Знаеш сирење како се прави? Да погодам не знаеш. Оти да знаеше, ќе знаеше дека при процесот се издвојува сурутка. Е таа истата сурутка е whey-от што се продава само на поинаков начин издвоен. Анаболички стероиди се хемијата. А стероиди и протеини се сосем различни соединенија.
Буквално можеш али ок. Мило ми е шо си поправивме муабет. Ми беше забавно, се насмеав. Ти посакувам све најдобро, и ти посакувам да постигнеш све што сакаш да постигнеш со вежбањето.
Без whey протеини, креатинин ќе ти требаат години и години мачење низ теретани, а резултатот ќе ти биде половичен од тој што си го замислил во глава без земање ’додатоци’ во исхрана ( да се насмејам малку на Ајронмен ). Сите знаат зошто ги земаат, со која цел и колку време, а се друго е една обична лага. Сите знаеме дека денешната храна е процесирана, има се и сешто во неа, но барем јас не се лажам себеси дека јадам ’квалитетна и здрава’ храна. Whey протеини, креатинин, шејкови не се хемија до тој степен како стероиди и хормони за раст, но сепак се хемија. И, за крај... I have been doing some research on my theory and I am reading a single natural protein cell has 20 protein residues in it, and the average protein cell that of the protein powder has about 70.
Сфаќаш што значи ова? Очигледно не истражи малку поише на темава, на добар пат си Јас на пример почнав да конзумирам протеин и креатин во прав после операција, како препорака од интернист
Човече....у млеко го има whey-от. Буквално дома можеш да го издвоиш. Сакаш да кажеш ако земам редовно whey a не вежбам ептен напорно дека можам да се набилдам до немај каде? Не сфаќам што е со цитатот? Какви обични протеински клетки и какви се другиве протеински клетки?
Што убаво ќе беше така ќе пиев само протеин и ќе гледам како ми се оформуваат мускулите, наместо да се потам @Abracadaver протеините во прав се на природна база, можат да бидат млечни, растителни и од животинско потекло. Само што е преработен машински (сомелен) Whey protein во превод е протеин од сурутка.
@Abracadaver Ако WHEY е хемија, значи и млекото е хемија. Непостој во свето хемиски состав од кој ќе се изгради сурутка. whey во превод ти е сурутка а сурутка се добива само од млеко. Кога се вари млекото, се создава млечна кора која оди на доработка и се вари на ниска температура и со самото варење, млечната маст и хидратите се губат и останува само протеинот. На таја сурутка се додава вкус и се пакова. Имаш повеќе извори на протеин протеини од јајца, протеини од млеко, протеини од риба и така натаму. Се што е лек(хемија) без рецепта неможиш да купиш а веј протеин можиш ито секаде во светот. Пред да тропаш глупости и да ти се смеј цел форум прво проучи и разгледај видеа на јутуб барем сега можиш лесно да најдеш материјал за се што те интересира. И друга работа околу веј протеинот, не ти е битен протеинот туку колкава е вредноста на амино киселинскиот состав кој што го содржи во една доза. Телешкото месо содржи најмногу амино киселини и е едно од најдобриот протеин но содржи лош холестерол. Јајцата исто така се одличен оброк богат со аминокиселини но за тие јајца кокошките се клукани со анаболични средства за да несат јајца и пилината се клукани со разни средства за брз раст. Значи преку храната внесуваш и некој тип хемија. Дали користиш веј протеин како додаток или внесуваш доволно протеин од месо, јајца, риба ти исто растиш без разлика дали ќе пиеш веј или не. Се додека не земеш синтетички тестостерон, ти си натуралец. За 6 години не си научил една основна тема.
Друже, ај олабави малку Сум земал стероиди, хормони за раст, whey протеини. Многу добро знам што е тоа. Се е хемија. Тоа што бодибилдинг индустријата фрла милијарди долари да те убеди дека тоа е ’natural’ и додаток на исхрана, е тоа е твој проблем. Земај си хемија слободно, само немој да фарбаш некој дека со whey протеини ќе растеш исто како со јајца
Па ај кажини шо хемија си користел, колку време, кој ти е пост циклус, колку милиграми си земал тестостерон и кој тип 13 години стаж и досега не осетив никаква разлика со веј така да немаш ни доказ дека веј е хемиа.
Да. Се дешаваше да користам и по 4 пати на ден и никаква добивка. 2.5грама протеин на 1кг телесна тежина. Моментално користам само една доза ито по потреба ако невнесам доволно преку храна.
Ете, со самиот твој одговор ми ја потврди тезата. Не избра храна, туку хемија, затоа што дава драстично побрзо резултати, а храната никогаш нема да ти даде резултат. Whey protein is cheating. Тоа секој профи и искрен билдер би ти го кажал. Нашиве стари генерации јаделе сурутка, цел ден копале по ниви, биле драстично повитални од нас, па никој немал бодибилдерско тело. Таков изглед се развива последниве неколку децении со развивање на хемиски суспстанци.
Ало дечко. Ти глуп си или глуп се прајш? Знаеш 3 посто англиски или бар малку македонски? Сите ти објаснија дека whey преведено е сурутка.
Една дозерка веј протеин (35г) е исто ко да си изел 5 белки. И сурутката е природна и јајцата се природни! Веј протеинот не е хемија!
Доручек: 5 белки 1 авокадо 2 - 3 лажици павлака Подготовка: Белките ги пржите во тавче, авокадото го гмечите и додавате во подготвените белки и одозгора ставате павлака по желба, ама не многу. Една - две лажици колку да се излажете. Bon apetit.
Протеински бомбици Околу 12 урми се потопуваат во вода и се оставаат да отстојат 1 час. Потоа се цедат и се вадат семките. Па се ставаат во блендер заедно со кокос (1/2 чаша) , кокосово масло (1/3 чаша), какао (1/2 чаша) , чиа семки ( 2 лажици), мелени ореви или било кои други јаткасти плодови (1 чаша) , 1 мера whey протеини и пола лажичка ванила. Убаво соединете ја смесата и оставете ја 20 минути да отстои за да омекнат чиа семките па потоа обликувајте ги. Ако смесата е многу влажна додадете уште мелени ореви, а ако е сува додадете кокосово масло.
Ете, глуп сум. Чаре? 10 Reasons Why You Shouldn’t Use Whey Protein Supplements http://darwinian-medicine.com/10-reasons-why-you-shouldnt-use-whey-protein-supplements/ Хемија си е хемија. Да беше whey протеинот еквивалент на 10 белки ќе си ги јадевте дома, а не да фрлате грдни пари на хемија, само за да 2-3 години постигнете резултати, а со најперфектна исхрана ни за 10 години нема да постигнете ни пола од тоа со суплементи, или “додатоци во исхрана“.
Овде е објаснето дека нема потреба да се користи веј и да се споредува со храната која е богата со протеини како јајца, месо, риба... Никаде не пишува дека има додаден хормон или некоја хемија во обработката и процесирањето на сурутката туку пишува дека на кравите му се давал естроген терапиа за брз раст и дека мекото е штетно и затоа веј протеинот бил штеетен, содржел шеќери, масло, некакви бактерии  Општо секое млеко содржи бактериа се додека не се обработи исто и месото содржи бактерии додека не е термички обработено. Ако користиш живи јајца се фаќа сепса поради отровите но кога ќе се сварат јајцата, тие бактерии се губат. Истото ти е и со млекото. Значи постот шо го објави го имаш или најдено онака на гугл или го немаш дочитано. Досега во светот никој неумрел од веј, но многу починаја од срцев удар поради гнетење голема количина на 'природен протеин МЕСО'. Ти пишав и погоре во предходниот пост дека постојат различни извори на протеин. Ако спрема тебе веј е хемија, тогаш Beef protein итој е хемија? Имаш уште многу да учиш
Јадев, ама ми се згади секој ден по 10 белки, а протеините барем се со вкус па можам секој ден различен да коростам без да ми се повраќа а да беше протеинот хемија до сега ќе бев ваква Ама среќа не е хемија