1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протеини и шејкови за време на вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Antonijaa, 2 ноември 2013.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Накратко
    БЦАА се разградени аминокиселини (анг.- branched chain amino acid, скратено: bcca).

    Како суплемент воопшто не се потребни доколку се внесува нормална дневна количина на протеини (околу 1,2г по кг телесна тежина, или ете ако вежбаш може да иде и накај 1,6г.).

    Протеинот кога ќе се конзумира, во нашето тело се разградува на аминокиселини меѓу кои и леуцин, изолеуцин и валин (BCAA).

    Така да скроз непотребно е кај повеќето спортисти (а уште помалку кај рекреативци) да се суплементира бцаа при нормален внес на протеини.

    Па особено на овој факт ако се додаде и Веј протеинот (мк - протеин од сурутка) како суплемент, во чии пакувања во најголем број на случаевите веќе има суплементирано бцаа (може да се види на пакувањето) - тогаш купувањето на дополнителен бцаа суплемент е чисто фрлање пари.

    Попаметно е тие пари да се вложат во обичен протеин во прав или креатин бидејќи придобивките од нив се поголеми.
     
    На Maylin, AAKG и Realist1 им се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Машки
    Глутамин и изолат протеинче или обичен whey на swidish протеините ќе ги користиш два пати дневно после појадок и после тренинг од кога ќе јадеш. Глутаминот пола саат пред тренинг. Користев бцаа еднаш многу на психа ме мава сега моментално земам блод гаст така нешто се викаше и е стварно добар како игли ми поминува низ тело од шо толку буста. Иначе ова ти го кажувам ако сакаш да качиш и тоа чисто, е сеа незнам каков организам имаш а ако имаш сугестија само бцаа да земаш не лискај пари без врска
     
    На Maylin и Ajronmen им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Мала дигресија...
    Не знам дали збореше два пати за протеинот или глутаминот.
    Ако збориш за протеин, тоа зависи од колку грама протеини се потребни во однос на килограмите телесна тежина, и зависи од тоа колку протеини лицето внело преку исхрана.
    Суплементите се суплеметарни - додаток во исхраната.
    Ако некој добива доволно протеин преку исхрана - не мора ни да суплементира, а не пак 2 пати да пие...

    Како те маваа на психа?
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Машки
    Затоа реков зависи до организмот, иначе анскиозен ме правеа и имаше нешто шо не му одговараше на мојот организам во нив и на нервоза многу и баталив ваљда од додатоците шо одат заедно со него
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Е кои додатоци одат со него?
    Најчесто Б витамин е единствениот додаток.
    А, Б витамин делува смирувачки на секој организам.

    Нервозата и анксиозноста ти биле на психичка база - некаков плацебо ефект.
    Нема шанси да било поинаку.
    Ако е така, треба исти симптоми да осеќаш и после јадење било какво месо или млечен производ или др.храна со повеќе протеини.

    Евентуално ако си налетал на некој pre-workout со бцаа и кофеин.
    Па кофеинот да те вознемирувал...
     
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пиела протеин, сега поради одредени причини го воведувам во исхрана и имам можеби малку глупаво прашање
    Дали кога се става дозерка протеин во смути, неопходно е да се стави и 250 мл. течност?
    И дали можам да додадам дозерка протеин во овесна каша со чиа што ја правам од вечер и во која ставам помалку течност од 250мл? Или во грчки јогурт како топинг, во смеса за палачинки и сл?

    На кратко, дали мора протеинот да се раствара со поголема количина течност, дали е штетно ако се внесува поконцентриран (секако во рамки на препорачана дневна доза)?

    :)
     
    На Sweetlove_0312 и AAKG им се допаѓа ова.
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    250mll е соодветна течност за да се измеша добро и да немаш јак вкус на чоколадо или ванила или било од кој вкус да е. Можеш да го додадеш и во грчки јогурд,измешајго и додај на пример дробен лешник.
    Можеш да ставаш веј и во смутито што го правиш али ако ставаш помалку вода или млеко ќе ти биди густа смесата.
    Иначе веј е исто храна само што изворот е од сурутка. Протеини внесуваме откако ќе се родиме па се до крајот на животот без разлика дали спортуваме или не.
     
    На Avery и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш и директно без да го мешаш со ништо јади го хахахах :rofl:

    Шала на страна, нема врска со што, како и колку го правиш.
    Сакаш мешај го, мати го, печи го, вари го, сеедно.

    Препорачаната количина на течност наведена на пакувањето е само "рецепт" за кој компанијата која го произведува смета дека има најубав вкус, текстура и густина.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Ме потсети на една глупост шо ја пробав летоски. Цела дозерка ја манав во устата и реков со вода ќе го испиам дирекно ко креатинот шо го пијам. Ко се згусти ко се исполепи пола сат немоев да се дочистам :rofl:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    :rofl: ааааа лошо е реално, знам и јас од искуство хахахахаах.

    Искрено мислам дека секој има пробано барем еднаш :rofl:...

    Ко брашно да си лапнал хахахах.
    Среќа неам слушнато некој да се удавил.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Која е разликата и кој е подобар да го земам ко за прв пат?

    Screenshot_20240211-165112_Chrome.jpg Screenshot_20240211-165131_Chrome.jpg
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Првиот е обичен
    Вториот е изолат
    Тоа е разликата
     
    На Maylin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Има некоја голема разлика дали ќе го пијам првиот или вториот? Во план сум да земам, па барам некоја подобра варијанта кога веќе земам.
    Се извинувам, не се разбирам воопшто. :tmi:
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Вториот е подобар :D
     
  15. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    6.756
    Пол:
    Машки
    Некој да сподели мислење со сурткава? Ја користам за во смути.

    80-whey-protein-430x430.jpg
     
  17. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Здраво, ќе ве замолам за помош поискусните. Почнав да вежбам и сакам да земам протеин, се мислев меѓу овие, па би сакала да ми кажете мислења кој е најдобар. :)
    20240221_085114.jpg Screenshot_20240221-084914_Chrome.jpg Screenshot_20240221-084924_Chrome.jpg Screenshot_20240221-084840_Chrome.jpg

    Последниов (Anabolic whey) гледам дека има повеќе протеини од другите во една доза (24гр), ама е поевтин и тоа ме буни.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Или првиот или третиот.

    Не е точно дека последниот има најмногу концентрација на протеини. Гледај ги мерките на 100 грама.
    Така ти изгледа затоа што дозерката му е 35 грамска, па автоматски испаѓа дека "повеќе протеини по доза е".

    Додека изолатот на Биотек има 21 грам ама на дозерка од 25 грама.
    На 100г има 83% протеин.
    Овој последниов е 70%.

    Прочитај мое цитирано мислење во болд неколку коментари нагоре, и одлучи.
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Според мене кој и да го земеш нема да имаш грешка освен ако немаш некој проблем со наведените состојки од протеинот што ги пишува . Јас од што сум читала овде на фемина и од што сум дознавала сѐ околу суплементи пред да почнам да вежбам можам да ти кажам што знам. Ама ако некој има друго да ти каже нема проблем. Само избегавај да земиш протеини што содржат поголем број на шеќери него на протеин. Тоа би ти го дала за совет. А сметам дека нема важност во цената ако е поефтино или поскапо.
    А јас сакав да прашам дали некој е задоволен од овај протеин или не ?
    8B4A7D8F-F531-42C9-8EA3-886F48265D88.png
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    А за вториот какво мислење имаш? 90% бев сигурна за него да го земам. :?:
    И дали препорачувате да се земе нешто за помош во слабеење, л-карнитин, бцаа нешто?