Абе каква легализација на проституцијата, ајде не си правете Бајрам на мозок. Легализација на прституција кај нас за едно 10-15 години, марихуана и лесни дроги за 5-10. Се прашувате зошто? Затоа што ем што не ни е стабилно опшеството, ем што сеуште има добар процент на луѓе од Титова школа, зошто сеуште Македонија е рај за ширење предрасуди, стереотипи, за стварање табу теми и сл. До вчера сексот беше убитачна тема, не дај Боже да почнеш тема секс, по автоматизам ти си блудница, к*рва, дро*а и сл. Сега полека-полека почнуваме да се будиме и да излегуваме од комунизмот на СФРЈ, ни требаа 10 години, да 10 години за да се сменат времињата или за да дојдат нови генерации. Така и со проституцијава, ќе ја легализираат можда но во некои други подобри времиња, кога наместо да патиме од комлекс на ВМРО, СДСМ и остали безвезе ствари сите ќе работиме на тоа опшеството да го направиме едно подобро место за живот. Он-топик: Во однос на проституцијата секогаш сум статус кво, прво затоа што неверувам дека жените кои решиле да го продаваат своето тело го прават тоа по своја волја. Секогаш има задкулисни игри, секогаш имаат добри причини, не верувам дека некоја станала рано по сабајле и додека мочала си рекла „Е ти мочкало мое мило ем драго, од вечер одиш на печалба, пари да правиш. Те чував досега, сега е време да се покажеш“. Гарант добри 98% од проститутките го прават тоа затоа што се приморани. Во оваа група ќе ги сместам кинапираните, уценуваните, малтеретираните и сл. Ние мислиме дека лесно е тоа, ќе појдеш пред МТВ, ќе дојде некој со Ауди, ќе појдете не Водно или во хотел, ќе завршите работа и ќе те искешира, а другиот ден правец на шопинг. Е вака богами ретко која проститутка функционира, имаат макроа кои земаат 80-90% од кешот што девојката/жената го заработила, а таа па од него добива заштита, од конкуренција (има стално муштерии), од клиентите (не дозволува да ја малтретираат) и сл. Ние мислиме се е розево, ја мрзело да чисти и да рмба по 8 саати, па вака полесно и е. Е ретко која од нив го работи тоа од кејф, а не зашто некој ја уценува со нејзиниот живот, или животот на нејзините најблиски, не зашто дома ја чекаат неколку гладни усти и сл. И кажав 98% се приморани, но тука постојат 2% или т.н. ВИП-проститутки, нивната цена достигнува високи цифри, се работи со по 2, а по некогаш и 3 нули и со странски девизи. Овие цури ова го прават од кејф, преку сексот со некој бизнисмен, политичар, адвокат гледаат начин како во неколку часа да заработат месечна плата, а притоа му гарантираат 100% дискреција и потполно задоволство. Овие се буквално девојки на повик, и секоја има по 2-3 клиенти, а понекогаш и само 1, нормално ако дебело ги плати. Од мое лично искуство знам неколку „модни агенции“ кај нас кои се занимаваат токму со ваков начин на проституирање, и културно љубат да ги нарекуваат деловна придружба. Ја зема, ја шета, ја плеска, плаќа 1000 евра, 500 на газдата, 500 на цурата и чича-мича-готова је прича. Секогаш е најлесно да осудуваме, секогаш е најлесно да речеме јас не, или јас никогаш.Но подобро е само да замолчиш и да посакаш никогаш да не се најдеш на нивното место.
луѓе едно прашање на темава се коментира за Hасилна или доброволна проституција ... ? одлучете се! гледам дека некои коментираат за киднапирани и присилени девојки, а јас колку што можам да видам, тука не пушува насилна проституција, туку само проституција, значи се коментира за оние х персони кои решиле доброволно да се бават со овој занает! Jас кажав и пак ќе кажам, не верувам дека некој ги осудува оние кои се присилени да го прават тоа! Tаа категорија веќе спаѓа во бело робје, според мене таа не е проститутка - таа е роб! и пак според мене, проститутка е жена која доброволно решила да се занимава со оваа тако звана професија
Чекај малце, значи бројот на жените кои доброволно се бават со проституција е многу мал, за разлика од оние во другата категорија. Јас речиси и да не сум слушнала за некоја што решила да се проституира доброволно, и тоа да го одбрала како своја професија. Но јас не сум слушнала, а тоа не значи дека нема и такви. Кажав јас сум слушнала за млади, убави, згодни девојки кои се деловна придружба на неко господин, а за возврат добива дебел кеш. Меѓутоа таа девојка не е проститутка во вистинска смисла на зборот, значи таа има еден и 2,3 клиенти и тука се завршува, не оди секој ден со различен, нема макро, туку господинот менаџер и средува работички. А во однос на оние кои ете доброволно застанеле пред МТВ, или отишле во некој бордел, стриптиз бар и сл. верувам дека не отишле чисто од кејф, или можда од нимфомански побуди секојдневно по 20 часа да се сексаат. Повторно влегуваат во игра „Зошто“ и „Затоа“, и повторно ќе испливаат на површина проблемите од приватниот живот,зошто верувам дека само 0.05% од проститутките во светот го прават тоа доброволно и затоа што ги исполнува. А кај нас земајки го во предвид опшеството верувам дека ниту една не се проституира зошто сака, туку зошто мора. И тука доаѓаме до заклучок зошто постои темава кога немаме категорија на жени за кои што би дискутирале?
Eпа како може да не е вистинска проститутка кога има сепак 2-3 клиенти? Hели го продава своето тело на нив? 2-3 пак се клиенти, пак таа им се продава, без разлика за која пара! дали за 10 денари дали за 1000е, таа пак нуди сексуални услуги во замена за пари, што автоматски ја прави проститутка! Tие манекенки што одат по хотели што имаат односи со фудбалери политичари итн( тоа што го кажа и ти) тие нели се проститутки? Mногу јасно дека никоја не отишла од кеиф да работи како стиптизета, или позади Mтв, но сепак, ве молам, има многу многу попристојни работи за да си го заработи лебот! Hе се само 0.05 што го прават тоа доброволно, повеќе се! и да секоја со различна причина- Aма сепак се се сведува заради парите! и јас сметам дека не им е од ќеиф, на ниедна девојка не и е убаво, но сепак трпи заради парите! и кога станува збор за професијава... Hема мора! Mораат само оние киднапираните и присилените девојки,а јас кажав, на нив не гледам како проститутки, тие според мене се во друга категорија, тие се за жалење, тие се нечии робови! Tука ќе ја ставам и порно индустријата! Tие нели се проститутки? Hе го продаваат своето тело за пари? го продаваат, затоа според мене и тие се дел од проституцијата! A да не почнам да ги набројувам младите девојки кои 7587348 пати шијат химен, и одат во Aрапските земји и за дебели пари 'губат невиност' едит- Jа лично имам видено како млади стриптизети илагаат од стриптиз бар, со 3 пати постари особи,окезени од 6 до 6 одат во ресоран, и на крај се знае каде! а да не набројувам па дека зимаат 1000е од вечер, тресејќи го газот на шипка! Aма малце им е! Eпа за ваквите- никаква почит, а уште помалку разбирање
епа види многу е различно кога се работи за деловна придружба....патем овие девојки работат во агенции имаат еден постојан или два па и три партнери и повеќе не менуваат...додека проститутките или оние кои кај нас стојат пред мтв може да им се деси во еден ден да имаат и по 5 или повеќе муштерии и тоа голема разлика....затоа девојките кои се деловна придружба ја не ги ставила во категорија проституција.... Порно индустријата .??не тие пак се веќе далеку од проститутки.....тие се актери кои снимаат филмови за возрасни,кои притоа и те како се легализирани
Cекоја таа што зима пари преку секс е проститутка! Kако може да биде само деловна придружничка? Kоја е разликата меѓу нејзе скапата елитна проститутка, и меѓу оние пред Mтв? апсолутно никаква! и двете ги работат истите работи! тоа ти е исто како да правиш споредба со доктор по кардиологија, и доктор за уво нос и грло! и двајцата се доктори, само во поразлична област! A за порно актерките и што ако се актерки? немаат секс за пари? имаат! за мене се' тоа е проституција Aктерки биле.. под дифолт!
па види нема да се повторувам разликите ги кажав малку погоре и тие се големи и очигледни .....еден или двајца партнери постојани,и менување по 5 различни секој ден за мене е огромнааа разлика.....не знам како за тебе е исто тоа.....а ако порно актерите се проститутки тогаш зошто се веќе одамна легализирани порно филмовите.....е во врска со ова ти предлагам да го изгледаc This girls life....многу добар филм кој мене ми ги искорна предрасудите за порно актерите
па има многу легализирани бордели- и што тие не се веќе проститутки само зашто бизнисот им е легализиран? значи ајде дрогата во Xоландија е легализирана, и тие таму што ја зимаат не се наркомани, зашто ете легализирано е Oк, секој си има различни сфаќања Kолку луѓе толку ставови
Не ги поддржувам, барем оние кои не се присилувани на тоа. Никако. Секоја има раце да работи, да заработи и да преживее. Зарем јас будала сум што работам како келнерка кога можам да се продадам и парите за кои ринтам цел месец ги добијам за една вечер? Но не, постои нешто што се вика достоинство, постои нешто што се вика човечка свест. За оние присилуваните не зборувам, ама за овие другиве немам никакво оправдување.
Она никој несака да работи проституција некако нема логика, па никоја несака да биде и келнерка, никоја несака да чисти вециња...итн итн. Јас велам, дајте им право на избор на луѓето како сакаат да прават пари, ако жена сака да го продава своето тело so be it. Исклучоци се нормално жени кои се принудени со разни финти да го работат ова од други и тогаш треба да се гонат тие луѓе кривично во секој случај. Меѓутоа со легализирање мислам дека ова драстично би се намалило бидејќи легалните бизниси што плаќаат данок ќе почнат да доминираат и пополека ќе им ги земат клиентите на овие илегалниве. Значи заклучок...иронија е што имат кампањи од типот "ти имаш право на избор" меѓутоа всушност жената нема право на избор што ќе прави со своето тело.
Тоа е заблуда. Имам спомнато на друга тема, пак ќе напишам овде, посоодветно е. Земјите каде проституцијата е легализирана имаат најголем проблем со нелегална трговија со бело робје, што подразбира киднапирање, дрогирање и принудна проституција. Ете ти ја Германија како пример, земи, читни статистики, ќе видиш дека е така. Прво место зазема во светот по трговија со бело робје. И кога една моќна земја-членка на ЕУ не може да се справи со овој проблем, Македонија демек ќе може? Во еден бордел чуваат 20 девојки кои се таму доброволно, а стотина принудени кријат во подруми во истиот. Така што, тоа дека легализацијата ќе ги реши сите проблеми не држи вода, само би се озаконил криминал. Вистина е дека оние што сами решиле да се продаваат добиваат привилегии, право на здраствена заштита, осигурување, ама на секоја таква страдаат 10 недолжни девојки. Секој има право на избор, точно, ама секој треба да научи да сноси одговорност од своите постапки при изборот. Нека прави секој како му е мило, мене не ми смета, ама па чему легализација? И еј утре прашуваат дете во школо -Што работи татко ти? -Макро Као тоа да е некоја нормална професија Некој ќе се мачи да постигнам нешто во животот, а некои доаѓаат до лесни пари на непоимлив начин па уште и законски да им биде овозможено Е во такво општество јас не сакам да живеам. И не сфаќам што има убаво во легализацијата на проституцијата. Да било тоа во ред одамна ќе се спроведело, а гледаме дека и ден денес не е прифатливо ни во една Америка- нели, татковината на современиот либерализам. Ич не ми се коментираше на ваква тема.
Од кај ти е изворов? http://en.wikipedia.org/wiki/Human_traf ... ort2010-32 Како што гледаш, скоро цела западна Европа е со зелено светло, тоа значи дека владите ги исполнуваат сите критериуми за справување со ова. Единствено ако мислиш на ова ". Approximately 85 percent of identified victims of sex trafficking originated in Europe, including 25 percent from within Germany, 20 percent from Romania, and 19 percent from Bulgaria. ", тука како што гледаш се спомнуваат и Романија и Бугарија. Никаде ја нема Холандија. Шпанија, Грција... а во врска со статистикава горе исто пишува " approximately 45 percent of identified sex trafficking victims reported that they had agreed initially to engage in prostitution." Дефиниција за sex trafficking е " “Sexual Trafficking is the recruitment, transportation (within national or across international borders),transfer, harboring, or receipt of persons for the purposes of commercial sexual exploitation. Sexual trafficking is accomplished by means of fraud, deception, threat of or use of force, abuse of a position of vulnerability, and other forms of coercion.". Види го последниот дел, пишува со сила итн, а статистикава која доаѓа од владин извор од Америка вика дека 45% рекле дека се согласиле...не го сваќам баш ова. Но сепак, баш би сакал да знам од каде ти е заклучоков дека земјите кајшто е легална проституцијата имаат најголем проблем со бело робје, бидејќи единствената статистика што ја најдов за ова не го вели тоа. Како котра одговор би навел дека ако видиш статистики за самоубиство, силување и слично (http://www.liberator.net/articles/prostitution.html) ќе приметиш дека земјите со легална проституција како Холандија и Германија имаат едни од најниските нивоа на самоубиство, силување и слично. Ова е само корелација и не значи дека легализирањето на проституцијата помогнало во ова. Меѓутоа ова праќа МНОГУ ЈАСНА ПОРАКА дека проституцијата НЕ зголемува ниво на криминал, НЕ зголемува ниво на сексуално преносливи болести и не зголемува нивоа на самоубиство. Напротив, Холандија и Германија (http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_co ... icide_rate) се на дното на листата на нивоа на убиства..
баш така...скоро гледав една емисија за бордел во австралија....каде проституцијата е легализирана....Немате појма колку е добро и колку добро се чувани и заштитени девојките...пред секој однос доктор го проверува клиентот да не е заразен од некоја болест...борделот е не со 5 туку со 55 звезди....што све немаат внатре какви не услови....
^^Германија и земјите каде проституцијата е легализирана се најчестата локација каде се пренесувани девојките од земјите кои ти ги спомена. Освен тоа, ги помеша поимите . Јас зборувам конкретно за проституцијата Ете на таа трговија со бело робје мислев, што е впрочем и темава. Можеби и погрешно се изразив, проблем со прилив на бело робје-проститутки. Еве ти еден извор, останатите статистики не ми се достапни во моментов зашто се работеше за книги и проспекти, кога ќе ги најдам на нет ќе ги постирам. http://en.wikipedia.org/wiki/Prostitution_in_Europe Внимателно прочитај, спореди и ќе согледаш дека легализацијата и не донесла некоја погодност во решавање на проблемот, единствено што овие кои доброволно работат ваква работа добиле некакви права во одредени земји, а нели тоа е најважно, хм... Не би било логично оние што не се таму своеволно да смеат да зборуваат со претставици на меѓународни НВО или отворено да си ги кажуваат проблемите. И процентот на нелегалната трговија е тешко да се одреди, најчесто е далеку поголем од официјалните бројки. Едноставно, проблемот нема да се реши туку така... Пак е криминал, пак е застапен. Нема да се искорени. Еве во Европа далеку од тоа дека е искоренето. Што ако ги легализираат борделите со цел да се превенирало од болести? Нема тоа да ја спречи уличната проституција а со тоа ниту ширењето на болестите. И разбирам донекаде ако оправданието е дека секоја жена има право на избор, залагање за борба за неказнување на индивидуална проституција, ама легализирање на организациски ланец, работнички права и т.н ми се ... Башка, негативните општествени последици кои следуваат, ако ова стане легална и рамноправна професија, со текот на времето започнува да се гледа нормално на ова и ќе поттикне многу млади девојки (особено во земја како нашата, од посиромашните) самите да се впуштаат во ова. Едноставно, негативна воспитна функција би донесол овој закон. Работите и онака се излезени од колосек, па уште ова фали. Спојлер Ете закони како на пример во Скандинавија (нели најразвиениот дел на Европа, па и на светот) може да се каже дека се прифатливи. Бордели не се дозволени, а при стандардна проституција законот ги казнува клиентите а не проститутките. И надвор од темава, кога веќе ја спомна Холандија, воопшто не ми е прикладна како пример. Земја каде е легализиран сексот со 12 годишно дете и не ја гледам како некој општествен репер. И еве уште нешто http://www.prostitutionresearch.com/laws/000022.html Не може да се каже дека нема логика во напишаново. Далеку е реалноста од шаренила.
Antilla, ама на таа Wikipedia page единствена статистика што се наведува е таа што води до следниов линк: http://news.bbc.co.uk/2/hi/6497799.stm што вели: Thailand, Japan, Israel, Belgium, the Netherlands, Germany, Italy, Turkey and the US were the most common destinations, the report said. Тука гледам и земји кајшто е легална и нелегална проституцијата. Меѓутоа логиката нели вика дека ќе одат таму кајшто има највеќе побарувачка, а обично има највеќе побарувачка таму каде што проституцијата е легална. Ако низ цел свет се забрани проституцијата, мислиш дека ќе се намали sex trafficking? Важното imo е нивото на кое се земјите за да го спречат ова а од претходниот пост виде дека Германија, Шпанија и сл. се на највисоко ниво опремени да спречуваат вакви синџири. Твоево прашање е сосема валидно и почнав да видам дали има баш истражувања на оваа тема, и најверодостојното што го најдов https://docs.google.com/viewer?a=v&q=ca ... 67UJYqpdsQ го потврдува тоа што ти го кажа, меѓутоа го вели тоа што и јас сакам да го кажам, дека, ова е само корелација и можеби има сосема трето нешто кое го предизвикува ова. Значи го имаш тој негативен ефект кој го рече ти и кој е точен, но од друга страна имаш позитивни ефекти како намалено ниво на самоубиство, силување и слично. Сега прашањето е што е подобро... Инаку ефектов што го опиша може да е како резултат поради тоа што мал е бројот на земји кајшто проституцијата е нелегална, ако проституцијата секаде би била легална скоро сигурно тој ефект би се намалил. Како што можеш да приметиш, никаде не пишува дека девојки што живеат во ГЕРМАНИЈА се примамувани од Германци да даваат проституција од Германија. Него секогаш ова доаѓа од земји каде што строго е забранета проституцијата. Би било интересно ако некоја од овие 3 земји како Русија, Бугарија, Романија би легализирале па да се види дали sex trafficking што потекнува од таму би се намалил.
Статистики имаш разни. Не можам сега да барам листи од секоја невладина организација во свет. Не мислам туку знам дека нема да се намали, ама нема да се намали ни со легализација. Па кое фајде од тоа да се легализира? Да имале чисти и средени бордели со 5 ѕвезди како што наведе некој погоре Пологично е едно општество да има други приоритети пред опременоста на јавните куќи. И која е разликата ако Русинки бидат принудувани во Русија а не во Германија? Која е подобноста? Не ги врзувам самоубиствата или силувањата по држава строго со оваа појава. Источна Европа е посттранзициско општество кое пати од сиромаштија и затоа криминалот и жртвите на криминал се во поголеми размери. Но повеќето патишта на тие жртви се знае каде водат. Едноставнo модел како германскиот или холандскиот не ми изгледаат ништо подобри од ситуацијата во понеразвиени држави. Мислам дека од Германија треба да се земаат други примери за други области, а не конкретно овој. Проституцијата останува проституција, на жалост не може да се искорени и не гледам разлика дали е во Германија или во Молдавија. Легализација до тие мерки со синдикати и не знам што, сметам дека не е потребна. Кривично гонење при класична проституција би можело да се укинe доколку не оставa последици кон трговија со бело робје, а тоа тешко дека ќе се регулира. Тoa e моето мислење, доволно зборував на темава. Ова може и да се легализира утре, јас пак ќе останам на стариот став.
Не ги осудувам но не ги ни оправдувам. Тргнувајќи од претпоставката дека тоа го прават по личен избор, сметам дека тоа си е нивна работа, но би требале да бидат запознаени барем со сите здравствени, правни и можеби други ризици кои таквата работа ги носи. Низ темава гледам доста избрзано осудување и предрасуди за таквите девојки а кое произлегува од непознавањето на нивниот животен пат, душа, менталитет и многу други работи кои допринеле до тоа. Читав книга (Мили мои студентски години мислам се викаше) вистинита исповед, се случува во денешно време односно околу 2005-2006 год. напишана од девојка французинка која се бавела со тоа доброволно од својата 18-20 година, а со цел да ги плати трошоците за студиите по странски јазик и книжевност надвор од својот роден град. Родителите финаскиски припаѓале на средниот сталеж а според незнам какви закони во Франција, право на бесплатно или драстично поефтино школување имале само студентите чии родители имаат ниски примања па нормално студирање им било начално овозможено само на сиромашните и богатите, но не и на средниот сталеж. Живеела во стан со дечкото врсник кого многу го сака, ама дечково незрел, додека она виси на предавања он си се шлае по кафичи а очекува од неа да делат кирија и за храна. Кришум, дава секс оглас на кој набргу пристигаат првите понуди, а многу од тие понуди не биле само за обичен секс туку повеќе се сведувале на исполнување на некакви детинести фантазии на луѓе кои според возраста би можеле да и бидат слободно дедо или прадедо... Како набљудувач на настаните од страна односно како читател ми навираа куп прашања па добро зошто не направила вака или онака за да го одбегне сетоа тоа? Зошто најпрвин не почекала некоја година да заработи пари да студира? Зошто не побарала стипеднија за во странство? Па нели Франција е во ЕУ? Зошто на време не го откачила дечкото? Но лесно е да се филозофира од удобноста на фотелјата а и не сме во туѓата кожа. Ама сепак мислам дека се работи за личен избор. Дали знаете дека има и такви кои си работат 8 часа нешто друго сосема чесно да речеме секретарка, тв водителка, фризерка, чистачка, продавачка, а втора смена или само за викенд се бават хонорарно со проституција?! Да не имаат завршено филмска академија тие актерки и актери? Голем број од таквите актерки се бават со проституција во форма на деловна придружба, како дополнителен хонорар. Освен тоа ситуацијата е токму обратна, некои актери и актерки кариерата ја почнале како келнерки продолжиле како порно модели а дури потоа влегле во холивудскиот шоу бизнис или станувале мис ова мис она, па после губеле титули или кариера кога се дознало а за некои во старт се знаело, да не речам уште па горди биле на работата. Патем, би било добро да разграничиме и 2 поими кои се спомнаа низ темава: проституција = сексуална услуга за пари, со еден или повеќе клиенти/-ки: плати па клати неколку минути или саати, а после ај чао, повелете наредна прилика пак. спонзоруша = љубовно-сексуална врска заснована врз финансиски вампиризам т.е. све е за пари: плаќај редовно, давај подароци, части често и ќе искачаме, вечераме ќе се сексаме, сакаме и караме додека (твојата ) финансиска криза не нè раздели. порно модел т.е. актерка = секс за пари пред камера, целта не е да се задоволи партенрот туку она што камерата односно режисерот го наумил да го прикаже. Во САД проституцијата не е легална освен во сојузната држава Невада. Доколку секс помеѓу двајца или повеќемина го снима трето лице, па макар тие што се сексаат се проститутки тогаш тоа се смета за легално снимање порно филм. Доколку партнерите самите се снимаат а при тоа едниот од нив тоа го прави за пари, тогаш се смета за проституција и не е легално.
Проституцијата во денешно време стана еден ептен широк поим... Јас не би рекла дека борбата за преживување ги тера девојките да си го продаваат телото на најнизок можен начин, туку желбата и лакомоста да се има што повеќе на што побрз начин. Не сакаат парите да ги заработат со пот и труд, туку на лесен и многу низок начин. Ја сакаат моќта на владеењето со некој друг, ја сакаат моќта на парите, ја сакаат скапата гардероба, материјалните добра и слично.. И морам да кажам дека проституцијата во денешно време зема се поголем замав. Незнам точно зошто е тоа така, ама мислам дека нашата држава не е доволно способна да го спречи тоа, или пак дотичните девојки го следат трендот од западот, ама сигурно дека тоа не го прават од чиста мира... Добро, сепак има и исклучоци. Неможам да ги разберам како не помислуваат на себе, како можат да дозволат некој трет да им го валка телото и да им го омаловажува... Дали се свесни кои се болести се носат Аман бре, па нели се осеќаат валкано? Да сумирам... Во ниеден случај не ја оправдувам проституцијата. Има милиооооон огласи, барања за работа, работни места а они се одлучиле за ова. Hell no!
Освен тие што се насила одведени, држани, присилени на ваква работа, за другите немам ни грам почит. Ни ко човечко суштество, ни ко личност, ни ко ништо. Можат слободно да рипнат од зграда, нема ни да ги спречам, ако е до мене. Па добро бре, не патат за леб, имаат колку толку за живот, за егзистеција, зошто го прават тоа?!? За повеќе пари, за да имаат за излегување, да си купуваат се од брендови, за да се фалат пред другите, за да уживаат во животот без да се мачат со чесна работа?!? Е, ми се гади од вакви. Буквално ми се гади. Не би ги ни плукнала на улица од што ми се гади. И немаат никакво оправдување, али баш никакво , за тоа што го "работат". Можат што било да работат, наместо да се продаваат за некоја нова ташна или фустан. Па каде им е достоинството, моралот, чистиот образ?!? - Го заборавиле негде узпат. Некоја имаше спомнато на почетокот од темава, дека ја има прочитано Крив правец од Дитас. И јас ја имам прочитано, и голем впечаток ми остави, не само книгата, туку и тоа што библиотекарката ми кажа дека приказнава била точна. Девојката што почна да го прави тоа за пари, уште од 16 години, и тоа бидејќи немаше пари за екскурзија или не и даваа од дома, беше фина и добра. Али џабе тоа, кога беше најголемата к*рва во градот. Излезе пред некој ден и прилогот за нашиве т.н "манекенки" што патуваат во Дубаи или каде беше, па се проституираат за пари. Ужасно! Како не им е срам да го прават тоа? Или што им викаат дома мајките, браво бе ќерко, тоа сакав да бидеш кога ќе пораснеш?
Присилено работење на ова е сосем друга работа. За нив имам симпатија. Али за проститутките што со цел памет се нафаќаат на ова - не. Да, нејзино тело, нејзина работа. Али, сакале или не, ние живееме во општество каде туѓото мислење е доста значително. И со каква совест може да се шета на улица кога сите ја знаат што прави?! Со какво лице се појавува пред родителите?! Треба да си сосем интелектуално онеспособен, психички заостанат, да ти останало само телото за да не ти текне друго средство за егзистенција. Не ја оправдувам во никој случај. За да му го предадеш телото на некој, да воспоставиш сексуален физички контакт со него, треба да си емоционално приврзана за човекот, да те привлекува, едноставно да го сакаш. Какви емоции бре, со 60 годишни старци, кои пливаат во пари?! Не, не, големо НЕ за ова.