Протеини и шејкови за време на вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Antonijaa, 2 ноември 2013.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.098
    Допаѓања:
    109.023
    Пол:
    Женски
    Јас сум решена од септември здравје (сега сум на гости кај моите, па кога ќе се вратам дома) да почнам да вежбам и да внимавам на исхрана. Имам околу 57 кг 154 сум висока, сакам да направам мусклулчиња и секако да изгубам на тежина , е сега не знам дали да се запишам во теретана или да правам дома вежби. Дали со вежбање 4 пати неделно од дома може да се формира убаво тело? Лани посетував теретана , имаше справи во комбинација со вежби други и правевме кружен тренинг , 3 круга вртев за 1 час.
    Ми се допаѓаше овој тип на вежби , бев редовна само не комбинирав со ова и внимавање на исхрана. Јануари месец ме фати тежок грип и прекинав. Што правите вие во случај да ве фати грип, настинка и сл еве доколку почнам теретана. И мислам да си земам некој whey protein и кретинин , креатинин како и колку често комбинирате?
     
    На simoncelicius и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    1.550
    КреатиНИН е отпад кој се исфрла од мускулни клетки кој се филтрира низ бубрези и се исфрла преку мокрача.
    КреатИН е амино киселина која се користи за надополнување на енергијата и зголемување на волуменот на мускулите. Фактички ти треба Креатин.
    Веј протеин ќе ти треба ако се тренира како што треба пошто тешко се достигнуваат дневните потреби на протеин само од исхраната.
    Пожелно е да одиш во теретана пошто тренинзи во домашни услови се само губење на време а и нема некој видливи резултати освен ако имаш справи тогаш можиш и дома.
     
    На simoncelicius и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    8.860
    Пол:
    Машки
    Ако имаш доволно тежини т.е тегови дома, тогаш можеш да подигниш мускулна маса, ете и со соптвена тежина нешто, треба доволно притисок да се искинат мускулните влакна за да се обвноват а така ќе пораснат мускулите. Можеби дома не е исто како во теретана, но секој труд се исплати особено ако се трудиш доволно.

    Веј протеин е сурутка од млеко, додадок во исхраната покрај другите протеини од храна за надополнување на дневниот внес протеин по кг тежина. Ќе пресметаш по килажа колку грама протеин ти треба, ќе комбинираш и сурутка и храна.
    Протеините се градежни блокови, тие ги закпренуваат искинатите мускулни влакна побрзо.
    Два пати или еднаш денот по 30гр Веј.

    Креатин ти е исто додаток за зголемување на силата и перфомансите и некој процент полнење на вода во мускулите за визуелно да изгледаат поголеми.

    Креатин 5гр денот пред или после вежбање и задолжително пиење на вода 2.5-4 литри.
     
    На Mumoftwo30, simoncelicius и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.495
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Машки
    После вежбање обавезно пијам шејк со млеко, боровинки, мед, ореви, бадеми лешници, цимет, банана, кајсија или круша, креатин 5мг микронизиран, козја сурутка во прав... поубаво нешто нема.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Ќе одам на јога ,сакам да ослабам 3 кила од ова протеиниве има шанси да ослабам да не ми се јаде?Како замена за оброк кој би го препорачал ?
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.495
    Допаѓања:
    22.484
    Пол:
    Машки
    Мојов оброк немој затоа што е молотова бомба со калории. :D

    Поручувај јајца насабаје по 2 да речеме и некое лебче, или пак некој послаб шејк да речам скоро се на пола од она што пишав јас... или пак ако јадеш овесни може и тоа со грчки јогурт добра комбинација се.
     
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    8.860
    Пол:
    Машки
    Протеинот и сите останати суплементи се додатоци во исхрана, а не замена за оброк.

    За слабеење потребен е калориски дефицит и правилно избирање на намирници од храна и исфрлање на сите високо калорични кондиторски производи што содржат многу нездрави јаглехидрати (шеќери) и нездрави масти.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.