Протестантската реформација

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 10 октомври 2016.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Зошто толку лично сфаќаш сè што сум напишал? Всушност знам зошто, ова е по малку реторички кажано, ама одговори ми сепак.

    Не сакам да ти ограничам да пишуваш на форум свои размислувања, таман работа да ми е тоа битно што и каде пишуваш. Но, кога веќе сме на форум, очекувај контрареплика дури и за боја на лак на нокти да пишуваш, а не па за религија.

    Проблемот за кој се закачив не е поврзан со религија, туку со лага. Океј, ако здраворазумски збориме, самата религија е базирана на лага, ама тие атеистички муабети ќе ги оставам за темата која ја стави во линкот.

    Цитатот со кој започнав е копи пејст од некој странски (многу веројатно англиски) сајт, преведен на македонски со поднаслов „што Captain Omni, Bulgarian, Bender Rodriguez и Rama му должат на протестантизмот“. Дури и да не е копи пејст, напишано на македонски, за македонска публика, тоа е лага. Не е вистина. Верувај ти во што сакаш, јас верувам дека овој универзум е само една малечка капка во несфатливо голем океан создаден од неброено трилијарди вакви универзуми како нашиот, тоа никој не може да ни го одземе, но кога велиш дека јас како жител на овие краишта нешто му должам на протестантизмот, тогаш јас морам да ти напишам дека не е точно. Не му должиме ништо.


    Секако. Сметам дека пртестантизмот има позитивно влијание на развјот на светот. Не како што би имале атеистите, но, подобро протестантизам отколку палење вештерки во Мадрид, дефинитивно. Но, тоа, сè уште никако не ме убедува дека за моите права се изборил некој упорен Германец.

    Болдираното, секако, повели:
    [​IMG]
    Повидлив доказ од случајно одбраниот манастир Св. Јован, не знам дали може да најдам. Не знам зошто ти треба „документ“, може за во катастар или нешто, но подокумент од тоа дека постои црква во која православни христијани се молеле со векови, нема да најдам.

    Богослужба на македонски? Да, во истава црква. Можеш ли ти да ми наведеш сигурен доказ, освен писма напишани од Грци, Бугари, Турци, во кои ќе се тврди спротивното.
    Во однос на ова, една приказна. Дедо ми беше голем комунист. Дома ни доаѓаа, кои сè не луѓе, уште Тито што не ми пиел ракија во дневна. Една од собите која официјално беше шпајз, за дедо ми беше исто така и домашен олтар. Секој св. Никола поп, молитва, кандило, лепче за бадник, јајца за Велигден. Ама ако читаш „документи“, човекот неверник бил. Ако си паметен, ќе сфатиш која е аналогијата.

    Исто така, споредбите дека во Прага имало тон книги во библиотеките напишани на германски и чешки, а во Скопје не ни имало библиотека, па за печатење се одело во Софија или Загреб, се несмасни. Факт е дека на Македонците не им било забрането да зборуваат на македонски јазик. Не им било забрането ниту да ја практикуваат својата вера. Библија не знам за кого имало потреба да постои, кога 90% од населението било неписмено, не знаело да чита, тоа биле луѓе кои работат на нива и во планина со добиток, но верата им била доволна и ја практикувале.

    Прееска ме убедуваш дека МПЦ не постоело, сега ми објаснуваш дека православната црква ги прогонувала Богомилите. Реши се, кој е лошиот во приказната? Или сите се лоши, освен твоите? Не ти личи тоа малце на бизнис? Сите не чинат, дојдете кај мене.

    Како и да е, bottom line, не сторил ништо за нас протестантизмот, а ти терај пак со своите верски муабети. :angel:
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    @Captain-Omni не е спорно дека на територијата на денешна (и поширока) Македонија постоело православие и дека постоеле луѓе кои говореле македонски јазик, меѓутоа МПЦ како верска институција не постоела. Постоела Охридска архиепископија до 1767 која отоманскиот владетел ја укинал. Почетоците на МПЦ како верска институција датираат од крајот на втората светска војна.

    п.с. не сум протестант.
     
    На sjdgo и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Дали знаете дека своевремено големиот протестантски „реформатор“ англискиот крал Хенри 8 и неговите наследници ги прогонувал и свирепо ги убивал своите верски неистомисленици (римокатолици) и дека ги конфискувал нивните цркви, манастири и имоти, давајќи ги на аристократијата која ја прифатила новата за нив, протестантска вера?
    Дали знаете дека истиот тој Хенри го прифатил и го наметнал со сила во своето кралство тој ист „напреден“ протестантизам само за да може да си земе нова невеста без да му мрчат конзервативците (без оглед што и таа брзо му се смачила па ја обезглавил) зошто сметал дека не е напредно и модерно да останеш со истата сопруга цел живот?
    Дали знаете дека на овие простори најголема придобивка од роварењето на протестантите е тоа што го снимивме филмот „Мис Стоун“,(приказна за добрата и загрижена тетка од Америка која доаѓа во Македонија после Илинденското востание, и заедно со нејзините мршојадци ги убедувала нашите дедовци да примат нова и напредна американска вера, зошто ете, старата православна вера многу ги иритирала понапредните и посилните од нас па затоа не толчеле). Секако, доколку сметате дека филмот има некаква уметничка вредност.
    Дали знаете дека токму „напредните“, претежно протестантски земји денес (Америка, Англија) се типични примери за неоколонијалистички земји кои го должат својот напредок и благосостојба токму на фактот што им ја цицаат крвта на другите не толку напредни и не толку протестантски земји и народи. предизвикувајќи крвави војни и погроми низ цел свет, се со цел само на нив да им е арно и да немаат проблеми дома, а на другите како Господ ќе им даде.
    Напредно, реформаторско и христијански, нема што.
     
    На Rama, Orthophill и sonuvana им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Да простиш, но не сме знаеле. Јас имам слушано напредни теолошки курсеви за реформацијата и до сега немам слушнато некој да го земе Хенри 8ми како некаков протестантски реформатор. Се што направил типот било отцепување на англиската црква од папата. Но ни тоа не му се смета за некаков реформаторски потег, затоа што потоа тој си се направил глава на црквата. И плус тој не се отцепил од папството заради некакви теолошки убедувања, туку од себични и политички причини. Едноставно му се можело. Тој воопшто не се залагал за враќање кон Божјото Слово (Библијата) и изворното христијанство - што всушност било главното мото на протестнатската реформација! Типот си ги имал во суштина истите Католички верувања

    1. Владите на Америка и Англија воопшто не се водени од протестантски пастори. Не можеш да му фрлаш вина на протестанството таму заради некои потези на Обама (кој патем повеќе влечеше кон Исламот) или кон Трамп. Тоа е исто како јас сега да постирам линкови од бомбите каде што Груевски, Латас, Мијалков зборат неморално за криминали и други глупости и да речам еве види што прави православието во Македонија :)

    2. Ајде баш ме интересира кажи како Америка или Англија ја цицаат Македонија. Еве кажи некој пример за тоа и колку ја исцицале? А после тоа јас можам да ти пишувам за донации што Америка ги давала за Македонија. Ама прво ти аргументирај го тоа што го тврдиш.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Кина е развиена земја? Си слушнал некој да мигрира во Кина за подобар живот? :)
    Дали знаеш дека во Кина повеќе од 82 милиони од луѓето живеат со помалку од 1 долар дневно? GDP (per-capita) во Кина е 10 пати помал од развиените земји како Америка, Германија, Англија.

    Дали можеш да најдеш некој линк со листа на развиени земји и во неа да се вбројува и Кина? Еве ти неколку такви линкови, но во нив ја нема Кина.
    https://en.wikipedia.org/wiki/The_World_Factbook_list_of_developed_countries
    https://en.wikipedia.org/wiki/Developed_country
    http://listverse.com/2012/02/13/top-10-highly-developed-countries/
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK44558/

    Лулкај се ти колку сакаш, но Египет не е развиена земја, а Грција економски се издржува само заради нејзината стратешка и географска положба што и овозможува одличен туризам. Инаку да ги биваше за економија, немаше да има финансиска криза и Европска унија да им простува долгови од милијарди евра за да ја задржи како гео-стратешки член во унијата. До кога ќе видиме и на нив ќе им пукне филмот кога тогаш. Во Грција исто така како кај нас владее мито и корупција до гуша, етика во политиката е под нулата!

    Инаку, јас никаде не реков дека протестантската реформација е главен и единствен фактор за развој на една земја. Но сепак, не е случајно тоа што сите доминантно протестантски земји се развиени, а скоро сите православни земји се неразвиени.
     
  6. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Колку од тие развиени протестантски земји се всушност протестантски и живеат протестантски живот?

    САД е најголем извозник и конзумент на порнографија во светот, а и најголем извозник на дегенерација и деструкција последните 50 години. Тоа што САД е развиена земја нема врска со нивниот протестантизам, туку со тоа дека таа земја е населена со германски народи коишто генетски и биолошки се исклучително интелегентни, дисциплинирани и кретивни.

    Јапонија и Кореја протестантски земји се, па се нации со врвна технологија, образование, здравство, дисциплина, морал?
     
    На Rama, orevokrsacka и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Дали должиме на комунистите за СРБИЈАДАВА што ја создадоа од Македонија? Да, за време на СФРЈ Македонците добија право на јазик и култура, но се во духот на Србославија и тивката асимилација. Затоа во рок од 50 години Србославија од тотално про-бугарско македонско население креира тотално про-српско население во Македонија и Кинески ѕид према Бугарија и никакви културни и економски врски со нашиот најголем братски народ - Бугарите.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    69
    Протестантите се познати по книги, образование и наука?:rofl: Вие уништувате образование и наука со вашите бесмислени проповеди и псевдонаучни книги кои го упропастуваат умот на луѓето.
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Да. Од првите 108 колеџи и универзитети во САД, 106 биле основани од христијани-протестанти, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил, Принстон, потоа и универзитетите Пенсилванија, Колумбија итн.

    Добитници на Нобелова награда 1901-2000:
    50% - протестанти
    7% - атеисти и агностици
    (извор: „100 years of Nobel Prizes“, Baruch A. Shalev)

    п.с. Повели во мојата локална (протестантска) црква да видиш колкав е процентот на доктори по наука и професори, а после ќе ти ја покажам истата статистика што ја направив помеѓу атеистите на фејсбук асоцијацијата на македонски атеисти.
     
  10. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    69
    Ги заборави Евреите ги има во доста голем број. Инаку атеистите се 10,5 проценти.
     
    Последна измена: 4 јануари 2017
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Не ги заборавив, туку ти дадов само податок за протестантите и атеистите - бидејќи ти како атеист ги критикуваш протестнатите дека уништуваат образование и наука. Еве ти ја целосната листа:

    Добитници на Нобелова награда 1901-2000:
    50% - протестанти
    22% - евреи
    11.6% - католици
    7% - атеисти и агностици
    3.4% - слободни мислители (Freethinkers)
    1.8% - будисти, хиндуисти и шинтоисти
    1.6% - православни
    0.8% - муслимани
    0.5% - нео-пагани
    (Извор: „100 years of Nobel Prizes“, Baruch A. Shalev)

    Инаку бројката од 10.5% ги вклучува заедно атеистите, агностиците и слободните мислители (Freethinkers). Ако ја разделиш на 3 оваа бројка, ќе испадне дека сите се по околу 3.5%.
    Овие Freethinkers не мора да значи дека се атеисти. Впрочем, ако биле атеисти, ќе го заокружеле тоа поле во документот.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    ДА ИМАВМЕ РЕФОРМАЦИЈА, ЌЕ БЕВМЕ ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА ... ЕДНА РЕФОРМАЦИЈА ПОСТИГНУВА ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА РЕФОРМИ!

    На денешен ден, низ голем дел развиени земји се одбележува Денот на Протестантската реформација како ДРЖАВЕН празник. Дури и во една 95 % католичка земја, каква што е Словенија! Но, зошто државен, а не верски празник? Само неупатените можат да мислат дека Протестантската реформација е исклучиво верски настан. Фактот што Реформацијата ја иницирале и раководеле главно христијански теолози, заслужува и внимание и објаснување. Обидите за подобрување на севкупните услови за живот во една земја, денес главно се прават преку реформи. Но реформите се човечки обиди преку секуларни норми и закони да се подобри однесувањето на поединецот, на семејството и на целото општество. Очебијно е дека реформите тешко успеваат, па постојано се нудат нови и нови реформи. Реформацијата е процес на внатрешен препород на поединецот во општеството, кој е втемелен на евангелските, библиски нормативи и учења – поткрепени со Божјата сила и благослов! Затоа една реформација вреди повеќе од илјада реформи!

    Ако корумпираната и од Библијата отуѓена Црква покажа колкаво зло може да му нанесе на општеството и на човештвото, тогаш реформираната и библиски ориентирана Црква покажа колкаво добро може да му донесе на едно општество, па и на целото човештво! Протестантската реформација од 16 век, ја покажа својата успешност во Швајцарија, Германија, Холандија, Велика Британија, Скандинавија ... а потоа и во Америка, Австралија ...
    Ќе цитирам, а потоа ќе извртам една изјава од големиот иноватор Никола Тесла: „Не ми е криво што ги присвојуваа моите идеи; жал ми е што немаа свои!“ Јас сега ќе кажам: „Не ми е криво што ние сме немале своја автентична реформација; жал ми е што не сме ја присвоиле нивната!“ Ако го бевме направиле тоа, сега ќе бевме рамо до рамо со Швајцарија, Германија, Холандија, Велика Британија, Скандинавија ...

    Од просторите на нашата поранешна држава (Југославија) има произлезено дури шест нобеловци, од кои двајца се излезени од Македонија. За жал, дури пет од нив требало да ги напуштат овие простори, за да ги остварат своите потенцијали! Не, не е до материјалните услови, туку до општествените! Ако Гонџа Бојаџиу (мајка Тереза) останала во Македонија – ќе завршеше во затворот Идризово! Да, бидејќи овде, ниту ќе можеше да основа црковни сиропиталишта и болници, ниту ќе смееше болните да ги учи на вера во Бога!

    Но, лелекањето над пропуштените прилики не помага. Секоја генерација има можност да изведе Реформација. Добар пример за тоа во поново време е Јужна Кореја: откако масовно го евангелизираше својот народ (бројот на евангелски христијани од 2 % за 30 години го зголеми на 30 %), Ј. Кореја стана седма економска сила во светот! Изгради многу подобро општество за своите граѓани.

    Во Македонија, за сега – ништо ново. Можноста за Реформација останува како предизвик за некоја реформаторска генерација. Основната алатка за успешна Реформацијата е Светото Писмо – без него, преведено, проповедано и масовно достапно на мајчин јазик, не е изведена ниедна Реформација! Затоа, денес развиените европски земји, уште во 16 век си ја превеле Библијата на свој мајчин јазик. Ние го направивме тоа дури во 20 век (1990 г.)! Поточно, ни го направија други! Иницијатор, спонзор и издавач беше Британското и инострано библиско друштво. Се чини дека Македонија секогаш има време за чекање ... некој однадвор да ја заврши работата.
    (Иван Грозданов, универзитетски професор и библичар; 31 октомври, 2018 г.) (извор)
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Биг не ги дели луѓето на вакви и такви. Сите пред бог се еднакви.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Од каде имаш ти информации за тоа што прави Бог и каков е Неговиот однос со луѓето?
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Па ако ја имаш прочитано библијата, а очигледно е дека ја немаш, Св. Апостол Павле пишува за тоа.
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Девојко, имам и теолошки студии, Библијата 16 години ја читам, речиси секојдневно, Новиот завет скоро на памет го знам. Ќе ти се молам :)

    Бог не ги дели луѓето по вредност, но ја дели вистината од лагата. Во Стариот завет Бог изричито ја дели вистинската објава за Бог (преку Мојсеј и Неговите пророци) и лажните пагански претстави и измишљотини за „бог“. Како што кажав, целата книга Левит (3та Мојсеева) е за светоста на евреите што подразбира нивно одвојување од паганските верувања и пракси. Не ме терај да ти цитирам 20 цитати каде што Бог буквално им вели да се одвојат од паганите, да не ги превземаат нивните верувања и пракси, не им дозволувал ни да се женат/мажат со нив за да не ги прифатат нивните богови и лажни религии. Тие биле негов избран народ, но тоа воопшто не било привилегија, бидејќи тие многу лошо си поминале со тој статус низ историјата. Но сепак ете Бог ги избрал за тие да ја објават вистината за Него на човештвото. И затоа сите пророци биле евреи, затоа и Исус произлегол од евреите и затоа сите апостоли биле евреи. Нивната светост (немешање со паганите) била многу важна за да може да се исполни Божјиот план за спасение на човештвото. Така што Бог барал светост од евреите не само за нивно добро, туку за доброто на целото човештво, па и за нас денес.

    И кога сме веќе на тема дали Бог во Новиот завет ги дели луѓето? Да. Бог ги дели на:
    - Непокајани грешници
    - Покајани грешници (кои се покајале од своите гревови и го прифатиле Исус и Неговата застапничка жртва за нив на Голготскиот крст).
    Божјата поделба на овие две групи на луѓе е константно учење на Новиот завет, а ќе стане евидентна на Судниот ден кога едните ќе го наследат Новото небо и новата Земја, а другите ќе бидат уништени во ткн. „огнено езеро“. За жал тоа е учењето на Библијата, без разлика дали на некој тоа му се допаѓа или не.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Супер што имаш теолошки студии. Тогаш сигурно знаеш дека различно е толкувањето на библијата од православен и протестантски аспект.
    И двата ги почитувам. Не велам дека еден е погрешен а друг точен.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Само ти ли имаш човек одвнатре ехеее
     
    На Amellie13 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Библијата е предоволно јасна. Единствени различни толкувања има кај оние работи кои навистина се нејасни за нас денес, а тоа се пророшвата за иднината во последната книга Откровение, во некои делови од пророштвата на пророкот Даниел, и уште пар стихчиња да не замарам сега тука. „Нејасниот дел“ од Библијата содржински е сигурно помал од 1%.
    Главната разлика помеѓу протестантите, православните и католиците не е воопшто толкувањето на Библијата, туку други работи.
    На пример, протестантите се држат строго до Библијата и само неа ја сметаат за Свето Писмо (Божји збор), додека православните и католиците покрај Библијата, за свет канон на Божјото откровение го сметаат и усното предание, пишувањата на ткн. „свети отци“, понатаму одлуките на вселенските собори итн. Значи главно разликите се јавуваат многу подоцна, со векови откако била напишана Библијата. За протестантите тие „нови пишувања“ не се Божји збор, не се Свето непогрешливо писмо, а за православните и католиците се (се разбира секој своите пишувања).
    И се разбира голем дел од разликите и поделбите се од политичка природа, но да не ја шириме темата. Сепак, околу она што го пишав погоре, немаме разлики со православните и католиците. Главните суштински верувања околу христијанството ни се исти. Сите го прифаќаме Никео-Цариградскиот симбол на верата.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Разликите се очигледни и големи.
    Прво Христос протестантите го условуваат со Исус,што е сосема погрешно од православна гледна точка.
    Протестантите се повикуваат само на библијата и не ги признаваат другите светители. Кај протестантите и католиците нема икони. Кај протестантите можно е и жена свештеник. Целиот поглед на религијата е сосем поразличен од протестантска и православна гледна точка.