1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.123
    Допаѓања:
    124.863
    Пол:
    Женски
    Проституцијата не е чесна работа.Неморална и незаконска е.
    И трговија со луѓе и форма на ропство е.
    Проститутките и проститутите се едни од оние кои најмногу трпат насилство.А,дел од нив почнуваат со тоа од малолетна возраст.
    Како можете да поддржувате експлоатација на луѓе?
    Владите не се замараат за нивното здравје.
    Дури и онаму каде што е легална се соочуваат со проблеми.
    Свесното ширење на заразни болести не е легално.И некоја да не одговара за проституирањето,ќе одговара за пренесување на заразна болест.
    И да се тргне сето ова на страна,пак не може да се оправда.Понижувачка и деградирачка е.
    Се решаваат на вакво нешто наместо трпеливо да бараат чесна и легална работа.
    Испод ниво им е на некои да работат за минималец.
    А,бе,ајде...
    Има куп сиромашни луѓе,ама не се решаваат на вакво нешто.Меѓу барателите на работа има и луѓе со здравствени проблеми од психичка природа.
    Прашуваат на повеќе места,молат луѓе и успеваат да најдат чесна и легална работа.
    Во денешно време и online работа постои како опција.
    Не се за осуда оние кои биле воведени во тоа против нивна волја,ама не треба да им се вика „браво“ на оние кои сами го одбрале тоа.
     
    На Tanjamm, Tea678, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.855
    :drunk:
    Вау.
    Не знам од кај да почнам и како да завршам.
    Малолетник и избор за коегзистенција? :^)
    Членката рече бивши дечко ја навел на идејава, повеќе не сакаше и не мора да објасни. Ако збориме за егзистенција, не и била загрозена, а дека била манипулирана и злоупотребена, била. Инаку се согласувам дека извлекувањето е тешко и никако не ми е поразлично од секс скаути ест.

    А дали проституцијата била елитна или нискобуџетна, ниту знам ниту ми прави разлика. Прво, од што зависи тоа, како се стигнува до елитното? Второ, сеедно е, во двата случаи си роба, не работник.
     
    На BlackNight, Guns N` Roses, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не знам што се чудиш. Зарем малолетници не носат избори во животот?
    Инаку, членката се уплаши да ја пише целата вистина, а сите знаеме дека во background се крие многу помрачна приказна од онаа која ја опиша - дека била мавана со камшици и имала проблеми со голтање, ама ајде сега ќе се правиме на Тошо и полемизираме дали била доволно морално и финансиски поткрепена од дома, кога е јасно дека не била. Родител кој сака дете нема да го пушти да биде малтретирано од силеџии.
    ...Инаку, нема разлика од роб до работник. Ама тоа се некои други етички прашања кои нема потреба да се отвараат при оваа дискусија.
     
    На Bezimenka90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.855
    Не можам да шпекулирам кој како по дома. Јас рачунам дека кога имам дете се грижам за неговата добробит во рамки на моите можности и сигурно нема да дозволам да донесува ,,кариерни,, избори како малолетник. Е сега, ако се прават такви ,,избори,, без мое знаење, негде сум заебала работа.

    А на темата дали роб =работник, можеш со некој друг да дискутираш, мене ми е многу јасна разликата и досадна сум веќе сама на себе да се повторувам.
    Пс -мислам дека не сме на тоа ниво. Сеуште(waiting)
     
    На buba4e89, Guns N` Roses, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Ретки сме ние што студираме и надоградуваме постојано покрај тоа и работам, но во секој случај и нас што одиме по овој „ чесен пат” не ни е сигурна иднината не знаеме кој ќе дојде на власт дали ќе задржиме работата или новата влада ќе напика некои свои и ќе треба да гребеме со нокти за да постигнеме нешто.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Кога гледам какви "чесни" членки пишуваат за чесност не ни знам што да кажам понатаму.
     
    На Bezimenka90, Tanjamm, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Тинејџерите носат кариерни одлуки честопати многу порано пред настапување на полнолетството.
    Наједноставен пример се оние кои се запишани во средно уметничко училиште. Овие луѓе тешко дека подоцна ќе можат да завршат на друг факултет поразличен од музичка/ликовна академија, а следствено на тоа и да се воведат во други води поразлични од она што го правеле малтене речиси сиот свој живот.
    Поентата е дека системот е неприкосновена машинаерија. Роб си на системот и процедурите од самото раѓање. Додека проституцијата е само еден од најбрзите и најсуровите форми на експлоатација, но не и единствен.

    Ова е веќе игра на зборови, сведена на субјективна перцепција.
     
    На Bezimenka90 и Vildiz им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Леле, аман веќе, престанете со тоа левичарско просеравање веќе. Робови, слуги, диктатори, експлоататори. До кога веќе со таа досадна реторика за мали деца? Знаете нешто повеќе? Овој систем е суров, како и животот што е суров, ама во тој систем тој што знае и умее може да биде сам свој газда и да живее пристојно. Човек е роден да работи, да се бори и создава, а не да се проституира и да живее на социјално.
     
    На Tanjamm, buba4e89, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Улетуваш во тема како падобранец. Типично. Се кладам дека не ја прочита цела дискусија, ама нема везе, битно е само да се истресе нешто од ракав.

    У реду е Мирољубе, немаат сите еднакви шанси како тебе во животот. ;)

    Мхм. Оди со истава реторика кај самохрана мајка без 50 денари во џебот на која секој трет работодавец и затворил врата пред нос.
     
    На Bezimenka90, DiCaprio и Erina98 им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.855
    Знаеш колку е проста разликата- експлоатација на тело, версус експлоатација на труд.
    Па не сум рудник да му се сневиди:shake:
     
    На Peanut Butter, buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Истата аналогија може да биде искористена и при "вербална експлоатација".
    Не сум вреќа за истурање фрустрации на некого да му се невиди. :)
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Хаха па не да трола, ама не само на оваа тема на сите.
     
    На Peanut Butter, buba4e89, Kimberly11 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Дали можеби знаеш што значи фразата ,,Треба да гребеме со нокти за да постигнеме нешто"? Сериозно не разбирам, без шега. Ерина ја има употребено, еве цитат во прилог.

     
  14. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Ако моето аргументирано дебатирање на овој форум за тебе претставува тропање тогаш немам зборови за твојата неподготвеност да дебатираш.
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Јаките аргументи твои (facepalm)
    Црна нѝ држава со вакви дебататори како тебе и проститутки ко оваа тролкава
    Затоа иаме одлив на мозоци.Нема место од мизерија
     
    На Peanut Butter, buba4e89, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Шансата сам сум си ја створил. Никој не ми ја подарил.

    Значи, сите овие мажи/жени што работат професии, кои не се доволно платени се будали, али ај ќе креираме срцепарателни приказни дека сите малолетни или полнолетни проститутки се од дисфункционални семејства и тоа е причината за нивната одлука. Па, илјадници други девојчиња што работат за дневници од 500 денари можеби се од дисфункционални семејства, па го одбрале другиот пат.

    Факт е дека голем дел од поубавите и позгодните девојчиња сами си го одбираат полесниот пат на заработка, затоа што системот на вредности им го дозволува тоа, а не дека животната ситуација ги приморала на тоа.
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Ако не ти чини тука иди си од државата што да ти кажам друго ама немој да просперитетните да им го сечеш патот до успехот кои сакаат да направат нешто во државата.
     
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    А тепањата, киднапирањата, убивањата кои се извршуваат врз проститутките ги сметаш како секојдневен колегијален однос меѓу нив и "клиентите" а?
    Good to know :smirk:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Не ми се дискутира за член што сака да каже во своите мислења кој прво сто пати се дематираше себеси со мислењава, а второ не очекувам разумно мислење од член кој што отвори тема после една недела од тргедијата со модуларната болница во која животот го изгубија 14 луѓе да го велича Венко Филипче. Може малку забегав од темата ама многу тролови има на форумов и не знам зошто се толерираат.
     
    На SiMpAtIcNaTa, IRBBB, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Not really.
    Девојките пред мтв се пример за твојата погрешна теорија. Знаеш дека тие се апсолутно сѐ спротивно од она што ти го опиша. Баш имаат ваков профил, бидејќи потекнуваат токму од сиромашни семејства.

    А, ова другото, како што веќе многупати напишав - мешате проституција со ескорство. Ескорство е продажба за пари со еден, или ситуирана ограничена таргет група клиенти.

    За жал и твоите другари момци го прават тоа, само да знаеш. Зошто денес не е доволно девојките само да им се убави, туку да се од богато семејство или да прават добар кеш за они да може да си го ладат.
    Целиот секс е сведен на капитализам, од двата пола. Ебате бељата.