Дали овој е истиот? Со оглед на тоа што цената е разлика 1000 денари И дали некој има нарачувано од странава?
Не нарачувај храна од неофицијални фирми што немаат дозвола за работа и не ти даваат фискална. Недај боже ќе добиеш тровање немаш кој да тужиш. Башка не знаеш дали е оригинал, пошто прашање е дали страна на ФБ или инста е официјален увозник?! Имаат потврда? Сликава ми изгледа ко некој дома у дневна да продава. Иди на PBC mk разгледај. Имаш 2 ипол кила гејнери за помалку од 2000, или пак кило за околу 900 денари
Јас пијам скоро сѐ од суплементи. Протеините на Amix моментално се со добра цена и аминокиселините на xtend.
Не го пиши аминокиселинскиот состав. Иначе сите веј протеини во една дозерка од 30 гр. содржат од 20 до 24гр протеин.
Vegan protein, dali moze da se koristi kako zamena za dorucek ili vecera, so pola zamrznata banana i mleko od soja ili kokos? Dali ke ima efekt vo namaluvanje kilaza?
Многу погрешно мислење имаш за протеинот и незнам од каде тоа дека ако пиеш било каков протеин дека ќе ја замени исхраната и дека ќе слабееш. Не постој во светот нешто што ќе ја замени храната. Дали било веј протеин, говецки или вегански, тие ти се само додаток во исхраната. Додатоците несмеат да се користат како замена за исхрана или како лекови. Соја избегавај максимално.
Сојата содржи високо ниво на еден вид фитоестроген. Фитоестрогените се уствари растителен естроген. Растителните естрогени имаат слична функција како човечкиот естроген, само се послаби. Колку попроцесирана/попреработена е сојата, толку помалку содржи фитоестрогени. Различни студии, различни заклучоци. Само се сложуваат дека внесувањето фитоестроген за некого може да е корисно (пр ако си во менопауза, ќе ти ги ублажи симптомите или може да ти го намали ризикот од рак на дојка од кој не штити естрогенот) ама за некој може да е штетно (пр. има типови на канцер кои се хранат со естроген а кај мажи го поврзуваат со раст на градите и со неплодност). Така да малку е меч со две острици... И ленот е во оваа група. Поточно тој е на прво место во количината на фитоестрогени што ја содржи во однос на сите други растенија, а сојата и производите од соја се на второ. Мислам дека треба умерено да се внесуваат. Стварно би ме загрижило ако треба сојата да ми биде доручек и вечера, искрено.
Убав состав но и доста грешки. Овошје пред тренинг не се јади. После тренинг риба не се јади. Зеленчук после тренинг не се јади. Овошје пред спиење исто така не. Другото е ок.