1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Па има доста работи што може да се работат. Не е само проституција начин на заработка. Ехе и тоа како има такви девојки.
     
    На EvAngelos и Need for Speed им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Се додека нештото е своеволно, зошто да не? Ако некоја решила да наплаќа услуги продавајќи го своето тело, нејзин проблем.
    Всушност проституцијата е проблем што не е легална. Кога би се легализирала, би имало увид колку бројни се оние кои се занимаваат со проституција, истовремено да бидат ,,предмет" на чести лекарски прегледи, со цел нивна и туѓа заштита од полово преносливи болести.
    Дури и ако не гледаш излез и се нафатиш за најлесниот чекор до брзи пари, пак не судам. И никој нема право на истото, освен ако не понуди помош за нешто подобро.
    И се додека проституцијата се гледа како криминал и законски не претрпи промени, ќе постои уште поголем криминал со присилување, киднапирање, користење наркотици и физички напади во позадина.
    Едно мало скромно мислење.
     
    На Snowflake92, Bezimenka90, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Делумно се согласувам. Во право си дека најчесто потекнуваат од дисфункционални средини, но иако помалку, сепак има такви што потекнуваат од средна класа. Муабетот ми е, не треба да се осудуваат ни тие, ни тие, независно дали сами го одбрале тоа иако имале финансии.

    А сега со онлајн продавањето експлицитна содржина, некои од нив потекнуваат дури и од богати семејства но сепак се одлучуваат за заработка како +18 content creator. За ова па уште поголема прифатливост имам, и не гледам што е проблемот споредбено со проституирање кадешто стварно постои поголем ризик за било какви негативности.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    А кои сме ние да ги осудуваме,што сакаат ќе прават со нивното тело.
    Многу душегрижници сме ние Македонскиот народ.
    За вафли јадење.

    Доколку не го работат присилно тоа нема нас зошто мува да не лази.
     
    На baguf4e, RespectAndObey, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
  6. Pametnata 2001

    Pametnata 2001 Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Проституцијата е професија како и секоја друга професија од која се заработува и според мене е во ред се дури е на доброволна основа и двете страни се задоволни.

    Понуда/побарувачка = Пазар, штета што не е легализирана со што на сексуалните работнички а воедно и нивните клиенти би биле правно и здравствено заштитени.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно таман професија како и секоја друга само што овде си ја продаваш твојата чест морал и шириш нозе на разни напалени манијаци иначе океј супер мислење бравао.

    Подобро да се работи и најтешка работа со која чесно ќе се заработи одколку да се шират нозе.
     
    На cresa-jagoda, Anah, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Малку ги измеша лончињата.
    Ти како идна адвокатка не треба да им судиш на луѓето,а најмалку да им збориш за морал.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Професионално однесување и работа во интерес на мојот клиент ќе е едно ( тоа никогаш не би го променила без разлика на Личниот став што го имам )

    Тоа дека јас немам право да им зборам за морал е твое право да се изјссниш што не значи и дека е правилно.
     
    На Anah и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    :D
    Па едното не го исклучува другото, каква си ти таков ти е адвокатскиот професионален живот, не можеш да бидеш поразлична секако.
     
  11. Dayandnight

    Dayandnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.470
    Пол:
    Женски
    Znaci nikogas nemozam da osuduvam nekogo,ni me interesira koj sto raboti,ne osuduvam prostitucija,sekoj si znae zosto izbral takva rabota i od koi pricini,ama osuduvam ovie sto gi osuduvaat,vase mislenje ama nema vas da ve ebat tuku niv,citam nemozam da se iznacitam,so mi e gajle koj sto raboti i zosto ,pa i koja sum jas da osuduvam,bez lutenje samo iskreno kazav sto mislam,ubav den na site
     
  12. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Твое мислење, почитувам секое мислење но друго е дали се согласувам.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pametnata 2001

    Pametnata 2001 Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Која одлучила да рмба за 300 евра цел месец не може да си овозможи ни основни потреби.

    И ширење нозе како што го викаш ти е подобро од неможност да се овозможи пристоен живот за себе и семејството.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Со тек на време и со повеќе информирање сфаќам дека проституцијата е премногу тесно поврзана со трговија со луѓе. Муабети за морал, за чест или па за нормализирање, значи без разлика во која насока водат, се непотребни бидејќи скроз се игнорира вистинскиот проблем, а тоа е дека милиони жени и деца паѓаат во индустрија кај што се вртат милијарди и пак нема да има правда зашто и тие што треба да го спроведат законот се корумпирани и дел од нејзе. И стварно е комплексен проблем, многу работи играат улога и е сѐ, само не прост избор.
     
    На piglet1, mode-kristina, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Pametnata 2001

    Pametnata 2001 Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Кој кажал дека не е ок да си ставаш цена на телото или душата, општеството со предрасуди или ?
    Дали е можеби морално на своите деца да немаш да му обезбедиш нормален живот или да си се обезбедиш самата семе а не е морално да да си одредиш цена за услугата која ја пружаш.
    Цена си одредвиш и кога работиш за 300 евра месечно, значи твојата вредност е 300 евра месечно ?
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    18.764
    Пол:
    Машки
    Своеволно одлучувам дали че се проституирам или легална сексуална работничка, и че најди некој вака да ти дели морал и да ти кажи како да си го водиш животот. Сте го средиле својот па че го средувате на некој друг, ој бркајте работа.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам.
    Мое мислење е дека не е морално.
    Ако немам пари себеси да се наранам, нема да праам деца уопште, или ќе пазам со кој праам деца, а не коа ќе го родам да ме исфрли на улица. Или да влезам необезбедена у брак.
    Платата е исто цена на трудот, мојот труд вреди 300€ ако ми е платата 300€. Ама ако се ебам за пари, значи ја целата вредам 300€.
    не е исто
     
    На cresa-jagoda, Brucewayne, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Сите што дрвите за морал, не сте се заинтересирале за повеќе од фаќање сеир за тоа како живеат тие жени и зошто се таму каде што се.
    Трговијата со луѓе е толку распространета што не сте ни свесни.
    Не се тоа мамини и татини мезимици, што тате им ја финансирал иднината, облеката и им обезбедил работа, туку се жени од распаднати семејства, деца на зависници па и самите се зависнички од наркотици или алкохол, жртви на насилство, жени што западнале во млади години во лошо друштво, жени кои биле продавани како стока и тн., едноставно, луѓе кои немале шанси или избори во животот.
    Многу е лесно да се осудува.

    Елитните проститутки не ги коментирам тука.
     
    На Ugly Duckling, Luciferka, pravnicka_2604 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Тие ако се толку за жалење и им треба работа, а немаат квалификации за некоја интелектуална, ќе работат било шо, од метење улици до служење по кафичи. Нема срам од работа, а работа има. Само треба некој да се нафати да сработи.
    На толку опции за работа, некоја да ми рече дека не можела да најде работа па ќе се ебе за парии… тешко да жалам таква.
    И да, боље да сум татина принцеза и да ми е сѐ на тацна, него да ме шамара некој и да се иживљава некој врз мене за 500 денари.
    Не се сите загреота, Оле Петрова шо ја затворија на Миконос, за жалење да не е?
    Сама сакаше уште од помали нозе да го праи тоа. тој филм го возеше
    Друга исто знам, од дома сѐ обезбедено, една рака у мед, другара у млеко, и она по тој пат.
    Зашо? Не ѝ се учело.
    Не збориме за девојки кои се жртва на бело робље и ги препродаваат. Тие не се судат пошо е жално.
    А башка, утреден коа ќе имаат таквите деца, ако се најде некој да им напраи, многу ме интересира што ќе им зборуваат од младоста.
    Какво во Привилиџ му го :smoke: на некој за грам бело? Или како отишла у Турција на одмор бидејќи се ковала со некој шо не знае шо со парите?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Не ти го читам цело мислење зошто ме мрзи и зошто не си го прочитала моето првично.
    Ти ја имаш таа привилегија да си татина пронцеза, ама многу ја немаат.
    За останатото, со друг разговарај, мене ме мрзи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.