Ако вежбаш интензивно 1 грам протеин на телесна тежина. 0.8 е долна граница, реално лесно достижна. А јаглехидрати и масти? Не може да стигнеш калории само со протеини, особено ако целта не ти е да слабееш. Тој шо ќе ти каже спротивно те лаже, и тебе и себе си. Пресметај внес на протеини во денот, држи се на 30-45 грама протеини по оброк, и останатиот дел надополни го со јаглехидрати и масти (мастите 10-15% од вкупните калории дневно). Едит: Многу тешко за организмот е да внесуваш протеини за време на тренинг. Или еден ипол час пред тренингот, или од 30 минути па нагоре за после тренинг. За време на тренинг само витамини или некои аминокиселини, или едноставно, вода. Башка твојов шејк е ко да земеш меѓу серии да јадеш хамбургер на страна.
Целта ми е да се здебелам. Јадам јаглехидрати и за доручек и за ручек и за вечера.А и масти, ама не толку многу и не од животинско потекло.Треба 2500+ калории дневно да внесувам. епа не јадам месо тоа е проблемот, неам од кај да најдам 30 протеини на оброк хахахаха ако не нафукам се` во шејков
Од каде ти дојде идејата да го пиеш шејков, т.е хамбургеров за време на тренинг? Тоа се сложени соединенија што не се користат веднаш во моментот и треба време да се разградат, што ниту ти е од корист туку само ти отежнува. Што ѝ фали на водата?
Сфаќам, познато ми е. Ама 110 грама протеини се лесно остварливи. А бе изолирано океј се ствариве, или некад ако ептен си гладна. Ама во шејк наеднаш е прејако за секој ден, особено за време на вежбањето. Едноставно распореди ги ствариве. Пример, 1 шејк веј и банана + млекото 30-35 грама протеини. Друг оброк, 2 јајца (26 грама протеини). 2 кришки леб со путер од кикирики (10 грама протеини). 40тина грама јаткасти плодови (10-15 грама протеини). 50 грама кашкавал и 50 грама сирење (20 грама протеини). Вкупно околу 105 грама протеини а никаде не спомнав месо.
Mи се измести редоследот нешо.Обично пиев саат време пред или после вежбање.И сеа дур вежбам пијам.. и после пепел и башка вода пијам дур вежбам @Ajronmen може и вака.Ама некако малце дека ми делува.А и си јадам кикирики башка. А кашкавал и сирење јадам у храна само.Пица, пита/бурек, тост, вака шанса нема заебана сум за јадење..затоа бутам се` одеднаш
Овој рецепт за шејк е премногу количински, повеќе за доручек е, додека вежбаш не пиј. Вода е доволно.
Мене ме тера на мокрење. Иначе јајца живи не се стават бо блендер пошо од живи јајца се фаќа сепса. Веј пред спиење со здрави масти ти е топ. За време на тренинг чиста вода а 2 саати пред тренинг хидрати, протеини и малку масти.
Здраво женски! Би сакала да ве прашам дали знаете за некој протеин по попристапна цена, но да има некој ефект и да е добар? Знам за оној од ДМ, но не го фалат воопшто… Ви благодарам однапред.
Во било која продавница да прашаш, ќе ти понудат. Протеин ко протеин, кој и да го пиеш ќе има ефект (а каков ефект уствари?!). Разликата е единствено во процентот на протеин на 100 грама прашок. Има премногу фирми што можеш да ги избереш. Отвори интернет страници и разгледај цени. Горе доле пристапна цена за протеин е 1 грам = 1-1,5 денари. Ако те мрзи сама да побараш, еве Олимп би го спомнал. Во моментов не ми текнуваат цените на другите. Шо му фали на тој во ДМ? Океј е, веројатно на вкус не им се свиѓа. Ваљда не го осеќаат коа им се разградува у тело.
Многу слаби рецензии има пиши на гугл sportness dm. Баш се разочарав, али за таа цена не може многу да се очекува секако…