Протеини и шејкови за време на вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Antonijaa, 2 ноември 2013.

  1. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Протеини (мислам на милшејкови или слч.) за време на вежбање :?:
     
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Што со нив??
     
    На B-O-N-I му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Епа дали се дозволени или премногу е ако се конзумираат на тој начин.Дали треба само преку храна?
     
  4. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    И јас не разбирам што сакаш да кажеш.
    Сакаш да прашаш дали е добро да се конзумираат? И кога (пред, после вежбање или за вежбање)?
    И на какви шејкови милсиш? Оние купечките во прашок што се или домашни шејкови што се прават со јогурт, павлака+ овошје како банани? Те интересираат рецепти за природни шејкови да си правиш дома или сакаш да знаеш дали препочитуваме проетеини во прав?
    Не разбирам. Може да се објасниш малце?
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Нема збор за тоа дека е најубаво да се конзумираат на природен начин, преку исхрана :)
    А за овие во форма на прашок, е вон мој домен да коментирам колку и како се дозираат, ама без сомнение ако се претера со истите може да настане оштетување на бубрезите .
     
    На GirlLove и didisi им се допаѓа ова.
  6. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18

    Вака :D Вежбам скоро два месеци во теретана и сеуште сум во процес на слабеење. И сега ме интересира дали може да се земаат протеини (милшејкови од прав-купечки) за време на вежбање или да почекам додека да почнам со вежбите за затегнување? Инаку природни шејкови и сега конзумирам но дали и овие купените се добри?
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Целиш кон затегнато или кон мускулесто тело?
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Дефинитивно затегнато само. :)
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Тогаш мислам дека немаш потреба од никакви дополнителни протеини внесени во вид на прашок,шејк и слично. Ако практикуваш умерена физичка активност за да добиеш затегнато тело,доволна ти е балансирана и разновидна исхрана.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Можеш да ги надокнадиш тие потреби на протеини од млеко,јајца,урда,пилешко,свинско итн.
    Телото не познава дали е во прашок,ткиво,течно или било каква форма.
    Да протеинот од сурутка е со висок квалитет,но прво би следел калориии и би видел дали ми требаат повеќе протеини.
    Повеќе протеини не значи подобро,туку може да иде контра ефект.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Штом сакаш затегнато тело, а не мускули не ти препорачувам да купиш протеини.Веќе внесуваш преку исхрана, ќе гледаш да ти биде доволно. Пази и на калории.
    А за вежбање, покрај одење во теретана јас би ти препорачала уште сега да почнеш со вежби за затегање. Па комбинирај, теретана+пилатес пр.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.240
    Ако пиеш само протеини во таа прашеста форма, можно е дури и додатно да ослабнеш.
    Ако целта не ти е раснењето на мускули, не мора посебно да внесуваш протеини.

    Инаку сурутката е богата со нив, но пожелно е да се пие во пречистена форма тнр.изолат - создава далеку помалку гасови, но изолатите се многу скапи.

    Ефтин а добар извор на протеини и други хранливи материи се јајца од препелка, околу 120 ден. кутија низ Ramstore и Tinex. 1 мало јајце има околу 12гр. протеини за разлика од кокошкините кои се поголеми но имаат само 3-4 грама протеини. Можат да се јадат живи, варени, пржени или изматени со малку гроздов шеќер (го има во DM маркетите).
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Грешка 1 јајце има 1 грам протеин.
    http://nutritiondata.self.com/facts/dai ... ucts/128/2
    Не знам што толку се гура тоа јајце од препелица,но мит е дека е подобро од обично јајце.
    http://nutritiondata.self.com/facts/dai ... ucts/111/2
    Квалитет на протеин исти.
    Дури и јајцето има помалку холестерол,во 100 грама.
    И изолатот не е подобар од концентрат.
    Концентратот е најчиста форма,изолатот е најпреработената форма.
    Освен ако не си не толерантен на лактоза,нема причина да пиеш чист протиен.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.240
    Да, навистина е грешка! Како може да биде јајцето по грамажа помало а да има толку протеини? :D На етикетата од производот меѓутоа напишале (според испитувањето на ветеринарно) 12гр. протеини :^) Изгледа заборавиле да напишат оти тоа се однесува на 100гр. а не на едно јајце.
    За ова постојат поделени мислења, но факт е дека изолатот има 0% мрснотии,т.е. нема ниту холестерол. Концентратот како што самото име кажува има сè. Некои боди билдери прават намерно микс од концентрат и полупречистен протеин (кој е нешто поефтин од изолатот) бидејќи и двата имаат по нешто.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Тоа е моето мислење и ќе ти образложам зашто концентратот е подобар.
    Имам многу истражувано за сурутката и за нејзините полезни дејства.
    Млекото е создадено од сурутка и од казеин 2 протеини,казеинот бавно се апсорбира,сурутката брзо до 2 часа.
    Проблемот со брзите протеини е тоа што не ја зголемуваат протеинската синтеза толку долго да има пулсови и да имаш цело време достап на амино киселини.
    Но бидејќи има многу BCAA(разгранети амино киселини),особено леуцин го прави еден од најквалитетните протеини за добивање и зачување на мускулна маса при калориски дефицит.
    Исто е познат и по имунолошките бенефиции кој со процесирање (ion-exchange) технологијата ги уништува тие пептиди и глобини.
    Тоа е проблемот со изолатите и со хидролатите што ако пребрзо се апсорбираат телото ги конвертира во глукоза.
    И затоа освен ако не си професионален спортист,нема потреба од додатни протеини.
    Телото не му треба повеќе од 1.5 грам ако има доволно јаглехидрати и масти.
    Кога нема доволно тогаш заради ситост се зголемува и до 2.5 грама протеини.
    Информација за него.
    http://www.atletiks.mk/suplementi/zdrav ... ey-protein
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.240
    Да дополниме само дека тие 1-2 грама се однесуваат на 1 килограм телесна тежина. Значи ако некоја тежи 60 кг. дневно ќе и требаат внес од околу 90гр. протеини.

    И едно прашање : какво е твоето искуство со концентратот и гасовите?
    (прдеж-смрдеж ефектот :rofl: )
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Не сум имал такви проблеми :)
    Не сум на лактоза не-толерантен.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.008
    Допаѓања:
    48.831
    Пол:
    Женски
    Некој што се бави со спорт/вежбање да ми каже кај да најдам протеин со mass gainer?
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Не би ти предложил гејнер, подобро да земеш чист протеин и јади повеќе јаглехидрати и масти. Иначе гејнер и чист протеин се две различни нешта, гејнерот е мешавина од протеин и јаглехидрати, а чист протеин има само протеин логично.
    Има во полео спорт, pbc-perfect body centar, provit, hardcore shop, nutrishop. Изгуглај на нет ќе ги најдеш каде се точно.
     
    Последна измена: 10 декември 2019
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Дали протеинските шејкови се пијат само за зголемување на мускулна маса или може и за такви кои слабеат?
    И дали се конзумираат после тренинг или во друг дел од денот?