Дали може да ме советува некој дали можеш да користиш протеин додека си или се обидуваш да останеш бремена, или пак може да наштети на плодот?Колку што читав по интернет не, но сакам да слушнам и ваши мислења. Конкретно за овој се работи, сакам да почнам на исхрана а во меѓувреме се обидуваме и за бебенце.
Нема никакви не сакани ефекти врз репродуктивните хормони, органи и плодот Веј Протеинот. А Креатин Монохидрат не се препорачува. Веј е сурутка. Се добива од млеко, тоа што мириса гадно и има жолтеникава боја кога се прави урда и сирење. Само што таа сурутка е во прав и со засладувач за да е вкусна. Сурутката ги содржи сите есенцијални амино киселини кои се добри за телото, правилен раст и развој за тебе а и за бебето. Може да имаш само алергиски реакции ако си интолерантна на лактоза. А овај Scitec Nutrition важи за еден од подобрите и докажани производители на Сурутка (Веј) Протеин.
Можиш. Едино кога доеш не се пијат протеини кој содржат вештачки засладувачи и филери. Скајтек ти е добар.
Дефинитивно Scam. Јас го пиев од Ванила. За ништо не го бива, ниту се раствора, ниту вкус се осеќа. Кога ќе го помешаш со течност целиот се прави како мастика т.е гума и мора да го џвакаш. Катастрофа жива, подалеку и при отворање целиот се разлетува ко прашина. Кој знае и дали е протеин.
Optimum Nutrition - Gold Standard Dymatize Whey Protein BioTechUSA Animal SciTec Azgard PolleoSport ProteiniSI RealPharm Овие ти се сите добри, неколку знаат да бидат и доста скапи.
Со засладувачи се. Обично за да се пијат полесно, заблажени и да се неутрализира мирисот и вкусот. Земи си без засладувач.
Да ми препорачате некој протеин што се толерира да се пие само со вода? Гледам по интернетов од тие Clear Whey што се раствараат како сокчиња, но во Македонија немам сретнато, доколку некаде сте виделе кажете. Премногу сум гадлива и не можам овие обичниве да ги пијам со вода, а не сакам да ги пијам со млеко.
Можеби козјиов протеин, има малце стевиа, не е многу сладок. По желба можеш да додадеш пола малечка или цела лажица какао во прав - какаото е добар антиоксиданс, а богат е и со железо и магнезиум исто. Козјиот протеин (практично сурутка во прав) е позната по тоа што подобро се толерира кај оние кои имаат интолеранција на лактоза, бидејќи козјото содржи од истата помалку. https://www.zegin.com.mk/mk/urban-nutrition-moken-protein-od-kozjo-mleko-500-g Понекогаш и на скопски Зелен пазар во продавничката за семиња и здрава храна имаат козја сурутка во прав на кило, поефтино би било отколку во Зегин, но одамна нема земано, пред пандемијата беше 1500 ден. за килограм.
Додај уште 400 денари и имаш beef protein кој е hydro iso воопшто нема лактоза. Во козја сурутка има лактоза едино шо имаат додадено се имзими за варење така попомага во варење. @pinklipstick Имаш веј изолат со добар вкус на кокос,ванила јагода или банана. Ако не можиш да поднесеш таков вкус додај путер од кикири или замрзнато мих овошје.
Предложете добар протеин само со малку поевтини цени. Неколку што најдов ми се прескапи и неисплатливи за дози за 15-20 дена повеќе од 3.000 ден, не ми се дава толку Инаку целта ми е да се поправам и да качам мускулна маса.