Уфф читам само за морал на темава и бла бла патетики...абре девојки ..сфатете дека девојките кои го работат тоа го работат од мнооогу причини една од тие причина е задоволството во ваквата работа и точка.Дали ни се свиѓа нас тоа или не не е нивни проблем туку наш....на луѓето на општеството. Принцесс за да имаш секс со некого воопшто не ти се потребни емоции тука грешиш....Сексот е задоволство,природен нагон,физичка потреба и воопшто не се потребни емоции за да имаш секс со некого. Ти можеш да сакаш некого и да си вљубен во него а да немаш секс со тој така??Епа исто е и во овој случај....можеш да имаш секс со некој од задоволство,нагони,возбуда...а да немаш емоции кон него.Психологија бе луѓе...таму убаво пишува што е емоција,што е чувство а што е нагон и краткотрајно задоволство. Да се навратам на темава...не ги мразам девојките кои го работат тоа...не ми се гнасни...а не ги ни сакам или обожавам ..едноставно го почитувам правото на секој човек да одбере што ќе работи .....единствено ми се гнаси од овие нашиве шо стојат пред мтв зашто навистина се гнасни.... Али ја мислам дека ќе дојде време и ке се легализира проституцијата и работите ќе се сменат на многу подобро.Така да не се траскам у гради дека смртно ги мразам туку едноставно го почитувам изборот на професија што го одбрале...кој Во цела Австралија...Германија и уште мноогу други земји е одамна легализиран и нормално работите се подобрени....
Драга Сањичка, незнам каква си, незнам каков ти е карактерот и незнам за твои искуства. АМА треба една раб да знаеш а тоа е дека сите сме различни.... Ја неможам да се замислам да имам односи со некој за кого немам чуства... Не нагони, па и у лудило да ме донесат нема да легнам со некој за кој немам чуства , само за да не би ме фатила кризата .... Заеби ти психологија и такви ствари... Еден куп контрадикторности ке ти најдам. Зашто секој е различен на свој начин. И јас тврдам дека има и такви ко мене за кои за еден секс да падне мора да има присуство на чуства .
абе види не можеш да речеш заеби психологија...зашто еве пример чувство е љубовта а љубовта е нешто што во животот не се доживува 5 пати..пази не зборам за заљубување туку за љубов за она вистинското сакање и тоа се две различни работи.А нагонот за секс односно сексуалната возбуда можеш да ја доживееш и да ја осетиш само во еден ден 5 пати така да .... Во право си сите сме различни секој ги доживува работите на свој начин...НО сексот не е љубов а љубовта не е секс.....сексот си е секс...потреба,задоволство,нагон....љубовта ти е чувство...длабоко,долготрајно има драга многу разлики.Пр.нормална девојка од 25 години..не е во врска и не сака никого...но има потреба од секс..зашто тоа е природно сосема нормално....и се укажува добра шанса да има секс со некој згоден дечко кон кого не осеќа љубов т.е нема чувства...НО и се допаѓа и физички и психички т.е има емоции....него да не бегам многу од темава муабетот ми е дека...нормално дека секој ги доживува работите на свој начин..но еве доказ се проститутките кои и те како имаат секс без чувства...и што е најчудно за нас а најнормално за нив...секаде во земјите каде проституцијата е легална и каде девојките работат во и те како елитни јавни куќи ..скоро секоја од нив има дечко или е во некаква врска.....веруивале или не
Проституцијата ти е еден од најстарите занаети во светот. Постоел, постои и ќе постои и понатаму. Тогаш зошто да не се легализира? Во тој случај девојките кои би ја избрале оваа професија, би биле редовно испитувано, здравствено, и би се намалил ризикот од пренесување некоја сексуална болест. Залудно е да им се држи лекции од типот на зошто го одбрале тоа да го работат, и други лекции за достоинство и морал. Тоа е нивен личен избор, и никој не би можел да влијае врз нивната одлука. Нивно тело, нивна сопственост, нивно гледиште за животот. Е сега, доколку станува збор за Македонија, знаејќи како стојат работите во државава, хм, би кажала нешто друго. Мое мислење е дека би се зголемил бројот на изневерувања. Можеби е глупа логика, но видете. Во тој случај девојките би биле убави, секси и пред сѐ здрави! Дечкото ќе може за една вечер да си задоволи потреба, онака да си се издува со нешто ново. И бидејќи ќе е нешто ново, ќе се мрднат нашите! Како мечки на мед! Мала држава сме, можно е да настане хаос и сѐ да се сврти наопаку. А од друга страна, барем ќе ги снема тие од пред МТВ, и таквите како нив, кои само шират сексуално преносливи болести на сите страни. Реално е дека постои ова, и ќе постои и сите сме свесни за тоа. Зошто да не се воведе барем некаков ред? Интересна тема за дискусија, сум за легализирање, но во Македонија како би се одбивале работите, не знам, на моменти сум и за и не кога се работи за кај нас.
Сосема си во право за се...но не верувам дека би се зголемиле изневерувањата...тие и те како ги има во голем број....е сега ова пак ме поттикна да размислам за нешто друго....мажите и онака веќе собираат девојки од пред мтв вака бар ќе имаат секс со девојки кои се здрави и нема да ни пренесат и нам некоја болест...а и за мене болје е да има секс со некоја која нема да ја види повеќе или ќе ја види можда уште двапати него ли со некоја моја..пријателка,другарка,колешка или некоја која ја познавам чисто само пример давам....вака бар ќе знам маж ми отишол кај проститутка ок нека оди нека си напраи ќеиф човекот една вечер бар ќе знам дека ќе нема заљубување,романтики,патетики,и триста глупости
А ти sweeti 21 нешто имааш грижа на совест или си во план да го направиш ова па затоаа прашуваш ти треба некоја поддршка за да се убедиш себеси или? Секогаш кога прашуваме за себе работи што ги правиме се со цел да видиме како ке реагира околината приказнта ја кажуваме во 3-то лице или дека на некоја демек другарка и се случила.
Срцка тоа таткоти ти го вели така оти му е страв да му ја ебат керката како тој што ебел порано а иначе ти најдиси некој кога ќе мислиш дека треба и и изебисе со него и ако не бива скарајсе со него и омажисе со кој ти одговара бракот ако си девица немој да мислиш дека е мед и млеко и вака и така ако земиш кретен ке немаш никакво право во неговата куќа вака барем ке знаеш дека си видела си пробала а не си се заебала со првиот а и ако си добра во кревет никој не е будала да се разведе од тебе така да не се секирај ебисе сигурно и со мера за да не забегаш кога ке откриеш колку е убав сексот и остајго таткоти на страна оти ако продолжиш вака ке останеш и стара мома.
Ќе ме прашал со кого сум ја изгубила невиноста и како. Оф мори мајко. Фала богу ми помина тинејџерството а со тоа и ваквите размислувања. И машките. Прашуваат тинејџери, а над 20 години драга тоа не се прашува. Нормално дека некогаш уз муабет ќе падне таа тема со партнерот, ама стриктно да ме праша тоа, и тоа со тон како да е нешто посебно важно и решавачко за него? НЕ. Девојче, имаш 16 години и лупаш глупости. Убаво тоа што од дома ти зборуваат за вакви работи, ама дека некој нема да ме почитува ако не сум невина, се лажиш. Иако мислам дека зборуваш за проституцијата, мислењево гарант го имаш и за невиноста. Така да, еден ден ќе сфатиш дека не е така. И тие мажи кои не би ја поштовале жената затоа што не ја изгубиле невиноста со него, нема ни да ја земаат за жена. Или ако ја земаат, не ја заслужува. Инаку, да се надоврзам пак на темава. За тие што ја имаат прочитано Клетници од Виктор Иго. Имаше еден дел од книгата, каде мајката ќе почне да се проститура за да си го спаси чедото. Па после тоа ги продаде забите, косата... Така нешто беше, одамна ја имам прочитано, и е една од најдобрите книги. Е тогаш кога ја читав, верувајте толку бев воодушевена од неа, и од тоа на што сѐ е спремна една мајка да направи за своето дете. И оправдав. Таа за мене беше херој. Не мислеше дали е чесно и достоинствено тоа што го прави, не мислеше колку валкано ќе се почувствува после тоа, се жртвуваше и мислеше само на своето дете. Темава е сосема друга, само сакав да пишам мислење за тоа.
За тебе тие што прибираат од пред МТВ мажи се? Ухуху Добро, секојa ималa различна претстава. Секој има различна целна група. Meне да ме заменува некој дури е со мене макар и на кратко со нешто како што е проститутка, би се запрашала што не е во ред со мене зашто очигледно би била со некој физички и интелектуално да не кажам каков . Јас немам што да барам со некој што бил приморан она што не можел да го добива да го бара од улични 'работнички'
Сите ги зборите тие пред мтв и ги осудувате, а не ви текнало колку проститутки и онака се шетаат низ градов Не би да ги оправдувам ниту да ги судам, секој сам си избира со што ќе се занимава, ама неможе да знаеме со какви проблеми се соочуваат тие жени и дали некој присилно ги проституира, па и од тоа не е толку лесно и едноставно да ги покажуваме со прст. Да не зборам па за девојките кои се жртви на трговијата со луѓе, тоа е страшно, и како сега јас да ја осудам таа девојка кога неможам ни да си замислам низ што поминува. Сигурно и на нив не им е лесно, да има и други начини да заработат но што им се врти во главата неможе да знаеме. Мене повеќе ме загржуваат младиве девојки низ град, кои се ем убави ем згодни ем се е*ат за пари. Тоа не е ли проституција? И ќе каже некој дека немаат шо друго да работат или дека неможат да егзистенцираат па мора на тој начин да заработат пари??? Ова станува се поголем тренд за жал. Се понижуваат самите, а се способни да седнат да учат и да работат, ама го избираат полесниот пат. Остај шо е одвратно, којзнае какви болести можат да фатат. Насекаде околу нас има проституција, насекаде.
постои ДОБРОВОЛНА проституција, и простутуција ПОД ПРИСИЛА иако се наогам т.е. наогаме во тешка финансиска краза НИКОГАШ не сум помислила на тој најстар занает на светов, па незнам што да стане(ако треба и јавни тоалети ке бришам) имам образование, мозок, паметна сум и таа опција ја исклучувам од прва под присила-киднапирање, уценување, закани(не дај боже ппп скраја да е) ептен ако би морала оти секакви монструми постојат на светов(и работодавци кои ги искористуваат своите вработени за сексуални услуги) а спас од нив е една пријава, или тужба(не дај боже да се најдам во ваква ситуација)и прашање е ДАЛИ и тогаш ке се спасиш од нив
Честопати тие и работат нешто сосема друго за егзистенција. Проституцијата им доаѓа како дополнителен хонорар за да можат лаптоп да си купат или појдат на зимување, летување... Во книгата што ја спомнав Mes cheres etudes - Моите драги студии(игра на зборови, воедно значи и Мои скапи студии) студентката Лаура легално работи во некоја фирма паралелно со факултетот, но заработката одвај и ги покрива основните трошоци за сметки и станарина. Се проституира за време на викенд за да ја покрие школарината и да може да се прехрани. Тоа е пат по кој за жал многумина млади тргнаа во Франција која генерално земено иако е земја со повисок стандард, не нуди праведни можности за образование секому. Не ги оправдувам тие работи , но не можам некому ни да судам за тоа, зборот ми беше дека има многу млади девојки кои не се проституираат затоа што се мрзливи, туку дека имаат и други лични причини.
Значи апсолутно ни под разно велам НЕ за проституцијата.Исто не сум за легализирање на проституцијата,впрочем тогаш им даваме отворени раце на македонските курви.И имам една замерка до поединци овде.Зошто сите негативно искоментиравте на постот на Даниела.?Дека нејзините родители јасно ја учат дека македонските педерчиња не се за верување?И со каков вокабулар и одговоривте на нејзините постови,а овде зборуваме за проституција,не ми е јасно.Мислам дека секој си има право на сопствено мислење,а ако мислењето на Даниела е да биде невина,тоа е нејзино право и искрено таа би требало да се гордее со тоа,зашто и невиноста е впрочем најважната работа во ѓивотот на една девојка,со која таа пристапува кон сексуланните односи.Мислам дека менталитетот не е тој кој толку ги поместил границите на разлислување,туку дека сопствените акти и погрешни размислувања не водат до пропаст.Страшно.
зашто и невиноста е впрочем најважната работа во ѓивотот на една девојка ова ти навистина сериозно го мислиш.....??Ако невиноста е впрочем најважната работа во животот на една девојка тогаш да со ваквите размислувања одиме директно во пропаст!Прво ова е форум и нормално дека овде ќе зборуваме и за проституција и за многу потешки теми од истата.Со легализирање нема да им дадеме отворени раце на македонските како ти ги нарекуваш курви туку истите ќе ги заштитиме од многу болести,убиства итн итн.Впрочем овие и не би ги нарекла курви туку проститутки или сексуални работнички.
Проституција? HELL NO! Ако си во тешка финансиска состојба,вработи се на некое поарно место а не да се продаваш себеси на улиците. Подобро у некоја кафана ко келнерка би работела отколку да бидам проститутка и да се нудам себеси за малку пари. Се гнасам од ваквите жени т.е девојки кои се е*ат со кој ќе стигнат на улица за пари. Незнам ама оваа таканаречена "професија" треба да се истреба од светов. Проститутките треба да најдат поарна работа за да го заработат својот леб. Море и неверувам дека проститутките ги трошат тие пари на леб, ги трошат на цигари и алкохол.
ООО леле,многу е дискутабилна ова тема. Секоја приказна си има две страни.Едната која ние од страна ја гледаме и другата која ја доживуваат и преживуваат носителите на дејството. Да се изјаснам уште од старт-не ја оправдувам ова „професија“. За леб секој може поштено да спечали.Леб сув и сол,ама со чест и без срам изнесен на масата пред децата. Е сега што да кажам за оние души кои мрзнат чекајќи „муштерии“додека нивните мажи ги чуваат -гледаат од страна?Виновна ли е таа што ете мажот ја тера да се простиуира за да има он за алкохол?Виновна ли е девојката која очувот ја „продава“без знаење на мајката? Свеста треба да се подигне кај жените кои се на ова општествено скалило.И општеството треба да поведе сметка за нив,а не ќе ги приведат една ноќ во притвор,им отвараат досие и утре се пак на улица.И што постигнале,нови статистички податоци? Туку,овие по улиците веќе се бележени,а што станува со овие ,така да ги кажам ,„полуксузните“ескорд девојки? Е туку човек може и тоа како да наседне.Едно другарче на мм , запознал една цура ,пијачка-муабет,таму ваму,ипосле „онаа работа“му побарала да си плати за услугата.Овој поим немал во што се вплеткал,додека да се разбере со неа ,на вратата му затропале 2 горила.Абе бруки,човекот 1 месец во јавност не излегуваше после тоа. Така да...внимавајте со кои се дружите
Ова е форум. Секој има право да го искаже своето мислење. Јас не би се согласила дека невиноста е најважна. Според мене е една од најважните, но не и најважна. Најважна е ЧЕСТА. Спојлер Во склоп со темата и најважната работа во животот честа ( според мене, секако, некој друг си има друго мислење ) , не е исто да е некоја девојка силувана или тоа да го прави поради тоа што ја принудил животот , а некоја сама на себеси да си дозволила секоја вечер да се ***** со различен. ) Are you kidding me? Стара мома. Тоа сто посто. Потпишувам. Со мера... ахам. За ова можеби ... А за Клетници, во споилер над ова мислење.
Не можев да го редактирам мислењето... Ама ова на Anaigor морав ова да го искоментирам ... Are you kidding me? Стара мома. Тоа сто посто. Потпишувам. Со мера... ахам. За ова можеби ... А за Клетници, во споилер над ова мислење.
Каде бе, во ваква нискобуџетна, неразвиена, уназадна држава очекувате легализација на проституција? Тие што се пред мтв, што се работат за 500 денари све комплет, голем процент ‘провизија‘ им зема само макрото, а замислете уште данок да требаат да плаќаат. И со фискални сметки да се занимаваат. У стилот на Кили - Ма немој да ме је*еш. Тука сеуште се работи на црно, и поштена работа, у стил на занаетчиство и слично, а па да се легализира ку*вештилакот. Никако. Како што напоменав, најчесто овој занает е присилен. Лажат млади девојчиња, им ветуваат светла кариера, а не само што не добиваат кариера, туку и ни светлина не гледаат. Ги носат по мали места, во квази барови, и рмбаат на велико. Ретко кој се вади од такви срања. Да не напоменувам, дека тоа е све организиран криминал, под водство на угледни луѓе кои често ги гледаме по телевизии и ги слушаме на радио. Па така да, многу малку случаеви излегуваат на виделина. Греота е, навистина ги жалам девојките, кои против своја волја, дрогирани, замаени, на крајот се помируваат со својата судбина прифаќајќи ја таа професија. За жал. Сега, секако дека постојат и девојки за забава, во поразвиените земји, каде што тие навистина гледаат и светлина и градат проститутска кариера, а и си плаќаат данок. Не ги осудувам ни тие. Ја одбрале најлесната професија на светот. Им се сака, си можат, не се жалат. Мора да има и такво нешто. Нели, во разновиден свет живееме.
За тие кои наивно и игнорантски одговараат дека треба да се легализира можам да им кажам: Како би било да имате ќерки и да се „вработат“ во тој „сектор“? (еј мамо ко ќе пораснам сакам да сум проститутка). На пример одите да го посетите, незнаејки, работното место на ќерка ви и слушате муабет како треба да пробаат некоја нова која е посебна во својот „занает“.. Како би било пример сестрите ваши да бидат вработени во таа тнр. индустрија, така што секој еден клошар што го познавате ќе има шанса интимно да ја запознае и да ви ги прераскажува нејзините искуства. Јас незнам како может да постоет такви загорени низаедни типој. Срамој.. Поим немате што значи да се „легализира проституција“ во сиромашно општество. П.С. Само се чудам каде се девојките и жените од овој форум да реагираат на глупавите размислувања. П.П.С. Ајде да ги легализираме кражбата и убиството бидејки не можат да се спречат.