Матеј 12:31-32 Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ниту на овој век, ниту на идниот.“ Одбивањето и неприфаќањето на Божјата вистина е неопростлив грев.
страна од библијата ако сакаш јас знам за убиство,знам и за ова ,и види на страна 55 јас сум алфа и омега ,почеток и свршеток, првиот и последниот 14 блажени се оние што ги исполнуваат заповедите негови за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите 15 а надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците ,идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже Откр 1,1 за кое надвор сака да се каже во библијата ???
Во Библијата секако дека пишува за страшни гревови и се вели дека блудниците, убијците итн. нема да влезат во Царството небесно, но ако човек се покае, му се простуваат и тие гревови. Како што ти пишаа погоре, единствен неопростив грев е хулата на Светиот Дух.
според библијата има многу неопростливи гревови и мислам дека само со прочка ,без сопствено покајание ,нема царство небеско да види никој грешник а сите сме грешни
амин тоа е ако направиш грев се покаеш и не го повторуваш ,бог ке се смилува и опрости а ако ги повторуваш и пак се покаеш ама пак го повториш нема царство небеско тие се неопростиви гревови ,знаци идеме до заклуцок според библијата дека бог простува еднаш
Ај немој да извртуваш по твое тоа е исто грев. 2 Петар 3:16 Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото Писмо. Така самите ќе се уништат. Revelation 22:18-19 For I testify unto every man that heareth the words of the prophecy of this book, If any man shall add unto these things, God shall add unto him the plagues that are written in this book: 19 And if any man shall take away from the words of the book of this prophecy, God shall take away his part out of the book of life, and out of the holy city, and from the things which are written in this book.
каде ми е грешката би те замолил пошто сум верник ,значи јас сакам да кажам ако убиеш се покаеш и не повториш ,го зедов како најлош пример за грев ,опростлив е со простување и покајание но ако и после го повториш мислам дека нема царство небеско
како бесхе она сега мозе ке ја згрешам во некој збор исус реце кој уште како мал нема да ја прими верата божја нема да види царство небеско зар јас сум толкувал друга библија
јас ја имам оваа библија 1999 г потпишана од Г Г ГАВРИЛ иаку нетреба да тоа знаци ништо свето писмо е едно се согласувам дека со новиве вери има испревртуванје еден збор големо скренуванје но сепак црквите се со векови на исто место и суштината е таа на православието
3. Тогаш книжниците и фарисеите доведоа при Него една жена, фатена во прељубодејство; па како ја изведоа насреде, 4. Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. 5. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?” 6. Тоа го рекоа за да Го искушаат и да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не гледајќи ги. 7. Но кога продолжија да Го запрашуваат, Он се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!” 8. И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. 9. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните; остана Исус Сам со жената, која стоеше насреде. 10. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?” 11. А таа рече: „Никој, Господи.” Тогаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.” Оди си и немој повеќе да грешиш. Кога ги исповедуваме гревовите, духовникот не' советува истото, да не ги повторуваме истите грешки. Тоа е и поентата на покајанието, но луѓе сме, совршен е само Бог, Отецот Небесен. Ние колку и да се трудиме, ќе погрешиме некаде. Такви сме. Важен е трудот, а Бог е милостив.
тоа е да иста грешка не се повтори ,а треба да пролистам да видам дали е запишано ,дали повторување на иста грешка бог опростува зошто има гревови и напоменати во 10 бозји заповести и исус пак ки спомнува да не се прават со самото тоа тие се тешки гревови па ако се повторуваат неверувам дека се опростувачки затоа не е дезинформација дека само ХУЛЕНЈЕТО Е неопростив грев бог напомош и лека нок
Препорачливо е да се исповедаат гревовите ама и да се разговара со духовникот, самите не можеме да си ја толкуваме Библијата. Додека да ми станат јасни некои работи прочитав доста духовна литература и сум прашувала безброј прашања.
иако од кога сум дојден на овој свет сув верник од деда и прадеда само на монаход јован бигорски или слицно не на поп ги знам какви се а и манастирот во лошите времинја го имам посетено знам каков беше тие се според мене испосници и духовно и телесно што постат