Со водаа нема потреба безпотребно калории да си додавам со млеко кога протеинот е млеко. А тие овошните што мислиш за нив као сок шо се? Фала ти
Еднаш имам пробано со вкус на ванила и шумско овошје и еднаш зедов со вкус на лимон и ананас. Премногу се гадни за пиење пошто имаат доста натрупано од тие аромите и после 3-4 часа се осеќа блажина во устата.
Дечки може е глупо прашањево Дали протеинот е посен?? И дали има посен протеин? бидејќи сакам да земам а планирам да постам за Велигден
И јас сакав истото како @Shekjerna да го прашам. Исто имам прашање и дали смее да се пие ако имаш хипотироидизам? И воопшто дали има side effects?
Предложете некој интересен вкус што ви се допаѓа, знам дека сите сме различни кај овој дел но имам пробано доста протеини и до сега ниту еден ми нема оставено впечаток за да го пијам со мерак
Капучино Кукис и бело чоколадо Белгиско чоколадо и јагода Банана Банана и јагода вкус предобар. Солен лешник,интересен вкус има. Чоколадо и тој е добар. Сите вкусови ги пробав сите се добри.
Имам пробано од лешник и некој блантав вкус ми имаше.. ќе пробам од останативе али прво ако најдам од 30гр да видам дали ќе ми се свиѓа да не утнам 2кг после што ќе им праам хаха
Поради лактозата и поќето немаат егзими за варење. Истото е и кај мене. Земиси изолат ќе немаш проблем.
Вежбам два месеци во теретана, и сите ми рекоа ако сакам да качам на мускулна маса да зимам протеин Некоја препорака за добар протеин??
Месо Јајца Млеко Риба Сирење. Во нив имаш најдобар протеин. А како додаток земиси век од било која фирма. Пример скајтек веј 100
Може ли совет, потешка сезона од живот сум, премногу уморна и летаргична, често ненаспана и турбо со мало дете. Здрава права сум, 7-8 години вежбам активно но периодов сум на survivor моод и сум излезена од колосек. Немам енергија, добивам желба да пијам и трето кафе а не сакам. Сакам да добијам сила, да се вратам ма вежбање(пилатес и тежински тренинзи дома) ама никако да најдам енергија. Бидејќи и исхраната ми е крш, не внесувам доволно протеин, би ми помогнало нешто да пијам како екстра сила и буст за пред вежбање?
Почни во исхраната да користиш повеќе јајца, млеко и месо за протеини, ако мислиш дека преку исхрана не внесуваш доволно земи веј протеин. Можеш да пиеш и шејкови од било кое овошје за витамини и во шејкот измешај протеин. За вежбањето почни по малку 10-15 мин на ден, првите 2 недели, доволно е за да се вратиш во форма.
Без доволен внес на протени од животинско потекло и млечни, без здрави јаглехидрати и масти, без доволен број на калории, и најважно без сон, нема да имаш ни сила а ни напредок ни раст и ќе чувствуваш постојано умор. Правилна испраха и сон е клучот за сила и напредок. За сила пред тренинг секогаш земај спори јаглехидрати а после тренинг брзи јаглехидрати за да ти ја вратат енергијата и побрзо да започни процесот на закрепнување. Можеш и кафе или ете pre-workout.
Хаотичен период, ти симнувам капа за желбата да се вратиш во форма да имаш енергија...Со оглед на тоа дека си доста зафатена (мало дете нели) можеби е најпаметно да почнеш од првата работа која можеш да ја контролираш најбрзо а тоа е исхраната. Самата пиша дека не внесуваш доволно протеини, дека немаш енергија...Почни од таму пред да помислиш на протеини за пиење или вежбање. Направи измени во кујната и во периодот кога јадеш и колку јадеш и одма ќе видиш промена во енергија (иако си бизи со мало дете) Ја и без дете бев заглавена на шеќери и 3 до 4 кафиња на ден со попладневни дремки и зомби енергија. Одма откако изгурав 2 недели со нова исхрана ми се случи reset