1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протеинска диета

Дискусија во 'Диети' започната од LolytaS, 21 јули 2016.

  1. LolytaS

    LolytaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    ПОЈАДОК:

    Појадокот во текот на диетата е секогаш ист и се состои од овошје – најдобро јаболка, а може и друго овошје, освен банани.

    РУЧЕК И ВЕЧЕРА:

    Бело пилешко месо, мисиркино месо, јагнешко, јунешко, риба, јајца (најдобро варени), немасно сирење, млеко или јогурт со ниска масленост. Протеините може да се комбинираат со зеленчук, по ваш избор, но да се избегнува компир и ориз. Можат да се јадат и печурки и соја.


    Секој четврти ден од протеинската диета е овошен ден, кога се јаде само овошје цел ден, и тоа во неограничени количини.

    ВАЖНО:

    Не треба да се пие пиво и алкохолни пијалаци. Исто така се забранети секакви благи работи, грицки, газирани сокови, засладени овошни сокови и бел леб.

    Дали некој ја има држено и какви резултати има?
    Планирам да ја почнам, секако поткрепена со физичка активност секој ден по 1 час.
     
    На Gosh и Victorian им се допаѓа ова.
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    25.851
    Пол:
    Женски
    Ова е скоро иста на ун диетата
     
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Далеку дека е иста ко УН оваа
    Повеќе е како аткинсонова, но ми делува нездрава и тешка за организмот со толку месо..
    @LolytaS прочитај ја УН или хроно исхрана, јас оваа не ти ја препорачвам
     
    На Снегулк@23, LolytaS и ToksycznaReakcja им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.583

    Оваа диета ја препорачуваат по фитнес центрите, и се користи додека се вежба.
    Со неа се губат масните наслаги, а протеините ги одржуваат мускулите.
    Ако интензивно вежбаш, а имаш многу вишок килограми, на почетокот ќе се стопиш, а ако имаш малку вишок на килограми, нема да гледаш губење на мн. килограми, но ќе се зацврснеш.

    А ако вежбаш лесно, ќе слабееш здраво т.е. по 2 кг. неделно. ( сепак се зависи од тоа колку кг. имаш вишок)
     
    На LolytaS му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LolytaS

    LolytaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Па имам некаде 15-17 килограми вишок.. Би сакала за 2 месеци да симнам барем 10
     
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.583
    Со оваа килажа, ќе успееш. Дури и повеќе ќе биде, мислам. Па чекаме резултати. :$
     
  7. ♡Lady♡

    ♡Lady♡ Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Диетава не е здрава. Не е здраво да јадеш само протеини или само скроб. Сите витамини му се потребни на организмот.
     
  8. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    917
    Jas imam drzano slicna koja se vika dukanova. I funkcionira. Mi bese prva dieta so ja drzev. Sakav da simnam 6 kg i gi simnav. Za 4 meseci (od 58 na 52). Ne e zdrava ama ako imas visok i toa ne e ok. Ovaa dieta moze e edna od podobrite deka na pocetokot (prvata nedela) simnuvas odma 1-2 kg ama toa e visokot na voda samo. Sepak motivira. Nedostatocite i se so ishranata e dosta ednolicna i e poskapa. Ednolicna deka ja taa so ja drzev ima period koga se jadat samo proteini - bez zelencuk. Pa posle se kombinira so zelencuk, pa posle smees i ovosje. Ako stvarno sakas da oslabis, mora da se drzis po pravilata. Ja ima i na int, izguglaj i vidi.