Протеинските шејкови се пијат како надополнување на дневниот внес на протеини, односно ако не можеш се преку храна да внесеш, користиш протеин. Се користи и за зголемување ма мускулна маса и за слабеење, а особено за слабеење бидејќи кога си во дефицит на калории неможеш да изедеш премногу храна и внесуваш протеини преку шејк. Можеш да го пиеш во било кој дел од денот, а по тренинг ако немаш некој протеински оброк можеш шејкот бидејќи брзо се апсорбира особено ако е со вода наместо со млеко. Дневен внес на протеини за зголемување на маса е 1.5г х безмасна телесна тежина, А дневе внес на протеини при слабеење е 2.2гр х безмасна телесна тежина.
Why not gainer? Сите ми викаат не гејнер али ја уопште не се разбирам во тоа. Знам само дека сакам да пијам нешто што ќе ми помогне нормално со вежбање да накачам маса бар едно 6-7кила.
Гејнерите на нашите пазари се со доста лош состав. Хидратите му се од малтодехтрин,фруктоза и во некој има овез. Протеинскиот состав му е многу слаб и доста евтин. Едино гејнер кој што би препорачал е од universal nutrition real gain, beef mass gainer, gold standard gainer. Овие гејнери содржат добар извор на протеин и хидрати. Хидратите се од компир,овез,грашак и мал процент на малтодехтеин а протеинот е изолат. Содржат и EAA есенцијални амино киселини кој во останатите гејнери ги нема. Говедцкиот гејнер beef mass содржи хидрати само од овез и компир а протеинот е чисто од говецко месо и е релативно доста скап. 2.5кг е 3600денари а голд стандард гејнерот е 3кг 4300. Реал геинс е иста цена со голд стандард. Има и гејнери за 1600денари 3кг али составот е ужас.... Веј протеинот е малку поскап но не содржи хидрати ни масти ни шејќери. Содржи само протеин од сурутка и служи исто така за надополнување на дневен внес на протеин. @soffce Веј протеин можеш после тренинг доколку немаш оброк богат со протеини а колаген пред спиење. Ако ги мешаш заедно,организмот не ги искористува целосно двата макронутриенти,поправо ќе искористи само тој нутриент кој што му е потребен. Секој суплемент пијајго одделно освен декстроза,бцаа, ЕАА,креатин.
Вау, доста опширен одговор.Фала ти. Бај д веј не планирам озбилно да се занимавам со теретана али сакам да дигнам бар 5-6 кила уз протеин и вежбање.Бидејќи месо не јадам, јадам лежам и не се дебелеам и уште тоа ми остана едино.
Пробај да си правиш овесна каша... 50гр овез,1 банана и некое замрзнато овошје секој ден и ќе имаш мапредок во килажа оти ијас сум на иста мака
Правам.Јадам овесна каша со јогурт, банана и смрзнато овошје ама џабе. Имам брз метаболизам.Се дешава да мавнам 1/4 бурек и после пола саат-саат да сум гладна..
Брз и спор метаболизам не игра голема улога, разликата е околу 100 калории на ден. Не се давајте си лажни изговори, веројатно не знаете точно да ја темпирате исхраната. Направете ја по обилна и удрете на масти
Па искрено не постои ништо баш. Биди во калориски дефицит, вежбај конзистентно и имај трпение. Се‘ додека упорно внимаваш на храната и вежбаш, ќе ослабиш и ќе го затегнеш телото. Нема скратени патишта. Ете можеш протеин дополнително, но сметам дека доколку само сакаш да симнеш килограми и да затегнеш тело, нема потреба ни од тоа. Едноставно мораш подолг период да вежбаш и да внимаваш на храната. Пробај барем навечер да не внесуваш јаглехидрати.
Немам многу вишок, максимум што треба да спуштам се уште 6,7 килограми. Ама после спуштањето на тие килограми сакам да почнам да си го оформувам телото, па затоа прашав дали би имало нешто што би помогнало во мојот случај.
Калориски дефицит, и ограничи хидрати на 100-150грама дневно. Тежински тренинг во теретана за максимални резултати..на почеток без кардио, па по месец доади еднаш неделно 1саат пешачење. За д месеци ќе имаш -5кг во масти гарант.
Добри се за одма после тренинг за враќање на енергијата и опоравак на мускулните влакна и ќе те освежат, го намалват заморот. Со декстроза после тренинг се топ. Подобра варијанта ти е да си земеш EAA еаенцијални амино асидц.
Морат после тренинг? Неможит за време на истиот? Не се разбирам многу, па ако можит да ми објасниш какво влијание имет тие ЕАА.