1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Јас живеам во метропола каде што феминизмот е традиција на доста завидно ниво и е веке навлезен длабоко во порите на секојдневниот политички и социјален живот.
    Се работи за град кој по сите параметри е еден од водечките во светот по бројот на сингл-жени.

    Тука и во слични градови во светот машката проституција е многу застапена со онлајн дејтинг сајтовите и веке е практика.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.426
    Допаѓања:
    165.313
    Пол:
    Женски
    Проституција.
    Низ годините реално ми се менуваше мислењето драстично на прашањето. Темава е огромна, па не знам од кај да почнам. Ама ете, прво ќе почнам од тоа дали сите доброволно и своеволно нудат сексуални услуги? Да бидиме реални има проститутки и проститутки. Едните се принудени или така воспитани, па не знаат друга опција, а другите свесно и за свои желби и потреби го прават истото. Е сега зошто ги осудуваме? Зошто нудат сексуални услуги за пари? Сепак, секоја жена има право врз своето тело, и сите го велиме и тоа, ама тие пари се пречка за баш во овај случај да ги осудиме таквите жени?
    А зошто не се осудат мажите кои одат со тие жени? Можеби дел од нив се и венчани. Зошто ја осудуваме провокацијата, а не го осудуваме тој кој подлегнал врз истата?
    Се обидувам да не се загинам во сопствените зборови зошто секогаш на големи теми сум малку хаотична, па ќе се обидам да бидам уште пократка.
    Мое мислење е дека секој има право да прави што сака со своето тело, дури и ако смета дека сексуалните активности да бидат сметани како услуги и да бидат наплатени. Ама тука е таа група кое своеволно го сака ова, не таа која е принудена на проституција или воспитана така од мали нозе. И најбитно, здравјето. Убаво е да има место каде мажите и жените кои нудат сексуални услуги ќе бидат проверени за своето здравје и некој ќе се грижи за нивното здравје, а не да бидат деградирани и на нив буквално да се гледа како на кукли. Знам дека ќе речите дека веројатно тоа тие и се, ама пред се тие се луѓе, а повеќето и се пораснати под тоа светло - ги учат еден ден да станат тоа. Па кога некој е учен од мал да нуди сексуални услуги, мислам дека некој мора да се грижи и за нивното здравје, а не по година дена да закачат некои инфекции и да си го загрозат сопствениот живот.
    Накратко, ни ги осудувам, ни ги поддржувам, но кога веќе има (а колку и да ги осудуваме, колку и да ги негираме, тие ќе постојат зошто тоа не е нова „професија“) човечки е да се грижиме за нивното здравје и за здравјето на нивните муштерии.
     
    На dayla, dahlia_desire, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Проституција е нели имање секс при што добива за возврат пари , контра- услуга , вработување , поклони и сл.
    Но што е со овие што се омажиле само за странство да заминат ( иако својот маж го запознале неколку дена ) , они само имаат интерес да се омажат странство и тоа е тоа , ваквите во која категорија спагаат ?
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    А оние што се мажат со богат мислејќи дека се обезбедиле за цел живот?
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас дојдов да зборуваме за проституција
    Легализација, декриминализација, или ни едното?
    Што значи еднакви права за сексуалните работнички? Дали значи да се бориме само да е признаена проституцијата како професија, или да се бориме и за еднакви можности за оние кои што сакаат да ја напуштат професијата.
    Деновиве влегов во многу, многу дискусии на оваа тема, и глобалниот заклучок ми е дека постојат премногу луѓе што го игнорираат фактот дека не секој што е во проституција сака да биде во проституција, а и кон самото прашање за легализацијата се пристапува со "Од кога легализираа дрога/алкохол има помалку случаи на злоупотреба на тие супстанци". Да, ама човечкото тело не е ни дрога, ни алкохол. Истите тие феминисти, што го користат овој аргумент за легализирање на проституцијата прават чиста објектификација на човечкото суштество што е на другата страна од таа трансакција. Алкохолот и другата немаат ниту чувства, ниту мислење, ама тоа суштество што го споредуваат со дрога и алкохол и те како има.
    Истражувања за легализација и декриминализација во одредени американски држави покажале дека иако се зголемил волуменот на индустријата, се намалил бројот на пријавени силувања од сексуални работнички. Од друга страна, детално психолошко истражување во Нов Зеланд покажало дека нема подобрувања од психолошка гледна точка после легализација на проституцијата.
    Истражувањето и статистиката во Канада викаат дека 9 од 10 жени би ја напуштиле индустријата кога би имале избор.
    53117918_2073009856069784_326430347858280448_n.jpg
    За мене ова е многу комплексна тема. Премногу се звборува за легализација на проституцијата во денешно време, а премалку за оние жени кои би ја напуштиле индустријата. Како сите да мислат само на бизнис, и политички ја користат ситуацијата и паролата "секој има право на избор", што ги туркаат погледите за жените во проституција кон тоа дека "им дале право на избор", а не дека им дале можност да ја напуштат индустријата без последици. Следејќи ги дискусиите на темава по неколку феминистички групи, сфатив дека некои луѓе не сакаат да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат жените во проституцијата, туку секој обид да се спомене дека постојат ќени кои би ја напуштиле професијата завршува со "не го почитуваш правото на избор, некои жени го избрале тоа и се сосема среќни". Да, ама што е со тие што не избрале? Дали застранивме до толку да целата кампања за било што е само "Секој има право на избор", па се вртиме на секое насилство пред нашите очи? Нели главната дефиниција за сексизам беше "Им се случува ли и на мажи?" Не можам да игнорирам колку сексистичка е целата индустрија и да ги заборавам тие 90% жени што би сакале да ја напуштат за да кажам "Секој има право на избор" на тие 10% што така избрале. Ако морам да бирам помеѓу двете - би избрала да можам на тие 90% што сакаат да излезат да им понудам безбедно напуштање на проституцијата и можност да си обезбедат нормален живот понатаму.
    53121298_2265127333810364_720968474620329984_n.jpg 53022126_2662829743743681_7488847574514794496_n.jpg
    Се зазборев, ама ме мачи мислава деновиве. Нормално, не знам доволно, не сум сезнајна и ме мачи тоа што не можам да кажам дефинитивен став. Мислев дека легализирање "is the way to go", ама тогаш сфатив дека ниту јас не сум мислела на оние жени на кои што легализирањето им е само тапшање по рамо во стил "знам дека не сакаш да го правиш ова, ама барем е легално". Знам дека на форумот има паметни жени, и би сакала да продискутираме за ова. :l:
     
    На Bezimenka90, LivingGlam, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Еве одличен TedX talk од сексуална работничка на оваа тема. И додека најубаво објаснува кој правен модел најубаво им одговара на сексуалните работнички, сеедно, пак признава дека целата индустрија се базира на полова нееднаквост. Ама само таа ли е? Колку индустрии се базираат на полова неекнаквост?
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Не почитувам/поддржувам проституција нити па луѓето што се занимаваат со тоа.
    Човек кој може да си одреди сам на себе цена е човек што не се почитува себеси.
    Гадни ми се таквите жени искрено.
    Немам работа/ не можам да најдам/ не ми се работи и ај ќе се продавам на секакви за да преживеам..
    Подобро ќе рибам ВЦ школки.
     
    На Indiegurl, piglet1, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Не поддржувам проституција ама имам разбирање кон одреден дел од оние што го избрале патов.Прво, зборам за тие што би рекла дека се од најниско ниво, зашто најчесто доаѓаат од многу лоша општествена положба, често од дисфункционални семејства и претпоставувам дека ова им е последна сламка за која што се фаќаат во борба да преживеат.Лесно е да се каже, ќе работам било што ама проститука не, сѐ додека не си им во кожа.Сигурна сум дека не уживаат во ситуацијата во која се и радо би изглегле од нејзе, зашто воедно се изложени и на многу опасности и не се воопшто безбедни, ама немаат поддршка.

    Е сега за оние на "повисоко ниво" што културно ги викаме старлети и сл. никако не можам да изразам жалење и разбирање.Зашто имаат избор, можат да направат промена, ама сепак одлучуваат да уживаат во толку деградирачки начин на живот.

    И општо, не ми се допаѓа охрабрувањето на проституцијата што толку често го гледам во последно време како дел од феминистичките движења.
    Потсвесно се наметнува мислењето дека проституцијата е само право на избор и е океј, како и секоја друга професија.Наместо да се охрабруваме да бидеме поуспешни, амбициозни, ние ќе се поттикнуваме да ја земаме предвид и проституцијата како опција. |(
     
    На candy.cane, edna_malecka, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Морам да ти ,,исконтрирам” малку на мислењево.
    Ако веќе некој гледа во проституција последна сламка ондак не се вреднува себеси според мене.
    Не мора сите да се доктори на науки, адвокати и со факултетски дипломи.Има и други професии кои не бараат посебни способности и од кои може да се заработи за леб.
    Не знам дали е до мене, али мене ми е помалце срамно да работам како хигиеничарка, чистачка или ѓубретарка и така да заработам него да просам пример или да имам односи за пари.
    Па тоа е најлесно, оп легнуваш цело време со различни луѓе, ем си задоволна сексуално ем пари лапаш.
    Не знам зашто ти личи дека е тешко да си во нивна кожа.
    А верувам дека бар секоја втора таква ,,работничка” е свесна дека се излага на секаков ризик.
    Дали да добие СПБ, дали да биде искористена дали да биде измалтретирана.
    Ако веќе се решени да се продаваат за пари и да си стаат етикета со цена не верувам дека кузнае колку се замараат да не им се деси нешто.
    Пошто они да си го ценеле телото и себеси немало да го прават тоа.
    И они како и старлетите имаат избор.Толку вида работни места има у светов, до тоа ли им е доено?
    Може им е полесно 40мин да поминат со некој морон за одредена сума пари него тие 40минути да ги одработат на друг начин.
    Ја не ги жалам ни едните ни другите.Ги жалам само оние кои се принудени на проституција.Од типот на киднапирани девојчиња/девојки од страна на гадови кои ќе ги чуваат и продаваат како секс играчки.
     
    На Nightwish11, *Amethyst*, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Секако, нема ништо срамно во чистачка, ама колку пари се заработуваат така?Има проститутки кои не заработуваат само за нив, често треба да нахранат и повеќе луѓе.Не ги бранам, ама ако достигнале до дното разбирам зошто би избрале простуција, зашто веќе на тоа ниво не им е ни гајле за почит и достоинство, гледаат само да не останат без леб.А како чистачка парите кои ќе ги заработи воопшто не би биле доволни за еден човек, камо ли за повеќе.
    Место да идеме на залагање на легализација, повеќе би навивала да се оди на тоа да им се даде можност да избегаат од тоа.Зашто плус и голем дел од нив биле принудени и од страна на други луѓе.
    А дека се задоволни, не би рекла.Замисли да ти доаѓаат секакви луѓе, од некои би ти се згадило, со тебе се понашаат како отпадок, некои ти бараат работи кои инаку не би ги правела, не знаеш дали ќе налеташ на некаков насилник...пак од страна се чини лесно, ама верувам дека не им е баш.
     
    На candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Па не знам како идат цените искрено на сексуалните услуги, али еве ако споредуваме веќе конкретно хигиеничарка и проститутка, има хигиеничарки кои зимаат доста добри плати ако работат на некое појако место.
    Уште помизерно ако треба уште некој да издржаваат со тие пари..
    Ја не би јадела леб од мајка ми/ќерка ми/сестра ми/другарка ми знаејќи дека никако не се потрудила да го спечали тој леб .Пошто сексот е потреба на секој од нас.Сите можеме да легнеме со некој во кревет, тоа е најмал проблем.
    Нека идат да чистат улици на +40 да ги видам.
    Нејсе.
    Не ги оправдувам никако.Не е последна опција да се продадеш себеси, па колку год и да ти е тежок и распаднат животот.
    У животот за успех прво треба м*да да ме извиниш вака, па све друго за успех.Најлесно е да кажеш дека не можеш и да се откажеш и да одиш по полесниот пат.
    Затоа и цел живот ќе бидат потценувани и третирани лошо, за жал.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Они не гледаат на тоа така како што ти гледаш, а и доста добро заработуваат плус на лесен начин.

    Не зборувам за проститутките зад мтв, иако и они заработуваат многу поголема дневница од било која друга работа да ја работат во Мк.
    Зборувам за проститутки каде што е легална проституцијата, или овие сега што се елитниве проститутки т.н. старлета, они заработуваат баш добри суми на пари што ни на крај памет не би им текнало да сменат професија.

    Што се мене тиче доколку е по свој избор слободно нека си го продава телото за да заработи, и многу подобро би било и кај нас кога би била легална проституцијата, така бар нема да се шират СПБ, а ќе бидат и заштитени со закон. Вака често се малтретирани а немаат каде да се обратат за помош.
     
    На daylight и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Сите што плукате и омаловажувате проститутки, треба ли да ве потсетам дека сите во суштина сме проститутки ако работиме за некој друг, само продаваме различни делови од себе. Тие продаваат полови органи, некој друг си ги продава рацете за рибање, трет си го продава мозокот. Кој како решил и како се осеќа најудобно.

    Некој ќе рече има разлика меѓу ова и продавање сексуални услуги. Стварно? Е што е разликата? Јас ќе ви кажам. Фактот што сексот е табу, никој не сака да збори за него и сите се преправаме ко да не постои. А тоа е така благодарение баш на патријархатот и неговата аверзија према секс пред брак и сексуалното ослободување на жените.

    Токму затоа и жените што се принудени на ова од финансиски причини, се принудени, баш бидејќи е табу и не сакаат да бидат асоцирани, бидејќи е срамно од општеството. А ако објективно размислиш, ако сексот не беше срамна работа, на проституцијата ќе гледавме само на уште една трансакција, и жените што се впуштаат во неа ќе бидат принудени на ист начин како што би биле принудени да рибаат подови (без дополнителниот линч од луѓето од страна).

    Што се однесува до легализацијата, смегам дека треба да се легализира и со тоа да се регулира. Секој бизнис што постои underground е отворен на самоволието на оние кои учествуваат во него. На ваков начин, со контрола и регулација, се спречуваат злоупотребите и небезбедностите, а со тоа се заштитуваат сексуалните работници, за кои нели, сите сме о толку загрижени. Ако стварно сте загрижени за нив, ќе се залагате да можат да работат во нормални услови. А ако ги плукате по форуми, едноставно работите во полза на патријархатот.
     
    На staycalm, John Snow, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Проституцијата како појава во човековото општество е скоро невозможна целосно да се елеминира бидејќи истата не зависи само од правниот систем, законодавството и статусот на (не)легализација, туку од самата човекова природа. Единствениот начин преку кој евентуално би се елиминирала проституцијата е ако истовремено претпоставиме дека и човековиот sex drive би престанал да постои, а тоа дополнително гарантира до изумирањето на човековиот род.

    Проституцијата се смета за природна појава, како што неколку научни студии сугерираат дека проституцијата не постои само во човековото општество, туку и меѓу одредени животински видови како пингвини и шимпанза, кој често е дефиниран како "трансакциски" секс, кој се извршува во замена за храна или други неопходни ресурси. На пример, Adélie пингвините користат каменчиња за да градат гнезда. Недостатокот на каменчиња ги наведувало женските Adélie пингвини да имаат сексуални односи со мажјаци кои не се нивни партнери во замена за каменчиња кои потоа ги носат кон своите гнезда.

    На идентичен начин се однесувале и луѓето во првобитните заедници каде сеуште не биле измислени парите како соодветно платежно средство, туку наместо тоа постоела т.н. размена на добра/услуги, каде сексот бил сметан за услуга која се давала во замена за друга услуга или добро, најчесто за прехранување или вдомување. Единствената разлика меѓу примитивната и модерната простутуцијата е во тоа што сексот се врши во замена за пари, наместо добро или услуга.

    Земајќи ги во предвид законите за supply and demand, агрегатната побарувачка за секс од страна на мажите е поголема во однос на вкупната понуда за секс од страна на жените. Со други зборови, кога имаме побарувачка за одреден производ/услуга (во овој случај, сексуалните услуги), слободниот пазар се преместува кон тој производ/услуга.Всушност, на овој начин вишокот на побарувачката се задоволува преку проституцијата.

    Исто така, сметам дека осудувањето на проститутките е многу лицемерно и ограничено бидејќи се земаат во предвид само оние жени кои се проститутки по сопствен избор, а притоа заборавате на жените и децата кои како жртви се принудени да бидат проститутки, особено во областа на организираниот криминал и трговијата со луѓе - факт е дека и тие претставуваат дел кои го сочинуваат концептот за проституција, меѓутоа за нив не се изразува никаква емпатија.

    Дополнително, со самото тоа што ги осудувате проститутките, всушност ги зацврстувате двојните стандарди меѓу половите во полза на патријархатот, како што човековото општество секогаш ќе ги осудува и критикува жените кои работаат како проститутки, а од друга страна не ги осудува мажите како муштерии кои плаќаат за сексуални услуги и со тоа всушност ја креираат побарувачката за тој вид на пазар.
     
    На staycalm, smooch, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Баш во полза на патријархатот е да бидеш проститука.
    Проституцијата во суштина е експлоатација на женското тело.
    Се сведуваш на парче место, средство кое чека да биде искористено.Така и си перцепирана од сите бидејќи сама се ставаш во таа улога.

    И не можеш да ја сведеш на исто ниво со останатите професии.Ова никако не можам да го сфатам сериозно, да бидат на исто ниво жена која што труд и пот вложила да успее во нешто во општествово и проститука која си го вложува телото?

    Сѐ е сопствен избор на патот кон успех ако гледаме од таа перспектива, тука вклучувајќи и да крадеш, да уценуваш, да легнеш со шефот, ама не значи и дека секој од тие е за оправдување и охрабрување.

    И многу од една розева страна ги гледаш работите, додека забораваш на сите гадни и нехумани работи во индустријава.Трговии со луѓе, деца, тинејџерки вовлечени во проституција, насилства, силувања....премногу негативни страни, на кои се замижува во име на она универзалното "секој нека прави што сака".
    Колкав е процентот на оние кои би останале да ја работат работава?Се кладам многу помал од оние кои сакаат да излезат од пеколот во кој се нашле.

    Реков, не ги осудувам сите, за многу имам разбирање ама никако не можам да го сварам нормализирањето.Утре ако детето ти рече дека сака да биде проститутка, ќе ѝ речеш океј е, биди што сакаш?Јас не би.
     
    Последна измена: 12 јули 2020
    На Aribeth, candy.cane и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тоа дека сексот е табу нема врска со проституција. Сексот не е табу ваќе, барем јас така мислам и патријархатот нема никакво влијание врз ова. Незнам кој уште има секс прв пат во брак?? Никој скоро.
    Од една страна сакате легализација на проституција а од друга страна ви сметаат мажи кои користат такви услуги. И сами не можете да се решите. И те молам кажими едно НЕ патријархално семејство кое сеуште опстанува. Јас сите кои ги знам се растурија за кратко време. Ова може да го разбере само некој кој е теолошки писмен. Оној кој своето тело не го почитува и не го гледа како Божји храм не е корисен за општеството, за најблиските па ниту за себе. Дојде време секаква деструкција да се промовира, и проституција и дрога и зоофилија и педофилија освен нешто што е морално или би придонело добро на општеството. И сами сме свесни во какво труло општество живееме, ништо не е средено почнувајќи од безбедност, економија и ред други работи а вие за проституција сте се фатиле.

    Јас би почнал од тоа дека луѓето треба да се учат дека не би требало да посегнуваат по проститутки и такви работи, а не дека треба да ја легализираме проституцијата. Кога образованието би било такво, би не учело да правиме нешто корисно, кога би знаеле од али што е добро а што не, никој ниту би имал потреба од проститутки, ниту тие би постоеле ниту би барал некој легализација.
     
    На ElenaOfRivendell, Feminka22 и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Она ,,со труд" е многу релативна работа. Некои би рекле дека седење во бутик по цел ден е уште полесна работа од проституција, па така аргументот е нерелевантен.

    Како што кажав, ваквите погледи за вршење сексуални услуги произлегуваат од времето кога на сексот се гледа само како на алатка за задоволување на мажите, а жените се оние што ,,даваат". Осудата на проституцијата потекнува од ист ментален склоп како и муабетите ,,леле види ја оваа колку е лесна".

    Работиве што ги наброја се пред сè неетички, а проституцијата е просто давање услуга во замена за пари. Споредбата е некоректна.

    Веќе кажав во првото мислење дека овие работи би се спречиле или, во најмала рака, намалиле ако проституцијата се легализира. Во секоја работа која ја вклучува репродуктивноста на жената (проституција, абортус, сурогатство) постојат злоупотреби, никој не го негира тоа. Во идеален свет никоја од трите наведени работи не би постоеле, тоа го знаеме сите, ама светот не е идеален и луѓето имаат потреби, за кои секогаш ќе се појават други луѓе да ги реализираат. Е сега, дали е подобро тоа да се прави, отворено, регулирано, со фискални, со јасно утврдени правила, со гонење на секој кој ќе помисли да натера на сила девојчиња да се впуштаат во тоа, или сè ова да биде нелегално, баш како што им одговара на злоупотребувачите?

    Нормално дека нема да ми е по ќеф, ама не бидејќи ја сметам проституцијата за најголем срам на векот, туку бидејќи нема простор за интелектуална надоградба во неа, впрочем исто како да ми каже дека и' е аспирација да работи како чистачка.
     
    На staycalm, Bezimenka90, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против проституција, сами си одлучуваме за начинот на заработка. Но, имам против експлоатација! Поимиве се тотално различни, не гледам зошто се споредуваат...
     
    На staycalm, Hristov, daylight и 2 други им се допаѓа ова.