се некакви квачки од инфлуенсерки кои две чисти немаат во главата, просат за една крема па прикажуваат како животот им е мед и млеко, имаат се што ќе посакаат. Замисли да бидеш тинејџер и секој ден да те трујат со вакви работи. Чиста депресија, пад на самодоверба ќе ти се случи. Плус во комбинација на генерации од транзиција и сиромаштија .. Voila
Ти може не веруваш ама има и такви кои се проституираат и за кафе, за жал. Има девојки и жени кои дотолку немаат што и за најситно нешто се спремни да легнат со некого. Најчесто таквите и се сексуално малтретирани зашто немаат апсолутно никакви вредности и живеат во заблуда дека тој плаќа и може шо сака да ти прави. Често се жртви и на семејно насилство истите.
И ти според тебе сметаш дека е тоа најправилниот избор да го избереш? Еве би им го предложила истото на многу невработени млади во Македонијава шо секој ден отвараат огласи одат по месец дена и на крај не им плаќаат па пак продолжуваат да бараат и се одбивани ... Дали би им предложила ако се одбивани од неколку работни места да се проституираат и да го продаваат телото за да заработат ?
Поим немате што зборите.Сте се заглавиле во меур на некоја средна класа и толку е, немате никаков слух за милиони луѓе на светско ниво што едвај преживуваат ден за ден, ама заборавени од светот како безгласни букви.Тоа што вие сте немале пари на кафе да отидете после школо ама вашите основни потреби ви биле задоволени не ве става на исто ниво со најсиромашните и од тука секој обид да си го споредувате вашето искутво со нивното е глупаво. Ај и друго нешто да ви објаснам зашто изгледа на многу луѓе не им е јасно.За злоставување сте слушнале?Знаете ли колку е често во такви рурални средини?Не?Знаете дека една личност што ќе се роди во тоа семејство најчесто автоматски заглавува во круг на пороци и насилство што вие ваљда сте го слушнале само на тв?Како да ви кажам, некои луѓе, како нас обичниве граѓани што пишуваме по форуми се раѓаме со привилегија да имаме задоволени основни потреби.Тука спаѓа да имаш леб, да имаш дом, да ти дозволат твоите да идеш во школо, да имаш место за себе и единствено да се грижиш да напишеш домашна. Ај сеа земето го детето од претходниот пример и не знам, може ќе ви стане јасно дека овие основни работи едноставно не му се овозможени и согласно со тоа, не ни има можност да размислува на вашиот пресветол морален начин, каде што ќе заврши средно и ќе иде на факс, ќе се омажи и ќе раѓа деца.Не, некој што од раѓање знае само немоќ, немање и расте по улици, патот му е на некој начин предодреден а во моментот и проституцијата е опција што се чини како подобра шанса за заработка.Пошто не знаат за подобро, ете затоа.Ај сега сварете го ова па да напишеме и како огромен број деца се присилени да се вклучат како проститутки, кои не ни знаат што им се дешава и се буквално жртви на насилство кои од страна на "високата класа" ќе бидат означени како неморални и прљави.Трговија со луѓе, проституција и сиромаштија секогаш идат заедно, кога најнесреќните од едно општество се експлоатирани од криминалци, а од просечни граѓанки што си живеат во розов свет апсолутно осудени. Ова е горе доле како некоја најчесто заглавува во проституција.Тие што се "поелитни" проституки може и да не спаѓаат тука, ама ни тие не се исклучени да бидат sex trafficked и заглавени во насилство.
Членката пиша дека ова и бил последен избор. Дека прашувала и барала начин за заработка, но била секаде одбивана. Била малолетна, а дома нејзините не се труделе да ѝ обезбедат пристојни услови за живот. Не знам кој дел не ви е јасен од поимите малолетна и злоупотребена? А, и најискрено, ПРОСТИТУЦИЈАТА Е ЛИЧЕН ИЗБОР, како и се друго. Сиромашни или не - нивен избор! Aко некој е проститутка или сексуално девијантен не мора на општеството да полага сметки зошто е таков. Нека си полага на себе, а вие гледајте го сопствениот живот. Така е најдобро.
Океј.Дојдовме до заклучок дека е океј да проституираш доколку твоите неќат да ти дадат пари за кафе или да ти дадат да јадеш тоа што сакаш. Окау.
Не бе, остави. Ме интересира до каде ќе одат. Еве им дадов пример со карикирам ,,имаш право да се проституираш каде сакаш и колку сакаш". Да видиме реакција.
Да проституцијата е избор и не го демантирам тоа. Ама ИЗБОР е кога сакаш тоа да го работиш и ти е мерак да се задоволуваш себе и другите и притоа да заработуваш пари и да ти биде "професија" или "кариера". Личен избор е тоа да. АМА не е ИЗБОР кога ти тоа го правиш а притоа повраќаш и си дозволуваш да бидеш злоставуван и малтретиран со сила само за да стигнеш до пари. Членката убаво пиша дека и е одвратно тоа да го прави и на некој начин не сака ама е приморана. Што доаѓаме до заклучок дека не и е личен избор. И да, секој што сака може да прави ама има разлика од тоа да го пише некој тоа дека е приморан а притоа никој да не и каже сопствено гледиште и мислење. Сепак никој никого овде не осудува само има и други начини да се погледне ситуацијата и други перцепции ако веќе тоа и е одвратно да го прави. Некогаш е потребно и охрабрување да се даде некому за да престане да го прави тоа што не сака да го прави. И немора сечие мислење и гледиште да биде прогласено како осудување АМАНТе бре жени.
А ти @Acronia професијата ‘проститутка’ ја доживуваш како нешто срамно, па не сакаш да бидеш етикетирана како таква? Зошто тогаш ја браниш?
Тоа е таа омраза, стигматизација. Желба да се турка нос во сечиј живот. Сурово и без емпатија, разбирање за другиот кој има поинаков пат од твојот...Тажно.
епа другарка ти што те брани вика дека е личен избор, што и е уствари.Значи? Значи викате дека е океј.Пишала таму два три збора модрици, каиши, дип троат и одма сите со марамиците и плачењето. аеее, е ова ме вади од кожа на форумов. Што вртите муабети и зборови. Ја да мислев дека е таква, ќе и` кажев уште погоре, пошто ме заболе дали ќе ја навреди тоа или не. Као тотално не ми е гајле за ниеден од вас овде, не ви се замарам со животите. И тоа дека некој некого брани пошто е демек ист каков него, а наметнато од нашиот Балкански менталитет и од она ,,ским си такав си" Ако баш ве занима, ни на крај памет не ми падна дека и она го праи тоа па затоа ја брани. Ете на нејзе и` е океј тоа што другава се проституира за кафе, мене не ми е и тоа е тоа. Нити па мојов живот ќе сопре, нити на фенси ненси. нити на третава. Као, не сте ми фактор никаков у животов па ја да трошам време да мислам дали сте исти, па кој што праи и да праам статистики овде. @Elf фала Богу, некој ме сфаќа овде.. и зашто верглам и верглам @Vildiz а да се описмениш прво, па да се к**чиш после може?Темиве се направени за секој да си го искаже своето мислење, независно дали подДржува нешто или не поддржува. Место да се понашаш од нигде никаде, иди доописмени се и прочитај за што е форумов. И треба да знаеш дека не секад у животот ќе се најдеш во дискусија со истомисленици, некад ќе водиш дискусија и со луѓе кои немаат исто мислење како тебе, како јас што водам со дотичните погоре. Ете они имаат обратно мислење од мене, јас ги прашав?Не.Ми смени нешто тоа што чув нивно мислење?Пак не.Шо не значи дека не може да се искажат или да ја поддржат.