1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Што подразбираш ти под чесна работа? Некој да те експлоатира за минималец?
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.855
    Која си па ти да им кажуваш такви работи, дека немало богаташи да станат]:). Љубоморна една(facepalm)
    Значи најдолна работа е шнајдерка да бидеш, проститутка е левел мал бизнис, средна накај висока класа. :headbang:
     
    На pikabu5, IRBBB, Kanya и 7 други им се допаѓа ова.
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Подобро е да фати и да работи чесна работа! Се згадив што се не прочитав на темава бог да чува! Не и давале пари за кафе.. Море да си ми ќерка/сестра би те фатила парче би те сторила. Сега Вајлд и овие ќе ме нападнат оти подржувам насилство но ме заболе.
    Немало работа како неее.. полесно шири нозе на секој и секаков. Фуј!
     
    На Chanell*, Tea678, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    На никој од овде пари од небо не му паѓаат. Моите имаа и тоа се да ми пружат, а на прсти да избројам колку пати имам искочено дур сум била тинејџерка. Зошто??
    Зошто татко ми порано бил таксист, од самото тоа што се не гледал,( пијани, дрогирани,) секогаш велеше моите ќерки ќе имаат граници.
    И фала му на тоа! Денес сум чесна жена, мајка на две деца и сопруга, работам чесно.
    Нека е и минималец. Барем никој нема да ме понижува .А такви секогаш зад себе си носат етикети(fingers)
     
    На pikabu5, SiMpAtIcNaTa, Tea678 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Не може да се каже дека поддржувам проституција, но ако е некој за осуда, тогаш ги осудувам корисниците на тие услуги за кои сметам дека во најголем дел се перверзњаци и шовинисти, а не ги осудувам жените и општо луѓето кои ги пружаат, бидејќи сигурно не дошле до тој степен да запаѓаат во секакви раце од што знаат за подобро. Ним им треба едукација и помош, а веројатно и на првите им треба.... нез. Нека се занимаваат со оваа проблематика луѓето кои имаат желудник, јас не се осеќам дека сум за некоја таква мисија, искрено.
     
    На Bezimenka90, Ugly Duckling, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум против проституција! НО, твоето фалење колку си ти чесна е исто така грев, како и осудувањето и етикетирањето на други. Ако Исус не ја осуди простутката, која си ти да кажеш некому ‘курва’?

    Едно е да си свесен што е лошо, друго е на сметка на тоа да користиш прилика да се пофалиш и да оцрниш други.
     
    На DiCaprio, Feminka22 и Vildiz им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    За мене, критика на проституцијата од феминистички аспект (кој единствено и ме тангира всушност) подразбира дека го осудувам мизогиното и објектифицирачко општество кое ја овозможува како појава, индустријата како концепт, и клиентите кои „купуваат“ секс.
    Дали ги осудувам и проститутките? Никогаш.

    Никој не може да ме убеди дека малолетна девојка од семејство што ги обезбедува сите финансиски и психички потреби (тоа значи истовремено и пристојни човечки услови за живот - но и поддршка, љубов, баланс на родителска грижа и слобода, здраво и empowering воспитување во духот на почит и еднаквост на жената) ќе избере проституција ради чисти каприци. Ако не се работи за екстремна сиромаштија и/или физичка/сексуална злоупотреба, во најмала рака може да е авторитарна, репресивна и психички abusive средина.

    Велите најлесен начин на заработка било, се срамеле од физичка работа наспроти ова... тешки небулози.
    Иако живееме во експлоатирачки капиталистички систем, не постои друга професија која носи ем ниво на стигма, ем ризици и опасности споредливи со оние во проституцијата.
    Тешко е да си чистачка, касиерка или продавачка, но не ти спаѓа во секојдневен ризик на работно место да бидеш силувана, претепана, прогонувана, да фатиш СПБ и сл.
    Баш пред некое време наидов на активистка екс-проститутка на Инстаграм и ТикТок која зборува за овие ствари, ѕирнете ѝ ги видеата, па видете.

    Не навлегувам за сексуална работа како OnlyFans, camgirls итн., но во онаа на традиционалниот начин како „најстар занает“ дефинитивно отсекогаш жените биле жртви и објект за експлоатација.
     
    На mode-kristina, Srckata28, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Нека прават што сакаат, но дајте, по муабетиве што ги пишуваат испаѓа подобро проститутка отколку да работи за минималец! Тука и млади девојчиња читаат мислам…
     
    На Tea678, buba4e89, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    До 100 денари кафе ли дојде работата? Да трпиш за леб да сфатам. Барем ако веќе сте се решиле на таков чекор, правете го тоа со стил. Ко Сораја пример.
    И не дека не можеш да најдеш работа, барем минималец да земаш имаш работа со лопата да ринеш. Зависи колку ти се работи. Туку ај својата мрзеливост ќе ја правдаш со проституција.
    Како што пишав, за 100 денари кафе ако дошло да продаваш тело за ич пари, дебилно е.
    Уште па ја жалите.
    Ја вино најефтино и степ дринк мешав во средно, па повраќав три дена и не решив да се проституирам. После видов не видов, почнав да работам во нископлатени фирми. И еве ме, жива здрава со непродадена вагина.
     
    На SiMpAtIcNaTa, Guns N` Roses, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека ако некој чита и одма ќе тргне по таа професија?
     
  11. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    @Erina98 тролаш цело време прозирна си ко завесава што е до мене, доста е ајде :hai:
     
    На SiMpAtIcNaTa, Аргентина *, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Многу битно е воспитувањето.
    Познавам сиромашни девојки кои успеале со труд да создадат нешто свое, познавам и такви кои го фатиле овој пат за кој разговараме. За жал, многу полесен (навидум) е вториов, затоа и многумина го избираат. Можам да кажам дека родителите на овие првите се чесни, сиромашни и добри луѓе (со исклучоци) кои ги воспитале децата да се благодарни на тоа што го имаат и да заработуваат со сопствените раце а не гениталии. Но, како што пишав претходно, во денешната ера на социјални мрежи премногу е тешко да се остане на прав пат кога си израснал во таква средина.
    Ако ме чита некоја млада девојка која имала тешко детство од било кој аспект и макар пробала да ги подобри нештата со труд, пот и образование, сакам да ви кажам дека ви симнувам капа и на вас но и на вашите родители. Ви посакувам се' најдобро во животот, и тоа како го заслужувате.
     
    На SiMpAtIcNaTa, IRBBB, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.855
    За младите девојчиња што читаат, треба да прочитаат како да не западнат во таква замка.
    Ама единствениот што сподели кратки црти од замката, одма доби етикета, оти етикетата е побитна, не да зборуваме за проблемот и да знаеме да го препознаеме. Па со право не сака да зборува, ќе речам.
    А за другите муабети што се пишуваат, тролање се викаат и не разбирам зошто членката уште нема траен бан. Или јас грешно дефинирам трол или @RainBow треба да види што е работата.

    Ко ќе бидеме глобално општество со семејства и вредности ко што опиша @Someonespecial , може и ќе нема проституција. Дотогаш, помалку осуда, повеќе разбирање (за тие со етикета, не за троловите):)
     
    На Guns N` Roses, Peanut Butter и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Од негде мора да се почне. Проститутката и да зема 1.000 евра, не е почесна од продавачката која работи за 15.200 денари.
     
    На Tea678, Vildiz, GrimTheReaper и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Џабе и објаснуеш, и се гледа интелигентниот капацитет^_^
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Проституцијата има неколко форми. Од ниско буџетна за клошари до елитна за богата клиентела. Од директна до индиректна (OnlyFans, Instagram, TikTok).

    Проституцијата секогаш постоела и ќе постои. Во една или друга форма. Само ќе се адаптира на времето. Денес сите тие поатрактивни проститутки се префрлија на онлајн платформи и заработуваат преку видеа, а бројот на клиенти им е редуциран неколкукратно, исклучиво побогати чичковци.

    И, оној највпечатливиот тип на проституција, т.е. проституција под радарот на јавноста. Атрактивни девојки во своите 20ти, од работнички семејства, сликани по разни екслузивни ресторани, туристички дестинации, јахти, плажи, шопинзи, менување атрактивни работни места, а секогаш сами на профилна слика со 400-500 лајка од претежно машка популација. Тој вид на проституција е најопасен за едно општество и највеќе промовиран преку медиуми и музика, а млади девојки тоа го гледаат како многу лесна заработка. Ем ’инфлуенсерка’, ем глорифицирана на социјалните мрежи и его до плафон, ем лесни пари да си го нахрани хедонизмот, ем нема потреба да дреме по 8-9 сата на работа секој ден...

    Секој вид на проституција е исклучително опасен. Пред се заради ширење на заразни болести. Секогаш кога ќе фатите дечко запрашајте се дали бил со проститутка и колкави се шансите да се заразите директно или индиректно со некоја полна болест.

    Е, сега главното прашање. Која е алтернативата? Дали може проституцијата да се искорени. Не, не може, како и коцката, но може да се стави во разумна граница. Како? Со промоција на друг тип вредности во општеството, негација на истата наместо глорификација, силна економија, силни работнички права, силен социјален систем итн. Со таков сериозен пристап може проституцијата како девијација да се стави на маргините до 5% од женска популација.
     
    На Tanjamm, x-MajaEsposito-x, Vildiz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Боље ке дилам неголи да се д**ам за пари.Еве ако баш те занима.
    И го иам праено тоа.Коа сум немала извор на пари.И мене не ме примале по кафичи, у Скопје е построго него во Битола.И сум го правела тоа.Океј?
    И напраив поише пари него шо ќе напраев ако ме фаќаа прчови и секакви манијачишта.
     
    На buba4e89, Orthophill и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Maлолетничка проституција не е еднаква со спонзорство и елитна проституција. Последниве две се прашање на избор, додека првово е нужност од немање друг избор за коегзистенција.

    Кој дел од реченицата на Ненси не ти е јасен ,,Не ми даваа дома пари, бев малолетна и решив да се проституирам?"
    Aналогно на ова земи го во предвид фактот што во темата за ,,извиднички камп за сексуална едукација" заземаш став на бранител на тинејџерите кои се несвесно искористени во сексуални дејствија.
    Апропо тоа, се поставува прашањето зошто случајот на Ненси е поразлично таргетиран од оној на злоупотребената шестнаесетгодишна Ивана, која зазела учество во извиднички камп насловен ,,Sex, scouts...and rock n' roll?" :?:

    Tука малку да ги преиспитате своите мерила на расудување. Зошто моментот во кој започнува дејството од страна на Ненси е дури е малолетна, и продолжува (таков впечаток добив, можеби грешам), кога е таа полнолетна.
    Зошто пази, тоа е шаблон. Ако животот еднаш натаму те иницира, тешко дека ќе се извлечеш од тие кругови на макроа и валкани бизниси. Зошто веќе си ,,обележан" oд општеството. Перципиран/а си како девојка/момче за ,,забава".

    Затоа добро треба да се разграничи поимот на слободна волја. Бидејќи сосем една работа е да се проституираш на 15, 16 години и сосем нешто друго е да се проституираш на 30 години. Животното искуство, социолошката сеграгација, стандардот и ред други фактори определуваат во која дирекција ќе движиш.

    Елитната проституција и те како ветува полагоден живот за разлика од оној на ,,обичната" проституција. Тоа е рангирање на вредноста на телото во тој бизнис, и функционира по принцип на старост, градбена структура на девојката/момчето, вештина во сексуалниот перформанс и донекаде убавина.
    Токму овие сурови параметри се основни при одлучување кој колку ќе заработува од грото проститутки. И ПОВТОРНО, по не знам кој пат, да тоа е право на избор на индивидуата без разлика колку е тој правилен од било кој аспект. Секој е одговрен за своите дејствија, и тоа е златно правило кое сите добро го знаеме. Затоа ако можеш помогни, ако не, не суди. It's simple. :)
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    У ситимол по 25.000 зимаат у бутицине дај не ме заебавајте може работа за секој да се најде. Проститутките и спонзорушите имаат нереални желби. Со долната сакаат милионерки да станат или да купат јахта и на Дубаи да идат и други дестинации. Патат од некој комплекс да се богати и познати ко и секоја втора тинејџерка у денешно време за жал. За жал ретки сме ние што учиме факултет и чесно сакаме да си се запослиме негде и да заработуваме. Голем дел од нив и трагично завршуваат на крај ги дрогираат убиваат итн. Берете памет деца бегајте од оваа работа и инвестирајте во себе да бидете независни а не да молите за едно мочано ташниче и пијачка
     
    На Tanjamm, x-MajaEsposito-x, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    :clap::clap: