Поддржувам секој да си прави што сака со своето тело, но само ако е по свој избор. Не ја разбирам стигмата и дискриминацијата кон проститутките, сфаќам да не ја поддржувате секс индустријата, реално ни јас не ја поддржувам, со оглед на тоа што поголем дел од луѓето во истата се форсирани да го работат тоа, но не сфаќам како може да имате омраза за тие кои го работат тоа. Исто така, не сфаќам како може некој да мисли дека само жени можат да бидат проститутки. Зошто нема осуда за мажите што одлучиле со сексуални услуги да заработат? Зошто нема осуда за мажите што одлучиле да платат за сексуални услуги? Исто така, се согласувам со мислењето на членката што кажа дека во секоја работа, работникот на овој или на оној начин си го продава телото. Би го оставил ова за крај: Ги очекувам сега другарките на една банирана членка од форумов, да се НАПНАТ цитирајќи ме. Не си го губете времето.
Се согласувам, не мора да биде оправдание тоа. Но видеото укажува дека не е секогаш сè онака како што американските пуританистички медиуми сакаат тесноградо да го прикажат во врска со девојките кои нудат сексуални услуги. Таквите медиуми прикажуваат само две опции: тие се или жртви на трговија со луѓе или се мрзливи нејќат друго да работат. Сето тоа постои додуша, но видеото покажува дека тоа не е секогаш случај, дека има и разновидни други мотиви поради кои некои се впуштаат во такви нешта. Зборуваш очигледно од својата фантазија. Реалноста е понекогаш друга. Зошто мислиш дека тие сите такви девојки и жени не мијат садови и не метат улици или не студираат факултет? Лаура Д. студирала шпански во друг град, но парите кои ѝ ги праќале родителите биле доволни само за кирија. Работела за да се прехрани, но парите не ѝ стигале за храна а ниту времето ниту законот ѝ дозволуваа повеќе да работи, бидејќи нели е студентка. И биле потребени скапите учебници и еден лаптоп за тоа ебаните семинарски. Дала оглас каков шо дала, се јавиле тие што се јавиле ѝ платиле, а откако дипломирала престанала да се бави со тоа. На Сталоне пред да стане баран актер, хитно му биле потребни храна и сместување, не сакал никого да ограби и снимил сцена каква што снимил иако му паднало сето тоа мошне тешко. За оние кои мислат дека глумењето порно е секогаш забавно за мажите, нека имааат во предвид дека тој не сексал тоа што тој сакал, туку тоа што режисерот одредил... Не велам дека сето тоа треба да се подржи, туку да разбере дека разни луѓе поминувале низ разни ситуации во живото и не е во ред да се осудуваат. Знаеме? Ако е така, тогаш зошто има толку многу сексуално исфрустрирани момци и девојки, жени и мажи? Ако е така, сите знаат да јадат обичен леб, па сепак плаќаат понекогаш за симит или други пецива или дури во скапи ресторани за разновидни специјалитети. Така е и со проституцијата. Не е само секс како секс во прашање, туку потрага по она што не може да се добие кај девојката/дечкото, но и лепезата на избор: некои сакаат помлади а други постари, едните сакаат вакви гради а другите онакви, едни сакаат црнки други плавуши трети бринети, едни сакаат азијатки други афро, трети бели...
Јас го коментирав сексот како чин што може сите да го правиме. Сега, квалитетот и колку ќе е добар, е сосема друго, имаш теми за тоа. Ти целото ова го гледаш како "клиент" додека јас наведов зошто е лошо и какво влијание има врз жените. Тотално контра од феминизам и "модерност" Башка и тоа што самите неможат да најдат задоволство во својот партнер па трчаат кај проститука е неморално затоа што е прељуба, а плаќање за да го ставиш некаде е едноставно мизерно. Тоа што го преферираш физички во некоја личност не треба да се плати.
Така е, но не може ниту да се добие секогаш тоа што физички се преферира (тој ја свиѓа, таа не го рецка), и тогаш посегаат по потрага преку плаќање.
Гледам многу осудувања има на темава. Ако не е легализирана, не значи дека ја нема. Мислите дека тие сакаат да го работат тоа? Не. Можам да не ја поддржам, но не и да ги осудувам и навредувам овие жени. Ако некој треба да се осуди, тоа се тие што ги наведуваат тие жени на тоа и тие што ги користат тие услуги. Ако сакате/можете да помогнете, тогаш помогнете, ако не можете, тогаш барем не осудувајте и не навредувајте. Велат „Не осудувај ако не знаеш некој низ што поминува“.
Како не.Иди оние позади МТВ прашај ги. Не ги правдајте.Не викам дека нема присилна, ама сѐ повеќе и повеќе е доброволна.Ги мрзи да учат ги мрзи да поработат.Дваесет имам и гледам какви женски/жени има и околу мене и низ Скопје. Сѐ помрзливи и помрзливи, сѐ е пари пари.Научени друг да ги части да ги облекува.Не ми кажуј
Не сум јас која треба да кажам дали поддржувам простититуција или не. Голем дел од девојките го прават со присила, не по своја волја. Да имаат секс со секакви будали да прават со нивното тело шо сакаат, сигурно не од многу шо сакат да го прават тоа. Најмизерно ми е мене маж да плаќа за секс, помизерно нешто ми нема.
Фемче, ај опрај се. Ги најде, баш тие позади МТВ се во доброволен бизнис, оти ги мрзи да учат. На факултет биле преку улица до 3, после 3 да заработат џепарац, јер не им се учело баш денес. Колку што е поголем општествениот јаз, толку ,,подоброволна,, ќе биде. Никого не правдам, кажувам само.
Туѓ срам ме изеде. Не од тие шосебат, од вие шо пишите. Вие со реторики holier than thou. Еве сега не е декриминализирана проституцијата. Шо се постигна? Ако е ефикасно, со вас сум. Ама не е. Криминализирано со години. Од "памти век". Како се смена ситуацијата? Не се смена. Да се менваше со вас ќе бев. Само без нискиот речник. Првата реченица на Безименка е клуч: "Затоа во многу земји се криминализираат само тие што бараат услуга, а не тие што нудат." Еве ви идеја. По кој да плукате. Како да се борите. Дали некој своеволно се еби за пари никако не ме засега. Од таму не сфаќам оти да ќенкам. Неќи да учи и ќе се еби? Ок. Гајле ми е. Ама многу ме боли за тие против своја желба кои се таму или кои на било кој начин се приморани. Строго вервам дека декриминализација, можност за колку толку заштита, ќе намали колку толку овај негативен ефект. Далеку од скроз дека ќе ги заштити. Ама поќе од сега. И скроз сум со Безименка. Криминализација на барателите, не на давателите на услуги. Иако мислам дека ќе има паралелен нелегален бизнис, пак. И пак ќе збораме за заштита на жени жртви на трговијата со луѓе. Тудлс.
Па еве и да ги мрзи, тогаш нека прават што сакаат, нивно тело- нивен избор. Нема зошро да оправдуваме или не туѓи изборо во животот, нивна работа. Ама си ги видела тие позади мтв како изгледаат? Еден поглед е доволен да видиш каква сиромаштија, зависност од дрога или туѓ притисок е тоа.
Па ова кажува се за ваков отпад да платам? Овој со сто дезинфициенси да се мие не го дирам бе а сте виделе преку ден кај мтв на паркингот шо е? Доле на земја кондоми фрлени, марамици, сѐ Толку ги заболе за околината и сите околу нив. Зашо ја тогаш да се секирам за нив? Чим еден кондом не можат да соберат..не можат ни себеси А тоа шо навечер има полиција таму, значи дека знаат шо се дешава.Ама за добри пари сѐ се решава ( )
И да не се ебат за пари што лично ќе ви смени тоа во животот, лично вас? Навечер лесно ќе спиете или?
А бе никој не вика ти да платиш, ама очигледно има луѓе што плаќаат. Го изгледав видеово. Ми падна многу жал за човеков, кај бил силуван, ограбен, па уште го исмеваат и објавиле на јутјуб. Тебе овој човек ти личи ко да е задоволен од работата?
Добро стварно мислиш дека им е лесен животот? Извини вака ама само глупости се изначитав. Можеби треба да тргнеш од тоа што проститутките не се еднодимензионални суштества кои постојат само како гнасни проститутки туку личности со минато, иднина, семејство, проблеми, убавини, надежи и пропаднати-остварени соништа исто како секој друг човек на планетава.Тргни од таму и наместо веднаш да целиш кон напад пробај да ги рашириш погледите. После тоа кога го разграничиш тоа ќе почнеш да сфаќаш дека апсолутно не е никаква леснотија тоа што го прават и остава доживотни последици, ама најпрво прифати дека и проституките се луѓе како и сите други.
Извини феминче, но воопшто не се согласувам со тебе. Што се однесува до видеото, баш напротив, од тоа се гледа колку сме очајни и дека мора да се легализира проституцијата и да имаме сексуално образование. Во таа вода некој влегува свесно, некој е приморан на еден начин, некој на друг. Знаеш само колку жртви има, не можеш ни да замислиш. И денес се убиваат сексуални работници без никаква причина, некои се најлошо малтретирани, има секакви слики. И затоа сакам да се легализира. Секој има различно гледиште за морал, но на крајот секој го продава телото, на ваков или онаков начин. Чистењето што погоре го спомна , не е работа за срамење, но и од неа се изморуваш, ја уништуваш кожата на рацете, ако има некое појако средство ти ги дразни белите дробови. Да не зборуваме за рударите. Значи не само што го продаваме телото за пари, туку и го уништуваме. Ни проституцијата не е лесна работа, не знаеш на што псајхо ќе налеташ, особено ако си некаде каде што не е легализирана. Затоа не мора да ги прифаќате, но барем не им отежнувајте и не ги гледајте попреку и од високо.
Не се свесни сите за тоа, верувај. Има еден куп млади девојки за жал што не размислуваат толку трезвено. Гледаат навидум лесен начин на заработка без да размислуваат на долгорочен план.
А зошто не размислуваат трезвено? Зошто мислат наивно? Вие не сфаќате дека позади одлуката за проституирање има многу причини меѓу кои најчесто е историја на семејно насилство и слични дисфункционални средини кои не даваат ниту финансиска ниту ментална можност за просперитет на истото ниво како обичен граѓанин од средна класа.Буквално никоја проститука која е по улици не си седи и си вика "а зошто да учам факултет кога можам да бидам проститука".