Протеинска диета

Дискусија во 'Диети' започната од Juliette, 14 мај 2013.

  1. Juliette

    Juliette Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Се работи за екстремна диета, со која за многу брзо време се губи значително многу килограми, совршено за тие што веројатно малку закасниле во подготовките за летото кое доаѓа.

    Оваа диета вклучува многу јајца и пилешко месо, кои се одлични за вашиот организам. Сепак, бидејќи се работи за диета со која се губи значително многу килограми, би препорачале посета на доктор и барање на совет, дали вашиот организам може да поднесе ваков нов режим на исхрана.

    Неделно мени, подредено по денови се состои од:

    Понеделник

    Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 чаша кисело млеко.

    Ручек: варено пилешко 200 гр, 1 чаша кисело млеко.

    Вечера: 1 портокал, 1 варено јајце, варено пилешко 150 гр.

    Вторник

    Појадок: 2 варени јајца, 1 чаша фреш од лимони.

    Ручек: 1 грејпфрут, печена риба 150 гр, 1 чаша минерална вода.

    Вечера: 2 варени јајца, 1 грејпфрут, 1 чаша млеко.

    Среда

    Појадок: 1 чаша минерална вода со една лажица сок од лимон, 2 варени јајца.

    Ручек: варено телешко месо 200 гр, 1 грејпфрут.

    Вечера: 3 варени јајца, 1 чаша минерална вода.

    Четврток

    Појадок: кајгана од 3 јајца и мешан зеленчук.

    Ручек: салата, варено пилешко 150 гр.

    Вечера: 2 портокали, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.

    Петок

    Појадок: салата од 2 варени моркови, 2 јајца, 1 лажица павлака.

    Ручек: 2 свежи моркови, 1 чаша сок од портокал.

    Вечера: морска риба 100 гр со сок од лимон, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.

    Сабота

    Појадок: кисело млеко 150 гр, 1 чаша сок од мешани цитруси.

    Ручек: 2 варени јајца, 2 грејпфрута.

    Вечера: само минерална вода.

    Недела

    Појадок: ½ грејпфрут, 2 варени јајца.

    Ручек: варено телешко 200 гр, 1 портокал.

    Вечера: само минерална вода.



    Минералната вода е препорачно да се пие што повеќе.

    Девојки ја пронајдов диетава по интернетов и некако ми ги задржа вниманието па мислев да ја споделам со вас и ако ја има држено некоја девојка нека го сподели искуството тука(дали е напорна диетава и,најважно,дали има резултати)бидејќи на први јуни сум на свадба и би сакала да ослабам малку повеќе за пократко време :$ :D
    Инаку мислам дека ова е модифицирана верзија на диетана од Жан Митрев...онаа 15дена што е,со викендите што се слободни
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.489
    Сметам дека протеинските диети најмногу им одговараат на тие што е 0 крвна група. Исто, диета без зеленчук е нездрава диета, а мислам дека јајца не ќе сакаш да пробаш долго време после диетава.
     
    На teodorcka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    478
    Многу лоша диета,многу...Јас одамна ја имам пробано ... До 4 ти ден успеав да ја издржам и после тоа имав страшни вртоглавици,нагони на повраќање,многу ми се спиеше и болки во стомакот.Па уште тој доручек од јајца,портокали и кисело млеко :puke: :puke: :puke: погадно здравје.Не ја препорачувам никако ...
     
  4. elanor

    elanor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Диетава е катастрофа невидена :fubar: Толку ми го наду стомакот што две недели ми требаа да си го доведам варењето во нормала :swear: Не само што не симнав ниеден грам, туку качив 1,2 кила :@

    Плус, после ова искуство од јајца ќе бегаш ко ѓавол од крст.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    7 дена 7 кг

    Па со оглед на тоа дека помина Велигден па ако има уште некое заостанато јајце добро ќе дојде на оваа диета. Ништо чудно да се добие и камен во жолчка од толку многу варени јајца кои се мин 2 секој ден и по 1 чаша минерална вода....ма не е ни битно, колку што е нездрав насловот 7кг за 7 дена. По -1кг на ден, :!: не е возможно
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mirena

    mirena Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    7 дена 7 кг

    Не мислам дека тоа е можно, но мислам да пробам
     
  7. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    7 дена 7 кг

    И да Е возможно да скратиш 1 килограм на ден, мислам дека не е здраво. Одеднаш да го лишиш организмот од се претходно што си внесувала...
    Бавно, но сигурно... со намалување на лебот. Лебот кај нас зафркава. Само ние македонците мислам дека толку многу конзумираме. Компири пржени јадеме со леб, макарони и шпагети со леб :)

    Сепак мислам 7 кг за 7 дена е премногу.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    7 дена 7 кг

    никако да не ја почнувате диетава НИКАКО, јас ја пробав минатата есен и завршив на токсикологија и нема да ослабете 7 кг можеби само 2 а после ке се здебелите 5
     
  9. Juliette

    Juliette Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    ...абе факт е дека секој организам е различен,али 2 кила да качиш од диетава мислам дека е невозможно...еве 3ти ден ја држам и не само што премалце се јаде туку и веќе се чувствувам слизнато...ама добро,тоа не мора да значи ништо :)
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.