Здраво, дали може да ми кажете кои оброци од Протекал се највкусни и како ви се допаѓаат интегралното лепче, пицата, пастата и крокетите. Доколку некој продава оброци, нека ми пише, заинтересирана сум.
Имам искуство со Продимед, и е истиот принцип како Протекал. Се конзумираат до 5 оброци дневно + околу 200гр зеленчук, и си во калориски дефицит и кетоза. За разлика од Протекал, не се наплаќаат прегледи и слично и не те форсираат да набавиќ уште 10 шишиња суплементи, освен калиум, кој е задолжителен во секоја кето диета.
Исто како протекал,само без прегледи бидејќи тука консултации не се наплкаќаат. Храната во ПРОДИМЕД е направена во Холандија,додека Протекал во Франција. Исти вкусови буквално имаат. Можеби ПРОДИМЕД е за нијанса поефтина од Протекал бидејќи нема скапи контроли.Ама пак е многу скапо и само оној кој цврсто решил да даде пари и да изгледа подобро може да си ја дозволи. Дани за 1 месец пишува дека изгубила 15 килограми други сведоштва нема , барам некој што имал искуство да ми каже бидејќи не е малку пари.
Јас имам ослабнато 10kg со Продимед за околу 40тина дена. Цената зависи од бројот на оброци кои ги конзумирате дневно. Препорачливо е да се внесуваат 5 оброци, но од искуство мое а и на други корисници, најчесто приготвуваат 4 оброци, а некогаш и 3. Една кутија со 5 оброка чини 990ден (можеби е промената во моментов цената), што значи еден оброк е 200 ден. Диетата е поделена на фази. Во првата фаза се внесуваат исклучиво продимед оброци и зеленчук, а понатака еден оброк се заменува со вистински оброк протеински, така што како се преминува во фази така и цената по ден се намалува. Она што мене ме интересира е дали има членка која има искуство и со Продимед и со Протекал, за да сподели чии оброци се повкусни?
Дали некој го има упатството од Протекал, што се јаде во секоја фаза ? Првата беше само протекал храна и зеленчук, ама не ги памтам сите. Ако некој го има, молам да ми го прати