И тие се. Сурутката доаѓа од млеко, мора да има лактоза. Е некои ги прават и без, му ја вадат. Пребарај на hardcore shop mk дали има без.
Ако е dymatize hydro whey тие немаат лактоза пошто е пред сварен протеин поправо пред да се претвори во аминокиселина. Процесот на варење во желудникот е многу краток и неправи тежина. Хидроизолација на сурутката ја вадат речиси скроз лактозата. Тие се стара фирма и немаат превари. Тоа што пиши тоа и имаат внатре. Затоа и се поскапи. Ако ти е проблем цената можиш да си земеш говецки протеин пример од amix monster beef amino или од скајтек beef protein.
Лошо ли е? Не ми треба за зголемување мускулна маса, туку за дневна надополна на протеин, бидејќи дојам. Барам без адитиви, шеќери и засилувачи на вкус
Ако ти е за здрава исхрана подобро е да си земеш веј протеин без вкус без вештачки засладувачи. Ќе си додадеш по твој вкус некој засладувач кој е на природна база. Иначе козјата сурутка е доста масна не се препорачува додека доите. Не дека е нешто штетна но на самата паковка пиши да не се зема ако доите шо најверојатно содржи филери.
Мускулите не се зголемуваат само од пиење протеин. За мускулот да порасни треба јако кинење, а протеините го опоравуваат побрзо после кинењето заедно со другите два нутриенти јаглехидрати и масти. Луѓето мислат ако пиеш протеин, готово ти пораснаа мускули, хемија е тоа. Не. Веј протеинот е млеко, од сирењето и урдата што се прави жолтото сириште е сурутка или Веј на англиски, а протеин е бидејќи ги содржи сите есенцијални амино киселини што му се потребни не само на муслулите туку на цело тело, за здрави коски, заби, нокти, коса, срце, итн. Има луѓе кои пијаат протеин како додаток во исхрана само заради ова а не се вежбачи.
Вака сега, прашањето беше дали мислите дека е ок да го земам , бидејќи ми треба како надополна во исхраната со оглед на тоа дека дојам и имам зголемена потреба за внес на протеин. Не билдам мускул и не вежбам сега за сега. Не разбирам зошто би бил лош дека содржи лактоза и масти? Од сите на пазарот овој е единствениот што го најдов,а е без ГМО,засладувачи, засилувачи на вкус, филери итн… Инаку пишува дека е кравја сурутка а не козја.