Шварценегер е веган има периоди кај што 80% му била веганска исхрана и кај што 99%, има изјавено дека имал погрешно мислење за веганската исхрана. Некаде од 2016 мислам е веган.. Исто има многу веган билдери кои изгледаат брутално Nimai Delgado, Torre Washington, Jehina Malik. Луѓето сме сештојади, според тоа и јас одам дека ни е потребно од се по нешто за да бидеме здрави.. Ама не значи дека не си здрав ако не јадеш нешто, без разлика дали е поради тоа што ти смета или едноставно така си се одлучил. И веганите можат да водат здрав начин на исхрана и нездрав исто како и ние ако не знат правилно да ја конзумираат храна џабе.. Друго денес здраво па скоро никој не живее, и не можеш да бидеш сигурен колку е здраво тоа што го јадеш од овошје до месо. Само ако сам си го произведе можеш да бидеш 100% сигурен дека е здраво.
Фитнес инструктор е оној кој што има зад себе натпревари и е IFB elite pro. Се останато е chat gpt. Леуцин прави инсулински Спајк кој е краткотраен. Веј содржи и масти кој ја успорува дигестијата и се намалува инсулинскиот скок.
Нетропај глупости. Арнолд е апсолутен шампион на Мистер Олимпија. Користеше разни стероиди и ден денес е на ТРТ. Ниту еден Веган нема шампион излезено на Арнолд класик па камоли нешто друго. На балканско нема веган излезено. 2016 Арнолд се пензионира од натпревари. Тој е скроз башка тема затоа што не е натуралец.
Никој не тврди дека Арнолд бил веган додека освојувал Олимпии, ниту пак дека е натуралец. Сите билдерите се на стероиди.. Но тоа нема никаква врска со веганскиот протеин. Без разлика дали некој е на хемија или е натуралец, на телото му требаат протеин за да го изгради мускулот што го стимулираат стероидите.
За да се изгради мускул потребен е комплетен протеини,поправо да ги содржи сите амино киселини кој во веганскиот протеин ги нема сите амино. Веганскиот протеин содржи само одреден број на амино за да ги пополни оние амино кој што не се внесуваат преку веганска исхрана. Врти сучи тие вегански "прашаци" се само плакнење очи.
Можеш да земеш било кој бренд и да го прочиташ Amino Acid Profile на задната страна. Таму се наведени сите 9 есенцијални аминокиселини . Ако ги немаше, производот не смее ни да се продава како протеински суплемент. Еве ти од веган Еве ти од whey Рандом ги одбрав од страната на дм.. Ако не веруваш отвори и сам прочитај дека ги има сите 9 аминокиселини и дека е целосен протеин исто како и млечниот.
Тие амино во веганскиот се од сојавит. 80% е соја 20% грашок,овез,чија семенки. Ако нема соја се останато е џабе. Во грашок и чија има само Lysine Leucine Valine 450mlg на 100гр шо е премногу малку. Зато користат соја во веганските за да се извади ист или сличен амино киселински состав како веј. А и во веганските има многу превари така шо ставаат додатни амино од веј. Од Muscle farm поради таа причина ги забранија. Врти сучи има многу подобри варијанти да се внесат протеини пример преку месо, јајца,риба,веј протеини,говецки протеини во прав. Освен ако некој е само на веганска исхрана тогаш начинот на внес е друг.
И плус сојата самата по себе во големи количини е штетна за тестостеронот.. Веганските протеини се повеќе маркетинг трик за тие шо глумат вегетеријанци. Од Веј нема подобра опција за протеин. Сурутка си е сурутка, сите аминокиселини се застапени. Млеко си е млеко.
Има многу вегански протеини без соја и вадат амино профил преку грашок и ориз. Протеинот од грашок (во форма на изолат, не обичен грашок за ручек) е многу богат со леуцин. Тоа што му фали е метионин. Затоа го меша грашокот со ориз. Тоа што го спомнуваш е додавање евтини аминокиселини како таурин или глицин за да се лажира вкупниот процент на протеин. MusclePharm и беа тужени затоа што го правеа тоа на whey протеин, а не на веганскиот. Ниту една компанија нема тајно да стави сурутка во вегански протеин, затоа што млекото е тежок алерген. Маркетинг трик дека е можеш само да кажеш ако си бил таму додека го прават, му вршат испитувања, ако си видел нешто од тоа океј ти верувам. А инаку маркетинг трикови и со whey протеинот има.. Исто за некои луѓе е спас веганскиот протеин. Има луѓе кои добиваат тешки акни од whey, луѓе на кои им се дуе стомакот од лактоза или луѓе кои едноставно сакаат полесно варење. Не можете да ширите лажни информации само затоа што сте вие против вегански начин на исхрана. Секој има право да избере како ќе се исхранува.. Ова е мит. Фитоестрогенот во растенијата не е естроген. Нема да ти се намали тестостеронот освен ако не пиеш 5литра соино млеко секој ден. Никој не спори дека веј е најдобар протеин, ама може да се постигнат резултати и со вегански, веганскиот содржи целосен протеин, се што кажувате надвор од тоа дека whey е најдобар протеин е лага само зато што сте против вегански начин на исхрана. Можеш да бидеш против за себе, ама да хејташ луѓе што одличиле дека поинаку е подобро за нив и да ги лажеш дека со нивниот начин на исхрана не е можно ништо да постигнат не.
Абе сето тоа е ок, ама едно треба да се сфати дека не се исти. Сепак кај Вејот има повеќе леуцин шо ти дава подобар стимул за мускулната синтеза оти побрзо се апсорбира во телото. Не викам дека не можеш со соја или грашок да стигниш до ист ефект, ама најчесто треба поголема доза шо сепак нели те води до тоа да се "предозираш" а нели големи дози водат кон тоа телото да ти врзува повеќе естрогенски рецептори шо кај Вејот тоа не постои, докажано е, нема несакани ефекти врз хормоните, а сојата ти вели чим земаш многу значи имаш и сајд ефектс. И не. Ама ич не ми е проблем шо некој одлучил да живее вегански, пример ти, баш убаво шо не сме сите исти. Него јас ти кажувам општо, тоа шо е познато и докажано дека најголеми резултати доаѓаат од месо и млечни производи. И патем ако сум здрав прав, зошто да не јадам млеко и јајца? Ај месо не мора да речиме. Али ок, секој со својот избор. Јас на трева не можам да дишам а не пак да кревам големи тежини.
Истот ти го велам и јас веј нема замена, ама дека е можно со друг да се напредува можно е.. Од се нешто да претераш ќе имаш лош ефект, затоа што и да користиш треба да знаеш како и со која мера.. А за веган исхрана тие што не се приморани од здравствена причина секоја чест како успеваат да живеат така не се месец/два па да ги изгураш.. Јас и да не тренирам и да се хранам така едвај на работа издржувам, кога почнав са постам мисла дека за 3 дена ќе умрев и џабе јадев и џабе протеин кога јас 24/7 бев гладен и си го препостев цел пост со риба. До мене ли е, до тоа што не знам како со такава храна не знам и никогаш нема да ми е јасно како успеваат цел живот така.. Така да кој може и сака така нека му е со среќа и нека си тера постојат суплементи и за нив..