1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протестантската реформација

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 10 октомври 2016.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Хаххаа сето ова што го збориш е запишано во книгите на светителите. Но јасно, ти не ги признаваш нив.
    НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА ПРОТЕСТАНТИЗМОТ СЕ ЈАВУВА ВО 16 ВЕК. Е факт кој не може да се побие. Па тогаш кое христијанство е изворно?!
    И за кој протестанти мислиш, зашто различно толкуваат евангелисти, различно методисти, различно баптисти?
    Хм... И на крај тоа изворно било....
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Никаков протестантизам не се јавува во 16 век. Реформацијата се појавува тогаш. Тогаш се појавуваат храбри теолози како Мартин Лутер, Жан Калвин, Цвингли, Јан Амос Коменски (според него и школо имаме) и тие забележуваат дека Католичката црква бајаги забегала од изворното христијанство, од Библиското учење, и велат: Луѓе, претеравме, мораме да баталиме сите овие глупости и пагантишини и да се вратиме на она што поучувале Исус и апостолите. И тоа го направиле. И потоа католиците ги нарекле „протестнати“ бидејќи протестирале против кривите учење на Католичката црква.

    Тоа ти е слично како денешниве нови попови кои протестираат против бизнисите што ги водат некои од постарите попови. И замисли сега некој од постарите да ги нарече нив „протестанти“ и дека нивниот протестантизам се појавил во 2019 година. И после некоја си Just.do.it од иднината ќе вели „ааа не, вие сте нововерци, вашата вера е од 2019 година :D

    Шала на страна, мило ми е што си подискутиравме, извини ако бев малку антагонистично настроен, фина личност си ти, се читаме у друга прилика, добра ноќ!
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Како сакаш вели историски протестантизмот се јавува во 16 век, без разлика како бил наречен, учењето нивно е исто.
    И НЕ ми одговори кое е изворно евангелисти методисти или баптисти?!
    Хм.. Не мора. Не очекувам одговор.
    Се знае кое христијанство е изворно.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Може да се натега колку сака, нема да го смени фактот дека протестанството е Лутерова творевина.8)
     
  5. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.412
    Пол:
    Женски
    Вака, ако си ти едуциран не значи дека сите религии ги знаеш, а и да ги знаеш не значи дека треба да наметнуваш протестантизам како најправилна религија или како најточно христијанство.
    И ако си ти едуциран треба да знаеш дека не секој може да ја толкува Библијата како сака.
    ПС немој да бидеш сигурен дека тоа е странска терминологија за мене. Или извини што само ти си 'едуциран'
     
    На Just.do.it, Mrs. Lovett и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали се согласуваш со тоа дека изворно христијанство е она од 1-ви век, она што го проповедале и практикувале Исус и апостолите, она што е запишано во Новиот завет од Библијата?
     
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Зошто не одговориш на двапати поставеното прашање?
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Со цел да ти одговорам на тоа прашање, мораме да бидеме на чисто за тоа што подразбираме под „изворно христијанство“. Ако на пример јас за извор на реката Вардар го сметам Вруток, а ти некоја притока што се влева во Вардар во Грција, тогаш џабе ќе збориме, тоа нема да биде дијалог, туку два независни монолози. Мора да се сложиме што подразбираме под „изворно“, за да воопшто продолжиме со дискусијата.

    Значи, многу просто прашање: Дали се согласуваш со тоа дека изворно христијанство е она од 1-ви век, она што го проповедале и практикувале Исус и апостолите, она што е запишано во Новиот завет од Библијата?
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Ти тврдиш дека изворно христијанство е протестантството. На кое поточно мислиш?
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Зошто се плашиш да се согласиш со мојата горна дефиниција за „изворно“? Дали затоа што си свесна дека ако се согласиш, дека од тоа ќе произлезе дека она што денес се нарекува „православие“ нема допирни точки со изворното христијанство? :)

    И трет пат ќе ти кажам: Нема поента да збориме за „изворно христијанство“, ако не се согласиме што подразбираме под „изворно“. Тоа е исто како да збориме за тоа која деноминација е „крокидна“ :D Секој нормален што има мозочно клетки во главата прво ќе праша: Што е тоа „крокидна“, бидејќи е неопходно прво тоа да се дефинира, за потоа да се види која деноминација е крокидна. Ме разбираш?
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Хахаха ти си тој кој се плаши да одговори. 100 пати те прашав и го избегнуваш одговорот.
    Ете јас ќе те прашам пак, кое од протестантските секти е изворно?!
    За мене, изворно христијанство е православното и него го сметам како точно.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А што ако некој под „изворно“ подразбира: погрешно, забегано, застрането итн. :D Гледаш, ако не се изјасниш што подразбираш под „изворно“, некој може да помисли и дека ова го подразбираш под „изворно“ и во тој случај некој може да рече: Да, ако тоа значи изворно, тогаш да православието е најизворно :D

    Гледаш зошто работите мораат да го имаат тој ред. Џабе ти ќе велиш ова е изворно, она е изворно, ако немаш јасна претстава за тоа што е извор, изворно. Тоа е исто како да зборуваме на различни јазици. Така на пример на македонски да кажеш дека некој е ВРЕДЕН - тоа е убава работа, ама на бугарски ВРЕДЕН значи ШТЕТЕН :D

    Така што да не ја тупиме, мислам дека на сите ни е јасно зошто се плашиш да се согласиш дека изворно христијанство е она од изворот, она од 1-ви век, она што го проповедале и практикувале Исус и апостолите, она што е запишано во Новиот завет од Библијата. Не сакаш да се согласиш затоа што знаеш кои се последиците од таквото согласување :) Бидејќи ако се согласиш и самата си свесна дека ништо од она што денес се практикува во православието нема допирна точка со она што поучувале и правеле Исус и апостолите. И жал ми е што е така. Не ти пишувам за да те напаѓам, туку за да ти укажам на реалноста и на историските факти.
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Зарем не гледаш дека ти си тој кој го избегнува одговорот?!
    А за тоа што разбирам под изворно доволно се дискутираше минатиот пат.
    Јас не се плашам да одговорам и кажав дека за мене најточно и изворно христијанство е православното.
    Ти рече дека библијата е јасно напишана. Тогаш зошто различно ја толкуваат протестантски секти?!
    И која од тие секти е изворно христијанство?!
    Јас ти одговорив на прашањето, но ти вешто го избегнуваш одговорот на моето прашање, и сам знаеш зошто.
    Супер што сакаш да ми укажеш на историските факти, само да те потсетам протестантизмот се јавува во 16 век. Очигледно го заборави овој историски факт.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Никаде немаш одговорено што подразбираш под „изворно“. Сега избројав, точно 6 пати те прашувам и 6 пати го избегнуваш одговорот :) Впрочем, да беше така, ти само ќе го повтореше одговорот, а не да правиш некакви ретоирчки акробации .

    Ама во ред е, да не те мачам повеќе. Мислам дека на сите ни е јасно зошто се плашиш да се согласиш дека изворно христијанство е она од изворот, она од 1-ви век, она што го проповедале и практикувале Исус и апостолите, она што е запишано во Новиот завет од Библијата. :) Бидејќи ако се согласиш и самата си свесна дека ништо од она што денес се практикува во православието нема допирна точка со она што поучувале и правеле Исус и апостолите. И жал ми е што е така. Не ти пишувам за да те напаѓам, туку за да ти укажам на реалноста и на историските факти.
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Штом толку не разбираш, ќе се обидам попластично да ти објаснам, за да сфатиш.
    За мене изворно и најточно христијанство е православното христијанство, тоа значи дека изворно сметам дека е библијата и книгите на светителите.
    И забораваш уште нешто за православното христијанство. Вселенските собори постојат за да се задржи изворното христијанство, секое неточно учење не се смета дека припаѓа во православно христијанство.
    Изворно христијанство е она кое го практикувале светителите и монасите во манастирите.
    Не заборавај дека протестантизмот се јавува во 16 век. Ти сметаш дека тоа е изворно христијанство?! Изворно христијанство е она каде што може жена свештеник да биде, она христијанство каде што не ја признаваат Пресвета Богородица и сите светители?
    Кое е изворно? Методисти, евангелисти, баптисти, калвинисти?
    Знам дека нема да добијам одговор, и затоа го избегнуваш одговорот. Сите знаеме зошто.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    По 7-ми пат, не те прашувам кое го сметаш за изворно христијанство, туку што подразбираш под поимот „изворно“?

    Во текстот велиш дека изворно христијанство е она кое го практикувале светителите и монасите во манастирите? Сакаш да кажеш на она христијанство од после 4-ти век?
    Како може тоа да е изворно, а да не е изворно она кое го практикувале Исус и апостолите од 1-ви век?
    Ова е исто како да кажеш дека изворот на реката Вардар не е од каде што извира реката (Вруток), туку дека се наоѓа таму некаде во Велес :)
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Јас многу добро објаснив, за да може просечно интелигентна личност да разбере. А ти применуваш очајни методи за да го избегниш одговорот на моето 101пат по ред поставено прашање.
    А како може нешто од 16 век да е изворно?!
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.412
    Пол:
    Женски
    Дечко престани да замараш со тоа кое е изворно христијанство!
    За тебе тоа е протестантизмот, за некој друг православието или католицизмот. Престани да наметнуваш протестантизам како врвна религија, а ти како вистински христијанин треба да знаеш дека секој има право на избор и слобода во што ќе верува!
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.412
    Пол:
    Женски
    Хаха, се плашела да одговори кое е вистинско христијанство. Не дечко, тоа не е страв, туку доволно ниво на култура и самосвесност да не се потценува некоја религија, а некој да се издигнува како супериорна!
    И не наметнувај ни ги твоите ставови, нема да убедиш никој, секој во што сака ќе верува!!
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не наметнувам јас никому ништо. Си дискутираме тема за религија, на форум за Религија. Ако не ти се допаѓа дискусијата, повели разгледај ги дургите форуми на Фемина.

    Не може за еден извор на Вардар да биде Вруток, а за друг Велес, а за трет Гевгелија :D Се знае од каде извира Вардар. Нема тука релативност на вистината. Исто е и со христијанството. Се знае кој е Основачот на христијанството - Исус Христос, а не Григориј Ниски од 4-ти век, или Григориј Палама од 14-ти век.
    @Just.do.it Исус проповедал едно, Ниски друго, а Палама нешто сосема трето кое нема допирни точку со Исусовото учење. Не може сите тројца да се „изворот“. Еден е изворот на христијанството - Исус Христос, Божјиот Син. Бог во Библијата јасно вели дека ќе им суди на луѓето затоа што не го послушале Исус, а не некој човек од 14-ти век што му текнало некои пагански верувања да си става под рувото на христијанството. Така што реторички акробации ќе ви поминат на форумов, ќе си ставате едно со други лајкови, ама за неколку децении ќе се појавиме пред Божјиот Суд и на тој престол ќе седи Исус Христос и пред Него ќе одговараме. И Тој нема да те праша дали си била православна, католикиња или протестантка. Тој ќе те праша зошто не беше послушна на Неговите јасни заповеди запишани во Библијата. Со Изворот се започна и се ќе заврши со Него. Тешко нам ако се водиме по некои друго подоцнежни човечки учења.