1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протестантската реформација

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 10 октомври 2016.

  1. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.410
    Пол:
    Женски
    Хаха, само Библијата ја прифаќале а друго не, оти било подоцна напишано.
    Значи вака иако светите отци живееле и поксано откако била напишана Библијата тие се раководеле според неа, истото важи и за Вселенските собори, значи ништо ново не измислиле или додале, што значи дека живееле според тоа како што е напишано во Светата книга.
    Најмногу измени во христијанството се случуваат со појавата на протестантизмот, почнувајќи од тоа дека го укинале целибатот!
    Едуцирај се малку пред да пишуваш на темиве!
     
    На Mrs. Lovett и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не се обидувај да им одговараш зошто ако е тој што се претставува во вистински живот врска нема со ова шо го збори. Самп толку иам да кажам. На фемина може и светци да се прават и најобразовани и начитани луѓе. Мислам дека си психолог, ако си ќе се среќаваш со вакви подвоени ликови и ќе научиш да ги игнорораш. (Сигурно на пракса си се сретнала веќе)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е да почекаш до 18 години, затоа што не ни се истите размислувања пред и потоа, а и за да можеш кај асален тату артист да правиш да не се криеш кај некој ради реда. И да го правиш секогаш тоа што го сакаш ако со тоа не наштетуваш на некој друг.
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ќе се потрудам да игнорирам. :D
     
    На Lady D ❤️ и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Малку офтопик ама морам да ти го кажам ова но има некои луѓе на кои навистина мораш да им речеш во право си за да не се прават поголеми скандали ќе видиш и сама зошто во пракса . Една професорка од психијатрија на еден студент кога праша а зошто не му ја кажете вистината на детето (тинејџер со шизофренија) таа одговори зошто ќе те смета за предавник и така испадна. До ден денес го помнам тоа и применувам.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не, многу од светите отци воопшто не се воделе според Библијата, туку накалемувале врз христијанството локални пагански учења и пракси. Во Библијата никаде нема да најдеш молитва кон светец, или кон било кој друг освен Бог. Сите молитви (а ги има стотина) во Библијата се упатени до Бог и само до Бог.
    Исто така никаде во Библијата нема да најдеш икона. Никој не изработувал икони, никој не се поклонувал на икони. Дури и има една случка каде што еден Корнелиј му се поклонил на апостол Петар и замисли Петар го укорил поради тоа и му рекол: „Стани, и јас сум човек како и ти. Поклонувај му се само на Бог!“ (Дела на апостолите 10:25, Библијата)

    Протестантизмот е покрет/движење кое се јавува во 16-от век со кој одредени теолози решиле да го прочитат христијанството од тие пагански накалемени учење и да се вратат кон изворното христијанство, проповедано од Исус и апостолите, а запишано во Библијата. Верувала или не, тоа извршило реформација во западна Европа и тоа ја извади Европа од темниот мрачен век. За жал само западна Европа, бидејќи реформацијата стигнала само до Словенија (до каде што е и развиениот свет денес :)

    А задолжителниот целибат секако дека ќе го укинале протестантите, бидејќи истиот е забранет во Светото Писмо :) Еве ти директен цитат:

    „Епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена... “ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

    Епископ во превод значи владика. Ете што пишува за епископите (владиците) во Библијата: Дека треба да бидат мажи на една жена. А што велат православните канони? Дека епископот не смее да биде женет :) Има неколку случки на попови кои дури и морале да се разведат од жените, за да може да станат владици. Се разбира тоа само технички, бидејќи потоа вонбрачно продолжиле да си се гледаат со жените. Ама некои и буквално се развеле. Но како што гледаме, тоа не е учење на Библијата.
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Како да ти кажам, ама името на Исус е Исус :D И воопшто не е проблем Исус да го нарекуваш. Многу православни го ословуваат така, и католици се разбира. Ако сакаш ќе ти најдам и клипче од архиепископот каде што тој го нарекува Исус - Исус.

    2. Протестантите ги признаваат сите светители, само што не им се молат и не ги обожуваат. Зошто? Бидејќи никој во Библијата не им се молел, ниту ги обожувал. Никој и во првите векови на христијанството не го правел тоа. Култивизирањето на светците настанува подоцна.

    3. Точно така, кај протестнатите нема икони, како што немало икони ни меѓу Исус и апостолите, и како што немало икони и во првите неколку векови од христијанството.

    4. Кај христијаните не постои титула „свештеник“, бидејќи таква титула не постои во Новиот завет и во библиската црква. Свештеник значи посредник. Единствен свештеник во Новиот завет е Исус Христос. Ова го признаваат многу православни теолози, само што они велат дека тие само така разговорно го користат тоа „свештеник“, а всушност мислат на старешина или епископ. Ок, кога станува збор за епископ (кај протестантите епископ = пастор), кај повеќето цркви нема пастири жени. Ама со навлегувањето на феминизмот, да точно е дека некои цркви забегаа и имаат пастори жени.
     
  8. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.069
    Пол:
    Женски
    Temava ja napravivte kako na chas po teologija da sme :^).
     
    На Lady D ❤️ и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    А како ти да сфатиш дека во православна црква не се повикува со Исус. Никој во ниту еден случај. Може со Исус Христос, само со Исус не.
    2. Ниту еден протестант немам слушнато да признава некој светител. Дури и ти ги напиша со " светите оци" доволно Кажува.
    Значи не вади од контекст работи, многу добро знаеш на што мислев кога пишав свештеник.
    Треба да сфатиш дека за тебе точен е протестантизмот, за мене православното. И тоа е во ред. Но не треба да го наметнуваш својот став.
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Гледам дека се повеќе си во право.
     
    На Lady D ❤️ и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако постои Бог, секташов и нему му има здосадено. :D
     
    На Amellie13, Lady D ❤️, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.410
    Пол:
    Женски
    Вака прво, во офнос на целибатот не знам од кај ти се овие погрешни информации дека бил забранет, кога и самиот Исус Христос живеел во целибат!
    Второ, ако беше доволно едуциран ќе знаеше дека има икони и тоа првата е на платното со кое е завиткан Христос во гробот пред Воскресението.
    Трето, светите отци секогаш и секогаш се раководеле според Библијата,така да аргументите не ти се точни.
    ПС Прекини да го на наметнуваш протестантизмот како врвна и најточна религија! Дечко, сфати дека секој има право на избор, а ти како вистински христијанин не треба да наметнуваш и да кажуваш што е точно и правилно во православието или протестантизмот!
    ПСС пред да кажуваш за што се појавил протестантизмот, прочитај за Мартин Лутер(ако воопшто имаш слушнато за него) и католичката црква во тоа време
     
    Последна измена: 1 декември 2019
    На INNERBEAUTY, Mrs. Lovett и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Хахаха протестанството се јавува заради паганските верувања. Хаха ако си доволно информиран протестанството се Јавува како револт на верниците од католичката црква која во тоа време била многу моќна.
    Хаха и за иконите смешно е ова што го кажуваш. Во право е @Lady D ❤️.
    А за целибатот ако не знаеш Исус Христос живеел во целибат.
     
    На Mrs. Lovett и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прашај го првиот поп што ќе го сретнеш и ќе ти потврди дека во православието владиката (епископот) мора да живее во целибат и не смее да има жена. Ова е барем општо познато бе :)

    И оваа пракса е спротивна на Библијата, каде јасно се вели дека епископот може да биде женет:

    „Епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена... “ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

    Што не е јасно тука? Православието ти вели „епископ не смее да биде женет“, а Библијата ти вели смее.

    Повторно таа со „ад хоминем“. Престани со тоа „ако си доволно едуциран“, и фокусирај се на аргументите, а не по секоја цена мене лично да ме напаѓаш. Веќе ти кажав дека имам теолошки студии, зарем тоа не ме прави поедуциран од тебе на овие темиве?

    Платното за кое збориш се вика „Торинско платно“ и е докажано дека потекнува од средниот век, значи со векови со векови ПОСЛЕ Исус.

    Кои свети отци ги имаш читано? И кои нивни дела? Можам цела тема да отворам за небиблиски учења на светите отци. Имам цел теолошки предмет учено за светите отци. Патристика се вика предметот. Источните отци го обликуваат православието, тие позајмуваат голем дел од хеленизмот (Грчата филозифија), па дури и примеси од будизмот. Западните отци го обликуваат католицизмот. Имам и цели табели на разлики меѓу источните и западните отци правено, посебно за Капаодокиските отци, посебно за пред и по Никејските отци. Али боље да не почнувам, бидејќи сум сигурен дека се ова е странска терминологија за тебе. Верувам дека си паметна и интелигентна, ама признај дека ова не ти е стручна тема каде што си добро запознаена и едноставно не се инати :)
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Прво "едуциран" дечко, Христос живееше во целибат!
    Престани да ја толкуваш библијата како сакаш. Ете тие се тие разлики за кои ги зборев преѓе меѓу протестантизам и Православие. Ако имаш теологија завршено не значи дека ги познаваш сите религии доволно. Претпоставувам дека си едуцирам во протестантизам.
    За светите оци, таа е клучната разлика меѓу православие и протестантизам и затоа јасно ми е зашто така ги толкуваш.
    И ПРЕСТАНИ да го наметнуваш протестантизмот како точен. Сите религии се еднакви.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И што ако Христос живеел во целибат? Каква врска има тоа со нас? Каде Исус рекол дека мора и ние да живееме во целибат? Исус доброволно бил распнат на крст? Ако не ајде и сите ние да идеме да се распнеме? Исус постел 40 дена без храна и вода. Ајде повели, следи го Неговиот пример.

    Значи ние не сме повикани, ниту пак можеме да правиме се што правел Исус. Конкретно за епископите, си постои јасна заповед од Библијата дека тие можат да бидат во брак. Еве ти бујрум директен цитат од Светото Писмо:

    „Епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена... “ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

    Нема тука никакво толкување. Јасно Библијата си вика дека може да има жена. Православието пак вели дека епископот не смее да биде женет. Јас одлучувам да и верувам на Библијата, бидејќи еден ден ќе се појавиме пред Бог, а не пред некој православен (или католички или протестантски) свештеник. Пред Бог ќе одговараме за тоа што не сме му биле послушни Нему, а не на некои луѓе што пишувале 8 века после Исус.
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Христос постеше40 дена, и затоа велигденскиот пост е 40 дена, строг пост.
    Има толкување. Протестантско, православно и католичко.
    Очигледно го застапуваш протестатското толкување. И ок е тоа. Но престани да го наметнуваш како точно.
    Можеш до утре да наметнуваш "аргументи" за протестантството и нема да го прифатам. Што не значи дека го сметам дека не е ок.
    И во иднина дочитувај го тоа што е напишано. :)
     
    На Lady D ❤️ и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Колку сака нека е строг, битно јадеш за тој пост. Исус ни ронка леб не ставил 40 дена и ни капка вода. Бујрум следи го Исус, ако сметаш дека се што правел Исус се однесува и за сите христијани :)
    Зошто едноставно не бидеш доблесна и да признаеш дека православието, колку и да е убаво, сепак во некои работи отстапува од изворното христијанство, кога веќе јасно ти посочив непомирлива разлика во учењето на Библијата и православието. Библијата вели епископот може да има жена, православието вели не може. Нема тука никакво „протестантско толкување“. Очигледна е разликата за секој просечно интелигентен човек што знае да чита :)
     
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Хаха, очигледно не знаеш дека не треба да се споредуваш со Бог со сите негови три лица и две природи, зашто тој е совршен, а човекот е погрешен.
    Кога веќе напаѓаш, ќе го применам и јас истиот метод како и ти.
    Православието во ништо не отстапува, тоа е така изворно. И не заборавај дека протестантизмот е тој што се јавил во XVI век како револт кон католичката црква.
    Значи кој отстапува тука?
    Протестантите на поинаков начин ја толкуваат библијата од православните само што ти сметаш дека православното е погрешно. Не заборавај дека Католичка црква отстапи православнатА, а од католичката се јави протестанството. Објаснето е за да сфати просечно интелигентна личност. :P
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Леле кое спинувањееее хахаа, ако добро се сеќавам, ти беше таа што направи споредба со Исусовиот целибат, демек Исус живеел во целибат, па затоа требало и епископите :) Јас токму тоа ти го објаснувам цело време, дека не можеш да се споредуваш со Исус (Бог), бидејќи ние не сме Исус (Бог).


    Е како е изворно, кога има еден куп верувања и пракси кои ги немало во изворната црква во 1ви век кога е напишан Новиот Завет :)

    Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
    Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
    Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
    Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија? Каде ја нарекле најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
    Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасни цитати каде што апостол Петар и ангел одбиваат поклонување)
    Покажи ми каде на апостолите им бацувале раце?
    Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
    Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
    Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кандила?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?
    Итн.

    Покажи ми каде во Светото Писмо Христос или апостолите направиле било што од горенаведениве и јас уште од вечерва ќе го правам тоа. А ако не најдеш ништо од тоа во Светото Писмо, тогаш те молам воздржи се од такви храбри изјави дека тоа е изворното, библиско христијанство.

    Значи прво си постоеше изворното, библиски, Христово и апостолско христијанство. Потоа, откако Константин Велики го легализираше и од него направи институционална религија под рувото на католичката црква, тоа почна да забегува и да се политизира. Во меѓувреме се појави источното (византиско) крило во Католичката црква (она од кои што подоцна ќе се појават православните национални цркви). Потоа тие се разделуваат во 1054. А во 16ти век се јавува реформација во Католичката црква и дел од неа (протестантите) се навраќаат кон изворот т.е. Светото Писмо.
    Светото Писмо е Божјиот Збор, тоа е мерило за вистината, а не црквите, а не нашето толкување. Светото Писмо е многу јасно и разбирливо и ВООПШТО не му треба толкување.