Што е со мојот морален компас и каде го виде жити се? Каде јас морализирам на темава? Спомнав капитализам 2.0, или неокапитализам, и мислам дека знаеш што мислам со тоа Кога телото станува предмет на трговија тоа не е капитализам, како точно се вика не ми текнува баш. Не е во ред заради предметот на експлоатација, како што умно забележуваш погоре. Што уште да кажам? А ти ни макрото не ми го искоментира. Или мислиш башка тема за макроа треба да отвориме?
На други теми, се залагаш за индивидуализам, демократија, право на сопствен избор, додека овде зборуваш како проституцијата е експлоатација сосем игнорирајќи го чинот на малолетничко злоуставување. Јас и од твоја и од нивна страна многу повеќе видов осуди отколку поддршка и конструктивни совети за надминување или соочување со проблемот на Ненси. Извини, ама тоа вака опсервирано од страна изгледа не како добронамерно држење лекции, туку баш како паметување. И што да се каже за макрото? Има проститутки кои независно работат, без макро. Ако случајот на Ненси бил таков, не значи дека сечиј е. И onlyfans е форма на сајбер проституција, но за тоа нема посебна тема на која се држат лекции, бидејќи проституцијата директно боде очи, небаре сите млади кои читаат овде ќе појдат по тој пат само затоа што прочитале овде дека е во ред да се има право на избор, кој честопати може да е и погрешен.
Сериозно исто е да работиш хигиеничарка и проститутка?? Кога немате аргументи одма се фаќате за моралните вредности, како што вие имате право на свое мислење и сакате да биде профатено вашето треба да умеете да прифатите и туѓо мислење и гледиште на нештата. Место да ги поучите младите да работат, да студираат, да напредуваат во кариерата вие ги учите дека со проституција може добро да се живее. Епа извинете што не сум толку "модерна". Ако за некои е најнормално да заработуваат пари со проституција за мене не е.
Индиректно се чувствувам повикана со коментаров па ќе ти одговорам. Никаде не реков таа што е сиромашна дека треба да се проституира, но доколку и се случи да нема свои средства и друг начин од кој би си овозможила убав живот не гледам причина зошто да не ја работи и таа професија која според мене е чесна со таа работа никого не краде, убива, не уништува.
Епа експлоатација е поголемото множество од злоставување. Експлоатација е економска категорија, овде некој зборува дека било легитимно. Како е легитимно кога има жртва на другата страна? За кое право на сопствен избор зборуваш- избор да се биде жртва? Како да дадам конструктивен совет за надминување на проблемот кога не го разбирам проблемот? Кога моралната стигма е поголем проблем од злоставувањето. И ете, ок било ако немало друг начин за овозможување убав живот и не било криминално. Убав живот- ах какво ветување Ај да повториме од погоре- проституцијата е насилство. Ризик во кој влегуваш, за да излезеш со психолошки и физички повреди, ако ништо полошо..
Ама не е во ред сето тоа. Убав живот? Ние со работа немаме убав живот. Читај не по рубрики па ќе сфатиш. Со работа и со плус хонорари кои ги земам, не можам да кажам дека имам убав живот. За убав живот, треба убав дом, со убави луѓе секако, убава кола, убава работа без стрес, патување, сигурна иднина за децата итн. Проститутка која дава секс услуги за 500 денари ќе има убав живот? Која точка од погоре наведеното ќе ја исполни за да има убав живот. Проститутки не знам, не ни сакам лично да познавам, но знам спонзоруши и девојчиња кои од 12 години по прва менструација од ќеф имаат секс со кој ќе стигнат. И знаеш што? Реално ми изгледаат многу постаро, на 20 години ми личеа како да имаат 30, а кога се омажија на 30 имаа проблем со забременување, па лекари, па манастири, па бајачки за да добијат дете. Дали тоа е убав живот? Се си има цена во животот и секоја грешка се плаќа. Еднаш во ден ќе јадам, ама не би го правела тоа.
Незнам кој те спомена тебе па да кажуваш јас не би го правела тоа јас никаде не те прозвав тебе лично да ти кажам да го правиш тоа или да не го правиш. За мене проститутка не представува таа што зема 500 ден туку многу повеќе, ако дошло да зима 500 ден подобро нека оди во конфекција или нешто сл.
Многу чесна работа. Од шо е чесна и данок плаќаат, и парите у банка им стојат, пријавени се у УЈП.Абе се по правила и прописи. Ќе почнам орден да ковам од злато.И онака ,,малце пари” праат. Најдовте да ги жалите а може да нѐ купат. @Erina98 се глеа дека нешо не ти е добро..прво викаш ако немаат пари нека го праат после, после викаш ама за 500 денари нагоре.Ни ти не знаеш шо мислиш, сакам кажам не знам речам. Ај ќути си боље
А каде ќе зема повеќе? Во некој бар во Њујорк? Македонија е ова. Има такви и за кутија цигари што прифаќаат. Не знам како си ја замислувате оваа професија, богаташи сигурно нема да постанат.
Дали според тебе подобро е да проституира или да краде, дила, убива и сл. Одговори ми директно првото или второто.
Кога некој краде, дила и убива, ги уништува и им наштетува на другите. Кога се проституира им наштетува и на другите, а најмногу себеси!
Знам дека не ме прозва лично, само јас кажувам дека не би правела такво нешто. Ако некоја жена се проституира, кај неа сигурно одат клиенти, мажи кои инаку се женети, така што и таа растура бракови.
Ти си во врска со дечко ти. Он спие со проститутка без да знаеш ти, ти доаѓа дома и спие со тебе, ти закачуваш Хив од него. Заклучок: ви наштетила на двајцата
Подобро е да работи нешто чесно, не е добро ниту едено од тие ќе работи и колку ќе има толку ќе троши, ќе позајми некогаш ако нема и ќе ги врати кога ќе заработи. Ако треба ќе работам ќе метам улици, ќе берам овошје, зеленчук ќе продавам ќе работам некаде без да бидам осигурана било што ама да крадам, проституција никогаш. Ако треба само леб ќе јадам ама никогаш нема да се одлучам ни на едно од овие.