Протеини и шејкови за време на вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Antonijaa, 2 ноември 2013.

  1. 20cm

    20cm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2023
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    Azgard се екстра понуда кај нас. Не се скапи, одлични вкусови и доста добро се раствораат. A имаат доста добар распоред на аминокиселините, барем според описот на кутијата.

    Може да си земиш и во вреќичка од 5 кила, доста поевтино излегува.
     
    На Cosmic Girl и Maelina им се допаѓа ова.
  2. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    @quattro @20cm благодарам, ептен бев скептична пошто не е популарен. :D
     
  3. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Преедобаар е. Јас го пиев, германски е.
     
    На AAKG и Paula123 им се допаѓа ова.
  5. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачап со каков вкус да земам, само да не е овошно нешто и ептен благо. Овој е обичен така, само протеин нема нешто плус? Може глупо прашање,ама стварно не се разбирам :D Секако не внесувам доволно преку исхрана, а сакам повеќе да накачам на мускулна маса.
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Овај е чоколаден, со вкус на чоколадо. Исто ваков пиев и одличен е, не е многу благ со засладувачи и не е пенлив како некои други. Има добар квалитет, се раствора лесно. Можеш да го земиш, има и со вкус на ванила, кукис, орео, јаготки, итн зависи од брендот шо има во понуда.
    Без вкус ако сакаш побарај на гугл или во БиоКосмос продавница.

    А за мускулна маса, треба да јадиш многу, 5-6 пати во денот да јадиш, зошто мускулите растат кога јадиш вишок калории, не само да пиеш суплементи, храна треба. Гледај да е почиста храна.
     
  7. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Ќе го земам овој, ќе пробам. Знам дека треба да јадам, ама имам мака со желудник и затоа послабо јадам и многу работи одбегнувам, затоа и сакав плус протеин да земам. Ама ќе гледам да внесувам повеќе преку исхрана, фала ти :)
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Протеинот е само додаток во исхраната како помагало а храната е главниот двигател.
     
    На Paula123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    1.690
    Пробајго со вкус на капучино. Многу е убав посебно ако ставиш и јаготки :clap:
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.414
    Допаѓања:
    45.413
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 15 април 2026
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Првиот е подобар затоа шо e хидролизиран изолат бидејќи е прочистена форма на протеин и најбрзо се апсорбира во телото а вториот е обичен концентрат т.е првичната форма на сурутка кога се добива протеинот па содржи и малце повеќе масти и јгх но не се штетни бидејќи се млечни. И плус во 30гр дозерка во хидро изолатот имаш 30гр чист протеин а во концентратот 24гр. А за грамажата искрено се скапи.

    Подобро земи некој од 2+кг до кај 2.500 или 3.000 денари, пример RealPharm Whey концентрат од Malena Supplements. И онака не ти треба хидро изолат, обичен протеин концентрат доволно е за секојдневие.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.414
    Допаѓања:
    45.413
    Пол:
    Женски
    Па сакам да зголемам протеински внес затоа што не внесувам доволно за мои потреби, а до сега секогаш купував рандом ќесички од 100гр. што не ми се исплати баш на подолг рок. Фала ти, ќе ги погледнам тие 2+ кг.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Погледни ги овие од 2+кг, стварно ќе одврзиш 2000-3000 денари но повеќе се исплаќаат него ли овие од 700-900гр и плус ќе имаш за подолг временски период. Доволно ти е обичен Веј протеин концентрат, не мора скапи изолати или хидро, тие се за ептен напредни вежбачи.

    Земај 2 пати денот но не на еднаш едно по друго пример 60гр протеин или ко тие млеката од Имлек 50гр протеин, зошто телото нема толкав капацитет да метаболизира толку протеин па вишокот ќе го исфрли и нема да искористи ништо, до 30гр протеин на еднаш може да обработи после сето тоа е скапа мокрача, реално.

    Една дозерка на сабајле и една после тренинг или навечер, битно да има размак од 8 часа. И гледај остатокот на протеини да биди од храна.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Сакав да сменам малку на вегански и ми треба поефтина опција зошто малку ми траат... Некој го пробал од ДМ веганскиот протеин на Sportness? 359 денари е 300грама
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Нема да имаш никаков бенефит од веганскиот протеин бидејќи не предизвикува ниту раст ниту одржување на мускулната маса поради тоа шо нема есенцијални амино киселини а тие се баш градежни блокови кои му се потребни на телото за правилен раст и развој и не само за мускули туку општо за целото тело како коса, нокти, коски, итн.

    Веганскиот протеин ти е исто како да јадиш грав и грашок. Дали имаш слушнато некој да направи мускул од јадење грав и грашок? Не.

    Иначе суплемент ко суплемент, направен е добро бренд стои позади него, додаток во исхрана е али колку би имала бенефит ти од него тоа е друго прашање.
     
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    4.787
    Пол:
    Машки
    На вкус не чини, инаку добар е.

    Секој протеин е изграден од аминокиселини, ако е користен еден извор на протеин (пр само од грашок), фалат аминокиселини, ама со комбинација од повеќе (грашок, ориз, јатки..) протеинот ги содржи сите аминокиселини..

    Може само со вегански начин на исхрана не може да се внесат доволно протеини, без додаток на протеин, што може да се постигне со месо, затоа што треба многу повеќе да се изеде за да се внесе доволно протеини со што ќе се внесат и премногу калории ама со користење на готов вегански протеин можно е да се напредува и во мускулна маса. Во суплементот имаш чист протеин..
    За косата и ноктите е потребен кератин, а за негово создавање се потребни аминокиселини како цистеин и лизин. Веганскиот протеин ги содржи овие аминокиселини.
     
    Последна измена: 17 април 2026
  17. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Гледав еден фитнес инструктор како кажува дека веј протеинот треба да знаеш точно како да го конзумираш во сооднос со масти и јаглени хидрати затоа што многу го подигал инсулинот...знае некој повеќе околу ова?
    Пошто он само кажа дека треба да знаеш како а не кажа како..
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Сериозно споредуваш whey со вегански протеин?

    Whey има повисока биолошка вредност и PDCAAS. Whey ти дава околу 2.5 до 3g леуцин и содржи околу 20–25% БЦАА шо ти е клучен за активирање на mTOR по доза а тоа ти е прагот шо реално ја активира мускулната синтеза шо значи дека телото го искористува целосно. Веганскиот речиси и да нема комплетен аминокиселински профил ако не е мешан со храна, скоро да нема леуцин и плус имаш побавна апсорпција шо го одложува времето за закрепнување. Затоа и во пракса треба поголема доза.

    И уште нешто, растителните протеини често содржат анти нутриенти како фитати и танини ако си слушнал шо ти ја намалуваат апсорпцијата на минерали и протеини, е сурутката тоа го нема.

    За креатинот тука малку мешаш работи. Креатинот не е клучен за коса и нокти, туку главно за сила и енергија во мускулите пошто произведува адено трифосфонат АТП во мускулите па од таму ја влечи силата, задржува вода а природно го има секој човек. Иначе да, телото го создава од аминокиселини ко глицин, аргинин и метионин и ги има и во вегански протеини. Ама факт е дека луѓе шо јадат месо внесуваат директен креатин, додека веганите имаат пониски резерви.

    И патем, ако не внесуваш калории вишок и не си во суфицит, нема ни да изградиш мускул, освен ако ти е целта да изгледаш скини тогаш ок. Мускулот работи на калории, исто како шо колата ти работи на нафта или бензин :)

    Да, whey протеинот може да предизвика релативно инсулин спајк, затоа шо брзо се вари и аминокиселините особено леуцинот го стимулира тој хормон. Ама тоа не ти е нешто лошо и штетно, туку во многу ситуации е и корисно особено после тренинг, кога телото треба побрзо да внесе хранливи материи во мускулите и да го дигни гликогенот.

    Не мораш да правиш некои сложени соодноси, пример можеш после тренинг whey протеин со банана. На празен стомак не чини многу и тогаш го спајка многу инсулинот, затоа се препорачува јгх.
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    4.787
    Пол:
    Машки
    Никаде не споредив веган со whey протеин, млечниот секако е најдобар протеин. Ти споредуваш јдење грашок со млечен протеин од суплемент.
    Муабетот е дека со паметно комбинирање и малку поголема доза, врши подеднакво добра работа за градење мускули (како што докажуваат многу pro спортисти), и воопшто не е бескорисен како што се мислеше порано.

    Да, за mTOR прагот ти требаат околу 3g леуцин. Со Whey ги добиваш со 25g дозерка. Со вегански blend, само ставаш малку поголема доза и го поминуваш прагот.

    За анти-нутриентите тоа важи ако јадеш чист грав и леќа. Кај веганските протеински изолати, анти-нутриентите и влакната се отстранети преку процесирање. Дигестибилноста на изолатот од грашок е многу блиска до онаа на животинските протеини, така што апсорпцијата воопшто не е проблем кога е во форма на суплемент.

    Инаку за косата керати мислев ми сменил аутокорект не приметив.

    А за креатинот веганите имаат многу пониска резерва.

    И никаде не кажав дека на мускулот не му се потребни калории.
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    10.251
    Пол:
    Машки
    Мускул - јајца, млеко, месо, сурутка, здрави масти и јаглехидрати. И Олимпија и Маркус Рил и Шварценегер и Менцер и сите други го кажуваат ова.

    Вегански за луѓе интолерантни на лактоза и други нутриенти, е ок. Ама при месо и млеко да пијаш вода од кокос или грашок во замена на сурутка, не знам.. а притоа здрави и прави.