1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Многу знаат како оди тоа па тропаат на памет..
    @Erina98 па глуп ти е моментот ,,дали е подобро да нема телефон пари за кафе и да ја гледаат ко сиромашна”
    Прво дали знаеш кај живееш девојко? У Македонија си.
    Земја кај што ПРОСЕЧНА ПЛАТА е 28,000 и кусур
    Не живееш во Бенелукс земјите
    Кај нас секој втор крпи едвај крај со крај, а вие се потресувате дали ќе ве гледа некој као сиромашни.
    Па боље без пари него курва.
     
    На Indiegurl, IRBBB, Peanut Butter и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858
    Ај малку повеќе околу ова- како бившиот те наведе?
    И зошто веќе не го продаваш телото за пари?
    Мислам сама влезе во муабетов- ако сакаш да објасниш повеќе, јер не ти ги разбирам баш поентите.
     
    На Peanut Butter и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Имаш грешни и заостанати мислења, па нели идеме кон Европа и време е да ги оставаме таквите мислења барем ние младите.
    Зошто го забележа само примерот со девојката а не и со мајката?
    Ако секој втор крпи крај со крај зошто да не искористи можност за подобар живот макар и на тој начин бидејќи и да работи за минималец ќе се изживуваат врз неа.
    Останувам на тоа многу подобар начин е да бидеш проститутка одколку сиромашна девојка, мајка која не може да им обезбеди се на своите деца.
    Што треба таква мајка да направи да ги остави децата гладни или да почне да заработува на нечесен начин со крадење на пример ?
     
  4. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    И да објаснувам само ќе ми судат.Мене ми е исто дали го продавам телото за пари или не јас секако имам односи со многу партнери.Се срамам од минатото поточно од то шо сум се давала за пари.
     
    На Arjanit2021, Vildiz, Acronia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Да, да одиме кон Европа несмеат да не примат дур сите не станеме проститутки. Јууууриииш ајмоо све само да не бидеме заостанати...
    Твојот син и ќерка баш ќе уживаат во благодетите на животот пошо мајкаим ќе се проституира и ќе им овозможи луксуз.
    Свака част за размислувањево.
    Битно идеме напред во Европа.
    Браво.
     
    На dea.18, pikabu5, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Доколку би била во таква ситуација воопшто не би размислувала дали е тоа морално или не како што кажуваат некои светици тука, туку би се борела на моите деца да им обезбедам што повеќе можам.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Кој поддржува малолетничка проституција, жити очи?
    Ај цитирај.
     
    На Erina98 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не дај Боже да дознаеш како изгледа насилен партнер да те наведе на нешто.
    Жртва е жртва.
     
    На Erina98 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858
    Јас сум анонимен лик на форум и се трудам да не судам. Ич не ми е гајле кој со колку партнери бил, се додека е тоа доброволно. Ама, има неколку ама. Прво, постојат некои да ги речеме ,,модернисти,, или неокапиталисти, кои продаваат старо срање во ново пакување- сексуалната работа била работа. Кога човечкото тело ќе стане предмет на трговија, тоа не е работа. Кога некој го продава телото за пари, ги губи ингеренциите над своето тело, станува роб (или роба). Особено страшно е што во таа трговска зделка, како што рече и самата, не си влегла оти така ти текнало туку некој те навел на тоа, твојот бивш дечко, претпоставувам во улога на макро, менаџер и уживател на твојата заработка. Затоа сакав да чујам повеќе околу тоа. Не сакам да осудувам жртва, сакам да го освестам моментот на жртва. Не мислам дека треба да се срамиш, мислам дека треба да ти се помогне. Ако не тебе, на тие што се изманипулирани дека проституцијата може да биде професија.Може да биде ама не треба да биде.
     
    На pikabu5, IRBBB, Peanut Butter и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Проституцијата не треба да се гледа како решение за финансиските проблеми, никогаш и во никој случај не ја подржувам проституцијата.
    Многу пати и јас дома не сум се почувствувала сакано, и не барам пари од моите 100 ден ми се за два дена, ако ми требаат пари за било што друго за кафе...
    Барам од нив некогаш од баба, дедо, ама никогаш проституцијата не ми била опција за пари, никогаш не ни помислувам на тоа.
    Јас сум против проституција.
    Според мене никогаш финансиските проблеми не треба да се решаваат со проституција.
     
    На Peanut Butter, Feminka22, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Проституцијата постои уште пред капитализмот.
    Ја памтиш изреката ,,најстар занат".
    Проститутките, која на раб на егзистенција, која поради тоа што не може да најде друга работа или не ја бива, се решаваат на вакви одлуки.
    Што и да е случај, најчесто од мака се доаѓа до таму, од арно сигурно не.
    Со исклучок нели на елитните проститутки чија заработка е далеку подоходовна, во пакет со спонзорството. Тоа е веќе ,,лускуз".
    Знаеш колку момци и девојки во државава се спонзоруши? Милион. Секој втор е од интерес денес, па дури и сексот се перципира низ призма на интерес од двата пола. Така да, слободно може да кажеме дека самиот сексуален акт е претворен во суров капитализам. Што значи, дали е нешто феминистички и етички нека одлучи оној којшто се занимава со овие професии. Ние не можеме да даваме суд за сечиј животен пат и приказна. Бидејќи и без проституција сме општество во декаденција. Камо среќа проституцијата да ни беше најголем проблем.
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На Vildiz, Fancy_Nency 22, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858
    Секако дека е најстар занает, во економија во плаќање во натура. И викаш кој век сме сега?:wasntme:И да се вратиме да бидеме нечија сопственост, од мака? A чекај, и макро е дел од пакетот во најстариот занает?:?: Или трговец со луѓе?
    Немој да ми релативизирате вакви работи, со спонзоруши, со секс од интерес и со декаденција.
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На dea.18, IRBBB, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Проституцијата секогаш е најголемиот пораз за едно општество. Губитници се и оние, кои си го продаваат телото, губитници и мизерии се и сите оние, кои ги купуваат услугите од проститутките.
    Пораз е и поради тоа што општеството не било во можност на клетниците, кои си го продаваат телото, да им обезбеди друг начин за пристојна заработка. Проституцијата ниту е пристојна, ниту е чесна професија. Туку, срамна и недостојна, и за оние што се продаваат и за оние, кои купуваат.
    Проституцијата е пораз за општеството и поради тоа што таа не е само морален пропаст, таа е и здравствен. Проститутките се извор на полови зарази. А, колку се опасни заразите, гледаме денеска од пандемијава, која не` пустоши.
    Во однос на оние што се занимаваат со проституција, можат да се поделат на два дела: едните, кои од мака и крајна нужда се зафатиле, да си го продаваат телото и другите, кои го прават тоа од бес. Во делата на руските класици често се опишувани маченичките, кои од крајна потреба почнувале да си ја продаваат и честа и достоинството. Така што, таквите не се за осудување, макаршто не се ни за поддржување. Тие, кои од бес и мрза си ги продаваат телата, честа и достоинството, нормално се и за осуда и не се за поддржување. Од друга страна, оние кои ги користат услугите на продавачите на своите тела се за уште поголема осуда!
     
    На pikabu5, IRBBB, Vildiz и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858

    Прикачени фајлови:

    На Angie1432, Peanut Butter, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Има милион причини кои може да доведат до тоа една индивидуа да почне да се занимава со проституција. Од ниска самодоверба, до комплекси, траума и еден милион примери на кои не можам сега да се сетам.
    Не може да очекувате некој што цело детство му поминало ужасно, кога ќе порасне да се вработи во Вип и рандом да се расправа со пензионери за програми. Некои можат. И факултет да завршат и кариера да имаат, меѓутоа не секоја психа е иста и за споредување како што правите неколку страни наназад.

    Многу ме нервира кога некој ќе каже: Кога можам јас, може секој... Не. Што те прави тебе стандардот за да се споредуваме по тебе?
    Не секое дете ја доживува сиромаштијата на ист начин. Различни околности.
    Јас во трето одделение само клас сменив. Истото школо, огромна разлика меѓу децата. Верувам дека сиромашно дете во еден клас и сиромашно дете во друг нема да се чувствуваат исто.

    Секое животно искуство е различно, споредбите се глупи.
     
    На Vildiz, Аргентина * и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Трагедија шта да ти причам…
    Ти фати 100 кура па дојде да ни продаваш приказни дека малолетничкото проституирање е добро ако мама и тато не ти даваат пари тоа е најлесен начин. Инаку,ние со два-три кура сме сиротињи.
    Уште и дека бившиот те навел,како те навел ако ти не сакаш, него ти си сакала бидејќи те заслепила моќта на парите.
    Епа да,парите се отепувачка особено ако немаш за кафе на 14 години и не ти купат твоите што сакаш да јадеш ти.

    Супер.
    Поздрав од безгрешната
     
    На dea.18, ThePharmacist, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Tи не се враќај бе Билјо. Што ти е гајле за другите? Зарем ти не се залагаше за индивидуална идеолошка мисла наспроти колективна? Сите мислења ти "врескаат" индивидуалност. Што лично мислам дека не е негативен став, и јас сум тука некаде, ама зарем не мислиш дека е лицемерно од ствоја страна да споменуваш ревитализација во случајов, кога и ти самата немаш совршен морален кодекс?
    Никој од нас нема.

    Трампата вклучувала трговија со тело, океј. Не се негира, апсолутно е така. Дали е исправно?
    Не! Ама за кого не е, за општеството? Не. За индивидуата? Да. Значи, за оној којшто се занимава со оваа професија.

    И знаеш што? Спомна капитализам.
    Од 8 до 3 е капитализам.
    Бармен да работиш е капитализам.
    Хигиеничар да работиш е капитализам.
    IT техничар да работиш е капитализам.
    Треба уште да се набројува?
    Овие професии не си го продаваат телото директно и инклузивно, ама затоа физички и психички бавно но, полека гинат во процесот на конзумеризам и сувопарно искористување.

    Мене всушност нешто друго ми ја буди љубопитноста. :)
    Како е можно толку да сте погодени од еден коментар, од едно признание, дека е некој проститутка, кога ништо не ви менува тоа во животот бидејќи не ве погодува на личен план. На ниту еден план всушност...

    Зошто некои од вас не се вака гласни во темите за хуманитарни акции, и не се заложите малку да бидете добри луѓе во срцето, баш вака како што со своите ,,морални продики" се расфрливте тука. И не, не се однесува ова на Билја, туку општо што ве читам.
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На Bezimenka90, Vildiz, Fancy_Nency 22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    This:clap:
     
    На mssuniquee, buba4e89 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Не оправдувам во никој случај. Има и вистина и невистина во многу од коментарите погоре. Ако сме биле сиромашни, зошто да не сме се проституирале и тоа било начин да си го подобриме животот? Глупости. Голем дел од вработените во земјава се сиромашни. Посебно ако работи за минималец, и нема пари од 1 до 1 по логика на некои членки, таа жена треба да дава секс услуги до крај на месецот? Се сложувам дека ова е капитализам, и дека буквално со секој може да се изживуваат и со продавачка, и со хигиеничарка, и со вработен во администрација, ама па така се учиш како со луѓе, така стекнуваш животно искуство кое не се учи на школо. И многу мајки кои немале да им купат облека, и ред други работи на децата, решиле покрај тоа што имаат сопруг, да одат од маж на маж и да си „печалат“ плус приходи. Знам такви примери. Децата се со етикети цел живот, и буквално си ја земаат таа школа, да бидат спонзоруши. Ќе биде во врска со тој што ќе и биде личен шофер, ќе и купи облека, ќе и даде џепарлак за во школо, ќе и плати екскурзија. И тој промискуитет во никој случај не е добар. Тоа менување на партнери, ризик од болести, користење контрацепција, па и абортуси, водат кон многу проблеми. А здравјето нема цена.
     
    На Fancy_Nency 22, Orthophill, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.