А глутамин може ли да користам ? На строга диета не сум ама и без строги диети успевам да намалам масти. Ќе најдам јас свој начин само добро е кога има кој да ми каже објаснување за ова, само колку да не грешам , да речеме ако веќе го користам а да немам ефект, целта ми е да добијам повеќе совети во ова сепак јас едноставно имам желба за фитнесот и здравата храна да ми бидат дел од секојдневието и спортскиот стил на живеење го практикувам односно ми прилега најмногу. Многу ми значат советите за да можам полесно да го определам тоа што и како да користам и веќе си велам ако користам тоа да дознаам се што има корисно за мене и општо како спортски активна личност да имам податоци за сите работи поврзани со ова. Денес купив и магнезиум и тоа ќе го вклучам во распоредот. И убаво што ми кажа за бцаа.
Јас секогаш првата доза ( one scoop) веднаш после тренинг. Втората доза ( мене лично вака ми одговара ) пред спиење.
Спореди го составот со други протеини. Ако не се лажам овој има околу 21-22 грама протеин во доза од 30, што значи дека е протеин концентрат. Така да има и подобри... Потсетување: Протеин концентрат = 80% од тежината е протеин (најефтина варијанта) Протеин изолат = 90% протеин Протеин хидроизолат = 98% протеин (најскапа варијанта)
Најздрав е дома да си го направиш Инаку јас го купувам Меџик од Стокомак, и оној новиот во КАМ. Иако ги преферирам оние на Меџик. Најнеобработена форма се според мене.
Па да. Едноставен рецепт е. Вака си најсигурна дека нема адитиви. Се зависи од тоа дали те мрзи да го подготвуваш или не. 400 грама ќе ти траат подолго сигурно. Исто по желба можеш да ставиш и една лажица мед, ама и не мора. На вкус е...
фала,сакам да те консултирам уште нешто. за губење на телесни масти и слабеење- дали е доволно/ правилно да се прават 3 тежински тренинзи и 2 ХИИТ неделно по 30-35 мин ? без вклучено кардио додатно
Пааа HIIT зависи каков ти е тренингот. Со сопствена тежина или со тегови правиш хиит? Пошо и во теретана може хиит да се прави. Сакам да кажам, не знам точно како ти изгледа хиит тренингот. Не знам колку долго веќе вежбаш, те гледам често пишуваш во фитнес така да претпоставувам не си скроз почетник. Види, на мускулните групи им е потребно одмор. Ако не осеќаш премореност од еден до друг тежински тренинг иако измеѓу си имала хиит, тогаш во ред. Сакам да кажам, би требало да им даваш одмор малку на мускулните. Покрај тежинскиот, хиит да, ама да е насочен кон аеробни вежби, односно да оди накај кардио. Ако си почетник, внимателно со хиит бидејќи може да е пренапорен.
добро утро, јас сум староседелец со пауза од 2 години. сега во последната година се обидувам да се вратам во форма ама прилагодена ДОМА а години уназад вежав во теретана. сакам да најдам алтернатива дома да биде најслична на тренинг во теретана.имам трака и тегови еднорачни и веќе во последниот месец и пол сум на програмите на CAROLINE GIRVAN. Прво правев две недели beginer, a сега ја терам програмата нејзина EPIC HEAT. има по 5 тренинзи неделно не се долги по 30 мин ама боже мој интензнивни. ХИИТ е за мене претешко секоја сабота. го правам до крај ама генерално ми е претешко. сама се форсирам и затоа нонтоп прашувам експерти како тебе сакам да ја достигнам мојата најдобра форма ( ама пак ќе речам дома - за жал моментално не е тертана опција за мене иако сакам премногу ). еве ја програмата по која се водам да добиеш точна слика како изгледа : https://www.youtube.com/playlist?list=PLhu1QCKrfgPUcupe9O1IKpC_GhHuHW96r Имам еден рест деј и искрено сум exausted од толку тренинг. Е сега прашањето ми е, оти имам баги масти за намалување, дали е ова во ред да продолжам вака со тежински тренинзи 3 пати и 2 хиит бидејќи едноставно немам сила да правам додатно кардио на сето ова иако многу сакам ...поентата ми е кога веже се вложувам да бидам на прав пат.... исхраната ми е средена...
Само кикирки, лажиче сол за вкус, мене ми е повкусен со сол и голема лажица таан, на 300-400гр кикирки. Нема потреба од масло, тоа дава тежок вкус после некое време. Баш вчера направив и од оваа количина ми излезе една голема тегла од наут (онаа тегла од Кам што ја купуваме) и едно мало тегличе. Во Веро го имам купено најубавиот Таан на Го он, околу 200-250 ден 500гр. Тој од Кам не ми е убав, го направија ептен грд. Од Стокомак е ептен вештачки.
Сега сфатив дека не ти одговарив. Извини. Прво да те пофалам за решеноста. Тоа што вежбаш дома не мора да значи дека е недостаток. Домашниот тренинг е малку потценет, но си има свои користи, и мое да даде одлични резултати до одредено ниво. Зависи од целите, нормално. Ја разгледав програмата што ја следиш. Ми се допаѓа што е инкорпориран и тежински тренинг. Би требало да имаш добри резултати. Сепак, забележав дека не се кратки тренинзите. Да не ме сфатиш погрешно, тајмингот е совршен. Прилично интензивно изгледа, би го сместил во тренинг за напредни вежбачи, или со искуство. Така да, можам да разберам зошто се осеќаш исцрпено. И јас сметам дека ти е премногу. Слободно скрати еден ден од ХИИТ. Имај ден за одмор на средина на седмицата и во недела. За да ти бидат распоредени. На мускулите им е потребно време за регенерација и раст, во спротивно, на долги стази може да има спротивен ефект. Доколку сакаш да ги постигнеш побрзо посакуваните резултати, едноставно овој втор ден за "одмор" користи го за друга активност (лесна), како што е пешачење. Сепак е движење, а не верувам дека ќе се измориш да прошеташ 30-60 минути. Исто така, општо наместо ХИИТ понекогаш ако имаш можност џогирај малку.
Тука те цитирам за да не ја реметиме другата тема Ме интересира само дали е ок да го користам како аматер вежбач? Пошто сѐ уште не одам во теретана, вежбам дома, а неодамна почнав и со џогирање. Дали е премногу протеин за мене, треба нешто полајт или ок е ова?
Не не, теоретски овој вториот што ти велам спаѓа во концентрат, така да е наједноставната варијанта, или ете да речеме лајт. Ама пак, нијанси се во прашање. Не ти е премногу протеин. Во една дозерка ти е околу 22-3 грама протеини. Чисто за споредба, во 100 грама пилешки стек има нешто повеќе од 30 грама протеин.