Простувањето и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од tessie, 10 октомври 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.387
    Пол:
    Женски
    Има тема за простувањето во Психологија, но ме интересираат гледиштата за истото од призма на различните религии.

    Во Христијанството, простувањето на нашите гревови кон Севишниот се заснова на нашето искрено каење за сопствените гревови и простувањето на гревовите на нашите должници.

    „Простувајте и ќе ви биде простено“, вели Исус „давајте и ќе ви се даде.“ Во молитвата Оче Наш има дел „И прости ни ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници“. Со други зборови, колку ние им простуваме на нашите должници и искрено се каеме за сопствените грешки, толку и нам ќе ни` биде простено како грешници пред Бога.

    За оваа тема многу говори и параболата (една од моите омилени) за двајцата должници.


    Добредојдени се верници од сите религии, баш би сакала да прочитам за темава од различни религиозни гледишта, а се надевам и дека ќе научам повеќе за сопствената религија од овој аспект.
     
    На eticka, Orthophill, kva и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    Најпрво мора да си опростуваме себе си, за да може да им простиме и на другите.

    Ако не си простуваме, во нас се собира гнев, бес, тага, кои може многу длабоко да се всадат и ако ги залеваме тие чувства ќе ни никне лошото, преку болести, незадоволство, или преку друга манифестација.

    Простувањето е многу битно за да ги прочистиме нашите срца, и да продолжиме со животот напред.
    Секој греши, секој може да се покае, секој има право на нова шанса.

    Но, битен момент е да не ги правиме истите грешки. Не може некој не/намерно да греши нон стоп и постојано да бара да му се прости.

    Исто така не треба да обвинуваме некого: ако си верник, прости. Зошто со сила ништо не бидува. Некои рани, повреди се толку големи на душата, што и да сакаме не можеме да простиме.
    Затоа се вели времето лечи се.
    Нешто побрзо, нешто многу покасно...
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.387
    Пол:
    Женски
    Не секој може, туку секој и греши. Секој од нас. Целиот наш живот.
    А за незалечените рани и неможноста да простиме.

    Секогаш молете се на Бога да ви даде сила да простите. Со омраза и нетрпеливост ништо не се решава. Жедта со сол не се гаси. Можеме да се тргнеме настрана од луѓето кои не сакаат да се покајат и не` повредуваат. Не мора да ги поучуваме или да им зборуваме ако тие не го ценат нашиот збор. Сепак, нели се вели „Не полагајте бисери пред свињите,да не би ги изгазиле со нозете свои,а потоа да ве растргнат и вас.“ Она што треба (христијански) е да им простиме (да се молиме да добиеме сила за да им простиме). Во спротивно, не сме помалку слепи од нив.

    Во право си, треба да си простуваме на самите себеси, но никогаш да не ја изгубиме самокритичноста и свесноста дека и ние сме грешници.
     
    На A-j-a, Betty*, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    Па и не се сложувам баш. Верувам дека постојат луѓе кои се на многу високо духовно ниво, кои не грешат.
    Имаат превисок степен на интелигенција, знаат што да прават и како да постапат за да не грешат.
    Т.е за да не прават нови лоши *карми*.

    Тоа е и патот до просветлувањето, престанок на правење карми, т.е негрешење. Во кое верувам јас, а и сите кои веруваат во реинкарнација. Реинкарнација постои додека имаш причина да се раѓаш, додека носиш карми зад себе. Кога завршуваат кармите завршува тој циклус. Значи, сите просветлени и пред просветлување битија се на многу високо ниво, и се безгрешни. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.907
    Нема безгрешни. Секој погрешил, ако не со дело, тогаш со мисла. Оти и мислите се грешни.
    Само голем човек во душата знае да прости. И да заборави и пак да даде шанса. Простено но не заборавено не постои.
    Треба да се простува на секој, ако тој покаже каење. Дури и да не покаже, треба ние да најдеме причина за неговоте грешно дејствие и да му простиме. „Татко, прости им, не знаат што прават“
    Инатот и лутењата се гревови. АКо немаш срце да простиш, никој нема ни да ти прости. „Проштевај ги долговите наши како ние што им проштеваме на должниците“ или олку простувате вие толку и ке ви биде простено. Не само на земниот свет туку и од Него.
    Уште поголем грев е ако се причестиш за Прочка, ане не простиш на сеој кој побарал прошка. Кога одиш кон причесната треба повтрно да се убедуваш дека на секој мораш да му простиш. Оти непростувањето носи гнев, а гневот води кон непромислени дејанија.
    Барем така е во христијанството, а во другите религии верувам дека е слично.
     
    На Betty*, Anne15 и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.387
    Пол:
    Женски
    Нц, од Адам и Ева па натаму, сите сме грешници, некој повеќе, некој помалку.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    3.115
    Простувањето ослободува, ја расчистува енергетската блокада создадена од емоции на бес, повреденост... тоа тогаш може да се одрази и врз физичкото тело позитивно (на пр. да дојде до исцелување) или врз животниот пат на човека.

    Ако сакаме да ни се прости мораме и ние самите да бидеме подготвени да простиме но и да замолиме за прошка од оние на кои сме им нанеле неправда.
    Не верувам во можноста простувањето за неправдата која сме ја нанеле кон други, да го направи некој трет (на пр. некаков свештеник или гуру) бидејќи тоа тогаш не би било праведно. Исто така не верувам дека простувањето може да се случи преку вршење на ритуали или изговарање на некои волшебни зборови од типот на мантри и сл. Секогаш мораат засегнатите страни самите да се изјаснат и решат на тој чекор. Ако не сакаме да простиме или не сакаме да замолиме за прошка тогаш најдоцна во некој следен живот или во рамиштата на бестелесните души ќе мораме тоа да го сториме, но тоа тогаш може да биде потешко.

    Во текстов може повеќе да се прочита што вели Христос во една објава, за потребата од простувањето:

    Oprosti i moli za oproštenje


    12. Najbrže što možeš složi se s protivnikom svojim, dok si još s njim na putu, kako te protivnik tvoj ne bi predao sucu, a sudac stražaru, jer izbavit se nećeš prije no što platiš i posljednju paru. (Pogl. 25, 12)


    Krist objašnjava, ispravlja
    i produbljuje riječ:



    "Najbrže što možeš složi se s protivnikom svojim, dok si još s njim na putu" znači: ne ostavljaj grijeh koji si počinio svom bližnjem da čeka! Očisti ga što prije, jer on je još uvijek s tobom na životnom putu u zemaljskom životu. Napusti li njegova duša zemlju, tada ćeš možda morati tako dugo čekati dok se ponovno ne sretnete, kako bi ga mogao moliti za oproštenje.

    Spoznajte: "Sudac" je zakon sjetve i žetve. Ako ovaj počne djelovati, čovjek ga se neće osloboditi tako dugo dok ne plati "i posljednju paru" - dok, dakle, ne izvede na čisto sve što je prouzrokovao, a nije na vrijeme okajao.

    Stoga iskoristite šansu i molite svog bližnjeg za oproštenje i oprostite mu dok još koračate s njim ovom Zemljom i dok se grijeh još nije ukopao u dušu i postao uzrokom. Tko ne oprašta i ne moli za oproštenje, on mora snositi posljedice sve dok ne otplati "i posljednju paru".


    Složite se, dakle, što prije sa svojim bližnjim. Ako su uzroci - npr. svađa, zloba ili zavist - već uhvatili korijen u vašoj duši i ako se to dogodilo i u vašem bližnjem, o kojeg ste se ogriješili, onda vam vaš bližnji neće možda tako brzo oprostiti - čak ni onda ako ste vi svoje grijehe spoznali i okajali. Jer u njegovoj se duši možda učvrstio kompleks krivice zahvaljujući istom ili sličnom načinu razmišljanja kojeg ste vi u njemu izazvali. Svojim grešnim ponašanjem, koje ste dugo vremena pothranjivali, i on je u svojoj duši širio mržnju protiv vas - i tako je, kao i vi, stvorio široko protuzakonito energetsko polje, jedan kompleks krivice koji sada oboje morate proraditi. Do pomirenja može doći još u ovom životu na Zemlji ili tek u carstvima duša ili u novim inkarnacijama.

    Spoznajte: Prije no što čovjeka pogodi udarac sudbine on biva opomenut od Duha života, koji je također i život duše, ili od duha zaštitnika ili preko ljudi. Opomene iz duha su najtananiji osjećaji koji struje iz duše ili koje duh zaštitnik pušta da pritječu u svijet čovjekovih misli ili osjećaja. Oni opominju čovjeka da se predomisli ili da očisti ono što je prouzrokovao. Vječni Duh života i duh zaštitnik mogu također potaknuti ljude da priđu onima kojima neposredno predstoji udarac sudbine. Oni prilaze ili se obraćaju tom čovjeku i započinju razgovor koji spontano ukazuje na tu stvar. Iz toga bi se mogao prepoznati i očistiti uzrok sudbine koja se približava.

    Shvaćate li, dakle, da vječno svjetlo na razne načine opominje i upozorava - kako vašeg bližnjeg s kojim ste stvorili uzroke, tako i vas same.

    Čovjeka se na vrijeme upozorava i preko impulsa tijekom dnevnih događaja, prije no što ga kao sudbina pogodi ono što je sam prouzrokovao.

    Tko ozbiljno prihvati ova upozorenja i očisti ono što je prepoznao kao grijeh, kajući se, opraštajući, moleći za oproštenje i ponovno radeći dobro, on neće morati snositi posljedice svojih uzroka. A ako je grijeh velik, tada je moguće da će morati podnijeti jedan dio toga, ali ne i sve što je htjelo izići iz duše. Tko pak previdi i prečuje sve opomene, jer je omamljen ljudskim stvarima, taj će morati snositi uzroke koje je sam stvorio dok "i posljednja para" ne bude plaćena.

    превземно од „Беседа на Гората - Живот според законот Божји„ : http://www.universelles-leben.org/cms/h ... tenje.html
     
    На luvena и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    336


    Едноставно се си кажала. Немам потреба од коментар. :) Барем јас.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Инаку спрема православната вера, смислата и значењето на проштевањето своjа длабока теолошка димензиjа наjпрво има во разбирањето на универзалниот чин на инкарнациjа на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во евангелието на Jован 3 глава 17 стих се вели дека Бог го испратил своjот единороден Син, не да го осуди светот, туку преку Него светот да биде спасен. Ова за нас значи дека Господ Исус Христос дошол на земjата и пострадал на крст токму заради целта, преку сопствената жртва да оствари помирување на човекот со Бога и прошка на сите негови гревови. Така, преку Христовата спасителна жртва, проштевањето постанало централна Богочовечка акциjа преку коjа се остварило спасението на човечкиот род а во исто време Христовото однесување на крстот постанало идеален пример и прототип на идеално однесување за христиjаните. Кога Господ Исус Христос висел во маченичка агониjа на крстот, Он не ги проколнувал оние кои го измачувале, ниту пак барал освета или било каква казна за нив. Напротив, Он се молел за нив на Отецот Небесен и барал од Отецот да им прости бидеjќи не знаеле што прават. ( Лука 23 : 34 )

    Спасителот Господ Исус Христос за време на своjата трииполгодишна евангелска мисиjа во многу случаи го истакнувал или препорачувал проштевањето, укажуваjќи на потребата од негова универзална и безгранична примена. Така, во една прилика кога го прашале колку пати треба да му се прости на братот, сметаjќи дека треба да се прости до седум пати, Спасителот недвосмислено и jасно одговорил: "Не седум пати, туку седум по седумдесет и седум пати " (Матеj 10:22 ) Oвоj проштален принцип, Христос го применувал и афирмирал jавно многу често. Така, секогаш кога правел чудесни исцелениjа, после тоа на исцелените им велел : " Ти се простуват греовите, оди и повеќе не греши ".( Матеj 9: 2 ) Истото го направил и кога jа ослободил жената фатена во прељуба. Откако jа спасил од нападите на неjзините обвинувачи и неа и рекол :"Ти се проштеваат гревовите, оди си и повеќе не греши".( Матеj )

    Инаку потребата од постоjано проштевање, Спасителот Господ Исус Христос jа истакнал до степен на заповед во прозбата на Господната молитва " Оче Наш". Во Матеj 6 глава 12 стих се вели: " и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници " а ова прозба веднаш jа дообjаснил во 15 стих каде се вели : "ако пак не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите ". Истото ова Христос уште поjасно и подраматично го кажал преку приказната за должникот каде што на краjот рекол: "Така и Моjот Отец небесен ќе направи со вас ако секоj од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си". (Матеj 18: 35 )

    Спасителот Господ Исус Христос е многу jасен и прецизен во однос на потребата од проштевање. Од една страна проштевањето го поставува како предуслов за комуницирање и остварување блискост со Бога а од друга страна го препорачува како единствен начин за решавање на конфликтните ситуации меѓу луѓето. Спрема Христа, да бидеш исправен пред Бога значи да го применуваш она што Отецот го применува кон сите нас, односно да умееш да ги проштеваш гревовите на другите, да научиш да велиш кога некоj ќе ти згрши ти проштевам. Ова укажува на фактот дека не можеш да се сметаш себе си за добар и исправен пред Бога само ако одиш в црква, даваш дарениjа или помагаш на било каков начин а во себе поседуваш инаетски дух на непроштевање. Не можеш да изгледаш исправно од надвор ако внатре поседуваш дух на непростување. Во оваа смисла неслучаjно Господ рекол: "Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму пред жртвеникот, па отиди наjнапред помири се со брата си а потоа принеси го дарот" ( Матеj 5 :23-24 )
     
    На Betty*, hermosa, eticka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Машки
    Простувањето е најголемо човечко достигнување.
    Нема личност на која не и било нанесено зло.Сите ние на некој начин сме биле лути,огорчени,разочарани.
    Сепак ние треба да простуваме без разлика колку тешко било направеното.
    Некои луѓе не заслужуваат да им простиме,но ние со самото простување стануваме среќни и задоволни.
    Тоа го правиме за себе,а не за личноста која ни нанела зло.

    Луѓе..Простувањето не го менува минатото,но ја менува иднината. :)
     
    На A-j-a, tessie, Betty* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Во верата христијанска ни е да простуваме и да ни биде простено
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Исто-да си искрен, да ти е жал, да не се навратиш на истиот грев, да направиш некои промени за да имаш помалку шанси пак да го направиш истиот грев. Да не би направиле луѓето гревови, на кого ќе покажеше Господ милост? Иако Неговата милост зафаќа се (со цртичка).
    Да не правевме гревови, ќе сме биле ангели. Но, затоа сме најмилите кај Господ. Бидејќи со своја вољја одлучуваме дека сме грешиле и дека треба да се покаеме и да не се вратиме кај истиот грев.
     
  13. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    И да не се покае некој за тоа што ни згрешил ние пак мора да простиме за Господ и нас да ни ги прости гревовите,на тој начин ние ќе се чуствуваме среќни и исполнети.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.949
    Допаѓања:
    52.644
    Пол:
    Женски
    Бог им простува на оние што искрено ќе се покајат. И јас простувам, но само на себе не можам да си простам некои грешки. А треба...
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.