Најголем дел од whey протеините се произведуваат од крави во кои се вбризгуваат хормони за раст рБСТ/рБГХ, а тие хормони за раст се познати во науката по многуте негативни споредни ефекти како канцер, па така се банирани во многу земји од Европа, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија. Сега немој да гуглаш, кои се тие вештачки произведени хормони за раст
Прво, огромен дел од протеините во прав се од кози не од крави. Второ, можеш да бираш и од веге протеини. Трето, дали ова значи дека не пиеш ни млеко? Или имаш дома живина па сам си молзеш? Четврто, Од каква храна ти конзумираш протеини? Пошо исто као кравите, така и свињите и пилињата се набутани со хормони. Горе имаше ставено линкови од вебстрана у името беше дарвин медицина нешто... Јас би те предложил за Дарвинова награда да добиеш. Немој сеа да гуглаш што е наградава.
Темава од рецепти се претвoра полека но сигурно во бојно поле смирете се, секој си има право на свое мислење. Споделувајте рецепти, теории на завери ќе разглабаме на друго место
Микс киноа(варена) 2 јајца Пола авокадо Краставица Сирење зачини по вкус Си варам и си носам на работа
Здраво. Се вратив на темава за да кажам дека сакам да се преправи во протеински рецепти кои вклучуваат и протеин во прав бидејќи разбрав колку е корисно и тоа, дека не е тоа лоша и штетна работа и сакам да го пијам во шејкови но може ако сакате само рецепти со протеин што се додава да се објавуваат ако сакате и ако практикувате да правите. На пример други шејкови, овесни каши и слично. Некои рецепти за идеа да споделувате ако сакате.
Протеински рецепт Се става да се вари 50гр.овес и 1чаша млеко па се става протеин во прав една доза, путер од кикирики лажичка-две и лажичка какао и малку цимет . Се меша додека не стане густо и топло млекото, се турива во чинија и се додава топинг по желба, јас ставам најчесто ленено семе,чиа семе, гранола, кокос и банана. Вкусно е. Протеински палачинки -3 белки од јајце се бијат, се додава овесно брашно,1 лажичка засладувач по желба, 3 лажички млеко и ако сакате или немора ако не сакате , дека има белки од јајца кои се исто така високи со протеин, ако сакате повеќе додадете само протеин во прав една доза и тоа пржете го на тава. Прикажано во слики. Спојлер: Палачинки
Како мислиш дека од две кила протеин ќе се напраиш ѕвер или? Фрустрации гледам многу кај тебе, во сите теми за исхрана и суплементација. Јас минимум шест години сурутка пијам, и уште 1 год креатин, плус вежбам (со мали паузи) па уште ме собира низ врата.
Има протеински состав за палачинки во дм но незнам дали е убав, се стремам да го пробам. Се надевам содржи здрав состав.
Арен е. На Биокосмос го земав од ДМ не беше лош. Има и на ДМ марка, сличен е, само не се сеќавам кој повеќе се исплатеше, веќе не давам пари за тие, сама си правам смеса за протеински палачинки.
Гледам многу рецепти за протеински палачинки па можно е да има сличен. Овие се солени. 3-4 лажици овес 2 јајца 2 лажици урда Сол во зависност колку е солена урдата и колку сакате да се солени. Сѐ се блендира и пржи. Во смесата инаку може да се додаде и неколку листа спанаќ.
Знаеш што е уствари таа нивната смеса? Јас правам сама таква смеса. Значи блендирам овес, ставам прашок за печиво, и миксирам со јајца, малку млеко, whey протеин и некој засладувач или ванилин шеќер. Не е ништо комплицирано. Е сеа точен сооднос не памтам на колку јајца колку овес одеше, ама не е ни битно, ќе гледаш да е добра густината. Овесот баш како брашно станува и го заменува. Можеш и лажица-две било какво брашно да додадеш во цела смеса. Рецептот ми е од мојот фитнес тренер, ми рече да не трошам пари на глупости, да не бидам мрза да си направам сама за да ми останат пари на неа да и дадам и суплементи да си купам кои навистина ми требаат.
Хееј дали имате идеја каков десерт може д направа со протеински јогурт од ванила, или јагода тие па може и чоколадо? Тие ми се омилени, и каков протеин да земам,, сакам да накачам некое кило плус , а се ми иде тешко, се мачам со апетит и све <3
Да да знам сум правела смеса и со банана ( лани беше тоа не ја ни паметам веќе) ,но сега сакав американски палачинки интегрални Синоќа ги правев со јајце, млеко, сода бикарбона за тесто,интенгрално брашно од дм Био и ванилин шеќер да добијат мирис на ванила превкусни беа ем интегрални ем протеински и утрово си поручав од нив тоа што ми остана од синоќа со протеински еурокрем FH од ванила Значи превкусно беше!