Здраво, Ве следев на темава на форумов и морав да се приклучам. Почнав да ја држам Протекал диетата и so far so good. Во мојата фамилија повеќето луѓе се доктори и ми го објаснија системот на функционирање на диетата. Клучно е да се пие многу вода за да се исфрлаат кетонските тела, затоа што се влегува во кетоза (кога масните клетки ќе почнат да се користат за искористување на енергија во недостаток на шеќери). Витамините и минералите се исто така клучни за телото да не почне да ги користи сопствените резерви. Генерално, сите што ги прашав ми дадоа информација дека би можело да функционира. Мене ми е трет ден во овој подвиг и се чувстувам одлично и покрај напорните часови на работа. Би сакала да читам повеќе искуства од оние што ја држеле или ја држат. Подршката помага. Кратко прашање: иницијално бев информирана дека не треба да пијам филтер кафе (само турско и еспресо) но според мене филтер кафе се добива од истиот материјал како и турското и еспресото. Што мислите за ова? (Зависник од кафе овде )
феминки еве мое лично искуство....поради здравствени проблеми во рок од година ипол накачив 28 кг . По 3 години мачење со разни диети, нутриционисти, апчиња за слабеење се одлучив да ја пробам Протекал диетата. Реално имав најголем ефект од неа, за 4-5 месеци ослабев 24 кг и се чувствував супер. Стигнав до 4 фаза....арно ама нели сите на мачи оној финансиски дел, па ја прекинав... неколку месеци беше ок...немав вратено ни грамче....ама почнав да се опуштам пак со храната и вратив 10 кг . Сега почнав да конзумирам Garcinia Cambogia викаат дека било одличен топач на масти....па ќе видиме како ќе иде
Здраво дечки. Заинтересирана сум за да купам ќесички протекал. Ве молам да ме контактирате доколку некој има што сака да ги продаде неговите.
Zdravo jas da prasam kako ide so Garcinia Cambogia? )) namali vo obem ? kilce simna? i sto jades me itneresira? dali normalno si jades a tabletive us pat reguliraat i topat masti ili imas poseben rezin na ishrana?
Zdravo na site (licno iskustvo) Pred nekoe vreme procitav na internet deka postoi ova cudo od dieta i normalno otidov kaj niv za da se informiram ili kako tie go vikaat toa " na pregled " ako merenje na vaga se vika pregled togas se soglasuvam Znaci treba da se odnesat rezultati od krvna slika,urina ako imas problemi so srce ili tiroidna isto taka( normalno napraveni vo nekoja dr ordinacija ).Znaci si vleguvas vnatre,sednuvas i imas doktorka koja prasuva moze li da zaponeme so "pregledot" i ti vikas da normalno . Pregled : Ti postavuvavaat prasanja od tipot :kolko sakas da oslabes,od koga si vaka zdebelen/a, pies li alkohol,pusis cigari i kolku,imas li nekoja nasledna bilest i t.n. Podocna prasuvaat- znaes li sto znaci vleguvanje vo ketoza i ti objasnuva sto e ketoza i deka imas 5 dnevni obroka kupeni kaj niv (kesicki so polugotova ili gotova hrana) i plus suplimenti (vitamini) .Kesickite se sostojat od proteini i masti i minimalni jagleni hidrati Posle 20 min ti veli ovoj pregled e 3000 den i se zaprasuvas a KOJ PREGLED ?? Sekako znaci vednas do taa ordinacija (kancelarija) ima dr del kade e prodavnica za hrana- e sega 7 kesicki se 1100 den (1 kesicka=1obrok) plus sekoj supliment okolu 1000 den i plus anticeluliten gel posto osven od kaj niv nisto dr ne smees da nanesuvas na koza koj e okolu 4000 den posto ako koristis nesto dr ili ako vo slucaj stavis mastika vo usta bonbonce ti propaga dietata izleguvas od ketoza i nisto od vitko sovrseno telo . Na seto ova jas prasav dali ova dieta e ista kako dukanova ili athinsova posto ja imam drzano i za 1 ipol mesec oslabev 18 kg tie velat " NE so tie dieti ne se vleguva vo ketoza" sto nema vrska od licno iskustvo kazuvam. E sega dojdov doma seuste zacudena od nivnata dobra tehnika za seto ova i gi zemav listite racunav i okolku 12 000 den izleguva nedelno ova dieta ili potocno kazano motivacija za da oslabes sto e nenormalno za mene. znaci ja drzis 4 meseci i si davas od 2000 do 3000 evra i si super Posle tie 4 mesece (zavisno kolku sakas da namalis moze da bidat i 8 meseci) kako i posle sekoja dieta ako ne se odrzuvas kako treba i ne vodis red normalno si ima jo-jo efekt ama tie za toa velat ti si kriv treba mnogo da vnimavas wtf a na prv muabet ti vikaat ne ne nikako nema jo-jo efekt. Znaci moe mislenje i praktika eve veke nekoe vreme e ova: si naogas na net ketogena dieta http://dijetaplus.com/ketogena-dijeta-jelovnik-iskustva-rezultati/ i si ja drzis bez da plakas ludi cifri edinstvena razlika e sto namesto da kupuvas hrana od kaj niv ti si vnesuvas meso ribi jajca nikako seker,pies mnogu voda po malku vezbas i za isto vreme doagas do identicni rezultati kako i so protekol. Protekal dietava ja pordzuvam samo vo slucaj nekoj da ima 200 kg i saka da namali 100 pa da bide ispraten od strana na dr da dobie silna motivacija i sekako da ima mnoguuuu "debel dzeb " Znaci da se razbereme ne sum protiv protekal samo mislam deka toa moze da se napravi i na dr nacin za mnogu mnogu pomalku pari samo treba dobro da se informirate pred bilo koj cekor da go prevzemete i sekako ne "perenje na mozok" ....... Srekno
Драги девојки, Еве ви еден рецепт со минимална содржина на јаглехидрати кој си го правам веќе долго време и не сум излезена од кетоза. Килограмите си одат надоле. Внимавам што внесувам и гледам да е што поприродно. 70 гр протеин од ориз (го има во Био Космос) - 269 кал, 56 гр протеин 20 гр мелено ленено семе - 106 кал, 3,66 гр протеини, 8,44 гр масти 10 гр црно семе, мелено - 40 кал, 2 гр протеини, 1,7 гр масти 10 гр семки од тиква - 54 кал, 2,5 гр протеини, 4,5 гр масти, 1,39 гр нето јаглехидрати 20 гр афионово семе - 105 кал, 3,8 гр протеини, 5,6 гр масти 15 гр ленено семе (немелено) - 79 кал, 2,7 гр протеини, 6,33 гр масти 1 јајце 55 гр - 78 кал, 6 гр протеини, 5 гр масти Вода повеќе од 200 мл, но ќе ја осетите смесата и потребата да се додаде. Малку сол Малку бибер Зачини по избор Измешајте ги состојките во сад, додадете го јајцето и мешајте, додадете ја водата. На хартија за печење со лажица ставајте купчиња од смесата и оформете ги во форма на колачи. Печете на температура од околу 200 степени 15-20 (или ќе процените сами од рерната). За да не се сушат откако ќе се испечат и многу малце оладат, ставете ги во пластичен сад со капак и во фрижидер. Се добиваат 11 колачиња, секое има одприлика по 67 калории, 7 гр протеини и 3 гр масти (од семињата), како и незначително ниво на јаглехидрати. Одлични се со зачини како оригано или босилек, и маслинка да ставите сецкана во мала количина би им дала одличен вкус. Јас си ги јадам во замена за леб, со зеленчуци и сл. Моментално работам на развивање други рецепти Мислам дека се здрава, нискокалорична, високо протеинска опција. Поздрав, и ако имате рецепти, споделете. ***нутритивните вредности се извадени од http://nutritiondata.self.com/ и понекогаш од опаковките на производите (но како што гледам на македонските производи не им се баш најточни и има огромни разлики на некои места). Поздрав!