1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протеински рецепти

Дискусија во 'Фитнес' започната од Sweetlove_0312, 10 мај 2021.

  1. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.749
    Пол:
    Женски
    Не видов тема во која се објавуваат протеински рецепти, па да отворам една. Значи темава е за објавување рецепти со природни протеини не вештачки во прав. Секој што ќе има да сподели рецепт или шејкови може да бидат корисен и нов за некој друг.
    Јас ќе почнам со еден рецепт што го знам.
    Нутритивен омлет.
    Состојки:
    2-3 јајца
    Овесни снегулки 2 лажици
    Рукола или авокадо
    1 лажичка чија семе
    Се пржат јајцата, се додава рукола или авокадото, овесните снегулки па се додава чија, црн бибер, оригано. Се пржи 2-3 минути па се сервира со сирење. :)
     
    На Autumn Love, Guns N` Roses, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    Од кога протеинот во прав е вештачки :wasntme::rofl:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.749
    Пол:
    Женски
    Не сакав да кажам вештачки, сакав да кажам замена на тој протеин.
     
    На AAKG и GymGirl❤ им се допаѓа ова.
  4. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Домашен протеин мене ми е посиргурно и поздраво бар знам што јадам.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за темава :inlove: одамна сакав јас да ја отворам но не стасав баш пријатно ме изненади :l: :*
     
    На bella108, sunshinebabe, The Saturdays и 3 други им се допаѓа ова.
  6. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Протеински палачинки

    1 чаша овес
    1 банана
    2 јајца
    1 прашок за пециво
    1/4 мала лажица сол
    2 големи лажици мелено ленено семе (по желба)
    цимет ( по желба)

    Готовата смеса се блендира и потоа во тавче подмачкано со масло или путер се готват палачинките. Понекогаш потребно е повеќе масло на тавчето, бидејќи овие палачинки полесно горат од обичните.
     
    На Sweetlove_0312, f.girl, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  7. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Пилешка салата

    300g сварено пилешко месо
    2 варени јајца
    1 домат
    Зелена салата
    3 супени лажици јогурт
    Потпечени парчиња леб
    Сол, бибер, зачини по вкус


    Авокадо салата
    200g сварени пилешки гради
    1 краставица
    1 авокадо
    1/2 главица црвен кромид
    1 супена лажичка јогурт
    1 кафена лажичка лимон

    Туна салата
    350g конзервирана туна
    1/2 главица кромид
    1 краставица
    1 домат
    Зелена салата
    6-7 маслинки
    2 кафени лажички сенф
    2 кафени лажици маслиново масло
    Зачини по вкус
     
    На Fancy_Nency 22, Sweetlove_0312, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.
  8. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Конечно ваква тема за сите што не сакаме да конзумираме протеини во прав :inlove:
     
    На mula, sunshinebabe, AAKG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Супер тема!!!

    Палачинки од црвена леќа

    Една чаша црвена леќа се става 3 чаши вода и се остава 4 саати.
    После се мие добро и се цеди, па се додава во блендер и се додава пола чаша вода.
    Се блендира и се става во тавче како и за нормални палчинки само со малко масло од маслинки или кокос.
    Јас ги полнам со мешан салата, авокадо и малку цацики.

    C50F6201-705C-4BF5-A0DD-1624554059E7.jpeg 75E75D79-50BE-439D-B87B-A7C0E7DBD039.jpeg CCB246FF-EE3C-4822-B43F-FB6ECD4B5BE3.jpeg
     
    На Fancy_Nency 22, realGirl, Mayyya и 11 други им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Салата од киноа и пилешко

    Околу 100 грама киноа (може и 80, отприлика нешто помалку од пола филџан, зависно од големината), 150 до 200 грама пилешко, марула, пченка, домат (или мали чери доматчиња), црвен кромид и пола крставица. Кината сварете ја, пилешкото може да го исецкате на помали парчиња и да го запржите и потоа измешајте се. Додадете малку маслиново масло, солта, бибер и лимонче. Превкусно. Ова е за еден човек.

    Истата комбинација може и со лосос. Со лососот додадов и брокула, малку путер ставив врз неа да се стопи, одозгора лимон, бибер и солта, над брокулата. Последно така го правев, па еве слика. Добро лососот и путерот спаѓаат во здрави масти, ама верувам дека и тоа ви е ок.

    20210504_170604.jpg
     
    На realGirl, Nigredo Odor, sunshinebabe и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    Хаха па ја у све што готвам ставам протеин хахах.
    Ајде еве еден без:
    - 3 јајца муткани со кашкавал и сирење се пржат како кајгана.
    - 1 тортиља премачкана со наут, или кремсир
    - еден два листа марула
    - лажица мајонез одозгора
    Све тоа се става едно врз друго и се поклопува хехе. Знам, ова ми звучи ептен на машки рецепт све набутано, ама вкусно е. Башка има околу 40-50 грама протеини а се приготвува смешно брзо.

    Доручек:
    40 грама овес
    Се вари во 200 мл млеко.
    Се додава една лажица какао
    Една супена лажица путер од кикирики
    Чекам да се згусти и спремно е за јадење


    Браво за темата ќе ми се најде сигурно за идеи.

    Иначе само информативно да срушиме некои табуа за протеинот.
    Whey протеинот е протеин од сурутка. Whey=сурутка (превод анг.-мак.). Може да се купи и у здрава храна, а може да се купи и течен односно сурутка, односно водата која останува при преработката на млекото. Сурутка правеле нашите баби и дедовци уште пред 100 години и ја мачкале на лепче :)
    Протеинот во прав од сурутка е едноставно исушена сурутка. Јас го ставам у све (заедно со брашното) особено ако е без додадени вкусови.
    Ако сурутката не е природна, тогаш не е ни сирењето, ни урдата ни зденката. :)
     
    На kikkki, raww, realGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.749
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш дека може да се користи козја сурутка што ја има во маркети?
    unnamed.png
    На оваа ? Може ли ова да се користи како протеин ? Или треба да се исуши некако ?
     
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Еве ти го одговорот:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    Како мислиш дали може да се користи како протеин? Не сфаќам што те интересира?

    Протеинот е макронутриент. Протеините најзастапени се во животинските производи, но секако и во други видови храна. Макронутриенти се: протеини, јаглехидрати и масти. Макронутриентите нѐ снабдуваат со калории, односно со енергија. Во секоја храна што ја јадеме, или пиеме, има одреден процент протеини, масти и јаглехидрати.

    На сите пакувани производи може да се прочита колку грама протеини содржат. За храна богата со протеини ја сметаме онаа чии калории во најголем дел доаѓаат од овој макронутриент.
     
    На kikkki, LadyLollypop и AAKG им се допаѓа ова.
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    Шејк
    1 банана
    Пола пакување обезмастен Greek yogurt значи околу 100 грама
    Ванилин шеќер или екстракт
    Една чаша млеко
    Две кафени лажички какао
    Две супени лажици ленено семе
    Една супена лажица мед
    Коцки мраз.

    Све се става заедно, блендира, и спремно за пиење...
     
    На Cosmic Girl и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Да разбиеме некои стереотипи.

    Whey протеинот е хемија. И, не фарбајте никој. Затоа сите напалени типчиња го земаат масовно, затоа што сакаат брзи резултати и после одреден период телото стагнира, па после се префрлаат на креатинин, стероиди, хормони за раст и слично.

    Не постојат „natural“ бодибилдери. И, ова ти го кажува човек што скисна по теретани последниве 6 години.
     
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    Ова дека вежбаш 6 години као треба да биде некој кредибилитет за да трескаш зелени?
    Као човек шо кисне 6 години у теретани изненадува твоето непознавање.
    Сурутката не е хемија туку млечен производ (прашај ги баба ти и дедо ти). Протеин јадеш у све живо и диво.
    Креатин, и тоа во големи количини, конзумираш секојпат коа јадеш црвено месо.
     
    На kikkki и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Протеин е едно, а Whey протеин е друуго.

    Земај си протеин и креатинин преку храна, а не преку хемија.

    Втора работа. Спореди бодибилдери пред 60-70 години кога немало бодибилдин индустрија и денес. Небо и земја разлика. Денес сите се хемичари.

    Тоа што сум 6 години во теретана не е кредибилитет, туку ги гледам сите што прават. Од Македонија до САД.

    Може меѓу себе да се собирате и да се тешите како сте вие ’natural’, али реалноста е друга.
     
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    После 6 години денеска требало да бидеш фитнес тренер. Но ти си спротивното. За жал ништо не си научил туку си разочаран од сопствениот неуспех.

    Буквално горе објаснив. Ама очигледно е непознавањето. Тоа што американците го нарекуваат whey на македонски се вика сурутка.

    Да беше протеинот и креатинот хемија, сите ќе бевме набилдани и ќе се натпреварувавме и ќе бевме по 120 кила чиста мускулна маса. Тие што ги гледаш огромни и ти викаат дека конзумираат само протеин, те лажат друже, тие се боцкаат.
    Протеин и креатин се додадок у исхрана.
    Не ги мешај со стероиди ќе ти се смее некој.

    Фала за советот, јас ќе продолжам да си ги пијам во прашок.
    А ти продружи си да лапаш купечка храна и надевај се дека у неа нема хемија :D бај д веј, дали знаеш дека купеното пилешко и телешко содржат GH односно стероиди?

    @AAKG читај брат да се насмееш :D
     
    На kikkki, theBride, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Јас се знам што содржи храната, месото, whey протеините, креатининот, па затоа не се лажам сам себе дека сум “natural“. Во таква илузија живееш ти :D

    A, ти и по 20 јајца да јадеш дневно и пола кило пилешко месо пак нема да направиш маса ни приближно како што Whey proteinot и креатининот ќе ти овозможат, затоа што се хемија и тоа е нивната првична намена. Да ти го дадат тоа што обичната храна не може.