Ја од сѐ ова што наведе само болдираното го правам.Зашто не се јаде зеленчук после тренинг? Здраво е има витамини минерали дрндрн јариња, јас лично јадам бидејќи вежбам пред ручек. И обавезно салата се јаде, нема сигурно сабајле или навечер да јадам шопска.Ќе си јадам на ручек, плус после вежбање, не сум уморна у принцип бидејќи ги надминав вежбите али сум мртва гладна.
2 часа пред тренинг комплексни хидрати, малку масти и протеин. За време на тренинг само чиста вода. Одма после тренинг декстроза или коцка чоколадо.. После пола сат сложени хидрати и протеини. Зошто не овошје пред тренинг? Затоа што содржи фруктоза а фруктозата прави инсулински скок а кога е активен инсулинот, оксидирањњто на телесните масти е стопирано така да трошиш гликоген а не масти а треба обратно, да трошиш масти а да зачуваш гликоген. Зеленчукот е здрав да се јади но содржи голема количина на фибри а фибрите се блокатори за варење на хидратите поправо ја успорсвуват дегестијата. Измеѓу оброк зеленчук и измеѓу оброк овошје не е на одмет, баш е здраво.
За време на вежбање нивото на инсулин во телото опаѓа. Телото троши калории. За време на вежбање калориите што се трошат доаѓаат од јаглехидратите. По вежбањето, кога е во фаза на одмор, калориите што телото ги согорува се од мастите. Всушност, телото продолжува да согорува масти до 72 часа после тежински тренинг. По твојата логика и фактот како телото ги согорува мастите, фруктоза не смее да се внесе 3 дена после тренинг...
Ако падни инсулинот за време на тренинг можи да дојди до губење свест. Инсулинот за време на тренинг е нормален и се трошат телесните масти и нормално дел од гликогенот. Одма после тренинг ни треба спајк на инсулин за брзо враќање на дел од гликогенот за да недојди до атрофија на мискулите и воедно брзо враќање на енергијата и подобро искористување на аминокиселините. Најдобро се искористуваат аминокиселините после тренинг кога мирува телото. Ако за време на тренинг се крени инсулинот, нагло го паѓа шеќерот и воедно пад на енергија. Масти се согоруваат најмногу за време на тренинг поправо се претворат во енергија.
Непотребни се и евентуално само незначително намалуваат масти кај луѓе кои рекреативно вежбаат и не целат кон ептен ептен дефиниран изглед. Така шо, не ти требаат.
Во ред се Прилично онака -малку- обработена сурутка е. Како да објаснам, како basic. Истиот квалитет можеш да го купиш во продавница за здрава храна. Мислам дека се 80% протеин -значи протеин концентрат- ако добро се сеќавам, одамна не сум ги користел. Ама со нив почнав. Чисто онака да спомнам оти не гледам наназад е спомнато некаде, можеби ќе му се најде "табелава" некому: Протеин концентрат = 80% од тежината е протеин (најефтина варијанта) Протеин изолат = 90% протеин Протеин хидроизолат = 98% протеин (најскапа варијанта)
Протеините од Спортнес добри ли се според вас ? Јас сум сега почетник и како за прв пат конзумирам од полето спорт со помалку од 80% протеин бидејќи останатото и преку храна го внесувам. Само да ми кажете мислење за Спортнес дали се добри како за почетници? Или ако сакате препорачајте ми некои други протеини кои можат да се најдат во дм а се добри и да имаат од 60 до 80 % протеин ?