1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    извини,но има луѓе шо метат и чистат тоалети за да земат пари.. ццццц
     
    На nikolika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    ^
    Jaс се согласувам со TheLittle, подобро нека бара работа како келнерка,како чистачка него да си се продава самата себе. Инаку ова е лесен начин за заработка не ти треба ниту факултет ниту некое образование, само замислите да биде легализирано и малите дечиња, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Проститутка за тоа не се морало да се учи... :tmi:
     
    На thelittle17 и nikolika им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    еееееееееее, епа ајде де, кој ќе работи 8 саата за 300 денари, кога вака, за 15 минути, отвориш нозе и опааа, не им ја знам тарифата, ама сигурно посолидно од 300че е ;) !
    Tоа е, некој сака кеш кеш брзи мани :D
     
    На thelittle17 и MissCupcake им се допаѓа ова.
  4. mrshdavenema

    mrshdavenema Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Секој одговара за своето тело и за начинот на кој заработува. Лично јас не ги осудувам ама не ги ни подржувам... Има уште милиони други начини на кои може да заработи.. Можеби на некого му претставува задоволство секоја вечер да биде со различен маж и тоа да и го наплааќаат но јас никогаш не би направила такво нешто.. а се надевам дека нема да отидеш во тие води и ти :)
     
  5. nikolika

    nikolika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    A тие студентките тамошни се или и тие се дојденки? Инаку јас тоа го осудувам ако немам за леб попрво в манастир ќе одам и калуѓерка ќе станам (иако не сум побожна) отколку тоа да го работам гнасно.Некој вика нивно било телото што сакале ќе му правеле ама тоа не е продажба само на телото туку и на достоинството. Утре сопственото дете ќе ја плукне в лице ќе и рече " ку*во" тогаш криво ќе и биде.Инаку според мене проституцијата е најголем криминал и никогаш не треба да се легализира а најмногу ме нервира тоа што викаш студентки биле и после тие академски граѓани ќе бидат ајдее кај оди светов
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Kaко што некој се изјасна тука, подобро ќе биде да ја легализираат простуцијата за да се спречат колку-толку сексуално пренесливите болести.
    Не се секирајте, проституцијата ниту се искоренила, ниту ќе се искорени.

    Да би ме прашале мене, со овој начин на живот јас не го одобрувам тоа.
    Некој напиша дека ако треба и за леб ќе трпи тоа не го прави.
    Еве конкретно во Македонија ретко која го прави тоа самоволно.
    Замислите да бидете оставени сами да го издржувате семејството, еве да речиме во најлош случај семејството не е способно да работи, вие едвај да преживувате, ЕВН пошо многу се љубезни за една неплатена сметка ви кинат струја и?
    Има случаи кога си приморан да го направиш тоа, во корист на другите и на себе.
    Други случаи последниве неколку години нон-стоп се вртат на вести како малолетничи претежно од источна Македонија се повеќе и повеќе посегнуваат по овој начин на живот, најчесто бидејќи се прелажани со фората "фати се со мене маче, ќе те направам човек"
    Бидејќи макрото автоматски значи и мафијаш и псајхо, нормално е да се плашиш од него.

    Јас викам, не е срамота да си проститутка, срамота е машкото што не може да легни подобро од проститутка, бидејќи не е доволно badass.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    ете токму така убаво си кажа лудото :rofl:
    незнам само како некои можат да го поддржувааат тој лежерен прост и банален начин за да спечалат, СРАМОТА!!!
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Немам апсолутно ништо против проституирањето, не ми пречи, дури и би го легализирала ако се бара мојата согласност.
    Меѓутоа сум против стоењето на улица на одредени дотични припаднички од ромската заедница пред МТВ!
    Дури еднаш со двајца другари сега неодамна пред мтв, добив прилика за разговор со една ромка околу тоа што ја натерало на ваков чекор...И поставив едноставни прашања во присуство на нејзиното макро за кое око не ми трепна, иако ме измерка од глава до пети |(
    Ја прашував дали некој ја присилил (секако ова прашање и го поставив откако тој малку се одближи) но таа луѓе мртва ладна СИ ПРИЗНА самата дека нема никакво завршено образование и не гледа друг по асален начин на кој би можела да си заработи макар 200 денари.
    Всушност како и половината меѓу нив.
    Сиромаштијата, неукоста, необразованието ги довело до таква одлука најверојатно на која ним воошто не им пречи.
    Нивна работа - не осудувам.

    За мене конкретно да искоментирам...
    Ги сакам парите. Кај мене постои една висока скала во животот полна приоритети, на која е секако прво здравјето а потоа парите.
    За нив би направила се, дури би се согласила и на легална проституција. Но под услов да неморам на улица стоејки да ги чекам клиентите. И секако никогаш не би се согласила да се продавам евтино.
    И сите овие услови кога би ги имала би се согласила на ваков чекор во спротивно никако. НО доколку не остварам ништо подобро во животот.
    Ако не најдам работа, а имам образование би била вистинска штета да неможам да го имам животот кој отсекогаш сум го посакувала, барем според мене.
    Околу болестите постои превенција, иако не би сакала да се изложувам на опасност.
    За мене лично понекогаш не се важни средствата кои ги бираш за борба, понекогаш е најважно да успееш да победиш и да оствариш. Животот е трнлив пат и пред се е еден и единствен и како таков не гледам зошто некој би ми судел. Мој живот - моја ствар и крај на приказната.
    Не дозволувам ни под разно некој да ми прдава морал дали девојката треба да се експлотирам или не.
    Јас ако веќе го имам изградено својот карактер двојниот живот би претставувал еден голем сегмент но не и проценка за каква девојка станува збор.

    Знам дека многумина од вас не би се согласиле, многу јасно зошто. Многумина не би признале дека би сакале да ја искористат шансата но немале доволно храброст да го сторат истото па ќе осудуваат.
    Мој и ваш избор секако, работите не ги земам при срце иако животот ме научил поинаку.
     
    На gjoker4e, FVP, Mariii :) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Бог да чува. За пари да направиш се' , па дури и да се проституираш. :o
    Да, ги осудувам ваквите луѓе. |( Џабе ти се парите ако никој не те цени како човек во вистинска смисла.

    Подобро би живеела во една колиба, но да имам мир одколку да живеам курвинс*и живот. :x
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Постојат милион шалабајзери, ,,бизнисмени'' и какви се не гнаси на планетава земја па незнаејки народот ги цени повеќе од една ромка која чека клиент да ја ,,обработи'' за ефтини пари.
    Во нивните очи таа е крајно неморална, ужасна, безобразна...а овие се леле мајко со пари па дај да не зборуваме, утре можеби дури и ќе имаме прилика да дојдеме во допирна точка со нив, и да извлечеме корист.
    Колиба? Не благодарам.
    Ако знам дека не сум ја заслужила ќе се борам, ќе се помолам, ќе станам чесна личност за да НЕ стигнам дотаму.
    Но ако навистина ме стави животот (не по моја заслуга) пред просјачки стап нема да се осудам да седам со скрстени раце и ќе ја зграбам шансата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nikolika

    nikolika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Зарем ти мислиш дека има некој кој не ги сака парите? Еве на пример и јас сакам да имам многу пари и висок општествен статус. Би направила одредени работи, да, признавам, ама проституција - НЕ! Тоа е најниско нешто што може човек да го направи. Па, еве би дала еден добронамерен совет за девојките кои размислуваат вака. Наместо да те поминуваат секојдневно за време на целата твоја младост 40, 50 или 60 годишни мрсни, дебели, ќелави, никакви (кој повеќе кој помалку) чичковци од проста причина што имаат длабок џеб, што не си најдеш само еден таков, улови го и омажи се за него па ете ти ги и парите и приоритетите за кои чезнееш (јас не би го направила никогаш ни ова, ама веќе кога некој размислува на ваков начин еве му го помалото зло). Без навреда, ова е мој начин на размислување. Што се однесува до легализацијата на проституцијата, немојте да мислите дека со тоа ќе се намалат болестите, зашто оние што сега стојат на улица нема да одат на прегледи ни тогаш како што не одат ни сега, сопствениците на јавни куќи тоа нема да ги интересира ни во иднина исто како што не ги интересира ни уличните макроа, ниту пак сопствениците на јавни куќи сега. Полицијата и инспекцијата знаеме како си ја вршат работата, па оттука заклучокот дека легализацијата нема да смени ништо освен што државата јавно ќе се произнесе дека ја поддржува продажбата на достоинство и неговото газење. Ако почнеме така, утре и содомијата и педофилијата ќе се легализираат како оправдување на правото на личен избор и јас мислам дека тогаш ќе може слободно планетава да ја удри некој астероид или да настане повторно некој биг-бен а мене воопшто да не ми е жал.
     
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    [color=#FF0000]НЕ[/color]Нема некој што не ги сака парите, но за тоа да го продавам телото, нема шанси. Алооо! Тоа го прават луѓе со низок морал и ниска интелигенција. Повеќе би одела во фабрика, би РАБОТЕЛА ЧЕСНО и ПОШТЕНО, па ако сака нека имам и титула ДОКТОР НА НАУКИ. Замислете со проституцијата на колку луѓе би им го скршиле срцето, ако некогаш би разбрале тека сте го направиле и самоволно сте се согласиле на тој грозен чин. Најпрвин на вашите родители, потоа на личноста која ве сака и покрај тоа што вие не знаете дека е така, на вашиот брат/сестра (ако ги имате), на вашите роднини, на секој нормален човек во ова општество кој ви посакува да постигните успех во животот. Имам 16 години и некој месец, и за ова сум советувана повеќе од татко ми што се вели наместо од мајка ми. Најдобро е за градење на вашата личност да се потрудат двата родители. После, ако планирате да се омажите што би ви рекол сопругот?
    Многу јасно би ве прашал како и со кого сте ја изгубиле невиноста. Цел живот ќе ви го наговорува тоа.Би немале никакво право во неговата куќа, би биле понижувани од негова страна, па дури и можеби би се разведил од вас. Ајде некоја да ја изгубила невиноста ако ја силувале, ама сама да се согласила на тоа не прифаќам. Подобра би умрела наместо да се проституирам. Ако само еднаш пробаш кој ќе докаже дека тоа не си го направила повеќе пати. И еднаш да пробала и повеќе пати, нејзиниот назив ќе е К***А. Ќе завршам со една реченица што татко ми секогаш при вакви разговори ми ја кажува „ДЕВОЈКА КОЈА ЈЕ ЈЕДНОМ ПРОБАЛА , ОНА ВИШЕ НИЈЕ ДЕВОЈКА“
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски

    Конкретно за ова ако девојка има изгубено невиност самоволно не е курва! не знам зашто вакво мислење имаш!?
    Сексот е взаемно задоволство и е и за машките и за жените...па и ние сме луѓе и ние сакаме да сме задоволни во тој поглед


    На темава секој со својот живот и својте одлуки јас не сум тука да судам на никој
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас да ве прашам сите кои наведовте, дека ова е најлесниот начин за заработка, по што заклучивте дека е најлесен?

    Демек лесно е да рашириш нозе и ајт после си побара 50 марки, зема и си кидна или?

    Лесно е да бидеш киднапиран?
    Лесно е да бидеш излажана, однесена во Богу иза леџа што би се рекло и принудена да шириш нозе?
    Лесно е да ти се редат усмрдени, употени, дебели, слаби, влакнести, валкани, којзнаекаквиуште не мажи и да те налегнат фино лепо а ти после да не добиеш ни мочани 10% од тоа?
    Лесно е да стискаш заби и да дозволуваш да ти прават што сакаат, кој и да сака, и да немаш апсолутно никакво задоволство од една од малкуте работи која ни нуди задоволство?

    Ако е тоа лесно, тогаш искрено, не сакам да знам што е тешко.

    Се си мислам дека не се прави разлика измеѓу едни и други. Има девојки кои се даваат за една вожња со БиЕмДаблју, сендвич од седмица, прстен и златни ланац, лаптоп или мобилен. Ама тоа не се проститутки.
    Има цури кои си ја бираат својата клиентела, ама таквите хај клес проститутки се малкубројни.
    И потоа ги има оние за кои зборувам јас. Мислам дека треба да се разграничат некои поими и именувања. Затоа што добивам чуство дека се стекнува погрешен впечаток.
     
    На Magnolija, lolyta777, Sparks и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ја имате гледано серијата „Матрјошки“?

    Ако не, топло ви ја препорачувам. Не верувам дека ќе се дрзнете толку лесно да осудите кога ќе ѕирнете малку зад кулисите и ќе видите што всуштност се дешава. Најчесто не е ни нивен изборот да си го даваат телото, ама не верувам дека ниедна од вас ќе одбие кога некој ќе ја присили да пуши к*р со пиштол на глава. Освен можеби некоја што едвај чека да умре, ама мене би ми проработел преживувачкиот инстинкт.

    Гледам дека сме полни со стереотипи и предрасуди, што искрено ми го чачка повратиот рефлекс. Најголемиот процент од тие девојки се пријавуваат на таканаречените „огласи“ за танчерки, хостеси и што уште не, најчесто за да си ги ослободат семејствата од товарот на една уста за хранење плус. Тоа што се излажани не значи дека се неморални или прости, туку едноставно наивни.

    Не е се` црно-бело во животот, не се сите проститутки развратни калаштури што пренесуваат болести и имаат IQ еквивалент на колибри, бидете барем малку човечни зошто на тие девојки кои ја имаат среќата да избегаат од тој круг последното нешто што им треба е осудување од околината.
     
    На okcenzi, slobodka, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Не ми се верува дека си правиш заебанции од нешто волку сериозно. |( :clap:

    Знам дека ова е балкан,и ние сме нешто по конзервативни,но Боже Господи осудувате без да знаете зошто го прави тоа!

    Никој,па дури ни јас не знам низ што поминуваат тие девојки и жени,па затоа немаме право да осудуваме. Сигурно на половина и повеќе од девојките му имаат ветувано мед и млеко во Украина,Русија и каде ли уште не,за на крајот да го поминат цел живот по улици со првиот богаташ или перверзно деденце што може да и биде татко. И што добиваат на крајот?!

    Се оди кај макрото,а таа добива доволно за 10 дена да живее мизерно,а после пак на улица со кој ќе стигне. Ако мислите дека таа ужива во тоа,на лечење...
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не подржувам никаква проституција, ама баш никаква, ни легална ни не легална, а тие што подржуваат таквио работи се докажуваат колкав карактер се како прво или воопшто дека не се хах, и како второ колку ефтина е самата таа девојка, нема скапи проститутки, сите се ку*ви, само некоа за евро поскапа некоја поефтина :)

    Сите ние сакаме пари нели, па и јас многу ги сакам, моемнтално ги имам, на татко ми, не се мое, но кога ќе бидам во состојба да заработувам. тоа ќе биде на сосем трет начин од проституција фала богу, ќе си го уклучам мозоктот, но сума сумаре, секој е господар на своето тело, но никако не подржувам проституција, и според мене тоа се луѓе кои не си ја знаат сопствената вредност, и затоа и ја немаат, без разлика дали од ноќ и платиле илјада или сто евра.
     
  18. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам :?: , и те жалам со такви родители по дома (без навреда), а посебно му се чудам на твојот татко. Те осакатил за цел живот со муабетот и со убедувањето кое ти го утувил во твоето мало главче. Јас сум родител и можам да коментирам, но незнам што да кажам освен тешко тебе.
     
    На okcenzi и anastasijaki им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не станува збор за насилна проституција. Тоа никој не може да го осуди. Силувана жена, можеш ли да и судиш? Што, сама си го барала? Истото е. Тие жени кои се принудени на проституција се силувани. Тоа не е за осудување, тоа е за жалење, греота се, луѓето се борат против тоа.
    За осудување се оние кои доброволно го работат ова сакајќи да заработат побрзо и повеќе, кои не можат да дремат негде 8 или повеќе саати, за кои оваа работа е излезот. Тие се оние кои што верувам многумина ги осудиле тука. И јас познавав такви, сум правела муабет со такви, сум слушнала зошто и како го работата тоа. Е па не можам да ги погледнам без презир во очите. Не можам кога ми збори, знаеш ли колку пари имам јас во ташната? Ти толку за една година не можеш да заработиш. Ете, такви се тие што јас лично секогаш ќе ги гледам како ништо, како што и заслужиле.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Со постовите над мене 100% се согласувам. Да се надополнам само дека и да не се прелажувани и однесени на сила, и доброволно да стапиле во таа работа, никогаш не можеме да ги знаеме вистинските причини. Се сеќавате ли на делот во Клетници книгата кога Фантина, мајката која беше спремна да си ја продаде косата и да си ги продаде и забите само за да може да и обезбеди основни услови за живот на ќеркичката? Се сеќавате ли дека потоа мораше да се проституира заради детето? Е такви личности има многу. Некој ќе речи најлесниот начин е тоа, на никој не ни цветаат рози. Вистина е тоа, ама дека е најлесен не е. Тие девојки никогаш подоцна нема да се излечат од психичката болка што ја претрпеле, едноставно тоа што би требало да им е едно од најубавите работи на свет го снемува. Лесно ни е нас да зборуваме, ги имаме мама и тато зад нас, и да кикснеме тие се тука да те кренат кога ќе станиш, каде и да си и колку да си далеку. Кај нив едноставно се сами препуштени на себеси, млади, необразовани, неискусни а родителите или ги немаат или ги имаат но посакуваат да ги немаат. Едноставно во тие моменти кога немаат рака кој да им пружи влегуваат во тој свет и трпат мажи какви што се опишани погоре.

    Гледајте го Taken филмот, ќе ви станат многу работи појасни. Едноставно обично машко што ти изгледа убаво и безопасно може да те навлече несвесно на тие работи. Потоа не ни сакам да си претпоставам како е кога те влечкаат негде со превез на глава и зборуваат на јазик кој никогаш не си го слушнал.

    А и искрено, некогаш порадо ќе бидам пријател со проститутка што има душа отколку со некој со престижна титула без грам осет. Да ги ставиме на вага една проститутка која морала/била прелажана да стане тоа, го работи истото за да може да преживее и некој политичар кој ограбил милиони семејства индиректно, или некој доктор кој бидејќи играњето голф му е поважно или бидејќи болниот нема пари да плати не го погледнува, што мислите кој вреди повеќе?! Што е најбитно, кој е почовек? Кој има почиста душа? Човекот не го опишува професијата, успесите кои ги направил и почестите кои ги има.

    Исто погледнете и документарен филм за проституцијата, од жени веќе возрасни и остарени како раскажуваат за тоа, има секој дел на кожата да ви се намовне, слушајте без цензура и кога лицата им се заматени и веќе немаат што да изгубат, што се тие души имаат да кажат.

    Од друга страна девојките што одат со некој заради тоа што има убава кола и убава куќа не спаѓаат тука, тие инаква "сорта" се.
     
    На sesilija, lolyta777, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.