@rokmibejbi @AAKG фала за предлозите. Отсуство на соја поради ГМО, нели се забрани конзумирање на сојата,па избегнувам. Најдов еден вегански, без лактоза и соја, ама не е деклариран дека е без глутен(пишува дека е произведен на исто место кај шо се произведуваат производи со глутен и сл.) Шо мислите? 500 гр. 1200 ден. И овај го гледав, ама не знам дали го има кај нас. Искрено, мене ми треба за дебелеење, 3-5 кг. да качам т.е. да си ги вратам. Умерено вежбам, ама не во теретана со тежина. Аеробик, пилатес и со ластикот(resistance band). Брзо слабеам, а тешко се дебелам посебно откако покажав интолеранција на глутен. Јадам повеќе пати во денот ама не обилно. Денот ми почнува со банана и путер од кикиритки. Сега додадов и овес. Почнав да пијам и јајца од препелица со јогурт и маслиново масло. Ќе видиме дали ќе има ефект кај мене. Кај мајка ми имаше Секој совет е добредојден.
Веганските протеини се без глутен. Од weider германската фирма има и кајнас производи и веј протеини и говецки и вегански.... Протеинот нема да те поправи, протеинот е основен градител на мускулна маса а за да качиш телесна тежина треба да покачиш хидрати во исхраната. Додај декстроза, малтодекстрин, ориз, овез, тестенини... Живи јајца не се пијат оти нема придобивка однив а живо јајце содржи бактерии и се фајќа салмонела. Од препелица јајцата содржат и баѓи холестерол. Земај јајца А класа и јадиги варени само белка. Овезот со банана и да додадеш мешавина замрзнато овошје, превкусен оброк. Ова ќе те попрај.
Протеин е битно да се зема ама и многу калории треба. Суво овошје, јаткасти плодови. Се што е набиено со калории. Ме чуди како путер од кикиритки нема ефект. А нели вегани не конзумираат јајца?.
Кога прашував дали гејнер или протеини, ми рекоа подобро протеини оти со гејнерот само на тежина ќе качам, вака барем и мускули. Јас чисто за одржување на форма и тонирање на мускулите вежбам. Инаку, за имунитет ми ги препорачаа јајцата од препелица. А, со холестеролот сум во минус Ама колку шо знам, баш овие немаат толку холестерол колку кокошкините. Ќе применам од ова шо ми кажа и се надевам дека ќе има ефект. Фала многу за советите Можи дека по 1-2 лажици путер јадам, изгледа треба повеќе Ако ти кажам шо сѐ јадам, ќе речиш досега 100 кг.требаше да бидиш Гени, конструкција, метаболизам, висина(175) исхрана...сѐ се важи И плус, имам забележано дека ако некој период не вежбам редовно и континуирано, одма слабеам. А, за јајцата и веганство, во право си, само шо јас не сум веган, туку само таквите протеини не содржат глутен и лактоза. Ако грешам, поправете ме. Фала и тебе за советите. Ќе ве послушам, па ќе ви кажам резултати.
P.S.love Па штом не си веган, тогаш има и протеини од јајца. Не знам само колку се продаваат кај нас. сркај ти повеќе од тој путерот од кикиритки, има и путер од бадеми ако сакаш да промениш малку.
Калориите излегуваат од протеин, хидрат и масти. Калориите нема потреба да се бројат пошто не се воопшто битни туку е битен дневниот внес на хидрати, масти и протеини. Грамажата ни е најбитна на протеините, мастите и хидратите. 1.5гр протеин на 1кг телесна тежина за жени, 2.5гр хидрати на 1кг телесна тежина и масти 1гр. на 1кг телесна тежина. Во зависност од начинот на тренинг, потребата и целта, сами одлучуваме колку гр. ни се потребни на дневно ниво. Ако сакаш да покачиш мускулна маса и телесна тежина тогаш хидратите одат нагоре а за слабеење протеините и мастите одат нагоре а хидратите надолу. Најголема грешка е шо се бројат калории а не се пази грамажата на внесот на протеини. Често се бројат калории а не намалуват тежина или не покачуват тежина и кога ќе се постави прашање колкави се дневните внесувања во гр никој нема одговор.. Путерот од кикиритки е прехрамбен производ богат со здрави масти и е добар за хормоните. Нема допирна точка со дебелеење. Масти + поголема количина на хидрати =сало. @P.S.love Гејнерите се исто така додаток во храната и се добри ако сакаме да покачиме мускулна маса и телесна маса. И вонив има протеини само што се побогати со јагленохидрати. Баш гејнерот ќе ти е од помош неголи вегански протеин. Али сепак зависи која ти е целта. Можеш и сама да си правиш гејнер со намирници. How to make weight gainer напиши на јутуб, има разни начини.... За имумитет да си земеш цвекло, морков и зелка онаја црвената. Да си земеш јаболкова киселина, една добра салата еднаш дневно и за недела дена крвта се прај мевлен шо викат старите
@AAKG @rokmibejbi Значи, јас на околу 60 кг., ми требаат 90 гр. протеини дневно Ќе си ја земам сега кутлачата и ќе го нападнам путерот од кикири Ќе изгуглам и за гејнерот Сите сакаат да ослабат, јас да се здебелам Секој со маката Фала ви дечки за сите информации и совети
Нормално дека калориите се важни, ако не конзумираш повеќе отколку што трошиш нема теоретски шанси да качиш маса. Важно е и од каде доаѓаат калориите. За да качиш маса без да се здебелиш, потребно е да направиш мускулна маса. Ама треба и вежби со тежина, само со аеробик слабо до посакуваниот ефект. Инаку добрите масти се важни за изградба на мускули. Не е се само во протеините. И содржат повеќе калории од протеините и јаглехидратите. А путерот од кикиритки баш е добар за качување тежина. Добар процент на протеини и добри масти, само треба да се јаде доволно. Барем 100гр, околу 6 лажици, дневно би имале ефект. 100гр би ти дале околу 550калории и 25гр протеин. А плус има и доста витамини и минерали, така да тие е одличен во исхраната. Само барај некој без многу додадени шеќери.
Puterot sodrzi bilni proteini ali tie proteini ne se racunat vo dneven vnes na protein posto ne se kompletni proteini popravo ne gi sodrzat site amino kiselini. Koga eden protein gi nema site amino kiselini ne se svrzuva za muskul tuku se iskoristuva za energija. Visok masti iako se zdravi mozi da go pokacat holesterolot. Za zeni dovolno e 1 gr. masti... Proteinite se vazat samo od zivotinsko poteklo riba, jajca, meso, kaskaval, sirenje, mleko, jogurd.. Serious mass biotech usa hyper mass goveckiot gejner beef mass my protein weight gainer dymatize super mass gainer ovie gejneri se so whey iso i mesavina na ovez,blag kompir, grasok, maltodextrin, fruktoza, dextroza i se dosta skapi i dosta kvalitetni. Vo edna doza ima 50gr protein, 80gr hidrati. Mastite se isto bitni za muskulnata masa da ali edinstven graditel na muskulna masa se samo aminokiselinite. Primaren izvor na energija se hidratite a sekundaren mastite. So pogolema doza na masti mozi samo da se zamasti teloto posto toj visok mast nemozi da se svari celosno vo zeludnikot i voedno se usporuva degestijata na ostanatite makronutrieniti. Baska drzat sitost a kaj covek so saka da kaci telesna masa sitost nemue potrebna. Na krajot na denot koga ke se zavrsi poslednio obrok togas mozi da se soberat gramazite i da se pomnozat so 4 a so 9 se mnozat samo mastite i togas ke se vidi kolku kalorii sme vnesile vo denot mada poiskusen vezbac ni broj ni proteini ni masti ni hidrati ni kalorii, si znaj kolku makronutrieniti mu se potrebni i samo se vaga hranata. Malo pojasnuvanje okolu nestata za da ne frlate badijala pari i da ne ve lazat prodavacite.
Ако растителните протеини не се важат тогаш вегетиријанците не би можеле да спортуваат и би изгледале како некој од Африка. Ако некој извор на протеин се смета како „некомплетен“ не значи дека има само некои аминокиселини, а други воошто ги нема. Тоа значи дека има многу помала доза од некојa есенцијална аминокиселина, ама сепак ги има сите аминокиселини. Со јадење разни извори на протеини, растителни или животински, телото ќе добие доволна доза од сите аминокиселини. И важен е целосниот внес во текот на денот, пред се да се прими доволно од сите есенцијални аминокиселини, бидејќи тие телото не ги создава. Полесно е да добиеш доволна количина аминокиселени со животински продукти, ама не значи дека не може истото да го добиеш од растителни извори. За машко билдер би било потешко, но за женско не е никаков проблем.
Па до негде имаш право но сепак и за женска особа ако сака да гради мускулна маса, само со веганска исхрана ќе е малку потешко. Точно е дека ако се комбинират повеќе врсти на билни протеини ќе се добијат комплетни амино киселини али квалитетот,искористувањето и содржината на тие амино киселини е многу помала неголи од животинските амино. На пример ако во една веганска намирница фали methionine, serine, glutamate опаѓа вредноста на хранливоста на мускулот. Кај животинската исхрана на пример во црвено месо ги имаме сите амино киселини во голема нутритивна вредност но имаме доста лош холестерол и башка таја храна дополнително го закиселва организмот а таја киселост носи лошо здравје како дисбаланс на крвен притисок, покачени масти во крвта, замастување на црн дроб... Кај веганската прехрана имаме одкиселување на организмот али слаба крв, слаб имунитет, лоши хормони. .. Дојдовме до заклучок дека само со еден вид на исхрана неможе да се биде добро граден, да се има добра тежина и да се биде здрав. Стално внесувам и веганска исхрана ама баш сакам да пробам чист режим на исхрана само со вегански прехрамбени производи.
Нема доволно протеини во таја сурутка. Содржи и многу лактоза а лактозата е млечен шеќер. Не е целосно обработена. Додај уште 400 денари и ќе си земеш чист whey protein.
Добро да има лактоза ама дека и здрава е па мислев подобро тоа. А за whey protein, кои се најдобри? Немам купувано а гледам има избор.
Здрава е да али да се користи во денот околу 50гр и во тие 50гр имаш само околу 6гр протеин а другото е масти. Добар веј имаш од Trec nutrition Superior whey core milky whey овај е доста добар и евтин, одличен вкус и растворливост. Core whey.... Можеш да ги најдеш на страната hardcoreshop.mk
Здраво, дали некој може да ми одговори со кој протеин да почнам, значи вежбам и целта ми е качување на мускулна маса, овие ги најдов на нет но ако може ваше мислење. Благодарам https://hardcoreshop.mk/shop/gaspari-nutrition-myofusion-advanced-1814g-peanut-butter/ https://hardcoreshop.mk/shop/quamtrax-whey-protein-2000-gr/
Од гаспсри myofusion ти е многу подобар неголи од quam whey. Гаспари е стара јака фирма која го произведува овај веј веќе 11години. Да го земеш нема да згрешиш... Има на страната од хардкоршоп и gold standard optium nutrition и dymatize elite whey. Видиги и нив, со цена се тука некаде.
Здраво. Вака, јас веќе 2 месеци почнав да сум физички активна, да спортувам да вежбам. Внимавам на исхрана доста, одосно бројот на калории кои го внесувам, просечно значи околу 1300 калории на ден. Прилично намамлив во обем. Сакам да се зацврстам сега, да оформувам мускули и секако тоа вишокот салце да го претворам во мускули,па планирам да вежбам со тежини. Гледам сите користат whey протеин, па би ве замолила да ми препорачате некиј квалитетен и добар и како би било дозирањето. Бидејќи не внесувам доволно протеини преку исхраната, не сум воопшто љубител на месо :/