1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протеини и шејкови за време на вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Antonijaa, 2 ноември 2013.

  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Whey само од 100% сурутка. Останатите се ѓубрина.
    Ти го препорачувам Whey gold standard, нешто поевтина варијанта а добар scytek nutrition Whey profesional.
    Без разлика дали си почетник или напреден вежбач ти секојдневно внесуваш протеини.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Скапи се. Има премногу суплементи во Македонија, може да се бира веќе. И Amix се добри, а со прифатливи цени.
     
    На Hope 28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Немаш квалитет во овој протеин. Поќе имаш филери, екстракти, стевиа начукан а многу низок процент на амино киселински состав а тој е најбитен.
    Ако имаш потреба и од карнитин пожелно е да земеш башка л карнитин и чист веј протеин. Кога купуваш whey протеин гледај да е чист Whey само од сурутка и да нема други додатоци во него. Мојот одговор е 'НЕ' за овај протеин поради лош квалитет но ако сакаш да го пробаш и бараш спрема тој буџет тогаш е ок. Ако сакаш можам да ти предложам добри веј протеини од Hardcoreshop, стално пазарам од кај нив.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    please do :) затоа се обратив кај тебе не е буџетот во прашање, туку квалитет да не пијам шекери .планирам плус л-карнитин да земам да бидам на shred 6 месеци планирам без брзање ами со комбинирано тренинг/исхрана/суплементи
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    На прво место за најдобар веј ти е optium nutrition 100% whey. Го имат на залиха во хардкоршоп само на страницата не му е абдејтиран.
    Следен добар ти е овај
    https://hardcoreshop.mk/shop/100-whey-protein-235-kg/
    Овај е исто така солиден протеин и доста баран
    https://hardcoreshop.mk/shop/bsn-syntha-6-2260gr-chocolate-mudslide/

    Еве поевтина варијанта но добар избор
    https://hardcoreshop.mk/shop/galvanize-100-whey-900-gr/ одличен, солидна цена, добро се раствора и со вода и со млеко. Моментално го користам по четврти пат.
    Исто така и овај на трек ти е добар
    https://hardcoreshop.mk/shop/trec-whey-100-900gr/ го пиев пред 4 месеци, супер е. Исто е добар за протеински палачинки.
    Whey fussion ти е добар и евтин само го немат на страната иначе го имат на лагер.
    Ќе ти дадат и попуст доколку сметката е над 2000 денари.
    Несум сигурен дали од Amix nutrition сеуште носат пошо ги немаше едно време али итој е добар.
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.032
    Допаѓања:
    48.930
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со пиење на Wheyy
    си купив од Полео, па ќе видиме
     
  8. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Ја го земав Levro Whey Supreme пред една недела. Содржи и БЦАА и глутамин. Една доза после тренинг и втора доза пред спиење. Ако вака продолжи накачувањето на килажава моја... машалаа :rofl: Кој се мисли нека го проба, нема да зажали. Квалитетен протеин е.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.032
    Допаѓања:
    48.930
    Пол:
    Женски
    Од кај го купи и шо пари е и грамажа?
    Колку кг качи?
     
  10. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Од Strongest во Кисела Вода. 3000 денари мислам или 3300. 2кила е. 66 дози од 30 грама. Една доза содржи 23гр протеин, 5 грама БЦАА и 4.3 грама глутамин. Накачив 3 килограми
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.032
    Допаѓања:
    48.930
    Пол:
    Женски
    3 кила?
    шо к има у тоа бе.Ја кило годишно качувам.Чекај состав да видам
    Мене не ми треба дополнително сила, критично ќе биде.
    Ја 1st Whey пијам и супер ми е, ама прееска се мерев, за овие 19 дена шо пијам, едно кило неам мрднато.
    Ама и до организмот ми е.
    Може да ми пишеш лп малце, или ако не можеш ќе ти пишам.Околу исхраната ме занима
     
    На blablabla1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Го едитнав коментарот, прочитај пак
     
  13. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Аххх не ми дава да ти пишам, ај пиши ми ти мене
     
  14. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Јас сум почетник во користење на протеини и други суплементи па ако може некој да ми каже дали е исправно да го следам распоредот што си го направив сама за точно време на користење и тоа е вака: за време на поручек користам омега 3, понекогаш пред поручек пијам спирулина, тоа читам на интернет го зголемува протеинот и ми помага за зголеменост на железото, па пред тренинг bcaa после тренинг протеин шејк и глукозин. Ова планирам да го практикувам откако ќе почнам да одам на теретана и ќе вежбам за глутеус, за поголема мускулна маса, за облик на тело.
    Како може да се користи бцаа ? Дали постои друг начин за користење освен да го раствориш во вода или може да се додава во храна како на пример во овесна каша или во смути?
    Едит: И глутамин ќе почнам да пијам постепено ќе оди тоа како за почеток протеин само, па потоа ќе додавам бцаа, па после одреден период и глутамин.
     
    Последна измена: 7 февруари 2022
    На blablabla1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Јас протеинот и бцаа ги пијам веднаш после тренинг една доза и втората доза пред спиење. Првата доза ја правам како смути со 250мл млеко, 100 грама овес, 50 грама путер од кикирики и една банана, има некаде над 1000 калории. А втората доза навечер ми е полесна само со млеко. Барем на мене така ми одговара и засега имам одлични резултати.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    А пред тренинг користиш нешто или не ?
    А ова бцаа содржи л-карнитин кој го препорачуваат како совет од каде што купувам суплементи да се пие пред тренинг за подолго време да можам да извежбам без да се изморам , што значи е корисно кога ќе имам недостаток од протеин пред вежбање ако сакам да имам повеќе сила за подолго да можам да издржувам и тоа ми одговара ако го пијам пред, а не е штета да се пијат едно по друго нели како што викаш да ги мешаш заедно во шејк или сум грешка ?
     
    На blablabla1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Следи ги препораките. БЦАА и на интернет пишува дека треба пред тренинг. Доколку ти треба сила при вежбање. Јас практикувам убаво да се изнајадам пред тренинг. Обично еден саат порано, така немам проблеми при текот на вежбањето па затоа решив да го пијам после тренинг. Не ми прави проблеми засега. Дури одлучно се чувствувам откако ке го испијам тоа смути. Иако е ептен густо хахаха.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Зошто бцаа пред тренинг? Правиш само инсулински скок и прд протеинска синтеза без потреба. Пред тренинг само хидрати, малку масти и протеини од извор месо, јајца, риба. Одма после тренинг декстроза, бцаа, глутамин, креатин, EAA.
    Пред спиење една дозерка веј со млеко и додај путер од кикирики или грчки јогурд со веј. Исто веј можеш и во текот на денот. Спирулина на сабајле а 20мим пред спиење омега 3.
    Бцаа со веј после теренинг е фрлање пари, не корисно, нема целосно искористување и стар метод кој веќе мал дел го практикува. Исто така бцаа за време на тренинг е чисто лудило да пие натуралец кој не е на шема. Само бцаа одма после тренинг е ок а да се меша со веј НЕ.
    Иначе бцаа се користи за пред протеинска синтеза а најдобар термин за почеток на протеинска синтеза е одма после тренинг. 40 мин после тренинг еден добар оброк месо со ориз, компир или тестенини.
     
    На Sweetlove_0312 и blablabla1234 им се допаѓа ова.
  19. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Ако јадеш нормално, имаш доволно breached Amino acids (bcaa) во телото, бидејќи ги внесуваш со протеините. Немаш потреба од дополнителни.
    Не ти треба BCAA освен ако со на строга диета и имаш премал калориски внес (иако и тогаш е дискутабилно дали вистински има некаква корист).
    Поарно некој витамин ко магнезиум да пиеш.
    Не си ги троши парите за bcaa.
    Другото не е премногу битно кога ќе суплеметираш.
    Најди си тебе лично како најмногу ти одговара, и прај го тоа.
     
    На Sweetlove_0312 и AAKG им се допаѓа ова.