Протеинот од растително потекло не се сврзува за мускул пошто не е комплетен протеин поправо не ги содржи сите аминокиселини. За да биди комплетен,треба да се внесувааат протеини од растително потекло од повеќе извори а то е многу храна на дневно ниво.
крестинот не дебелеј ниту слабеј. креатинот ти е додаток во исхрана. придобивките ти се подобра сила за време на тренинг и побрз опоравак помеѓу серии. Поради акомулирање на вода интрамускуларно,можи да доведи до покачување на телесна маса. Таја телесна маса ти е 1 до 2кг ништо поќе.
А дали е вистина дека ги полни мускулите со вода и всушност така се доаѓа до покачување мускулна маса? Ако е така мене ме плаши што ќе биде кога ќе престанам да го пијам... И еве ако не е креатин нешто друго предложи ми што би ми помогнало со тонирање и покачување мускулна маса
Што те плаши дека ќе се случи кога ќе престанеш? Креатинот е најтестираниот и најбезбедниот суплемент шо постои. Ако се плашиш од креатин, поарно ништо не зимај...
И да и не. И точно и неточно. Протеинот од соја се смета за комплетен протеин бидејќи ги има аминокиселините. Освен тоа, зависи од производителот и продуктот. Повеќето производители додаваат BCAA односно аминокиселините кои фалат, земајќи ги од животинскиот протеин. Наравоучение: Читајте ги декларациите за да видите шо има во производот...
Убедливо најголем дел од произведувачите на whey протеини ставаат мала доза на стероиди во истите. Fun fact кој никој не го кажува, а сите го знаат. Затоа сите брзо добиваат “резултати“ и затоа мускулите драстично полесно го абсорбираат отколку да буташ храна секој ден која во одредена доза создава сало, а не чист мускул. Али, тоа е “суплемент“ во исхраната.
Дај боже да е вистина. Стероиди за 1.000че. Гага е значи. Еден циклус со минимални дози е 200-250 евра. Ама нѝ ставаат стероиди во протеинот од аптека за 20 евра.
Истото го читав и јас по нет, ама правев муабет за креатинот со познаничка и таа ми рече дека кога ќе сум престанела со користење на креатинот, мускулите што израснале од него одма ќе ги снемало.
Ова ме потсети кога другарка ми не правеше разлика измеѓу протеини и стероиди и мислеше дека сакам да се пумпам. Никој никогаш не рекол "Брат, купи го овој протеин баш се набилдав ради него". Јас го користам за балансирање на оброци - во смути со многу овошје на пример, ми треба протеин.
Не му кажувајте дека во храната што ја јадеме има стероиди шшшш Мислам луѓе што пробуваат да звучат паметно користат точни термини де,
Водата шо била донесена до мускулите со помош на креатинот ќе се повлече и исфрли. Водата си е вода... А мускулот е составен од мускулно влакно и може "да го снема" само ако не престанеш да вежбаш.
Никој не ти рекол, но сите со малку подолг стаж во теретана со време си стануваат свесни дека без whey протеини, креатинин итн можеш 10 години да се убиеш од вежање, да сецкаш пилиња секој ден, да броиш калории, а резултатите да бидат минимални и маргинални во споредба кога ги земаш истите “додатоци“ во исхраната секојдневно. Болно, но вистинито. Затоа и билдери пред 80 години изгледале драстично од денешните, иако тогаш мажите имале за 1/3 повеќе тестостерон во себе од денешните мажи.
Моментот кога велиш дека сѐ е џабе без креатинин покажува дека стажот во теретана ти е залуден и немаш основни познавања.
Па ако на мускулите за да растат им е потребна одредена доза на протеин, која е тешко да ја внесеш преку исхрана затоа што ќе треба да јадеш нон-стоп и да се прејадуваш, и со тоа да внесуваш и преголем вишок на калории што ќе придонесува за зголемувањето и на масти во телото, зошто би одел по тој пат за качување мускулна маса, наместо да го внесуваш само тоа што ти треба - протеинот, без да имаш непосакувани ефекти како создавање и на вишок масти во телото?