Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проституција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sweetie.21, 30 јануари 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Нема поголемо понижување и себе невреднување од тоа човек да се проституира. Поголемо достоинство за човек е да проси, отколку да се проституира и да дозволува некој да му се лигави врз телото за пари.

    И, знајќи дека во ова зло се злоупотребувани жените (вклучително и девојчињата), нема поголем анти-феминизам од тоа да поддржуваш проституција.
     
    На Lola.Luna, elenaxbbg, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  2. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Поголемо достоинство е да проси?
    Не се согласувам со тебе. Нема ништо лошо во тоа да заработуваш давајќи сексуални услуги. И мажите го прават ова, не само жените!
    Додека пак, просењето (зборувам за полнолетни и способни луѓе) ми е крајно понижувачко.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Смачено им е од животот и си го бараат чарето на друго место колку да имаат за ѓеврече и јогуртче.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    38.988
    Пол:
    Женски
    Не ми го имаш цитирано првиот дел, каде што најмногу ја доловувам поентата што сакам да ја направам зошто ја осудувам(е) проституцијата.
    Ама ајде, ќе повторам. Суштината во проституцијата е претварање на телото во еден предмет кој служи само за туѓо задоволство и нема никаква врска со муабетите од типот "леле види ја оваа колку е лесна".
    Буквално, продавање на телото и интегритетот на некој кој ќе те гледа како предмет а не човек.
    Епа и секс во замена за подобра работна позиција, или секс во замена за положен предмет на факултет е еден вид проституција.Ама викаш дека се неетички, додека за пари е етички. :?:
    Не знам зошто мислиш дека легализирањето ќе направи некоја огромна промена.Пак, не мора да се почитуваат законите и повторно можат да се користат жените, малолетници, да се скршнува од законот, а проститутките да немаат моќ да се побунат затоа што се на инфериорна позиција.Ако е нешто легално, не значи дека е и регулирано, а особено во ова можат многу манипулации да се прават повторно на штета на проститутките.

    Проституцијата постоела отсекогаш, тоа е сосем точно, ама дали жените и тогаш ги имале истите можности кои ги имаат денес?Одговорот е не, опциите биле скратени, додека денес имаме право да избираме било каква професија и оправдувањето на проституција ми е само враќање кон експлоатирачка и деградирачка позиција.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Истиот аргумент бил користен од белите Американци за оправдување на робовладетелството. Дека е природно, дека црнците сами го избрале, дека тоа тие сакаат да работат, дека се среќни во нивната "професија" и дека постоело отсекогаш.
     
    На Alisa22 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Да. Просјакот, ако е вистински, можеби нема ништо материјално, ама барем си го задржува достоинството на своето тело. Моли за милост, но не дозволува да биде злоупотребен, некој да си го праи меракот злоупотребувајќи го и лигавејќи се врз неговото/нејзиното тело.

    Сум шетал низ градови каде што е легализирана проституцијата (Амстердам пример, ред лајт дистрикт). Не сум видел маж да се пентари на прозор. Можеби има некои таму жигола што жени ги изнајмуваат за роденден на другарка да и направат хаха хихи, ама да бидеме реални, тоа се ретки исклучоци. Проституцијата е зло во кое се злоупотребени жените. Тоа е трговија со жени. Ги третираат како животни, како парче месо. Ги злоупотребуваат и нивните макроа (газди). Ги снимаат, ги постираат нивните видеа кај што сакаат често и без нивно прашање (тргни ги настрана неколкуте порно ѕвезди). Многу од нив имаат и лажни идентитети. Многу од нив се зависни од алкохол или наркотици за да го издржат тој живот.
     
    На Lola.Luna, cresa-jagoda, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    654
    Пол:
    Женски
    Има и машки проститутки, не мора да значи одма дека само за жени се работи.:mm:
     
    На Dentina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Same s**t
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Аргументите за робовладетелство и проституција имаат различни позадини и поради тоа не може целосно да се споредуваат и да се доведуваат на исто ниво, бидејќи општествените конструкции секогаш можат да бидат лесно променливи по природа, додека биолошките не толку лесно. Поради тоа проституцијата постои уште од првобитните човекови заедници, додека робовладетелството денес се манифестира само во одредени држави.

    Робовладетелството претставува неприроден, општествен концепт наметнат од страна на луѓето во форма на систем каде принципи на правото на сопственост се применуваат врз луѓето. Примарната цел на робовладетелството е луѓето кои се наоѓаат на врвовите на општествената пирамида да бидат ослободени од тешка физичка работа и да ја наметнат истата врз луѓето кои се наоѓаат на дното на општествената пирамида.

    Од друга страна, проституцијата претставува природен концепт застапен кај одредени животнински видови на планетава, кој примарно се базира врз sex drive како еден од основните вродени човекови нагони кои дополнително имаат биолошки, психолошки и општествени влијанија. Примарната цел на проституцијата е да се задоволи сексуалниот нагон на луѓето, најчесто во замена за пари како соодветно платежно средство за понатамошно добивање на потребни добра, односно услуги.
     
    На FVP и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Да бе, баш вчера видов една верверичка даваше сексуални услуги, а клиентите и даваа по еден лешник :D

    Бре бре како ги везете зборовиве значи, човек стварно да си помисли дека станува збор за некој елитен бизнис :D Кажи бре слободно КУРВАЊЕ, а не тука ми реди нагони, услуги, платежно средство, добра...
     
    На cresa-jagoda, Alisa22 и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не морам повеќе да цитирам освен овој дел на почетокот. Проституцијата ја оправдувам со "првобитните заедници", исто како што го оправдувала и робовладетелството, додека за него кажуваш "денес", од денешна перспектива.
    Значи самата свесно избегнуваш да направиш реална паралела помеѓу проституцијата и робовладетелството. И робовладетелството постои од првобитни човекови заедници, само што е направен реален напор да се промени погледот прво, а потоа и законите со цел да се искорени робството и да се заштитат луѓето кои би можеле да се најдат во позиција на роб. Дека не е искоренето целосно - не е, ама дека има напори - и тоа како има.
    И проституцијата, како и ропството потекнува од позиција на моќ, и за неа е потребно прво промена на светогледот, а подоцна и на законите со цел да се искорени проституцијата и да СЕ ЗАШТИТАТ жените заглавени во неа.
    Намерно викам жените, затоа што најголем дел од личностите заглавени во проституција се жени од најниските слоеви на општеството. Кај нас се ромките, а кога излезат невладините со позитивните слики на проституцијата и "избор е, убаво ни е" нема покрај нив ни една ромка да застане и да каже колку навистина им е убаво.
    Од сите истражувања на проституцијата, најдраго ми е Шведското, што довело до фамозниот нордиски закон. Разлика од тоа истражување до истражувањата што ги гледаш секојдневно е тоа што истражувачкиот тим влегол и со месеци живеел меѓу проституираните жени, разликата е што оние најмаргинализираните добиле шанса да им се слушне гласот, наместо оние привилегираните кои не зависат од таа проституција.
    Имаш и психолози кои работат со жени кои решиле да излезат од проституција. Куп од тие жени буквално ословно ги отупуваат и исклучуваат сетилата за да можат да си ја вршат "работата". Многу од нив никогаш не си повратиле сетилото за мирис и вкус. Замисли да не можеш да видиш храна веќе никогаш, а од друга страна да имаш некој да те тапка по рамо и да ти кажува "еве, ќе ја легализираме проституцијата сега, па нема да мораш да се криеш, ќе можеш лесно да работиш".
    Јас не мислам дека проституцијата е неморална, дека е срамота да го работиш тоа, дека е подобро да просиш. Апсолутно не го мислам тоа.
    Ама апсолутно секогаш ќе бидам за забрана на платеното силување и изнаоѓање на механизми за заштита на жените и поддршка на оние кои бараат излез од проституцијата, а декриминализацијата и легализацијата не им го нудат тоа.
    Потребен е законски модел кој ќе ги заштити проститутките на сметка на барателите на сексуални услуги, наспроти сегашниот кој ги остава слободно да плаќаат за секс, а ги казнува жените за нешто што веќе им е казна.
    Зошто викам платено силување? Затоа што проституцијата буквално се сведува на купување на согласноста. Размената е согласност на секс за пари, не е секс за пари. Тука концептот на женското задоволство не е битен, нити на женскиот оргазам. Навистина не ми е јасно како можете проституцијата да ја гледате како промовирање на женската сексуалност кога во проституцијата плаќачот апсолутно не мора да води грижа дали партнерката го сака тој однос, дали ужива, дали доживеала оргазам.
    Плаќање на некоја да молчи за силување и плаќање за секс со проститутка единствено се разликува по тоа кога се извршила размената за пари, т.е. дали знаела дека ќе и платат пред да го добијат посакуваниот однос или и платиле од после.
     
    На tina2018, Bezimenka90, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    О, бич плис. Поголемо достоинство било да седнеш некаде и да бараш пари т.е. милост од скроз трети и небитни персони според тебе... сериозно?

    И феминизмот не знам зошто го замеша, али според тоа што го пишуваш на форумот веќе се знае каков конзервативец си, па нема да се обајснувам и по оваа тема. Прво, затоа што не сите членови во проституцијата се жени, второ, феминизмот е борба за сите жени.

    Проституцијата ќе ја има секогаш. Тоа што може да се направи е да се поработи на условите и заштита на сите учесници од законска гледна точка.
    Секаква морализација од страна на небитни поединци од општеството е сувишна.
     
    На staycalm, daylight, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.004
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, секоја професија е продавање на дел од твоето тело, продавање на некоја способност на твоето тело или слично. Во очите на секој работодавец ти си алатка за извршување нешто, знам дека звучи лошо ама тоа е факт. А бидејќи сексот е табу, вие одлучувате ваквите епитети да ги ставате само на сексуалните работници, иако за секој работник може да се каже истото.

    Не знам како не ја воочуваш очигледната работа тука. Трансакција што опфаќа некакви привилегии пред други луѓе е неетичка кон другите луѓе. А ако не опфаќа оштетување на некоја личност нема простор за се збори за морал и неморал, туку за бркање своја работа. Секако ова важи за проституција по свој избор за која во конкретниот пасус зборуваш ти, ова го потенцирам бидејќи осеќам дека пак ќе спомнеш злоупотреби и принудувања.

    На ова не знам ни како да одговорам. :D Исто како да кажуваш, па што ако е абортусот легализиран, пак ќе има девојки и жени што абортираат со закачалки. Размисли, подобро ли е да абортираат со закачалки или во безбедни услови, и направи си аналогија.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    1. Имаш право, не се сите жени. Еве на пример корисниците на проститутките се мажи.

    2. Поддржување на проституција е обратнопропорционално од феминизам. Феминизам значи да се подигне достоинството на жената, да и се дадат исти права, вредност и привилегии како на мажите, а не да се третира жената како стока на пазар, како парче месо за задоволување на пенисот на мажот.
     
    На cresa-jagoda, Alisa22, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    38.988
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ти ја разбирам споредбава дека секоја професија е продавање на дел од телото и е еднаква со проституцијата, не можеш туку така да ги редуцираш без никаков поширок контекст.Еве пример постои мајстор, тој си го продава својот занает, прави нешто за општо добро и корист во заедницата.
    Проституцијата од друга страна е чисто искористување, не гледам никаква позитивност која што произлегува од нејзе.

    Ти ова што го збориш вака во целина е многу апстрактно, погледни ја малку реалната ситуација на тие жени, односно онаа суровата, што не е преставена од малиот процент на проституки кои прават видеа на јутуб или пишуваат по твитер во име на некаков активизам, претставувајќи ја нивната професија како обична работа во која уживаат и треба да биде нормализирана како и секоја друга.
     
    Последна измена: 12 јули 2020
    На cresa-jagoda, Alisa22, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.004
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 Веќе ти одговорив и на двете поенти.

    1. Твоите критериуми за општо добро, за работа со интегритет, за позитивност се субјективни и очигледно издиктирани од долгогодишните патријархални доктрини. Продавање и користење услуги е појава на маркетот, без разлика дали на некој му е неморално, гадно и за презир.

    2. Не знам дали приметуваш, ама ти постојано ги спомнуваш привилегираните твитер проститутки. Додека јас еве по трет пат веќе пишувам дека суровата страна повеќе ја поддржуваш ти што сметаш дека проституцијата треба да е нелегална, и да не се знае кој пие кој плаќа, отколку јас што сметам дека треба да се контролира со соодветни правила.
     
    На staycalm, Snowflake97 и daylight им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Поголемо достоинство е да земам да си го запотам гзот и да зачистам некое вц отколку да лежам и телото да си го продавам.
     
    На cresa-jagoda, Alisa22, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на точка 2,
    Не би било поубаво место да се легализира, на тие жени да им се најде нормална работа?Поише ќе им помогнат така.
    Плус не ти се некако блиски споредбите на проститутките да кажеме со некои други професии.
    Првиве сами си ставаат тарифа колку им кошта ,,работната сила” , а другиве зависат од понудата и побарувачката за таа работна сила на пазарот.
    Бараме рамноправност на жената во сите сфери, а во 2020 сеуште постојат жени што сами на себе си ја одредуваат вредноста..
    Не можеш да кажеш дека нивното ,,занимање” е нешто благородно или wow пошто ,,не се срамат да зборат за сексот” или не се ,,патријахално воспитани”.Факт е дека сите овде од форумов можеме да легнеме со некој за пари, ама дали секоја од нас пример може да е неврохирург или компјутерски инженер?Не може.Си бара посебно знаење.
     
    На cresa-jagoda, EvAngelos, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова апсолутно не е точно. И цената на услугите при проституција се води по истите принципи на побарувачка и понуда.
     
    На daylight и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Сериозно :o
    јас мислев тоа иде вака:
    X: Колку бараш од ноќ?
    Y: 100 евра (карикирам де)
    и толку.
    Не знаев дека и во оваа ,,бранша" има побарувачка и понуда.
    Ми нема логика некако :?: