Протеини внесуваш секој ден преку храната. Ти бараш додаток на протеини од суплемент поправо извор сурутка (whey) Веј протеин се зема во било кое време во текот на денот. Можиш и пред и после тренинг,пред спиење....
Многу слаб аминокиселински состав. Ако си на веганска исхрана,овај ќе ти брка работа како додаток. Иначе добро се растворва и сладок вкус има без шеќери и лесен за варење,неправи тежина на стомак. И најбитно нема лактоза Со еден збор земај.
Лично јас го пијам до 30 минути максимум после вежбање, чист во вода или како смути, сеедно, тогаш најдобро се разложува и е најефикасен да се внесе (бар така сум читала). Во таа насока, протеинот го користам како оброче после вежбање, бидејќи општо јадам помали оброци, а почесто. Инаку пред вежбање зимам некое овошје (јаболко/банана) за енергија дур изгурам тренинг.
Сконцентрирај се да ја внесеш дневната потребна количина на протеини, а не толку на тајмингот. Нема голема врска дали е пред, дали е после, дали е два саати пред, пола саат после и не знам уште кој мит. Мускулите се осетливи со часови после тренингот, така да нутриентите ќе си бидат секако искористени. Пиј го кога ти одговора тебе.
Не знам кој протеин го имаш. Прочитај на декларацијата како се употребува. Треба да имаш и дозерка внатре. Дозерките се околу 30-35 грама најчесто. А за вода зависи колку густо сакаш да ти биде...
Здраво, Вежбам веќе два месеци , почнав да вежбам со цел да го стегнам телото и да качам килажа бидејки имав 43кг , сега сум 50кг , потребните витамини , протеини и така натака ги внесувам преку разновидна искрана, е сега бидејки сакам да го постам велигденскиов пост , а несакам да прекинам со вежбање , а метаболизмот ми е таков што за да качам килажа ми се потребни 2 недели , а за да ослабам ми се доволни 2 дена нејадење ♀️♀️, сакам да почнам да користам протеин за после вежбање ама вегански , доколку некој има некакви пепораки , ве молам да ми пише . Ви благодарам однапред на времето . Се најдобро
Не знам дали е правата тема за да го поставам прашањево, али мене ми треба нешо за поише енергија. Буквално после тежок и долг ден на работа не можам ни десет минути да издржам на трака, па пробувам со тежини да вежбам и почиња телово да ми се тресе, као грам сила да неам се осеќам. Има ли нешо шо би можела да го пијам пред вежбање за да иам поише сила?
Мојот поклон за 8 ми март е овај протеин. Сама на себе си го зедов ама прв пат земам во голема количина. Овај протеин ме привлече да го земам. Епа сакав да прашам за искуство дали е добар ?
go koristam celo vreme istiot whey. Zasega najdobar na pazarot i vo vkus i rastvorlivost,kvalitet. Sledna tura i jas ke si zemam gilemo pakovanje.
Протеинот е нов во продажба, сакав да прашам какво мислење имате за овај? Дали сте го пробале и дали е квалитетен?
Yava Labs Ново ѓубре на пазарот од поланд. За таја сума на пари имаш My protein whey или Galvanize 100%whey
Читам во составот има креатин монохидрат. Според тебе ако се зема протеинов два три пати дневно доволно ли е тоа количество на креатин или да си земам дополнително. Фала ти
Не се разбирам јас многу со поимите ама нели е ова креатин во составот. Е сега не знам количината дали е доволна ама по тоа што читав некои вкусови содржат а некои не. Може грешам извини
Јас тој што го користам засега е со вкус на Јагода и банана и на самата амбалажа пишува дека е со креатин монохидрат, а јас очекував да го пишува тоа дека има бцаа и еаа ама не го има тоа и сега незнам дали има или не. И јас незнам дали е тоа доволно или не? И ако има бцаа и ЕАА колку е тоа во грам за една дозерка ?
Океј е количината. Креатин монохидрат дневно најчесто се конзумира 3-5 грама. Така да со две дози од протеинот е таман. Не се замарајте со бцаа и еаа. Секој веј протеин (сурутка) природно ги содржи трите разгранети аминокиселини (бцаа) и сите девет есенцијални аминокиселини (еаа). Истите нема потребно да се суплементираат додатно на тоа.
Имат грешка пишано во составот на страната од хардкоршоп. На официалната страна не пишува дека содржи креатин а и на кутиата што ја имам не пишува дека содржи креатин. Иначе можиш да користиш креатин од 5 до 10гр на ден. Воопшто не е штетен. Веј можиш да пиеш и по 4 дозерки на ден поправо колку што имаш потреба. Еаа се есенцијални амино киселини и ги содржи сите 12 така што го прави поквалитетен составот на протеинот што во пракса то нение толку битно.